You are on page 1of 49

Познавање на овошјето

ВОВЕД

(Деф.) Специјалното овоштарство е научна дисциплина која го


опфаќа проучувањето на:
- биолошките, технолошките и стопанските карактеристики на
овошните видови и сорти,
- влијанието на надворешните услови врз нивниот раст, развој и
плодоносење и
- примената на соодветните сортни агротехнички и
помотехнички мерки.

Во поново време се применува и терминот биотехнолошки


основи на овоштарството или биотехнолошки основи на
овошните видови и сорти.

Често се користи терминот помологија (pomology - англ.) =


дескриптивна (описна) помологија (од латинските зборови
pomum – овошје и logos – наука, односно наука за овошките и
овошјето).

Во поширока смисла помологијата претставува наука за


биолошките својства на на овошните видови и нивните сорти. Тука
спаѓаат нивните морфолошки, физиолошки и еколошки
карактеристики. Посебно внимание се посветува на
фенолошките карактеристики (времето на цветање, зреење и
берба, нивниот почеток, максимум и крај).

Во потесна смисла помологијата е научна дисциплина која се


задржува на опишување на својствата на плодот, како најважен орган
и основен производ на овоштарското производство.

Специјалното овоштарство е поширок термин од помологијата,


бидејќи подетално ги проучува влијанието на еколошките фактори
врз овошните видови и сорти, нивната екологија и физиологија како
и примената на соодветни сортни агротехнички и помотехнички
мерки. Таа ја дава употребната вредност на овошните видови и
сорти, нивното стопанско и економско значење, како за земјата
производител, така и за регионот или пошироко за производството
во светски рамки.

1
Познавање на овошјето

Бидејќи во денешно време специјалното овоштарство и помологијата


обработуваат релативно иста проблематика, практично се
поисоветуваат овие два поими, и се нарекуваат со заедничко име -
помологија (pomology).

Во овоштарското производство покрај соодветниот избор на овошни


видови и сорти, неопходно е да се определат нивните агротехнички
и помотехнички мерки.

Агротехничките мерки се засновани на активности на човекот на


третманот на почвата, одржувањето на површината (орање,
затревување, косење, мулчирање, наводнување, ѓубрење, итн.) и
организирање на просторот на одгледување на овошките
(поставување потпорни конструкции, мрежи за засенчување и
заштита од град, одгледување во заштитени простори итн.)

Помотехничките мерки се насочени кон непосредни активности


врз самите овошки и одржување на системот на одгледување
(резидба, пинсирање, филизење, наведнување гранки, врзување,
ровашење, прстенување итн.).

Специјалното овоштарство има тесна врска со следните научни


дисциплини: ботаника, систематика, екологија, метеорологија со
климатологија, педологија, морфологија, физиологија, биохемија,
агрохемија, ентомологија, фитопатологија, наводнување и др.

Познавање на овошјето е предметна дисциплина, која


сублимирано ги презентира основите на специјалното
овоштарство, односно помологијата.

СИСТЕМАТИКА И КЛАСИФИКАЦИЈА НА ОВОШНИТЕ ВИДОВИ

Овошните култури, кои може да се одгледуваат кај нас, застапени се


со околу 40 претставници и многу голем број нивни диви видови и
сорти. Во светски рамки бројот на сортите по одделни овошни видови
се движи од повеќе стотици до повеќе илјади сорти. На пример, само
кај јаболкото има над 10.000 создадени и признати сорти. Овој број
на сорти перманентно се зголемува.

2
Познавање на овошјето

За некои овошни видови има услови за одгледување во сите наши


овоштарски региони (јаболки, круши, сливи, вишни, цреши, јагоди),
други се карактеристични за поедини региони (бадем, кајсија, праска
во Повардарието или на погодни локалитети во други региони), а
некои се со ограничен ареал на ширење и одгледување
(суптропските овошни видови во јужниот гевгелиско-валандовски
регион, актинидијата во крајезерскиот охридско-преспански регион
или на падините на планината Беласица).

Дивите овошни видови како и нивните сорти, се разликуваат помеѓу


себе според многу морфолошки и физиолошки својства кои се
резултат на огромниот број на генотипови со кои се застапени.
Помеѓу нив постои голема хетерогеност во поглед на нивните
биолошки и стопански карактеристики. Истовремено се
карактеризираат и со различна отпорност (осетливост) т.е.
пластичност кон еколошки (климатско-почвени) и биолошки влијанија
(болести, штетници, плевели и друг животински свет).

Доволно е генотиповите помеѓу себе да се разликуваат само по едно


својство (време на цветање, зреење и берба, обоеност или форма на
плод, бујност, самооплодност или странооплодност, отпорност итн.)
и единките со таа различност за да бидат класифицирани во посебна
група.

Затоа се налага потреба овој голем број на генотипови по некој основ


да се систематизираат, за да можат истите подобро да се проучат и
применат во производството. Неопходно е при групирањето на
единките, тие да имаат некое заедничко својство како појдовен
основ за нивно класифицирање. При тоа разликуваме две основни
класификации:

1. Ботаничка класификација (систематика)


2. Овоштарска (помолошка класификација)

1. БОТАНИЧКА КЛАСИФИКАЦИЈА (СИСТЕМАТИКА)

Главна задача на ботаничката систематиката е опишување на


растителните организми и нивното систематизирање во помали
односно поголеми родствено (генетски) блиски или оддалечени
групи, изградувајќи класификација која е резултат на историскиот
развиток на растителниот свет (филогенезата).
3
Познавање на овошјето

Од секогаш човекот се обидувал по некоја основа (својство,


карактеристика) да изврши класифицирање и групирање на
животинскиот и растителен свет. Најчесто тоа го правел за
класификација од практичен и производен аспект.

Теофраст уште во 4 век пр.н.е. највероватно ја дава можеби првата


официјална класификација на растенијата. При тоа ги дели
растенијата на дрвенести, грмушки, полугрмушки, лијани и
тревести, а потоа на листопадни и зимзелени. Теофраст оди и
понатаму со поделбата на растенијата и ги дели на цветни и
безцветни.

Развојот на научната систематика се поврзува со Џон Реј (Jones


Ray, 1629-1705), голем англиски природонаучник. Meѓутоа, научната
основа за систематиката на растенијата ја воспоставил шведскиот
ботаничар Карл Лине (1707-1778). Поради своите огромни
доприноси во науката тој се нарекува и таткото на
систематиката. Лине го дефинира и определува званичниот
бинарен систем (бинарната номенклатура) за точното
систематизирање и означување на растенијата.

К. Лине воведува практична, јасна и достапна номенклатура која и


денес е важечка во ботаниката на целиот Свет. Со неа се искажуваат
карактеристиките на видот и припадноста кон родот напишани со по
еден збор на латински јазик (име на род + име на вид, на пр. Pyrus
communis L. обична, домашна круша,). На крајот на латинскито име
се пишува кратенка од името на авторот кој прв го детерминирал и
опишал видот (L. = Лине).

Според К. Лине, систематизирањето на растенијата е засновано


врз општата градба на цветот, посебно во однос на бројот и
распоредот на прашниците во цветовите, при што се опфатени 24
класи. Лине опишал и систематизирал над 6.000 видови расенија.

Недостатокот на Линеовата класификација се состои во тоа што


таа не е филогенетска, поради што блиските и сродни растенија
припаѓаат во различни класи.

Блиските родови се групирани во поголем таксон фамилија. Така на


пр. родовите Pyrus (круши), Prunus (сливи), Fragaria (јагоди) се

4
Познавање на овошјето

блиски што може да се утврди според општата градба на цветот и


другите морфометриски белези, поради што се обединети во
таксонот фамилија Rosaceae (рози).

Сродните фамилии се вклучени во повисока систематска единица


ред (ordo). Вклучувањето настанува според помали, но многу важни
таксономски разлики, кои се сретнуваат кај сите претставници. Името
на редот се прави според една од фамилиите која доминира
додавајќи ја наставката –ales.

Род (genus) од овоштарски аспект соодветствува на поделбата на


овошни култури на јаболки, круши, кајсии, прски, сливи, јагоди,
малини итн. Во родот се вклучени сите претставници на
дивите видови на овошните култури.

Видот (species) претставува основна систематска единица во


ботаниката. Од генетски аспект, сите претставници на видот се
меѓусебно неогранично плодни, односно може слободно помеѓу себе
генеративно да се разнножуваат.

Постојат и помали систематски единици како што се субспециес


(subspecies - subsp.) и варијатет (variety - var.). Тие се резултат на
некои специфични карактеристики на единките во рамките на видот
со што се создаваат негови пониски систематски категории. Според
биномната номенклатура видот се детерминира со две латински
имиња (името на родот + видот). Во видот се вклучени сите
сорти на овошните култури.

Во средината на 20-иот век на полето на систематиката посебно се


истакнува Тахадџајн (1966). Според него растенијата се поделени на
следние систематски единици:

1. Тип Phylum (Cormophyta) – имаат


диференцирани корен, стебло и
лист, се размножуваат генеративно
со семе).
2. Оддел Divisio (скриеносеменици –
Angiospermae = Magnoliophyta)

3. Класа Clasiss (дикотиледони –

5
Познавање на овошјето

Dicotyledones = Magnoliatae)
4. Поткласа Subclasiss
5. Надред Superordo
6. Ред Ordo
7. Фамилија Familia
8. Подфамилија Subfamilia
9. Племе Tribus
10. Род Genus
11. Подрод Subgenus
12. Секција Sectio
13. Вид Species
14. Подвид Subspecies
15. Гранка Proles (Concvarietas)
16. Варијатет Varietas
17. Подваријатет Subvarietas
18. Форма Forma biologica
19. Единка Individua

Карактеристика на Тахадџајновиот систем е што тој како нови


систематски единици ги воведува поткласа (Subclass) и надред
(Superordo), а сите систематски единици повисоки од родот (Genus)
ги нарекол според името на родот со додавање на соодветна
наставка.

За овоштарската наука повисоките степени на ботаничка


класификација не се од посебен интерес. За овоштарството
значајни се систематските единици кои започнуваат од ред,
фамилија и се движат до единка. Од посебно значење се:

1. Вид
2. Подвид
3. Популација
4. Варијатет
5. Сорта (cultivar, variety, sort – eng.)

1. Вид (species). Видот е основна систематска единица. Таа


претставува група на единки кои потекнуваат од заеднички предок.
По своите морфолошки и други други биолошко-генетски
карактеристики, единките од видот се многу слични. Од генетски
6
Познавање на овошјето

аспект инивидуите кои се од ист вид или се од пониски систематски


единици од видот меѓусебно се неограничено плодни и може меѓу
себе да се опрашуваат и оплодуваат при што даваат плодно
потомство. Индивидуите од различни видови во највисок
процент се меѓусебно бесплодни (интерстерилни) или
ограничено оплодни со што многу ретко се добиваат меѓувидови
хибриди. Видот е многу стабилна група на генетски сродни
растенија и дава голем отпор кон условите на надворешната
средина во однос на промените кои би го опфатиле неговиот
генотип.

2. Подвид (subspecies). Подвидот е збир на растенија од локална


популација на видот. Се смета дека подвидовите се географска
категорија и уште се нарекуваат клима-типови, бидејќи
морфолошки не еволуирале, туку настанале како резултат на
промената и реакцијата на еколошките фактори. Дарвин подвидот
го означува како вид во процес на негово формирање.

Обично подвидовите живеат во различни географски услови. На пр.


црвената малина (Rubus idaeus) има два подвида. Европската
црвена малина (R. idaeus subsp. vulgaris) е распространета во Европа
и Азија, а американската црвена малина (R.idaeus subsp. strigosus) е
раширена во Северна Америка.

3. Популација. Популацијата е збир на растенија од ист вид кои се


генеративно размножени и населуваат одреден простор. Меѓу себе
се вкрстуваат (оплодуваат) што доведува до голема сличност на
единките кои го населуваат соодветниот простор (резултат е на
изолирана размена на ‘‘ограничен’’ број гени во реонот).

4. Варијатет (variety). Варијатетот е представен од единки на ист вид


кои се одликуваат со специфични морфолошки и физиолошки
својства, но не се врзани за одредена територија во рамките на
ареалот на виреење на видот.

Други систематски поделби кои ја дефинираат припадноста на


генотиповите од овошните видови се:

5. Сорта (cultivar, variety, sort – eng.). Во овоштарството сортата е


збир на растенија, кои се добиени со вегетативно размножување
на едно исходно матично растение. Затоа сите растенија од една

7
Познавање на овошјето

иста сорта се целосно генетски униформни (имаат ист геном, т.е. тие
претставуваат ист генотип).

6. Клон. Клонот го претставуваат индивидуи кои водат потекло од


еден заеднички предок, а се добиени од него исклучиво по
вегетативен пат на размножување.

7. Чиста линија. Чиста линија е генеративно потомство добиено со


самооплодување на хомозиготни родители. Сите единки на чистата
линија имаат скоро идентичен генотип и се со многу сличен
надворешен изглед, а сите нивни гени во висок степен се
хомозиготни. Бидејќи овошните растенија, односно овошните сорти
во прв ред се размножуваат вегетативно, чистите линии немаат
посебно практично значење.

8. Единка (индивидуа). Единката е најниска систематска категорија.


Таа е всушност е конкретниот организам. Животот на единката
започнува со оплодувањето на јајце клетката или со моментот на
вегетативно размножување и завршува со нејзината смрт. За
овоштарството единката е од фундаментално значење. Всушност
единката е овошката и таа претставува најмала самостојна
производна единица во овоштарското производство.

9. Форма. Формата е резултат на малите разлики помеѓу единките


во популацијата, кои се резултат на невоодначениот генотип,
условен од хетерозиготноста на индивидуите. Секоја таква единка
претставува форма. Тоа значи дека формата претставува
индивидуа, која од некоја друга сродна индивидуа, со која има
заеднички предок, се разликува најчесто според една, а поретко
според повеќе, претежно морфолошки својства условени од мали
разлики во генотипот.

10. Биотип. Во широката популација, помеѓу одделните единки,


може да се појават морфолошки или физиолошки разлики. Тие се
однесуваат за повеќе карактеристики и условени се од различноста
на генотиповите кои имаат квалитативен карактер. Разликите може
да бидат и индуцирани како и од цитогенетски невоедначности.
Таквите индивидуи во популацијата не претставуаат форми, туку тие
се биотипови.

8
Познавање на овошјето

11. Екотип. Екотипот претставува група на растенија, добиени со


генеративно размножување и манифестираат својства кои се
различни од другите растенија со исто потекло, а се предизвикани од
условите на средината.

Екотиповите се појавуваат кај одредени овошки од ист генотип кои


се наоѓаат во различни географско-еколошки подрачја, меѓусебно
просторно оддалечени и во услови на различни климатско-почвени
фактори. Тогаш може меѓу нив да се констатираат видливи
меѓусебни разлики во поглед на манифестацијата на морфолошките
и физиолошките карактристики.

Овие разлики се предизвикани во процесот на прилагодување на


растенијата кон надворешните услови. Исти генотипови, во различни
услови на одгледување, манифестираат различни својства
(фенотипски).

Екотипот укажува на еколошките карактеристики на одредено


место, а биотипот на реакцијата генотипот кон местото на
виреење (живеење).

2. ОВОШТАРСКА (ПОМОЛОШКА) КЛАСИФИКАЦИЈА

Овоштарската т.е помолошката класификација во висок степен е


поедноставена. Ботаничките родови на овошјето (јаболки, круши,
праски, кајсии, актинидија, маслинка, јапонско јаболко итн.)
дефинирани се како овошни видови или овошни култури.

Оваа класификација има производно-практично значење. Таа ги


дели овошните видови во групи според два основни критериуми:

1. во зависност од климатските реони на Земјата, каде што тие


се застапени (помолошко-еколошка класификација) и

2. според својствата на плодот на континенталните овошни


видови, кои се најмногу застапени во континенталниот и
умерено континенталниот климатски појас.

9
Познавање на овошјето

При оваа класификација не се зема во предвид филогенетскиот


(историски) развој на овошните растенија и нивните наследни и
роднински врски.

Помолошко-еколошката класификација ги дели овошните


растенија во 3 групи според главните климатските реони на
Земјата и погодноста за нормално растење и развој на дивата и
културната овошна флора во тие реони:

1. Континентални овошни култури


2. Суптропски овошни култури
3. Тропски овошни култури

При тоа, според својствата на плодот континенталните


овошните култури се делат во следните групи:

1. Jаболчести,
2. Kоскести ,
3. Jаткасти и
4. Јагодести (ситни) овошни култури

Најголемиот број, посебно од стопански најзначајните овошни


култури за континенталниот и умерено континенталниот
климатски појас, потекнува од редот Rosales (рози), посебно од
фамилијата на рози Rosaceae.

Сите јаболчести и коскести овошни видови, бадемот од јаткастите


овошни видови и поголемиот број видови од групата на јагодести
(ситни) овошни видови, според ботаничката класификација,
припаѓаат на оваа фамилија.

1. Јаболчести овошни видови (култури).


(сите се во фамилија Rosales, подфамилија Pomoideae)

Плодот кој го продуцираат јаболчестите овошни видови од ботанички


аспект претставува лажен плод, бидејќи е настанат со
трансформација на цветните елементи и разрастување на цветната
ложа на цветот.

10
Познавање на овошјето

Плодот е формиран од 5 кожести плодници и хипертрофирана


цветна ложа. Во централниот дел на плодот, формираат семенова
куќичка која е составена од 5 комори и во секоја комора, при
нормално оплодување, се сместени по 2 семки. Ботанички тој
претставува синкарпна костилка.

2. Коскести овошни видови (култури).


(сите се во фамилија Rosales, подфамилија Prunoideae)
Кај коскестите овошни видови има совпаѓање на поимот за
ботанички и помолошки плод. Плодот се состои од месест дел кој ја
обвиткува семката – перикарп, со јасно диференцирани ендокарп
(лушпа), мезокарп (месо) и егзокарп (дел од месото околу
костилката). Централно во внатрешностана на плодот поставено е
едно семе (костилка) во кое најчесто има една, а поретко две јатки.

3. Јаткасти овошни видови (култури).


Кај јаткастите овошни видови земено од овоштарски аспект, плодот
е јатката која е сместена во семето на ботаничкиот плод. Јатката
служи за консумација и има стопанска и употребна вредност.
Претставниците на оваа група според своите генетски
карактеристики многу се разликуваат помеѓу себе. Сродствено
припаѓаат не само на различни ботанички фамилии, туку и на
различни ботанички редови.

4. Jагодести (ситни) овошни видови (култури).


Во оваа група се класифицирани овошни видови чии плодови се
изградени од поголем број на плодници или од други делови на
цветот или соцветието. Нивните плодови се сложени, најчесто
збирни или гроздести. Класифицирани се видови кои спред своето
ботаничко потекло и морфолошките карактеристики многу се
разликуваат помеѓу себе. Најчесто името на фамилијата е според
родот кој е најброен.

Сите наведени јаболчести, коскести, јаткасти и јагодести


овошни видови кои се застапани кај нас, според помолошко-
еколошката класификација припаѓаат во групата на
континентални овошни видови (култури):

11
Познавање на овошјето

1. Јаболчести овошни култури застапени во Република Македонија:


(бот. сите се во Familia Rosaceae , но во Subfamilia Pomoideae ):
Фамилија (Familia) Ред (Ordo)
Ред. Овошна
Род (Genus)
Бр. култура Име на Име на
Латинско име Латинско име
македонски македонски
1 Јаболко M alus sp.
2 Круша Pyrus sp.

e
3 Дуња Cydonia sp.

es
ea

зи

зи
al
ac
4 Оскоруша Sorbus sp.

Ро

Ро
os
os

R
5 Мушмула M espilus sp.

R
6 Глог Crataegus sp.

2. Коскести овошни култури застапени во Република Македонија:


(бот. сите се во Familia Rosaceae , но во Subfamilia Prunoideae )
1 Слива Prunus sp.
2 Кајсија Armeniaca sp.
3 Праска Persica sp. e

es
ea

зи

зи
al
ac

4 Цреша Cerasus sp.

Ро

Ро
os
os

R
5 Вишна Cerasus sp.
R

6 Дрен Cornus sp.

3. Јаткасти овошни култури застапени во Република Македонија:


1 Бадем Amygdalus sp. Rosaceae Рози Rosales Рози
2 Орев Juglans sp. Juglandaceae Ореви Juglandales Ореви
3 Лешник Corylus sp. Betulaceae Брези Betulales Брези
4 Костен Castanea sp. Fagaceae Буки Fagales Буки
Фисташка
5 Pistacia sp. Anacardiaceae / Sapindales /
(ф'стак)

4. Jагодести (ситни) овошни култури застапени во Република Македонија:


Фамилија (Familia) Ред (Ordo)
Ред. Овошна
Род (Genus) Име на Име на
Бр. култура Латинско име Латинско име
македонски македонски
1 Шип (шипинка) Rosa sp.
2 Аронија Aronia sp.
e
ea

3 Јагода
зи

Fragaria sp.
ac

Ро
os

4 Малина
R

Rubus sp.
5 Капина
es

зи
al

6 Рибизла
Ро
os

Ribes sp. Grossulariaceae Рибизли


R

7 Огрозд
8 Боровинка
Vaccinium sp. Ericaceae Боровинки
9 Брусница
10 Дудинка M orus sp. Moraceae Дудинки
11 Гоџи бери Liciym sp. Solanaceae Компири Solanales Компири
Актинидија
(киви, kiwi)
12 најчесто е внесена Actinidia sp. Actinidiaceae Актинидии Theales /
во суптропски
овошни растенија*

12
Познавање на овошјето

5. Суптропски овошни култури застапени во Република Македонија:


Фамилија (Familia) Ред (Ordo)
Ред. Овошна
Род (Genus) Име на Име на
Бр. култура Латинско име Латинско име
македонски македонски
1 Смоква Ficus sp. Moraceae Дудинки Rosales /
2 Калинка Punica sp. Punicaceae Калинки Myrtales /
Јапонско
3 Dyospirus sp. Ebenaceae / Ericales /
јаболко (каки)
4 Маслинка Olea sp. Oleaceae Маслинки Oleales Маслинки
5 Рогач Cerotinia sp. Fabaceae / Fabales /
Јапонска
6 Eriobotria sp. Rosaceae Рози Rosales Рози
мушмула
Кинеска урма,
7 Ziziphus sp. Rhamnaceae / Rosales Рози
јујуба
Актинидија*
(некои автори ја
8 класифицираат во
Actinidia sp. Actinidiaceae Актинидии Theales /
јагодести видови)

Цитруси,
агруми
9 (лимони, Citrus sp. Rutaceae / Rutales /
портокали,
мандарини,
цитрони и сл.)

5. Суптропски овошни видови (култури).


Претставниците на суптропските овошни видови успешно може да
се одгледуваат само во услови на потопла клима, која е преод
помеѓу тропската и континенталната климатска зона.

Тие се топлољубиви растенија, кои во внатрешноста на континентот


не може пошироко да се одгледуваат или се одгледуваат само во
мали, поединечни и заштитени микролокалитети. Многу се
застапени во непосредната зона на Медитеранот. Затоа често се
нарекуваат и медитерански овошни видови или култури. Овие
овошни растенија ботанички т.е. родствено (генетски) многу се
разликуваат помеѓу себе.

Во услови на Р Македонија, поголемиот број на суптропски овошни


растенија може успешно да се одгледуваат во услови на јужниот
валандовско – гевгелиски регион и дел во струмичкиот реон.

Во внатрешноста на нашата земја, некои од овие култури може да се


одгледуваат како поединечни овошки во дворните места или на мали
површини во некои аматерски насади во поедини заштитени
микролокалитети.

13
Познавање на овошјето

6. Тропски овошни видови (култури):


1. Банана Musa sp. L (има околу 70 видови)
2. Ананас Ananas cosmosus
3. Урма Phoenix dactilyfera
4. Кокосов орев Coces nucifera
5. Бразилски орев Bertholletia excelsa
(јувија)
6. Манго Mangifera indica
7. Авокадо Persea americana
8. Папаја Carica papaya
9. Гујава Psidium guajava
10. Тамарило Solanum betaceum
11. Фејхоја Feijhoa sellowiana
12. Личи Litchi chinensis
13. Карамбола
14. Опунција (кактус) Opuntia fieusindica
15. Пасифлора Bassiflora edulist
16. Черимоја Annona cherimola и мн.др.
(момона)

Овошните растенија од оваа група се раширени околу


екваторскиот, односно тропскиот појас на нашата планета.
Според ботаничката систематика, каки според ботаничката градба и
форма на плодот (консумативниот дел) овие овошни култури во
многу се разликуваат, како од останатите овошни култури, така и
помеѓу себе.

Застапени се во климатска зона, каде нема или има слабо изразена


промена на четирите годишни времиња. За нивно виреење и
одгледување, неопходни се голема вегетациска температурна сума
во текот на годината и високи средно годишни температури кои се
без поголеми осцилации во текот на годината. Најчесто имаат
потреба од високи количини на врнежи, рамномерно распределени
преку вегетацијата и висока содржина на воздушна влага.

Во текот на годината, најчесто плодоносат повеќе пати или раѓаат


континуирано. При тоа на едно растение, во исто време, покрај
листови и леторасти кои растат, паралелно се наоѓаат и цветови,
заврзетоци, зелени плодчиња, полузрели и зрели плодови.

14
Познавање на овошјето

За нив не е својствено биолошкото (физиолошко) зимско мирување.


Листовите фотосинтетски функционираат повеќе години (2-4) без да
опаднат. После неколку години старите листови континуирано се
заменуваат со нови.

Ако се обезбедат вештачки поволни услови кај нас (во поглед на


температура и влажност) тие може да се одгледуваат, но нема да
плодоносат. За нивно плодоносење во наши услови, како и пошироко
во Европа, главен ограничувачки фактор е должината на
светлосниот ден. Анализирано филогенетски, тие се растенија
кои се прилагодени да растат и да се развиваат во услови на краток
ден.

(Напомена: во близина на Екваторот должината на денот преку


годината изнесува постојано околу 12 часа (краток ден), а во
посеверни услови (околу 45 0 с.г.ш. - Република Македонија) денот
преку вегетацијата трае и до 16-18 часа.

Кај нас, во Р Македонија, преку вегетацијата имаме период на долг


ден и кратка ноќ. Диференцијацијата на родните пупки кај
тропските овошни видови се изведува во услови на краток ден.
Тогаш се синтетизираат и соодветни хормони за родност т.е. тогаш
се создаваат услови сексуалните хормони да се активираат и да
овозможат премин од вегетативен во генеративен стадиум.

Затоа тропските растенија во наши условви не плодоносат

ЗАЕДНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА
ОВОШНИТЕ ВИДОВИ (КУЛТУРИ)

Сите овошни растенија имаат свои заеднички биолошки и стопански


карактеристики со кои се обединуваат во група на овошни култури
и според кои јасно се разликуваат од останатите земјоделски,
шумарски, декоративни и други растенија:

1. Сите овошни растенија се дикотиледони

2. Овошните култури се скриеносемени растенија.

15
Познавање на овошјето

3. Најголемиот број се цветни растенија и тие се опрашуваат со


инсекти, ентомофилно. Помал број (орев, лешник, ф’стак) се
анемофилни и се опрашуваат со ветер.

4. Сите континентални овошни видови се листопадни.

5. Сите се повеќегодишни (некои живеат и повеќе стотици години)

6. Имаат препознатлив надворешен изглед (фенотип) и свои


морфолошки (градбени) карактеристики. Се одликуваат со јасно
диференцирани органи: корен, стебло, круна (изградени од
скелетни, полускелетни и обраснувачки гранки кои се гарнирани со
родни и неродни гранчиња, листови, цветови, плодови и семиња).

7. Најголемиот број овошни видови се стеблени растенија, помал


дел се грмушковидни, а мал број се ползавци. Само јагодата е
единствено тревесто (зелјасто расетение).

8. Почетокот, времето, должината, како и динамиката и интензитетот


на диференцирањето на цветните пупки и неопходните услови за
нивно одвивање, се различни во споредба со поголемиот број на
други растенија.

Сите овошни растенија, своите цветни (родни) пупки ги


диференцираат во претходната вегетација. Продукцијата,
односно самиот принос на плодови, кој треба да се случи во
тековната година, е биолошки репродуктивен показател за
состојбата генотипот.

9. Голема е разликата во однос на времето, должината и динамиката


на одвивањето на годишните и животните циклуси на растење и
развој во споредба со другите земјоделски растенија.

10. Размножувањето на сортите овошје или нивни


генотипови е исклучиво по вегетативен пат. Најголемиот
број од другите земјоделски и шумарски култури најчесто и
најмногу се размножуваат со семе.

16
Познавање на овошјето

11. Технологијата на облагородување при создавањето на нови


овошни сорти, како и нивната селекција е многу специфична и
долготрајна. Вообичаено трае 10-15 (18) години, а може и повеќе од
20 години.

12. Својства на плод:


а) Овошните плодови имаат висока нутрицисичка и дието-
профилактичка вредност. Тие поседуваат висока содржина на:
витамини, минерали, целулоза, пектин, протопектин, протеини,
незаситени висококвалитетни растителни масла, полисахариди,
моно и дисахариди, антиоксиданти, многу голем број на
биоактивни материи како што се боените материи (хлорофил,
ксантофил, каротиноиоиди, ликопен...).

б) Плодовите секогаш се користат во исхраната. Тие се


основна цел на производството. Другите делови на овошките
(стебло, гранки, листови) имаат секундарна употребна вредност.

в) Плодовите се користат за свежа консумација или како


високаквалитетна суровина за најразлични типови на преработка.

г) Свежите овошни плодови, како и нивните преработки се


незаменливи за правилната и здрава исхрана на човекот. Во
зависност од нутрицистичкиот состав, овошјето во свежа или
преработена состојба овозможува голем прехрамбен бенефит во
исхраната.

Затоа, во нашата исхрана од големо значење е косумација на


храна од балансирани природни извори која содржи а протеини,
незаситени растителни масла, полисахариди, моно и дисахариди,
антиоксиданти, голем број биоактивни материи, боени материи,
витамини и меинерали, како и вреднување на нивната калориска
вредност.

13. Ботаничката класификација за овоштарскоро производство


има секундарно значење, бидејќи истата е сложена и не е практична.
Затоа се користи т.н. помолошка класификација .

14. За овоштарската наука од основен интерес е ботаничката


припадност кон систематската единица вид, како и нејзините
пониските категории (подвид, варијатет, клон, екотип итн.). При
17
Познавање на овошјето

тоа не се разгледуваат и не се дава значење на припадноста кон


повисоките систематски категории (фамилија, ред, класа итн.)

15. Производството се засновува на примена на посебни т.е.


специфични агротехнички и помотехнички мерки, кои не се
типипични и редовни во производството на останатите растенија.

16. Секое растение е засебна индивидуа (овошка) и претставува


најмала производна единица, кај која приносот се изразува во
kg/овошка, а пресметковно во kg/ha.

За да биде еден ботанички вид овошна култура потребно е сите


горенаведени својства да ги поседува, а не само поединечни!

ПОИМ И ДЕФИНИЦИЈА ЗА СОРТА

Основна цел на овоштарското производство е продукција на


плодови од овошните видови.

Плодот е производ кој е наменет за пазарот и е резултат на


одгледување на соодветна сорта.

Затоа сортата претставува основно средство за производство, која


го диктира квантитетот и квалитетот на производството.
Постојат поголем број на дефиниции за поимот сорта во
овоштарството:

(Деф.1) СОРТА е збир на генетски идентични овошни


растенија добиени по пат на вегетативно размножување и
кои манифестираат исти или слични морфолошки и
биолошки карактеристики и при одредени услови на
надворешната средина обезбедуваат високи, стабилни и
редовни приноси.

(Деф.2) СОРТА е збир на истородни овошни растенија кои


потекнуваат од едно матично растение, кои се размножени
исклучиво вегетативно, на потомството му ги пренесуваат
сите морфолошки и физиолошки својства и во исти услови
на одгледување манифестираат идентични биолошки и
стопански карактеристики.

18
Познавање на овошјето

Поважни карактеристики на сортата се:

1.СОРТАТА во овоштарството е група на растенија т.е.


потомство на едно исходно растение размножено исклучиво
по вегетативен пат.

2.СОРТАТА не е ботаничка систематска единица.

3. СОРТАТА е креација на човекот. Природата може да ја создаде


сортата, но секогаш човекот може да ја одбере од природната
популација, да ја чува, размножува и подобрува (облагородува).

4. Секоја сорта има свое званично, регистрирано име. Додека е


во постапка на признавање може да биде презентирана со шифра.

5. СОРТАТА е резултат на активно и систематско делување на


човекот. Во напредните овоштарски земји таа се создава плански со
однапред поставена цел за тоа какви својства ќе има новата сорта.
Во услови на високо ангажирање на науката се создава т.н. МОДЕЛ
НА СОРТА.

При тоа се прави план и се одбираат соодветни методики и техники


за негова реализација. Моделот на сортата овозможува новата сорта
да има соодветни нови карактеристики кои ќе ги задоволат се
построгите барања и потреби на потрошувачите, трговците и
производителите, како на домашниот, така и на светскиот пазар.

5. СОРТАТА е генетски униформна т.е. сите единки од сортата


имаат идентичен наследен - генетски материјал (имаат иста
DNK). Затоа селекцијата, одбирањето во нејзини рамки е
неоправдана. Единките во рамките на сортата генетски се
идентични, а евентуалните разлики помеѓу нив се должат на
модификациите кои се ненаследни промени. Модификациите се
манифестираат поради различните услови на одгледување на
растенијата.

6. Меѓутоа, иако многу ретко, одредени единки од СОРТАТА, под


дејство на природни и вештачки мутагени влијанија (агенси)
како што се: зрачења, хемиски и еколошки амплитуди, може да

19
Познавање на овошјето

претрпат одредени генетски промени. Нивната експресија ќе доведе


до варијабилност во рамките на сортата. Селекцијата на единки
внатре во ваквата сорта е оправдана. Единките со позитивни
мутации се издвојуваат, чуват и размножуваати и може да се
искористат за подобрување на постоечката сорта или за создавање
на нови сорти. Единките со негативни, непожелни мутации се
поништуват.

7. СОРТАТА може да опстане само под влијание и нега на човекот.

8. СОРТАТА одгледувана слободно во природата, под дејство на


суровите надворешни фактори во борбата за опстанок, брзо се
измелезува и пропаѓа во конкуренцијата со дивата флора.

9. СОРТАТА има одредена реакциона норма (пластичност) кон


еколошките и биолошките услови на средината и во звисност од тоа
и одреден ареал на ширење.

10. СОРТАТА секогаш има свое стопанско (економско) значење.

11. СОРТАТА продуцира плод со точно определени


карактеристики, кој има комерцијална вредност и задоволува
одредени потреби на човекот.

11. СОРТАТА кога ќе биде признаена добива свое оригинално име.


До тогаш, додека е во фаза на признавање се употребува под
шифра.

Во фаза на постапка за признавање, секој генотип кој е кандидат за


признавање како нова сорта или подлога, мора да се подложи на т.н.
ДУС-тест (DUS test = Difrent+ Uniform + Stability), односно
РАЗЛИЧНОСТ+УНИФОРМНОСТ+СТАБИЛНОСТ на својствата кои ги
поседува. ДУС-тестот се прави во овластени, акредитирани научни
институции кои имаат соодветни услови и научен кадар за
изведување на тестот.

РАЗЛИЧНОСТ – секој нов генетип мора најмалку за едно својство да


се разликува од сите досега познати и признати сорти.

20
Познавање на овошјето

УНИФОРМНОСТ – единките внатре во генотипот потребно е меѓу


себе да бидат во висок степен идентични според надворешниот
изглед на овошката (хабитусот) и својствата на плодот.

СТАБИЛНОСТ – при поволни услови на одгледување во текот на


животот манифестацијата на биолошките и стопанските својства
потребно е да биде постојана, без поголеми осцилации.

УНИВЕРЗАЛНА СОРТА е сорта која може успешно да се одгледува


при секакви надворешни услови и во сите региони.

ИДЕАЛНА СОРТА е сорта која се одликува само со позитивни


карактеристики и нема никакви недостатоци.

Универзална и идеална сорта се теоретски поими. Такви сорти


во праксата не постојат. Човекот се стреми да создава сорти со
што повеќе позитивни својства, а помалку недостатоци, кои
истовремено би имале поголем ареал на распространетост и
различно време на созревање.

Овошните видови (култури) кои се одгледуваат претставени се


од голем број на сорти.

СОРТИМЕНТ (СОРТИМЕНТСКА ЛИСТА) е список (листа) на сорти,


во која се внесени сите сорти кои се застапени во една држава или
регион. Имаат улога да ги евидентираат сите генотипови, кои се
присутни на одреден простор.

ЛИСТА НА ПРЕПОРАЧАНИ СОРТИ, е список на одбрани сорти од


сортиментската листа, каде сортите се класифицирани врз основа на
своето стопанско значење за државата или поширокиот регион на
огледување. Обично ги дели сортите во неколку групи, на пример:

1. Водечки
2. Пратечки
3. Локални
4. Перспективни сорти и сл.

Листите на препорачани сорти се динамични и променливи во


зависност од интензитетот на создавањето на нови сорти или нивна

21
Познавање на овошјето

интродукција. Тие имаат улога во модернизирањето на


производството и правилниот избор на сорти при подигнување на
нови насади.

ПОТЕКЛО НА СОРТИТЕ

Според потеклото сортите кои се одгледуваат може да бидат:

1. Селекционирани
2. Локални
3. Домашни или одомашени
4. Интродуцирани (нови)

1. Селекционираните сорти се создаваат во научни институции со


современи методи на облагородување на овошните култури. Се
користат методи на хибридизација и мутација. Може да бидат и
случајни семенци (самоникнати растенија од непознати родители)
доколку имаат стопанска вредност.

2. Локалните сорти имаат значење во одредни локалитети каде


постигнуваат добри резултати. Поради ограничениот ареал на
ширење, немаат пошироко стопанско значење, освен за
локалитетите каде се одгледуваат.

3. Домашните сорти се одгледуваат вековно на нашите простори,


но се одликуваат со пониски приноси и квалитет на плодовите.
Познати се и како стари или одомашени сорти. Имаат мало,
главно локално стопанско значење. Голем дел од нив се отпорни на
болести и штетници, со што повторно се актуелизира нивното
значење во производството на здрава храна.

4. Интродуцираните сорти најчесто се нови сорти, кои се внесуваат


од други земји, региони или континенти и после извесен период на
проучување се препорачуваат за осовременување на постоечкиот
сортимент.

22
Познавање на овошјето

МЕТОДИ ЗА СОЗДАВАЊЕ НА НОВИ СОРТИ

Во процесите на облагородување на овошните соти мора да се


располага со висок степен на разноличност или полиморфизам
(=варијабилност = хетерогеност) помеѓу единките од кои треба
да се направи избор.

Всушност треба да се располага со голем број на индивидуи (овошки)


помеѓу кои во основа ќе има поголеми почетни квалитативни т.е.
биолошки и стопански разлики. Таквите овошки успешно ќе послужат
како почетен материјал.

Целта е да се добие поголема униформност на единките со


посакуваните својства добиени во потомството (со посакуваните
наследни својства). Потребно е да се создадат подобри услови за
избор (селекција - облагородување) помеѓу единките кои се со
наследни позитивни својства за овоштарскосто производство. На
тој начин се скратува и многугодишниот процес на облагородување.

Природниот полиморфизам, кој е перманентно присутен кај сите


живи организми, вклучително и кај овошните растенијата, во својата
суштина тој е резултат на:

1. Слободното (природно) полово размножување (хибридизација) и


2. Континуираните процеси на природни мутации во природата.

Човекот спознавјќи ги овие две двигателни сили на полиморфизмот


во природата ги создава двете основни методи за создавање на
нови сорти во овоштарството:

1. Хибридизација (вкрстување, полово размножување) и


2. Мутација (создавање нови гени, нови својства)

23
Познавање на овошјето

1. ХИБРИДИЗАЦИЈА

Хибридизацијата е основа на генеративното (полово=сексуално)


размножување. Таа се одвива постојано и слободно во природата.
При тоа, таа е најголем двигател за редовно создавање на
најголемиот фонд на растителната генетска варијабилност на
нашата планета.

Нејзината суштина се користи широко во науката и праксата. При


тоа се зема во предвид дека со процесите на полово размножување,
се овозможува перманентно и неограничено комбинирање на
наследните својства (гени) во потомството. Со тоа, практично се
добиваат безброј индивидуи (потомства) со оригинална ДНК, каде
секое ново добиено овошно растение всушност поседува свои
оригинални и неповторливи биолошки и стопански карактеристики.

Затоа, треба да се потенцира дека, хибридизацијата е најважен,


најраширен и најуспешен метод за создавање на нови сорти, кои се
со комбинирани родителски својства. Во процесите на
облагородување на овошните растенија, новите сорти во висок
степен се со изразено подобри својства од тие на родителите.

Новосоздадените растенија се резултат на двојното оплодување,


односно спојувањето на машките и женски полови клетки
(гамети) во ембрионалната кесичка. Со оплодувањето на
централната јајце клетка се создва зигота. Од зиготата, со
митотски делби на клетките ќе се развие зачетокот на идното
растение (ембрион). Ембрионот е сместен и заштитен во семето
на плодот. При хибридизацијата (со вкрстувањето на генетскиот
материјал од родителите) се добива ново растение кое ќе се
одликува со карактеристики кои се комбинација на наследните
својства на родителите.

Хипотетички (теоретски) анализирано, хибридизацијата се


манифестира со можноста за комбинирање на сите моментално
постоечки гени на планетата Земја (= планетарната гермплазма).
Меѓутоа, во природата, како и во науката, хибридизацијата е процес
на оплодување само во рамките на еден ботанички систематски
растителен вид. Таа е резултат на спојувањето на машките и
женските полови клетки од родителите. Оваа хибридизација е
типична и се нарекува внатревидова хибридизација.

24
Познавање на овошјето

Всушност, овошните растенија кои се во во склоп на еден ботанички


овошен вид, може неограничено помеѓу себе да се оплодуваат и при
тоа создаваат фертилно потомство. Слободно во природата,
нивното фертилно потомство може слободно да продолжи со
генеративно (сексуално) размножување.

Помеѓу видовите, а посебно помеѓу родовите, фамилиите или


повисоките ботанички систематски единици, постојат многу големи
генетски и физиолошки ограничувања (сексуални бариери), кои го
оневозможуваат процесот на спојување на половите клетки и
создавање на нивен зачеток (зигота).

Со тоа тие го прават раститителниот ботанички (т.е. овоштарски) вид


основна и стабилна ботаничка систематска единица. Ако
евентуално се случи хибридизација помеѓу различни овошни видови,
таа се нарекува меѓувидова хибридизација.

Помеѓу повисоките систематски категории од видот (родови,


фамилии итн.) практично невозможно е да се оствари
хибридизација. Има многу ретки исклучоци и на меѓуродова
хибридизација (на пр. помеѓу родот јаболко – Malus sp. и родот
круша Pirus sp.).

Не е еввидентирана хибридизација помеѓу претставници од


различни фамилии или други повисоки систематски категории!

Затоа, кога се користи поимот хибридизација, секогаш и исклучиво


се мисли на внатревидовата хибридизација.

Колку и да е голем и несватлив за наши поими, огромниот број на


гени и нивната неограничената можност за нивни комбинации, сепак
хибридизацијата има бројни ограничени можности.

Како резултат на хибридизцијата (половото размножување) ново


настанатите овошни сорти може да бидат:

а. Случајни семенци
б. Семенци
в. Хибриди

25
Познавање на овошјето

а) Случајни семенци.
Новите сорти (генотипови) по потекло се од непознати
родители (мајката и таткото се непознати). Семенците растат и
се развиваат слободно во природата или најчесто во наше
опкружување (раширени се преку семето на плодовите од страна на
човекот и животните). Обично тие се со потекло од семиња на
плодови од некои позастапени и познати културни сорти.

Ембрионот во семето кај случајните семенци т.е. зачетокот на новото


растение, е добиен како резултат на слободна (природна)
хибридизација. Човекот врз основа на позитивните биолошки и
стопански карактеристики (родност, принос, квалитет, отпорност,
употребна вредност итн.) на новите растенија, истите ги одбира,
чува и вегетативно размножува.

Голем број од овоштарските сорти, кои повеќе децении или стотици


години се одгледуваат и се од големо значење за светскиот
сортимент, пронајдени се како случајни семенци (на пр. сортите
јаболка Златен и Црвен делишес, Јонатан и мн.др.).

б) Семенци.
Добиени се со делумна интервенција на човекот. Ново создадените
сорти се добиени како резултат на користење на семе од соодветна
матична овошка која е од веќе позната и призната сорта. При тоа
позната е сортата мајка (овошката), но не се знае таткото
(опрашувачот е непознат генотип). Тие се добиени со комбинација на
гени при слободно опрашување врз мајчиното растение. Обично се
користи семе од растение земено за мајка кое е од постоечките
квалитетни сорти кои се застапени во производството (сорти со
високи производни и квалитетни карактеристики).

в) Хибриди.
Многу голем број на сорти овошје, кои сѐ повеќе редовно и масовно
ги одгледуваме, добиени се како хибриди. Тие се резултат на големо
ангажирање на човечките научно-истражувачки потенцијали,
посебно насочни во процесите на облагородување. Хибридизацијата
вообичаено е да се изведува во специјализирани научно-стручни
институции.

Како една од крајните цели при создавањето на новите сорти се


подобрување на органолептичките карактеристики на новите

26
Познавање на овошјето

сорти и нивната генетска основа. Кај новосоздадените хибриди


точно се знае нивното генетското потекло т.е. генотипот на
таткото и мајката. Со тоа се создаваат услови за дефинирање на
поимот модел на сорта и предуслови за негова реализација.

При изработка на модел на сорта прецизно се одбираат


родителските двојки (еден пар на родители) при еднократно
вкрстување или повеќе генотипови (3-5 родители) при
повеќекратното вкрсување, кои ќе претставуваат донори
(донатори) т.е. преносители на одредени гени за манифестација на
бараните својства во потомството (кај идните модели на сорти).

При хибридизацијата се добива ново потомство кое е комбинација на


генетскиот материјал на родителите кои учествувале во
размената на наследните својств. Пример: релативно ново
настанатите сорти јаболка од серијата Со-ор кои се со добар
квалитет на плод и имаат отпорност кон чадливата краставост на
јаболката (Venturia inaequalis), настанати се со повеќекратна
хибридизација. При тоа еден од родителите е донатор на генот на
отпорност ( вој оваа серија тоа е дивото јаболко Malus floribunda 821).
Или кај друг систем на хибридизција, за внесување на ген на
отпорност кон пепелница на јаболкото (Podosphaera leucotricha), при
изборот на родители како донатори на гени на отпорност се користат
дивите видови Malus zummi, Malus robusta или отпорни сорти како
што се Демократ, Пизгут, Шампањска ренета и др.

При секоја хибридизација, дури и во случај кога учествуваат едни


исти родители, поради помалата или поголемата хетерозиготност на
наследниот материјал од родителите, секогаш сите новодобиени
хибридни единки ќе бидат со различна генетска основа.

Во услови на планска хибридизација, сите семките од мајчиното


растение контролирано се сеат, пикираат и садат со прецизна
евиденција.

Секое одделно (хибридно) растениe се прати и проучува бидејќи


има оригинален, различен и непознат генотип. Одделните
растенија од хибридите кои се одликуваат со позитивни својства
биолошки и стопански својства се чувуваат и понатаму вегетативно
се размножуваат. Растенијата кои имаат негативни карактеристики
се поништуваат. Од перспективните растенија, после детални

27
Познавање на овошјето

проучувања, се одбираат најдобрите. Тие ново настанати генотипови


ќе бидат кандидати за признавање (создавање) на нови сорти.
До тој момент се евидентираат со шифра.

2. МУТАЦИЈА

Мутациите претставуваат единствен и основен услов за


создавање на нови, до сега непостоечки гени во природата. Тие
се основна движечка сила во еволуцијата на живиот свет на
нашата планета. Целокупната еволуција на растенијата и
животните, односно нивната филогенеза, се засновува исклучиво на
мутации.

Мутациите се извор на нови гени, нови карактеристики и ја


освежуваат и подобруваат постоечката светска гермплазма.

Мутациите се резултат на делување на одредени агенси, односно


мутагени фактори, кои имаат влијание врз наследниот материјал
на клетките. Тие во прв ред ја опфаќаат и менуваат ДНК на живите
организми. Доведуваат до трајни наследни промени на нивните
клетки (вегетативни и генеративни). Со размножување на
организмите мутациите, односно новите гени, се шират во
природата.

Врз основа на потеклото на мутагените материи (агенси),


мутациите можат да бидат:

1. Природни и
2. Вештачки.

1. Природните мутации перманентно се одвиваат во природата.


Нивната застапеност, односно зачестеност (фрекфенција) теоретски
изнесува околу 1:10.000 до 1:100.000 (или многу повеќе) во однос на
бројот на растенијата кои растат слободно во природата.

2. Вештачките (= индуцирани) мутации предизвикани се со


свесно делување на човекот. Нивната зачестеност е многукратно
поголема од таа која се случува слободно во природата.

28
Познавање на овошјето

Човекот со примена на вештачките мутации ја зголемува


фрекфенцијата на мутирани растенија на многу помалку од 1:10.000,
најчесто околу 1:500 до 1:1000 или до 1:5000. Тоа му овозможува на
мала површина и за кратко време да изврши одбирање од голема
концентрација на потенцијално мутирани растенија.

Според својата природа мутагените материи (агенси) можат да


бидат:
1. Јонизирачки зрачења (космички, почвени, радиоактивни),
2. Хемиски соединенија,
3. Големи амплитуди на еколошки фактори (посебно
варирања во температурниот и водниот режим),
4. Драстична (ригорозна) примена на некои агротехнички
и помотехнички мерки (на пр. примена на прекумерни дози азотни
ѓубрива, многу строга резидба, и сл.).

Ако ново настанатите промени на овошните растенија се позитивни


карактеристики за човекот, тој истите ги искористува и генотиповите
опфатени со промените вегетативно ги размножува со цел за
подобрување на постечката сорта или за создавање на нови сорти.

Најчесто кај новиот генотип промените по основ на мутации може


да бидат карактеристични за едно или мал број на својства, но
истите да имаат големо стопанско значење. На пр. намалена
бујност на растение, касно време на цветање, различен период на
зреење, интензитет и обоеност на плод, отпорност кон
биотички и абиотички фактори, можност за манипулација,
транспорт и чување на плодовите итн.

29
Познавање на овошјето

ДЕСКРИПТИВНИ (ОПИСНИ) ЕЛЕМЕНТИ НА СОРТИТЕ


- ОСНОВЕН ФОРМУЛАР-
за опишување на сортите од јаболчестите
овошните видови

ОВОШЕН ВИД: _________________________

I. ИМЕ НА СОРТАТА

1.ОРИГИНАЛНО (СЕЛЕКЦИОНЕРСКО) ИМЕ НА СОРТАТА ______________


2. СИНОНИМИ ____________________________________________________

II. ПОТЕКЛО И ИСТОРИЈАТ НА СОРТАТА

1. Држава на потекло ____________, автор ___________, институција _______


2. Добиена е како _____________ (случаен семенец, семенец, хибрид, мутант),
3.Родители _______________________________________________________
4. Година на добивање ________, призната е како нова сорта во ____________
година, се шири од ________ година, кај нас од ________, застапена е и се
шири во следните земји ____________________________________________

III. БИОЛОШКО – МОРФОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА СОРТАТА:


(со дескриптивни – описни елементи)

А. КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОВОШКАТА:
1. Вкупен број хромозоми ________, плоидија ________.
2. Бујност на овошка (бујна, средно или слабо бујна) ________________.
3. Природна форма на круна (тесна, широка, пирамидална, округла,
отворена, густа, ретка, со или без водилка итн.) ___________________.
4. Природен агол на разгранување (мал, среден, широк) _____________.
5. Системи на одгледување кои се препорачуваат ___________________.

30
Познавање на овошјето

6. Специфичности во резидба и други помотехнички мерки за одржување


на круната (системот на одгледување) _________________________.
7. Избор и афинитет со подлоги __________________________________.
8. Диференцијација на цветни пупки (обилност, гарнираност на родните
гранчиња со родни пупки) ____________________________________.
9. Цветање (почеток, полно, крај, должина, интензитет-обилност)______.
10. Односи во опрашување и оплодување (самоопрашна т.е.
самооплодна или автофертилна или страноопрашна т.е.
странооплодна сорта) _______________________________________.
11. Избор на погодни опрашувачи за сортата (препорака за опрашувачи)
____________________________________________________________.
12. Можност за користење на сортата како добар опрашувач за други
сорти _____________________________________________________.
13. Заврзување (процент и обилност на заврзување) ________________.
14. Опаѓање на плодови ________________________________________.
15. Зреење на плод (почеток, полно, крај, утврдување на момент на
берба) ____________________________________________________.
16. Степен на родност (висока, средна, слаба) _____________________.
17. Принос (kg/овошка или t/ha) __________________________________.

Б. КАРАКТЕРИСТИКИ (ОПИС) НА ПЛОДОТ:

1. Надворешни карактеристики на плодот:


1. Големина на плод (ситен, среден, крупен) _______________________.
2. Маса на плод ______________ (g)
3. Дршка(должина, дебелина, поставеност) _______________________.
4. Форма на плод (сплескан, округол, издолжен, јајцевиден, конусовиден,
симетричен, асиметричен, итн.) ________________________________.
5. Својства на покожица (лушпа – егзокарп):
а) Дебелина (тенка, средно дебела, дебела)
б) Боја на зрел плод:
- Основна боја (зелена, жолто-зелена, светло жолта итн.)

31
Познавање на овошјето

- Покривна боја (форма на обоеност - точкеста, линиска,


хомогена боја, % и интензитет на обоеност) ____________.
д) Превлака (ргеста, восочна, или отсуствува превлака-сув плод)
ѓ) Лентицели (боја, големина, густина) _______________________.
6. Дршкина вдлабнатина (длабочина, ширина, ргеста) _______________.
7. Чашкина вдлабнатина (длабочина, ширина, ргеста)
8. Ребра по должината на плодот (без ребра, широки, тесни и долги,
изразени по целата должина) ______________________________.
9. Атрактивност, привлечност на изгледот плодот (слабо, средно,многу
атрактивен) ________________________________________________.

2. Внатрешни карактеристики на плодот:


1. Подчашкина вдлабнатина __________________________________________.
2. Семенова куќичка ________________________________________________.
3. Својства на месото (мезокарпот)
1. Боја
2. Конзисенција
3. Вкус - сооднос на шеќери и киселини - слаб, среден, изразен вкус
(исполент - хармоничен) ______________________________________.
4. Арома (без арома, средна или изразена арома) ___________________.
5. Општа оцена на квалитетот на плодот __________________________.

3. Можност за чување на плодовите:


1. Време на чување од _______ до _______.
2. Услови на чување (типови плодочувалишта) ___________________________.
3. Физиолошки болести (оштетување) на плодовите при чување ____________.
4. Сезона на употреба (консумација) ___________________________________.
5. Можност за транспорт и манипулација (слаба, средна, одлична) __________

32
Познавање на овошјето

IV. ПОТРЕБА ОД ЕКОЛОШКИ ФАКТОРИ


1. Должина на вегетација ______________, број на денови ______________.
2. Температури (позитивни, негативни, високи, ниски, зимски, пролетни,
вегетациски, екстремни, оптимални) ________________________________.
3. Вода (почвена и воздушна влага, минимална, оптимална, максимална)
___________________________________________________________.
4. Почвени услови (тип на почва, механички и агрохемиски состав, структура
длабочина) ____________________________________________________.

V. ОТПОРНОСТ (ОСЕТЛИВОСТ)
1. Кон абиотички фактори (еколошки – почва, мраз, суша) _________________.
2. Кон биотички фактори (болести, штетници, плевели) ____________________.

VI. ДРУГИ ПОВАЖНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА СОРТАТА _________________.

VII. РЕОНИЗАЦИЈА НА СОРТАТА ____________________________________.

VIII. ВКУПНА ОЦЕНКА ЗА СОРТАТА (позитивни и негативни својства,


недостатоци и предности) _______________________________________
_________________________________________________________________
_________________________________________________________________

IX. ЗАКЛУЧОК И ПРЕПОРАКА ЗА СОРТАТА __________________________


_________________________________________________________________
_________________________________________________________________

33
Познавање на овошјето

ИЗБОР НА ЛОКАЦИЈА И ИЗРАБОТКА НА ЕЛАБОРАТ


ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА ОВОШНИ НАСАДИ

Пред подигнувањето на овошните насади, потребно е паралелно да


се внимава за две меѓусебно поврзани работи:

1. Изборот на локацијата за овошниот насад, и


2. Изборот на сорти од овошните видови.

Самата локација е определена со нејзините основни метеоролошко-


климатски и почвени карактеристики кои таа ги има.

При изборот на овошните видови, односно при изборот на нивните


соодветни сорти, може да се има поголем степен на слобода, освен
ако самиот пазар не диктира поинакви услови.

Поголемиот број на коскести овошни видови (кајсија, праска,


цреша), бадемот и ф’сташката од јаткастите овошни видови имаат
повисока потреба кон топлина и затоа се препорачуваат за
одгледување во повардарскиот регион. Меѓутоа и тука е потребно во
рамките на овој регион, да се избираат соодветни локации. Секогаш
треба да се води сметка дека одлучувачко значење има самата
микролокација која е во склоп на локалитетот, односно регионот.

Локалитетите, односно нивните микролокации, кои се во депресии


имаат негативно влијание, посебно кај овошните видови и сорти кои
релативно рано започнуваат со вегетација. При појава на касни
пролетни мразеви доаѓа до акомулирање на ладните воздушни маси
во депресиите и измрзнување на цветовите и зачетоците на
плодовите. Исто така депресиите имаат слаба воздушна дренажа и
висока релативна влажност на воздухот, со што се создаваат услови
за поинтензивна појава на болести.

Поголемиот број на јаболчести и јагодести овошни видови успешно


се одгледуваат во посеверни реони и повисоки надморски височини
(посвежи припланински терени). Такви кај нас се Големо-езерскиот
регион (охридско-преспанскиот), полошкиот , малешевието и др.

34
Познавање на овошјето

Сите суптропски овошни видови се во Гевгелиско-валандовскиот


регион, а некои од нив делумно може да се одгледуваат во Охридско-
преспанскиот регион.

При изборот на локалитет потребно е да се спроведат следните


подготвителни мерки и активности:
1. Анализа на метеоролошките и климатските фактори на
локалитетот.
2. Детална анализа на педолошките и агрохемиските својства
на почвата
3. Анализа на можности и извори за наводнување.
4. Избор на соодветен овошен вид или видови кои ќе се
одгледуваат.
5. Избор на соодветна сорта или сорти во рамките на видот.
6. Кај калемените овошки, потребно е да се внимава на изборот на
соодветни подлоги кон почвените услови.
7. Избор на систем на одгледување.
8. Определување на соодветни агротехнички и помотехнички
мерки кои ќе се применуваат во насадот.
9. Постоење на непосредна инфраструктурна мрежа (патишта,
струја, водовод, телекомуникации, природни и вештачки
акомулации, каналска мрежа за наводнување и одводнување и сл.)
10. Оддалеченост од поголеми урбани средини, кои би биле извор
на потенцијална работна сила, посебно за делот од
трудоинтезивните технолошки операции.

При подигнување на овошен насад, потребно е да се изработи негов


елаборат. При изработката на елаборатот, прво се прави анализа на
еколошките фактори кои делуваат во локалитетот, посебно во
микролокалитетот.

За сигурно производство на континенталните овошни видови,


потребно е во текот на длабокото (физиолошко) мирување на
овошките, максимално минималните темпераури да не бидат
пониски од -15 оС или евентуално под -18 оС.

Во локалитетот потребно е да нема опасност од појави на касни


пролетни мразеви или таа опасност да биде ретка или со мали
штети. Скоро секогаш, при појавата на касни пролетни мразеви,
35
Познавање на овошјето

овошките се во најосетливите фенофази (бабрење на пупките,


цветање, заврзување на плодови и заврзетоци).

Потребно е да се направи детална анализа на педолошките и


агрохемиските својства на почвата. Врз нивна основа се изведува
мелиоративно (основно) ѓубрење и се избираат соодветни подлоги
од овошните видови чии садници се размножени со калемење.

Како најдобри почви за овоштарско производство се


препорачуваат алувијалните и алувијално-делувијалните почви,
кои имаат добра растресита структура и поволен водно воздушен
режим. Во однос на плодноста, почвите потребно е да бидат
умерено плодни, со содржина на хумс од 2-3 %).

Најголемиот број на овошни култури се одгледуваат на слабо


кисели до неутрални почви, обично со рН 6-7. Помал е нивниот број
на кои им одговараат кисели (боровинка рН 4-5) или базни почви
(бадем, ф’стак поднесуваат и рН над 8).

За Република Македонија, за овоштарско производство, најдобри се


брановидни издигнати терени, со 300-800 м.н.в., со благ наклон,
каде има добра воздушна дренажа и соодветна екзпозиција.

Сушите, кои често се појавуваат кај нас, се едни од главните


природни ограничувачки фактори за развојот на овоштарството.
Затоа неопходно е утврдување на потенцијалот и капацитетот на
површинските и подземните води. Во овоштарското производство
неопходно е континуирано наводнување преку целата вегетација.
Ако нема доволно врнежи, односно ако се констатира недостиг на
влага во почвата, мора де спроведе и касно есенско како и рано
пролетно полевање. За Република Македонија, за современо и
редовно овоштарско производство, неопходно е создавање на
услови за редовно наводнување со предвидените поливни норми.

Врз основа на анализите од еколошките фактори на местото каде ќе


се подигнува насадот, се пристапува кон правилен избор на
соодветни овошен вид или видови и нивни сорти кои може да се
одгледуваат.

36
Познавање на овошјето

Потоа се пристапува со финилизирање на елаборатот за


подигнување и одгледување на овошниот насад. Тогаш се
утврдуваат и прецизираат системот на одгледување и
агротехничките и помотехничките мерки кои ќе се применуваат.

Постоењето на добра инфраструктурна мрежа и непосредна


работна сила во многу ги намалуваат дополнителните инвестициски
трошоци.

Една од најважните работи е изработка на финансискта


конструкција на елаборатот. При тоа се сумираат сите трошоци за
инвестиции и тековното одржување на насадите до нивното
прородување (т.н. грејс период,) како и финансиските проекции кои
се во период на родност. При тоа тие се споредуваат со очекуваните
позитивни финансиски производни резултати. На крајот се согледува
економската оправданост за подигнување на насадот.

Бидејќи овошните култури се многугодишни, ако не се изработи


елаборат или се направени нестручни пропусти при неговата
изработка, грешките направени при подигнувањето на насадот
многу тешко се корегираат.

За нивно санирање ќе бидат потебни дополнителни финансиски


средства и неколкугодишен период. Многу од евентуалните грешки
никогаш неможе да се отстранат (погрешен избор на растојание
на садење, избор на подлоги и др.) и понекогаш може да доведат до
крчење на млади насади.

ТИПОВИ НА НАСАДИ

А. Според намената разликуваме два типа на насади:


1. Аматерски овошни насади
2. Производни овошни насади

1. АМАТЕРСКИ ОВОШНИ НАСАДИ


Аматерските овошни насади најчесто се состојат од поголем број на
овошни видови, застапени со релативно мал број на овошки од
одделни сорти. Овошките обично се одгледуваат како поединечни
растенија или на помали површини. Пред се имаат за цел

37
Познавање на овошјето

задоволување на потребите на одделни домаќинства од


производство од овошни плодови наменети за нивна свежа
консумација и преработка. Може да имаат и украсно (декоративно)
значење.

2. ПРОИЗВОДНИ ОВОШНИ НАСАДИ

Во Република Македонија има одлични услови за производство.


Подигнати се поголем број на овошни насади на кои се засновува
овоштарското производство кај нас.

Под производни овошни насади се подразбираат поголеми


техничко-технолошко организирани површини каде стручно се
произведуваат плодови од овошните култури.

1. Врз основа на застапеноста на овошните видови, овошните


насади може да бидат:

а) Еднородни насади. Подигнати се само од еден овошен вид (на


пр. само од јаболко или само од кајсија, вишна итн.)

б) Мешовити насади. Подигнати се од два или повеќе овошни


видови (на пр. јаболко и круша, кајсија и праска, слива и вишна,
цреша и вишна и сл.). Најчесто, заедно во ист локалитет, се
одгледуваат различни овошни видови кои имаат слични потреби кон
еколошките фактори.

2. Врз основа на бројот на сортите застапени во овошниот насад,


насадите се делат на:

а) Едносортни насади. Едносортните насади претставени се само


со една сорта во рамките на еден овошниот вид. Во прв ред ова се
насади во кои генотиповите (сортите) кои се одгледуваат се
самоопрашни т.е. самооплодни (на пр. може да се одгледуваат
едносортни насади скоро од сите сорти кајсии и праски, голем број
вишни на пр. кај вишната од сортата облачинска итн.)

б) Повеќесортни насади. Во овие насади застапени се поголем


број на сорти од еден или повеќе овошни видови. Кога се користи
еден овошен вид тоа е обично овошен вид кој е странооплоден и

38
Познавање на овошјето

неопходно е да се користат квалиетни сорти кои се добри


опрашувачи помеѓу себе. Најчесто се користат најмалку три
висококвалитетни и компатибилни сорти во однос на оплодувањето.

При изборот на бројот на сортите кои ќе се одгледуваат во насадот


потребно е да се земат во предвид следните ситуации:

1. При одгледеување на една или мал број сорти во висок степен


е упростена и униформирана технологијата на производство во
целиот насад, односно имаме релативно идентична и едновремена
примена на агротехничките и помотехничките мерки на
производство. Таквите насади се поедноставни за одгледување.

2. При одгледување на поголем број на генотипови (поголем број


на овошни видови и нивни сорти) се усложнуваат производните
операции. Различните генотипови имаат различни биолошки
потреби и поради тоа имаат и различно временско спроведување на
поголем број технолошки операции (наводнување, резидба, заштита,
берба, манипулација на плодовите и сл.). Затоа, овошните насади со
вклучени поголем број на овошни видови и сорти имаат и поголема
потреба од стручна работна сила.

Меѓутоа треба да се земе во предвид и фактот дека иако насадите


кои се составени од поголем број генотипови во суштина се
посложени за организација на нивното производството, сепак тие
најчесто се порентабилни и економски поисплатливи. Таквите
насади и во поекстремни години, кога некои фактори (посебно мраз,
суша, болести итн.) ќе се манифестираат во своите екстремни
граници, одделни генотипови добро ќе плодоносат и ќе дадат
позитивни економски резултати. Ако еден генотип потфрли во
одредена година, друг генотип може да го надомести неговото
производство.

Исто така, потребите од работна рака се поконтинуирано


распределени. Всушност помал број работници се потребни во
насадот на единица површина, бидејќи поретко има временско
совпаѓање на работните операции помеѓу различните генотипови.

Затоа производството во овошнен насад со учество на поголем број


на овошни видови и сорти е многу поредовно, посигурно и
постандардно.

39
Познавање на овошјето

3. Според густината на садење на овошките и интензитетот на


применетите агротехнички и помотехнички мерки мерки
стеблените овошните насади поделени се на:
а) Екстензивни до 100 овошки/ha
б) Полуинтензивни од 100 до 500 овошки/ha
в) Интензивни од 500 до 2000 овошки/ha
г) Супер интензивни над 2000 овошки/ha (може и над 4-5000)

а) Екстензивни овошни насади

б) Полуинтензивни овошни насади

в) Интензивни овошни насади


40
Познавање на овошјето

г1) Супер интензивни овошни насади

г2) Супер интензивни овошни насади

Со посебен избор на систем на одгледување и на комбинации помеѓу


сорта и подлога, како и правилна примена на специфични
аротехнички и помотехнички мерки, супер интензивните насади, кај
некои овошни видови, може да имаат и над 4-5000 овошки/ha (на пр.
кај јаболките и крушите). За нивно одржување и одгледување,
неопходна е стручна и добро обучена работна сила. Во спротивно
многу брзо може да се расипе нивниот систем на одгледување и
самата производна концепција.

ТЕХНОЛОГИЈА НА ПРОИЗВОДСТВО ВО ОВОШНИТЕ НАСАДИ

Според применетиот систем на агротехнички и помотехнички


мерки, нивниот избор, интензитет и самиот однос на човекот кон
природата, животната и производната средина, технологијата на
производство на овошните култури може да се подели на три
основни концепти (принципи):

41
Познавање на овошјето

1. Класична (конвенционална) технологија

2. Технологија на интегрално производство

3. Биолошка или одржлива технологија


(технологија на атернативни системи на одгледување
на овошните растенија)

1. Класична, конвенционална технологија


(современа, индустриска)
Се засновува на:

1. примена на напредни технолошки решенија,


2. големи инвестиции,
3. производство на големи површини,
4. одгледување на монокултури,
5. примена на високородни хибриди и сорти,
6. голема примена на хемиски средства и
7. висока ефикасност во користење на механизацијата и
работната рака.

При тоа не се земаат доволно во предвид специфичностите на


генотиповите и нивната реакција кон соодветните услови на
одгледување. Се игнорира влијанието на еколошките и
надворешните биолошки влијанија врз овошните култури, како и
влијанието на овошните културите пошироко врз биоценозата.

При тоа се применуваат големи количини на хемиски средства


(синтетски материјали, ѓубрива, пестициди, хормони) без посебно
следење за потребата од нивна апликација. Човекот се обидува со
своите активности и технолошки решенија да ја надмине природата,
која постојано му се спротиставува поради нарушување на
природните законитости и нејзината хармонија.

Како резултат на ваквата несоодветна производна активност,


можноста за ревитализација на природните ресурси (посебно
почвата и водата) интензивно се намалува. После подолг временски
период, како резултат на експлоататорските активности, овие насади
се витално ослабени, ниско продуктивни и кратковечни. Затоа ова
производство е карактеризирано како неодржливо. Поради тоа се
42
Познавање на овошјето

повеќе се избегнува и се напушта оваа технологија на


производство на храна.

2. Технологија на интегрално производство.

Интегралното производство е високо-квалитетен метод во кој


приоритет се дава на еколошки побезбедни технологии на
одгледување и минимална примена на синтетски хемикалии и
материјали. Со тоа се овозможува поголема безбедност во поглед
на здравјето на човекот и природната околина.

Се базира на мерки (биолошки, генетски, агротехнички,


помотехнички, фитопатолошки, ентомолошки, механички, поголема
примена на природни материјали и др.) кои го подобруваат
природниот баланс и хармонија на насадот и го зголемуваат
квалитетот на производството. Хемиските материи се применуваат
ограничено, под стручна контрола, само по потреба и во зависност
од еколошките и биолошки услови во соодветната вегетација.

Во висок степен се користат најновите научни сознанија од


агрономските науки и другите научни дисциплини кои се тесно
поврзани со земјоделското производство. За прв пат се јавува
интегрален т.е. мултидисциплинарен однос во креирањето и
поврзувањето на производно-технолошките решенија.

Ова производство, иако има многу недостатоци, ги содржи


основните елементи на одржливо производство. Човекот не
внесува непотребно хемиски компоненти во насадите и истовремено
во висок степен ги враќа во природата материите кои се искористени.

Покрај намалување на хемијата во производството, минимизирани


се и други агресивни агротехнички мерки. Посебно се избегнува
деградирањето на почвата, односно нејзината непотребна обработка
(култивирање), како и несоодветно ѓубрење и наводнување.

Се превземаат основни мерки за зачувување на биоценозата,


односно балансирање на ин-пут и аут-пут вредностите на
хранливите минерални и органски материи во агроекосистемот.

43
Познавање на овошјето

Технологијата на интегрално производство се повеќе се применува,


како кај нас и така пошироко во Светот. Врз оваа технологија треба
да се темели најголемата продукција на храна. Таа претставува еден
вид премин кон биолошко, органско или одржливо земјоделство.

3. Биолошка или одржлива, природна, органска технологија


(Технологија на атернативни системи на одгледување на
овошните растенија)

Денес во светот постои тенденција земјоделското производство, а во


негови рамки и овоштарското производство, да се изведува во
хармонија со природата, без да се наруши одржливоста на
природната рамнотежа од една страна и одржливоста и
рентабилноста на насадите од друга страна.

Во Светот постојат поголем број и типови системи за ова растително


производство. Помеѓу нив, како и поради невоедначеното
дефинирањето на суштинските поими, често се јавува
неусогласеност и недоразбирање, како во стручната јавност, така и
помеѓу производителите, трговците и потрошувачите.

Крајните потрошувачи, континуирано се изложени на големи


дезинформации од поими кои се користат како маркетинг трикови
на производителите и трговците. Најчесто, скоро редовно, без
никаква основа, без соодветен сертификат за контрола, на
декларацијата на производот се ставени префикси или поими како
што се био, биолошки, природно, здраво, здрава храна, без
пестициди, во соработка со природата, цедено овошје, врвен
квалитет, хранливо, дез адитиви, без додатоци итн.

Ваквите деклариции на потрошувачот не му даваат комплетна и


прецизна слика за составот и реалниот квалитет на прехрамбениот
производ. При тоа скоро никогаш не се наведува технолгијата или
системот на производство преку кој е добиен производот.

Меѓутоа, во својата основа, сите овие технологии за одржливо


земјоделско производство, имаат за цел постигнување на квалитетни
и редовни приноси во природни услови, каде активностите на
човекот не се во прв ред насочени кон грубо менување на природата,
туку кон зачувување, одржување и развивање на природните и
производни услови.
44
Познавање на овошјето

Најчести за сега познати и применувани системи и термини за овој


производен концепт се:

1. Одржливо земјоделство (sustainable agriculture) претставува


еден вид основен концепт кој е дел од поширокиот концепт за
одржлив развој. Дефиниран е во документ на американскиот конгрес
ФАКТА (FACTA – Food, Agriculture, Conservation and Trade Act, 1990).
Се смета за систем чија долготрајна цел е унапредување на
животната средина и ресурсите на кои се засновува
производството и добивање на здравствено безбедна храна.

2. Алтернативно земјоделство. Често подразбира примена на


различни методи кои се разликуваат од вообичаената
конвенционална пракса, примена на нетрадиционални култури и
производство на нетипични производи.

Ова производство најчесто има поинаков маркетинг и специфичен


приод кон пазарот. Самиот израз “алтернатива” во денешно време
може да има и негативно значење во јавноста, бидејќи како поим
освен што означува можност за избор на нешто ново и подобро, може
да означува и нешто што не е реално, вистинито и поради тоа да не
биде прифатено од поширок круг на луѓе. Терминот може да доведе
до извесна заблуда, дека ова производство не се темели на модерни,
научни биотехнолошки сознанија.

3. Биодинамичко земјоделство. Ова производство се заснова на


одредени растителни препарати кои ги индуцираат процесите на
разлагање на шталското ѓубриво или компостот. Храната
произведена на овој начин подложна е на строга контрола, која е
построга од сертификацијата и контролата на храната добиена во
технологијата на органското производство.

4. Биолошко или еколошко земјоделство. Во себе ги вклучува и


посебно ги анализира сите аспекти на зачувување на животната
средина и меѓусебните односи на сите делови на
агроекосистемот. Зборот биолошко го нагласува значењето за
зачувување на сите живи организми и активацијата на природните
процеси.

45
Познавање на овошјето

5. Конзервациска обработка на почвата. Претставува заеднички


термин за голем број на различни системи со кои растителните
остатоци се оставаат на површинскиот дел од почвата. Со тоа
се зголемува содржината на органска материја во почвата и
нејзината биоактивност.

Истовремено се спречува ерозијата. Се зголемува хранливата


вредност на почвата и нејзиниот капацитет за вода и воздух.

Информатичкиот Центар за конзервациски технологии (CTIC)


нагласува дека најмалку 30 % од земјиштето мора да биде
покриено со растителни остатоци, за да може овој систем да се
нарече конзерваторски.

6. Земјоделство со минимални вложувања (Low input


agriculture). Овој систем на производство се обидува да ги
избалансира искористувањето на внатрешните ресурси и
потребата од примена на мерки и материјали од фармата
производител во зависност од потенцијалите и условите во
насадот.

При тоа потребно е максимално да се намали примената на секакви


инпути во фармата (одржување на површината, ѓубрење,
наводнување, заштита итн.). Со тоа се намалуваат трошоците и
загадувањето на околината. Меѓутоа често овој систем може да
биде несоодветен, недоволно јасен и да доведе до погрешни
заклучоци околу планирање на производството.

7. Органско земјоделство. Дефинирано е од страна на неколку


меѓународни организации. Според ИФОАМ (IFOAM) органското
производство се засновува врз основите на агроеколошките
начела и домаќинското искористување и респектирање на сите
елементи за заштита на природната средина.

Според УСДА (USDA) ова производство се дефинира како еколошко


производство кое ги промовира и унапредува:

1. биодиверзитетот,
2. биолошките циклуси и
3. биолошката активност на почвата.

46
Познавање на овошјето

Се засновува на минимална примена на инпути донесени надвор од


фармата и максимална примена на позитивни агротехнички мерки
кои ја:
1. обновуваат,
2. одржуваат и
3. унапредуваат еколошката хармонија.

Целосно е забранета примената на сите хемиски средства


(пестициди, ѓубрива и др.). Може да се применуваат само мал број
кои се прецизно наведени и одобрени како безопасни за природата
и човековата околина. На пример може да се користат бакарни и
сулфурни препарати во заштитата од болести. Но ова е само еден
од неговите основни услови или критериуми.

Неопходно е самата локација каде се одгледува насадот, да биде во


здрава, незагадена и хармонична биоценоза.

Ова производство е определено со цела низа на услови, мерки и


активности кои ја сочинуваат неговата технологија и се одобрени
за производството. Потребно е сите тие да бидат предвидени и
реализирани и доколку еден од нив не е запазен, производот не може
да носи ознака “органски”.

Од независни, специјализаирани и меѓународно признати и


акредитирани експертски установи редовно се следи непосредното
производството на теренот и се врши негова целосна контрола и
анализа на условите во кое е добиено. После извршените прегледи
и тоа за секоја реколта или циклус се добива ознаката “органски”
(“organic”-енгл.).

Ова производство е се поактуелно на светскиот пазар и неговите


производите се сѐ повеќе барани. На некој начин органското
производство на храна стана вистински хит, не само на светскиот или
европскиот пазар, туку и кај нас во Македонија. Меѓутоа овие
производи обично имаат за 30 до 100 % ( а може и над 200-300 %)
повисока цена од вообичаените прехрамбени производи!

Меѓутоа, земајќи во предвид дека многу се строги критериумите на


органското производство, денес и во поразвиените земји ова
производство учествува со мал процент, од нивното вкупното
производство на храна (во зависност од земјата, ова производство
47
Познавање на овошјето

се движи само помеѓу 0,3 и 10 %). Дефинитивно, според сегашните


научно-технолошки и нај современи апликативни технологии со кои
располага човештвото, органското произодство нема никаков
потенцијал да го прехрани населението на нашата планета).

Во нашата земја, производството на органска храна од година во


година е во постојан подем. Тоа пред се е поради големиот број на
чисти земјоделски реони и локалитети.

8. Природно (натурално) земјоделство. Ова е термин за систем


на еколошко производство со потекло од Јапонија. Основа за овој
систем е дека земјоделците тргнуваат од фактот дека темелот на
земјоделското производство е негова соработка со природата.

Меѓутоа, при тоа се оди во друга крајност, каде се завзема многу


пасивен став дека човекот воопшто не треба да се меша во
природните процеси. Се промовира тезата дека насадите ги
одржува и обработува исклучиво природата.

9. Добра земјоделска пракса (Best management practice или


Good agriculture practice). Се засновува на концепт на примена на
целокупното знаење (научно-стручно) во користењето и
примената на природните ресурси на одржливи принципи, со што
би се произвела сигурна, квалитетна и здравствно безбедна храна.

Всушност системот системот има за цел да се спречи


експлоатацијата на природните ресурси и нивно осиромашување.
На пример, со долготрајното извлекување на големи количини на
хранливи материи преку приносите, почвата континуирано се
осиромашува и деградира. Тоа деградирање е во релативно краток
временски период (20-50 години). Неопходно, на природен начин,
постојано да се внесуваат на искористените параметри, најмалку во
количини кои се изнесени со биомасата.

Пропагира хуман начин на производство, кој овозможува економска


и општествена стабилност.

10. Пермакултура (Permanent agriculture). Ова е систем на


растително производство кое има за цел создавање на одржлив
животен простор, раководен од природни принципи.

48
Познавање на овошјето

Во денешно време се подразбира етичко планирање на систем кој


има функција за производство на храна, односно користење на
почви, но истовремено ја унапредува општествената заедница.
Изнаоѓа решенија за продуктивен и одржлив начин на живот,
интегрирајќи ги екологијата, животниот простор, органското
земјоделство, архитектурата и шумските појаси.

Таа не претставува сама по себе своја цел, туку тежнее кон


воспоставување на однос помеѓу овие елементи, со цел ефектот
да биде поголем.

11. Поликултура. Овој систем пред се манифестира со


одгледување на поголем број култири на иста површина.

Идејата е воспоставување имитација на природниот диверзитет


на екосистемите, односно максимално избегнување на
одгледување на културни растенија како монокултури. Системот
вклучува плодоред, одгледување на смеси од растенија, ленточно
одгледување на култури итн.

Овој систем има многу поголема потреба од вклучување на


дополнителна работна рака. Но, негова голема предност е
зголемувањето на отпорноста на растенијата кон болести и
штетници и зголемување на биодиверзитетот.

При тоа се воспоставуваат многу добри производни земјоделски


системи и се утврдуваат можности за биолошко производство со
апликација на одржливата технологија.

49

You might also like