You are on page 1of 2

Стебло

Стеблото е дел од изданокот кое има способност да расте во должина, да образува


пупки од кои израснуваат странични гранки, листови, цветови и адвентивни корења.
Стеблото овозможува механичката отпорност на растението. Основната функција
е зголемување на површината што се остварува со растење на листовите и нивно
поставување кон светлината. Низ стеблото се пренесуваат хранливите материи од
коренот до листот и обратно.. По должината на растението се разликуваат
определени места каде што излегуваат листовите и се т.н. нодиуми (коленца), а
растојанието помеѓу два нодиума се вика интермодиум (членче).
Според вегетацискиот период стеблата се делата на: едногодишни и
повеќегодишни.
А според степенот на дрвосување можат да бидат: зелјести(тревести) и
дрвенести. Дрвенестите растенија според градбата и изгледот се делат на: дрвја,
грмушки и полугрмушки. Дрвјата образуваат главно стебло, грмушките не
образуваат главно стебло. Полугрмушките се разликуваат од грмушките по тоа
што имаат стебло кое се дрвосува само при основата. Некои дрвја можат да живаат
и до неколку илјади години. Пр: винова лоза 80-100г, орев 300-400г, костен 2000-
3000г, чемпрес 4000 И.т.н.

Постојат три основни типа на разгранување:


-дихотомно-ова разгранување е карактеристично за нижите растенија И се врши
со врвна пупка која се дели на два дела од кои се добиваат две основни пупки.
-моноподијално-кај ова разгранување врвната пупка создава главна оска која
секогаш ги надминува страничните оски. Карактеристично е за иглолисните
растенија.
-симподијално-овде врвната оска која се наоѓа на главната оска престанува да
расте, а најблиската странична пупка создрава оска која ја надминува главната
оска. Ова разгранување е карактеристично за дрвенести (круша, орев) и
тревести(домат, памук).

Поважни метаморфози на изданок и стебло се:


-ризоми-тоа се подземни безхлорофилни стебла кои морфолошки личат на корен,
но од него се разликуваат по тоа што немаат калиптра, а поделени се на нодиуми
И интернодиуми. Ризомите содржат доста резервни материи, а имаат И способност
за вегетативно размножување преку пупките на ризомите од кои се развиваат
надземни изданоци.
-Столони-претставуваат надземни или подземни ползечки изданоци кои имаат
тенки издолжени интернодиуми. Учествуваат во вегетативното размножување на
растенијата. Надземни столони имаме кај јагодата.
-Грутки-се скусени изданоци што растат во ширина и служат за складирање на
резервни материи.
Други метаморфозирани стебла се: луковици, грутковидни луковици,
сукулентни стебла(кактус), филокладии и кладодиии, трнови, ластари и др.

Примарна градба на стебло


По правило се разликува примарната градба на стебло кај монокотиледоните и
дикотиледоните растенија.
Примарната градба на стеблото кај дикотиледони растенија се состои од
надворешни и внатрешни ткива .

Во надворешни ткива спаѓаат: епидермисот и ткивата на примарната кора.


• епидермис-примарно кожно ткиво кое ја покрива целата површина на
стеблото
• примарна кора се состои од:
-механичко коленхимско ткиво
-паренхим на примарна кора( најчесто има резервна функција) содржи и
периферни клетки кои се богати со хлоропласти кои нас стеблото им ја даваат
зелената боја.
-ендодермис( формира скробна обвивка)
Во внатрешни ткива спаѓаат ткивата на централниот цилиндар и тоа:
• перицикл( формира адвентивни пупки и корења)
• паренхимско ткиво во кое се наоѓаат спроводни снопчиња
Паренхимското ткиво кое се наоѓа во срцевината е во вид на зраци и ваквата градба
на централниот цилиндар е т.н. снопчеста (кај најголем број дикотиледони
растенија), а неснопчеста градба има кај дрвенестите растенија.

Кај монокотиледоните растенија, под епидермисот се образува склеренхимско


механичко ткиво наречено хиподермис, кое ја дава основната маса на примарнта
кора. Најголем дел од стеблото е изграден од паренхимско ткиво во кое безредно
се распоредени затворени колатерални снопчиња . Во стеблото на
монокотиледоните не се одбразува ендодермис и перицикл.

You might also like