You are on page 1of 3

Растителни ткива

Со преминување од водена кон копнена средина кај растенијата започнува


специјализација и диференцијација на клетките за одедени функции.
Растителните ткива се групи од клетки кои имаат исто потекло иста
надворешна и внатрешна градба и извршуваат иста функција.
Ткивата на скриеносемените растенија, како најсовршени, според
морфолошките и физиолошките карактеристики се делат на две основни
групи:
Меристемски ткива
Трајни ткива

Меристемски ткива
Името на овие ткива произлегува од нивното најкарактеристично својство-
нивните клетки да се делат и нарастуваат (meristos=се дели)
Со нивната активност растенијата нараснуваат во должина и во дебелина. Од
меристемските ткива се добиваат сите други ткива, поради што тие се
нарекуваат творни ткива
Според потеклото, местоположбата на растението и морфофизиолошките
карактеристики овие ткива се поделени на:
Примарен меристем и Секундарен меристем
Примарен меристем
Овие ткива потекнуваат од ембрионалното ткиво, кое се создава со
непосредно делење на зиготот. Клетките на примарните меристемски ткива
се мали со изодијаметричен облик, имаат тенок клеточен ѕид, големо јадро и
се богати со цитоплазма
Според местото на дејствување поделени се на:
Врвни меристемски ткива
Вметнати меристемски ткива
Странични меристемски ткива

Врвни меристемски ткива

Врвно стеблест
-го создава вегетативниот врв на растението (има облик на конус –
вегетативен конус)
-иницијални клетки(со проста делба создаваат клетки во вегетативниот врв)
-формирање листни зачетоци
Врвно коренски – овозможува растење на коренот во должина , заштитено е
со многу слојна обвивка – коренова капа или калиптра
3 слоеви -: протодерм (или дерматоген ), од кој се добива кожно ткиво;
основен меристем (или периблем),
кој ј а дава кората н а корен от, и nрокамбиум (или nлером ), кој го да ва
централниот цилиндар
1 - центар
2 - калиптроген (живи клетки на кореновиот врв)
3 - коренова капа
4 - Откинати мртви клетки од кореновиот врв
5 – прокамбиум

Вметнат меристем -меристемот се наоѓа во нодиумите


-овозможува растење во висина (житните растенија)
Странични меристемски ткива
-овие ткива се сместени странично
ПЕРИЦИКЛ- има облик на целосен прстен
страничните корење и страничните адвентивни пупки зависат од перицикл

You might also like