You are on page 1of 2

Смрт во Венеција

По Гете во германската литература се појавува уште една макрантна книжевна


личност, а тоа е нобеловецот Томас Ман. Неговите дела како „Буденброкови“ и
„Смрт во Венеција“ изобилуваат со автобиографски елементи, а според многумина
Томан Ман е најголемиот германски писател на современата епоха.
Смрт во Венеција е дело во кое овој голем германски писател ги анализира
височините на духот но и обичните животни потреби и случувања. Тие обични
животни случувања кои му се случуваат се неговото вљубување во 14 годишното
момче Таѓо. Главниот јунак Густав фон Ашенбах е познат германски писател на
околу педесетина години кој живее во Минхен. Добива благородничка титула како
заслуга на неговото творештво, но среде една креативна криза, која е резултат на
дисциплинираниот и строго контролиран живот, тој решава да замине не многу
далеку, кај тигрите, туку на југ. По неуспешните посети на Пула и Трст се сместува
во Венеција, но и таму не е воодушевен се додека не го сретне совршеното
прекрасно момче Таѓо. Момчето кое доаѓа од Полска е сместено во истиот хотел
заедно со својата мајка, татко и сестрите. Така брчкосаниот, црномурест Густав
фон Ашенбах со својата преголема глава во однос на телото, проретчената коса,
дебелиот и меснат нос и големата уста е восхитен од убавината на ова момче. Тоа
за него е совршенство, па неговата убавина ја споредува со онаа на боговите. Таѓо,
нагалено од Тадеуш, бил некаде на 14 години, со руса кадрава коса, која не била
стрижена и кадрици кои немирно паѓале околу прекрасното лице со бел тен, на кој
било малото носе и слатката уста. Сета таа убавина го потсетила на статуите од
антиката. Полека Густав станува опседнат со желбата за присуството на Таѓо во
неговата близина. Тој свесно или несвесно ги усогласува своите движења,
прошетки па и времето поминато на плажата со она на младото момче. Ни лошата
клима во Венеција која не му одговара на кревкото здравје на писателот не го
спречува да се врати назад кон предметот на своето обожавање. По неговото второ
доаѓање во хотелот и во Венеција се случува трансформацијата од естетското кон
еротското доживување. Секој ден го гледа и надљудува Таџо и неговата убавина
која му изгледа се посовршена. Го гледа како доаѓа на плажата, игра со другарите,
го гледа неговото тело и сака неговото тело да му биде модел за пишување,
инспирација. Во таква состојба на восхит од Таѓовата убавина, Томас Ман на
својот јунак Ашенбах му го испраќа Сократ и неговот подучување за блудот и
добродетелта. Сократ го подучува Федрос дека убавината е единствената форма
која може обичниот човек да ја фати со сетилата, но благородниот човек се плаши
дека би изгледало непромислено неговото однесување во очите на другите луѓе.
Густав полека собира храброст да го запознае Таѓо, но на крај се откажува од таа
замисла. Сепак решава барем лично за себе пласнат на една клупа да го признае
она што му го одзема целото тело и ум и да изговори – Те сакам. За Ашенбах
нема друг страв освен да ја изгуби саканата личност. Тој се плаши момчето со
семејството да не отпатува изненадно, а со проширувањето на веста дека во градот
се појавила колера тој воопшто не се плаши за себеси, туку да не ја изгуби својата
страст, љубов, инспирација. Започнува да го следи момчето и неговото семејство
насекаде, додека се возат со гондола или додека се на миса, дури и заблуден во
својата мисија започнува да се дотерува, да ги облекува своите најубави облеки,
да се кити и се почесто го посетува хотелскиот бербер, ја поцрнува седата коса и
ги наруменува образите. Душата сепак му е исплашена па кошмарните соништа кои
ги сонува го тераат да се запраша каде го води сето ова. Ни сопствените
оправдувања дека оној кој љуби е побожествен од љубениот, затоа што Бог е со
него не му даваат мир. На крај решава да го зачува достоинството. Додека ја гледа
играта на Таѓо во песокот, болеста го совладува и неговта душа заминува во
вечноста, со поглед прикован кон една точка неговиот предмет на обожавање. Во
борбата на разумот и срцето надвладува разумот, но и срцето не е поразено.
Делото „Смрт во Венеција“ иако без физички контакт помеѓу двајцата љубовници
преставува една ода на љубовта која и денес по толку години се уште се смета за
противприродна.

You might also like