You are on page 1of 2

Прва глава: Густав фон Ашенбах бил средовечен писател, на возраст од околу 50 години, кој

живеел во Минхен како славен писател и носител на благородничка титула. Чекајќи на


автобуската станица во близина на гробиштата, забележал дека го набљудува непознат човек,
што му создало силен внатрешен немир. Уморен од постојаната, дисциплинирана работа,
Ашенбах решил да замине на долг одмор во некој егзотичен европски град, како би можел да
си ги среди своите разбранувани емоции.

Втората глава е мала ретроспекција на неговата писателска кариера и на големиот успех кој го
постигнал благодарение на неговата творечка дејност.

Трета глава: Во втората половина на мај, Ашенбах отпатувал со воз за Трст, а потоа се сместил
на еден остров во близината на Истра. Меѓутоа, таму не можел да го најде бараниот мир, па
одлучил да отпатува во Венеција. Патувајќи со брод тој забележал старец облечен во облека
што била карактеристична за младите луѓе. Без разлика што старецот се трудел да се однесува
како младите, поради својата слабост и немоќ, тој не можел да го следи нивниот животен
ритам. Таа глетка предизвикала одвратност кај Ашенбах. По пристигнувањето во
пристаништето во Венција, Ашенбах изнајмил гондола, со намера да го посети плоштадот Св.
Марко, но гондолиерот го возел кон хотелот во Лидо ди Џесоло. Притоа, тој имал мало
недоразбирање со своеглавиот гондолиер, кој немал дозвола за превоз, па затоа, штом
пристигнале во Лидо, тој веднаш избегал без да побара пари за возењето. Следното утро,
појадувајќи во хотелот, Ашенбах за првпат го запознал младото момче Таџо, кој за него
претставувал олицетворение на совршената убавина. Таџо, нагалено од Тадеуш, бил бил
омиленото и разгалено синче на едно полско семејство. Ашенбах бил опседнат од
божествената убавина на Таџио, па постојано го набљудувал како си игра на плажата, се капе,
јаде во хотелскиот ресторан, итн. Еден ден, шетајќи низ Венеција, на Ашенбах заклучил дека
не му одговара климата и одлучил набрзина да замине во близината на Трст. Но, кога
пристигнал на железничката станица, дознал дека неговиот багаж по грешка заминал за Комо
и тоа му било изговор да се врати во хотелот. Таму, повторно го видел Таџо и сфатил дека тој е
вистинската причина што не му дозволила да си замине.

Четврта глава: По враќањето во хотелот, Ашенбах го набљудувал Таџо секој ден, сметајќи го за
симбол на совршенството и за идеал на убавината, а тие средби кај него раѓале пријатни
чувства и спокојство. Исто така, инспириран од Таџо, Ашенбах повторно почнал да пишува.
Едно утро, Ашенбах се обидел да се запознае со момчето, но во последен миг се исплашил и
се откажал од намерата. Таџо, пак станал свесен за присуството на писателот и често минувал
во неговата близина, двајцата си разменувале погледи, а при една случајна средба, Таџо му се
насмевнал. Во тој миг, вознемирениот Ашенбах седнал на една клупа во паркот и си шепотел
дека го сака момчето.

Петта глава: Во четвртата недела од неговиот престој во хотелот, Ашенбах почнал да


забележува знаци на невообичаена состојба во градот во кој се спроведувала дезинфекција.
На неговото распрашување, сите му одговарале дека станува збор за редовни, превентивни
хигиенски мерки, но дури подоцна дознал дека во градот се појавила епидемија на колера. Во
меѓувреме, тој веќе отворено почнал да го следи Таџо насекаде низ градот, а момчето
отворено покажувало дека е свесно дека писателот го набљудува. Истовремено, иако станал
свесен за опасната здравствена состојба во градот, Ашенбах цврсто одлучил да остане во
хотелот само за да може да ужива гледајќи го Таџо. Притоа, за да му се допадне на момчето,
писателот почнал убаво да се облекува и да посетува козметички третмани. Една ноќ, Ашенбах
имал кошмарен сон, а неколку дена подоцна почувствувал необична слабост во телото. Кога
дознал дека полското семејство се подготвува да си замине дома, Ашенбах отишол на плажата
и тивко умрел додека го набљудувал Таџо.

You might also like