You are on page 1of 2

Нервната клетка е изградена од:

+ тело на нервна клетка (nevrocit) со јадро во невроплазмата, кое заедно со дендритите ја градат
сивата маса од нервното ткиво;
+ дендрити- куси продолжетоци кои ги собираат нервните импулси од една или повеќе соседни
клетки и ги спроведуваат до телото на нервната клетка;
+ аксони (нервни влакна или неврити), кои ја сочинуваат белата маса од нервното ткиво и
учествуваат во спроведувањето импулси на големо растојание (некои аксони може да се долги
повеќе од 1m). Аксоните имаат неколку карактеристики:
- содржат јони на натриум и калиум, за трансмисија на електро-хемиските сигнали
- на површината аксоните имаат Шванова (Schwan­oвa) обвивка која наизменично се стеснува
и формира Ranvi??? -стеснувања. Швановата обвивка продуцира липидна материја миелин.
Нервните влакна, кои содржат миелинска обвивка се бели и наречени миелински. Амиелинските
нервни влакна се сиви по боја и содржат само Шванова обвивка;
- на крајот завршуваат со аксонски синаптички меурчиња (везикули) , кои ослободуваат хемиски
материи-невротрансмитери. Невротрансмитерите овозможуваат пренесување на нервниот импулс
преку синапсата , на еден или повеќе дендрити , од соседните нервни клетки.
Функција на невроните и создавање на акциски потенцијал
Мембраната на нервната клетка во мирување е поларизирана (однадвор електропозитивна,
однат­ ре електронегативна), состојба наречена мембрански потенцијал. Поларитетот на
мембраната се должи на разликата на концентрациите на Јоните на калиум (К+) и натриум (Na+),
како и на други јони во цитоплазмата.
Во мирување мембраната на нервната клетка е непропустлива за јони на натриум навнатре, а
незначително е пропустлива за јоните на калиум нанадвор. Мембраната има свои влезни врати,
каде преку канали секој од јоните може да се транспортира во спротивната насока
Кога клетката ќе прими дразба, мембраната станува пропустлива за натриумовите јони и тие влегу­
ваат во клетката. Вратите за натриумови јони се отвараат (Nа-пумпа) и тие навлегуваат во
цитоплазмата. Со навлегувањето на Na+, се менува јонската концентрациЈа во клетката, со што го
поттикнува отворањето на влезните врати за калиум. Тој започнува да излегува од
клетката надвор (К-пумпа), во екстрацелуларната течност. Ова доведува до деполаризација на
мембраната (во внатрешноста станува електропозитивна, а однадвор, електронегативна).

Мирување Отворање на Na-пумпа


https://www.youtube.com/watch?v=_bPFKDdWlCg
Мембранскиот потенцијал во состојба на мирување на нервната клетка се менува
во акциски потенцијал (потенцијал на дејствување) и притоа нервниот импулс се
движи по должината на нервната клетка.
Со завршувањето на нервната стимулација, мембраната на клетката се
реполаризира, и клетката се враќа во состојба на мирување.
НИВОА НА ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА НЕРВНИОТ СИСТЕМ
Нервниот систем, остварува врска меѓу надворешната и внатрешната средина преку
приемниците за нервни дразби (рецептори).
Рецепторите претставуваат влез за информации во нервниот систем. Распоредени се
во сите органи и преку нерви се поврзани со нервните центри во централниот нервен
систем, каде што секоја информација се анализира, и се испраќа соодветен одговор до
органите­ ефектори (мускули или ендокрини жлезди).
Во нервниот систем регулацијата и координацијата на функциите се одвива во четири
нивоа: прием на информации, спроведување на информации, нивно толкување и
одговор
1. Прво ниво се рецепторите
2. Второ ниво се нервните патишта за спроведување на нервните импулси
3. Трето ниво е анализаторот каде се анализира обработуваат нервните импулси
преку дефинирање на видот на дразбата, анализа и определува­ ње на нејзиниот
квалитет. Тоа се овозможува со интерневроните во централниот нервен систем,
од каде се добива наредба за соодветен одговор на организмот.
4. Четвртото вино се ефекторите кои како одговор на примениот стимул, ја
извршуваат наредбата, преку реакција на мускулите или жлездите.

You might also like