You are on page 1of 5

Тез

Пренесување на растворените материи низ клеточната материја:

-пасивно пренесување(осмоза, дифузија и олеснета дифузија)

-активно пренесување

Цитози

-ендоцитоза

-егзоцитоза

Пасивно пренесување- движењето на молекулите и јоните има насока од


средина со поголема концентрација кон средина со помала концентрација.

Осмоза-движење на водни молекули кон средината со поголема концентрација


преку полупропустливи мембрани со цел изедначување на осмотскиот притисок

Осмотски притисок-притисокот што се создава со преминувањето на материите


преку полупропустливи мембрани до нивното израмнување во концентрациите

Тургор-притисок што го врши живата содржина на клетката врз


цитоплазматичната мембрана и клеточниот ѕид

Дифузија-процес на движење на молекули и јони од област со повисока


концентрација кон област со пониска концентрација додека не се изедначи
нивната концентрација во просторот. Во овој случај дифундираат не само
молекулите на растворените материи туку и тие на растворувачот. Движењето
на О2 и СО2 се остварува со процесот на дифузија.

Олеснета дифузија- движење на молекули и јони кои не можат да се пренесат


со обична дифузија, туку преминуваат низ посебни протеински канали на
мембраната или со помош на протеински молекули како носачи

Активно пренесување- пренесување на материи од средина со пониска


концентрација кој средина со повисока концентрација. За овој процес секогаш
е потребна енергија. Активното пренесување се извршува со помош на посебни
протеини како носачи. Таков е случајот со движењето на натрумот од
внатрешноста на клетката кон надворешната средина, и на калиумот од
надворешната средина кон внатрешноста на клетката.
Цитози-процеси на пренесување на големи молекули или честички(во цврста
или течна агрегатна состојба)

Ендоцитоза(фагоцитоза и пиноцитоза)- процесот на внесување на тие материи


во клетката

Фагоцитоза- при фагоцитоза се внесуваат цврсти или поголеми честички дури и


ситни организми како бактерии

Пиноцитоза-навлегуваат растворени материи(капки течност)

Егзоцитоза-изнесување на материи од клетката. При егзоцитозата, вакуолата со


одреден клеточен материјал се доближува до клеточната мембрана. Потоа
преку фузија на мембраната од вакуолата со клеточната мембрана, вакуолата се
отвора кон надворешната средина и се ослободува материјата.

Нуклеотид- основна структурна единица на молекулот од нуклеинските


киселини, составен од три хемиски соединенија кои се ковалентно сврзани.

 Пентозен шеќер(деоксирибоза за ДНК или рибоза за РНК)


 Азотна база на пуринот или пиридиминот, сврзани за првиот јаглероден
атом на пентозата, создавајќи нуклеозид. Во ДНК пурински бази се
аденин(А) и гванин(G), а пиримидински цитозин(C) и тимин(T). Во РНК
наместо тиминот се наоѓа урацилот(U).
 Фосфорна група т.е фосфорна киселина.

Два типа нуклеински киселини:

 Деоксирибунокиселинска киселина(ДНК)
 Рибунокиселинска киселина(РНК)

ДНК-одговорна за пренесување на наследните својства на организмите.


Претставува материјален носител на информацијата за синтеза на протеините и
рибунокиселинските киселини. Ја има во јадрото, хлоропластите и
митохондиите. Основоположници на ДНК се Ватсон и Крик(1953) кои што го
предложиле моделот за структурата на молекулата на ДНК. Според нив ДНК е
составена од две полинуклеотидни низи поврзани со двојна спирала.
Спиралата се создава со поврзување на базите од двете низи преку водородни
врски. Пуринските бази од едната низа се сврзуваат со пиримидинските бази од
другата низа. Аденинот(А) секогаш се сврзува со тиминот(Т) а цитозинот(C)
преку три водородни врски со гванинот(G). А претставува дополнение на Т и C
дополнение на G. За овие парови бази велиме дека се комплементарна една на
друга. Редоследот на ДНК може да биде специфичен белег за видот на
организмите.

Репликација на ДНК- процес на реплицирање на генетскиот материјал преку


раздвојување на двете вериги и потоа создавање на нови две вериги(ќерки)
комплементарни на нив. Краен резултат- од една ДНК молекула се создаваат
две ДНК молекули

РНК- единечна полинуклеотидна низа и се синтетизира на калапот од една


полинуклеотидна низа од молекулот на ДНК. Содржи азотна база,
јаглехидрат(рибоза) и фосфорна киселина. Наместо тимин во РНК има урацил(U)
кој што се сврзува со аденинот(А). Има комплементарен распоред на
нуклеотидите во однос на матричната низа од ДНК. Има повеќе видови РНК:

 Рибозомска РНК- главна маса на клеточната РНК, бидејќи е застапена со


повеќе од 50% од вкупната РНК во клетката. Влегува во составот на
рибозомите, каде се врши синтезата на протеините.
 Транспортна РНК- учествува во транспортот на аминокиселините до
рибозомите каде што се синтетизираат протеините. Со нив се обезбедува
не само пренесување, туку и правилно вградување на аминокиселните на
строго определеното место во полипептидната низа.
 Информациона РНК- ја прима генетската информација од ДНК, која
претставува упатство за одредување на редоследот на аминокиселините
при биосинтеза на протеините. За синтеза на секој протеин постои
посебна и-РНК
 Понекогаш се издвојува и посебна вирусна РНК

Ген- секвенца од нуклеотидни парови во молекулот на ДНК

Генетската информација е закодирана(запишана) во редоследот на базите во


нуклеинските киселини слична на информацијата што се содржи во редоследот
на буквите во некоја книга.
Гените се молекуларни реченици каде зборовите се нуклеотидни букви, а
генетскиот материјал може да се прифати како книга што е составена од
молекуларни реченици.

Бидејќи има 4 видови бази кажува дека бројот на различните комбинации на


базите во даден ген со нуклеотиди е 4ⁿ. Информационите единици се групи од
три бази наречени триплети.

Гените можат да бидат структурни и регулаторни. Структурните ја определуваат


структурата на некој краен продукт на РНК, а регулаторните ја регулираат
нивната функција.

Генски локус- местото на генот на хомологните хромозоми

Генотип- севкупноста на гените од сите хромозоми во јадродото на соматска


клетка

Геном- збирот на гените од хромозомите на еден гамет

Алели- функционални облици кои се во исти места(локус) на парот хомологни


хромозоми. Се одликуваат со пенетрабилност и експресивност

Пенетрабилност значи со каква фреквенција се јавува кај единките во една


популација, а експресивност го означува степенот на фенотипската изразеност
на генските алели, по што разликуваме доминантни и рецесивни генски алели.

Наследната информација за синтеза на протеините во клетката е закодирана во


редоследот на нуклеотидите во ДНК преку азбука од четири букви, а
информацијата што се содржи во примарната структура на протеините е
закодирана преку азбука од 20 букви поради тоа што има 20 аминокиселни.

Три типа пренесување на информацијата:

 Репликација на ДНК- пренесување на информацијата од ДНК на ДНК


 Синтеза на РНК(транскрипција)- пренесување на информацијата од ДНК
на РНК. Пренесувањето на информацијата на информацијата од
двојноспиралната ДНК на молекулот на РНК како единечна полипептидна
низа е наречен препишување или транскрипција кој се катализира од
ензимите РНК-полимерази. Транскрипциската единица е ограничена со
почетен дел(промотор) и завршен дел(терминатор)
 Синтеза на протеини(транслација)- пренесувањето на информацијата што
е закодирана во нуклеотидниот распоред на една и-РНК до одреден
аминокиселински редослед во соодветните протеини. Информацијата за
аминокиселините во даден протеински молекул се содржи во редоследот
на кодоните во соодветната и-РНК.

Генетски код- систем кој содржи информации потребни за клетката


соодветно да функционира. Таа е закодирана во редоследот на азотните
бази кои се комбинирани во триплети. Група од три последователни бази во
ДНК претставуваат генетски код.

Кодон- група од три последователни бази во молекулот на и-РНК


комплементарни на генетскиот код.

Антикодон- група од три последователни бази комплементарни на кодонот и


се наоѓа во т-РНК

Активација- поврзување на аминокиселинита за соодветната т-РНК

Транслација- преведување на информацијата од и-РНК за


аминокиселинскиот редослед во соодветен протеин

Елонгација- растење на полипептидот со додавање нови аминокиселини

You might also like