You are on page 1of 6

БИОСИНТЕЗА НА ПРОТЕИНИ

Протеините ги даваат разликите меѓу фенотипот на еден вид од друг вид , но и фенотипот меѓу
единки од ист вид

ПРОТЕНИ –макромолекули изградени од голем број структурни единици -


АМИНОКИСЕЛИНИ

• Во хијалплазмата во секоја клетка, по правило се наоѓаат различни аминокиселини кои во


процесот на синтеза на протеини НЕ се вградуваат безредно во протеинскиот молекул

• Зошто е важно аминокиселините да бидат со точно определен редослед во протеините?-


За да бидат функционални

Централна догма во молекуларната биологија- КАКО ГЕНЕТСКАТА ИНФОРМАЦИЈА ОД


СТРУКТУРНИОТ ГЕН НА ДНК ЌЕ СЕ ПРЕВЕДЕ ВО ПРОТЕИН

Во смисла на синтеза на протеини:

 Генетска информација - КОД на постојаност на редоследот на азотните бази во состав на


структурните гени во ДНК кој го определува составот на протеините, записхана во форма
на триплети

 Секој триплет кодира одредена аминокиселина во протеинскиот молекул

 4-те азотни бази комбнирани по три во група (43) даваат вкупно 64 кодови (триплети) кои
кодираат 20 аминокселини

ПРИ ДЕЛБА НА КЛЕТКА и пренесувањето на генетската информација се разликуваат три типа на


пренесување и тоа:

iRNA- информациска рнк

tRNA- транспортна рнк


1. РЕПЛИКАЦИЈА – при делба

Се одвива по принцип на колплиментарност – семиконзервативна репликација на ДНК

2. ТРАНСКРИПЦИЈА (DNAiRNA)
Пренесување на генетската информација
(шифрите) од ДНК во иРНК.
Според принцип на комплементарност на еден
од синџирите на ДНК се синтетизира иРНК.
Матрица за транскрипција преставува 3’-5’ низата на ДНК.
• ДНК гените – матриците од кои се препишува РНК-та се посебни секвенци наречени
транскрипциски единици
• Транскрипциската единица е ограничена со два дела: промотор (почетен дел за
транскрипција) и терминатор (завршен дел за транскрипција)

Резултат на транскрипција
Кодирањето е универзално кај сите организми!
На пример UUU е кодон за аминокиселината фенилаланин бактериите, глувците и човекот.

3. ТРАНСЛАЦИЈА – БИСИНТЕЗА НА ПРОТЕИНИ

Преведување на генетската информација од иРНК во протеин

• Локација: рибозоми

• Редоследот на кодоните од iRNA се преведува во редослед на аминокселини во протеинот

• Учествуваат сите три вида на RNA: iRNA, tRNA, rRNA

КРАТОК ОПИС на процесот:

 иРНК излегува од јадрото во цитоплазмата и се врзува со рибозомите

 Притоа рибозомот го чита СТАРТ кодонот од иРНК и биосинтезата отпочнува

 Пибозомот се ги чита кодоните од иРНК, при што соодветните аминокиселини се


вградуваат според шифрата запишана во молекулата на иРНК сѐ додека не дојде до СТОП
кодонот кој го означува КРАЈОТ на биосинтезата на протеини.
Во процесот на транслација се разликуваат следните фази:

1. Активација
Ковалентно поврзување на аминокиселината со ACC триплетот од соодветната tRNA

 Процесот е катализиран од ензимот аминоацил-tRNA синтетза или лигаза

2. Иницијација
Создавање на иницијален комплекс - iRNK+мала
рибозомска субединица+метионин

Иницијалниот комплекс се сврзува со големата


рибозомска субединица во која постојат две важни
места:

 Р место (пептидално)

 А место (аминоацилно)

 Секогаш почетната аминокиселина


метионин врзана за сопствената тРНК се
наоѓа на Р местото со СТАРТ кодонот AUG, а
вториот кодон се наоѓа на А местото во кое
доаѓа втората аминокиселина врзана со
соодветната тРНК молекула

 Помеѓу двете аминокиселини се образува


пептидна врска со дејство на ензимот
пептидал трансфераза.
3. Елонгација (тоа на час глупостите, во през анимација)
Растење на полипептидниот ланец со додавање на нови аминокиселини меѓусебно повразани
со пептидна врска.

4. Терминација
Процесот завршува кога во А местото на рибозомот ќе дојде СТОП кодон кој НЕ кодира ниту
една аминокиселина, при што процесот на синтеза завршува.

 Полипептидот се одделува од рибозомот (се трансформира во протеин) и како


слободна молекула и се вклучува во животните процеси на клетката
 иРНК ослободена од полипептидот се разложува до нуклеотиди под дејство на
ензим рибонуклаза.
ГЕНЕТСКИ КОД VS КОДОН VS АНТИКОДОН

• Генетски код-запис/шифра од три последователни азотни бази (триплет) во состав на DNA.


Го одредува редоследот на аминокиселините во состав на протеините

• Кодон- триплет од три последователни азотни бази во состав на iRNA (се препишива од
DNA во iRNA според принципот на комплементарност). Овозможува пренесување на
генетската информација за синтеза на протеините од јадрото (ДНК) во цитоплазмата
(рибозомите)

• Антикодон-триплет од три последователни азотни бази во состав на tRNA


(комплементарен на базите во состав на кодоните од iRNA ). Овозможува прецисност и
точност во вградувањето на аминокиселините во протеинските олекули

МУТАЦИЈА- протеинот губи функционалност

You might also like