You are on page 1of 18

БИОЛОШКИ МЕМБРАНИ И

ТРАНСПОРТ
Значење на биомембраните
Домашна задача
Да се погледне и да се разбере следното видео:
https://www.youtube.com/watch?v=AcrqIxt8am8
Сите биолошки мембрани споделуваат
некои фундаментални својства
Флуидно-мозаичен модел за структурата на мембраните

Фосфолипиден двослој.

Протеините се вметнати во липидниот


двослој, а се држат поради
хидрофобните интеракции помеѓу
мембранските липиди и хидрофобните
домени на протеините.

Мембранскиот мозаик е флуиден


бидејќи повеќето од интеракциите
помеѓу компонентите се нековалентни,
дозволувајќи поединечните липидни и
протеински молекули слободно да се
движат латерално во рамнината на
мембраната.

2
Секој тип мембрана има карактеристични
липиди и протеини

3
Секој тип мембрана има карактеристични
липиди и протеини

Протеинскиот состав на мембраните од


различно потекло се разликува во
поголема мерка во однос на нивниот
липиден состав.

4
Интегрални мембрански протеини
Тип 1 и тип 2 имаат единечен трансмембрански
хеликс, но ориентацијата им е различна.

Тип 3 имаат многукратни трансмембрански


хеликси од единечен полипептид.

Тип 4 имаат трансмембрански хеликси кои


потекнуваат од неколку различни полипептиди
кои се соединуваат формирајќи канали низ
мембраната.

Тип 5 се примарно сврзани со двослојот преку


ковалентни врски со липидите.

Тип 6 имаат и трансмембрански хеликс и


липидно прицврстување.

5
ТРАНСПОРТ НИЗ МЕМБРАНИТЕ

 Мал број неполарни соединенија можат да поминат


низ мембраната без ничие посредство.
 CO2
 O2

 За трансмембранско движење на секое поларно


соединение или јон, неопходен е мембрански
протеин.
 Канали и транспортери.
 Пасивен и активен транспорт.
6
Аквапорините формираат хидрофилни
трансмембрански канали за водата
Аквапорините (AQP) обезбедуваат брз пренос на
молекули на вода низ сите плазмени мембрани.
Водата низ аквапорините се движи со постојан тек,
во насока одредена од осмотскиот градиент.

Кај цицачите се познати вкупно 11 аквапорини, со


различно место и улога.
Каналите за пренос на водата се тесни, строго
ограничувајќи ја големината на молекулите кои можат
да се пренесат низ нив.
Позитивниот полнеж на Arg остатоци го спречува
преносот на катјони, вклучително и хидрониум јонот.

Кај дијабетес инсипудус постои генетски дефект во


AQP2, што доведува до намалување на реапсорпцијта
на водата во бубрезите.

7
Транспортери на глукоза

8
Транспортерот на глукоза во еритроцитите
посредува во пасивниот транспорт
Глукозата навлегува во еритроцитот со олеснета дифузија преку специфичен
транспортер за глукоза.

GLUT1 – Транспортер за глукоза во еритроцитите, (тип 3 интегрален протеин).

9
Транспортерот на глукоза во еритроцитите
посредува во пасивниот транспорт

Процесот на транспорт на глукоза е целосно


реверзибилен.
Со оглед на тоа што во клетката глукозата се троши,
таа секогаш се движи кон внатрешноста на клетката.

***Скелетните мускули, срцето и масното ткиво


поседуваат и GLUT4, кој е регулиран од страна на
инсулинот.

10
GLUT4

11
Транспортер –
Хлорид-бикарбонатен изменувач

За секој бикарбонатен анјон кој се


движи во една насока, еден хлориден
јон се движи во спротивната насока -
изменувањето е електронеутрално.

12
Активен транспорт
 Активниот транспорт доведува до движење на
растворените супстанци наспроти градиентот на
концентрацијата или електрохемискиот градиент.

13
Na+K+ пумпа

За секоја молекула АТР која се


разложува до ADP и фосфат,
транспортерот пренесува три
натриумови јони кон
надворешната страна и два
калиумови јони кон внатрешната
страна.

Се формира мембрански
потенцијал.

На оваа реакција отпаѓа околу 25%


од вкупната потрошена енергија
кај човекот во мирување.

14
Калциумови пумпи

Са2+ пумпите ја одржуваат ниската


концентрација на Са2+ јоните во цитосолот.

Калциумовата пумпа на плазмената


мембрана ги транспортира калциумовите
јони надвор од клетката.

Калциумиовите пумпи во
саркоплазматичниот и ендоплазматичниот
ретикулум (SERCA) ги транспортираат
калциумовите јони од цитоплазмата кон
ретикулумот.

Тие се слични по структурата и механизмот.

15
16
Транспорт на глукоза во интестиналните
епителни клетки
СЕКУНДАРЕН АКТИВЕН ТРАНСПОРТ

Глукозата се котранспортира со Na+ јоните


низ апикалната плазмена мембрана во
епителните клетки.

Глукозата се движи низ клетката до


базалната површина каде преминува во
крвта преку GLUT2, пасивен глукоза
унипортер.

Na+K+ пумпа продолжува да ги пумпа


Na+ јоните надвор од клетката, за да го
одржи Na+ градиентот кој го овозможува
внесувањето на глукозата.

17
 ABC – транспортери (ATP-binding cassette transporters)
 АТР зависни транспортери, кои пумпаат аминокиселини, пептиди,
протеини, липиди, минерални соли и голем број лекови, спротивно
на концентрацискиот градиент.

 Цистична фиброза
 Домашно, за самостојно учење (Ленинџер)
 CFTR (cystic fibrosis transmembrane conductance regulator) е
мембрански протеин кој функционира како канал за Cl- јони.
 Мутираниот ген кодира дефектен протеин кој се свиткува
непрaвилно, со што е намален преносот на Cl- јоните низ
мембраните.
 Честите бактериски инфекции кои се резултат на задебелената
слузокожа резултираат со прогресивно оштетување на белите
дробови и прерана смрт.

18

You might also like