You are on page 1of 14

Ендоплазматичниот ретикулум 

(латински:
reticulum-мрежа) е универзална органела која
во клетката е претставена со систем
на мембрански структури (тубули,цистерни и
везикули) кои најчесто се поврзани и формираат
мрежа. Испреплетените мембрански структури на
ендоплазматичниот ретикулум во цитоплазмата,
овозможуваат континуитет со јадрената мембрана,
со мембраните на Голџиевиот системот и на другите
органели.
Видови на Е.Р
Површината на ципите на Е.П.Р. може да биде
со рибозоми или без нив, па според тоа
разликуваме груб (зрнест, грануларен)
ендоплазматичен ретикулум и мазен
(агрануларен) ендоплазматичен ретикулум,
соодветно.
Функција на Е.Р
Е.П.Р. претставува внатрешноклеточен крвоток,
низ кој се
пренесуваат белковините, јаглехидратите и други
материи. Зрнестиот Е.П.Р. учествува во синтезата
на белковините.
Подобро е развиен ендоплазматичниот ретикулум
во клетките кои покажуваат поголема активност,
како на пример, во клетките на мускулите, а кај
младите недиференцирани клетки
(ембрионални и меристемски) е послабо развиен.
Рибозоми
Рибозомите се ситни,
субмикроскопски органели во облик на зрна, што
можат да се набљудуваат само со електронски
микроскоп. Тоа се универзални органели за сите
живи клетки. Се создаваат во јадренцето и по
нивното создавање преминуваат во цитоплазмата,
каде или остануваат во неа, или се прикрепуваат
за ендоплазматичниот ретикулум. Други пак се
наоѓаат во некои органели, како
во хлоропластите и митохондриите. Бројот на
рибозоми во клетката е различен и се движи до
неколку илјади.
Градба на рибозомите
Рибозомите се надмолекулски комплекси,
односно изградени се од протеини и
рибозомска РНК. Секој рибозом се состои од
две морфолошки субединици, кои се разликуваат
по големина и тежина, наречени голема и мала
субединица.
Според седиментационата константа се
разликуваат два типа на
рибозоми: прокариотски (или бактериски) со 70 S
и еукариотски со 80 S.
Функција на рибозомите
Рибозомите се органели во кои се
остварува синтезата на протеините, со учество
на нуклеинските киселини рибозомска РНК и
транспортна РНК. Нивната улога во синтезата на
протеините се остварува само ако се поврзани со
информационата РНК, и во тој случај се создаваат
структури, наречени полизоми (или
полирибозоми).
Голџиев систем
Голџиев апарат е органела која е именувана
по италијанскиот научник Камилио Голџи.
Голџиевиот систем е изграден од голем број
нееднакво дебели и делумно
свиткани мембрански структури, сродни
на ендоплазматичниот ретикулум,
наречени диктиозоми, кои најчесто се наоѓаат
околу јадрото.
Функција на Голџиев систем
Продуктите од синтетската активност
на клетката (протеини, јаглехидрати и липиди) преку
ендоплазматичниот ретикулум се внесуваат во
каналите на сакулите од Голџи системот. По
соодветната обработка тие материи се натрупуваат
или се одделуваат како крајни продукти во облик на
секреторни везикули или вакуоли со различна
големина. Кај жлездените клетки, секреторните
везикули се движат кон површината на клетката, при
што мембраната им се слева со клеточната мембрана и
на тој начин содржината преку егзоцитоза се одделува
во надворешната средина.
Лизозоми
Лизозомите (грчки: lisis-разградува и soma-тело)
се органели кои можат да се набљудуваат само
со електронски микроскоп. Имаат облик на гранули
или меурчиња со единечна мембрана. Во нивната
внатрешност содржат ензими хидролази, што можат
да ги разградат сите видови високомолекулски
органски материи: протеини, нуклеински
киселини, јаглехидрати и липиди. Ензимите
се синтетизираат во грануларниот ендоплазматичен
ретикулум, се сместуваат во структурите
на Голџиевиот систем, од каде се одделуваат како
лизозомни меурчиња.
Функција на лизозомите
Во лизозомите се разградуваат материи што
во клетката се наоѓаат како нерастворливи
честички или во облик на цели капки. Ова
настанува кога првичните вакуоли што се
образуваат околу тие честички ќе се слеат со
лизозомите и создаваат дигестивна вакуола.
Материите добиени со внатреклеточното
разградување навлегуваат во цитоплазмата и се
користат од клетката. Во одредени услови, со
лизозомите клетката ги разградува и сопствените,
остарени или непотребни органели или
натрупани резервни хранливи материи.

You might also like