Professional Documents
Culture Documents
КЛЕТНИЦИ
КЛЕТНИЦИ
Неколку години порано во Париз, една работничка по име Фантина е лудо заљубена во
господин по име Феликс Толомиес. Неговите пријатели Листолие, Фамеј, и Блашевеј исто
така биле партнери на другарките на Фантина: Далија, Зефина и Фаворит. Човекот
подоцна ја напушта Фантина како на шега, оставајќи ја сама да се грижи за нивната ќерка
Козета. Поради тоа што Фантина не може истовремено да се грижи за детето и да работи,
со тешко срце одлучува да се одвои од Козета. Ја остава на грижа на Тенардие, расипан
меанџија и неговата себична и сурова жена. Фантина не е свесна дека тие ја
злоупотребуваат нејзината ќерка и ја користат како работна сила во нивната меана, и
продолжува да се обидува да ги плаќа нивните растечки, уценувачки и измислени барања
за издржувањето на Козета. Подоцна, таа е отпуштена од работа од фабриката на Жан
Валжан поради откритието дека има ќерка која е родена надвор од брак. Во меѓувреме
писмата и паричните барања на Тенардиеви продолжуваат да растат. Во очај, Фантина ја
продава косата, нејзините два предни заби и е принудена да се впушти во проституција за
да ја плати грижата за нејзината ќерка. Фантина исто така бавно умира од неименувана
болест (најверојатно, туберкулоза).
Фантина, истоштена и осамена, скита по улиците на Париз каде испровоцирана напаѓа
еден благородник. Инспекторот Жавер го гледа сето ова и набргу ја приведува. Таа го
моли да ја ослободи за да може да работи за нејзината ќерка, но Жавер ја осудува на
шест месеци затвор. Во овој момент се вкрстуваат приказните на Фантина и Валжан, кој
случајно слушајќи ја нејзината приказна, се вмешува и му наредува на Жавер да ја
ослободи. Жавер цврсто одбива, но Валжан настојува и на крај успева да ја ослободи.
Валжан поради тоа што се чувствува одговорен за отпуштањето на Фантина од фабриката
ѝ ветува дека ќе ѝ ја донесе Козета, а притоа ја засолнува во болница.
Жавер доаѓа кај Валжан за да му каже дека го обвинил пред француските власти дека тој е
поранешниот затвореник Жан Валжан. Меѓутоа, Жавер повеќе не се сомнева во него,
бидејќи властите изјавиле дека веќе е приведен човек со изгледот на Валжан. Овој
господин се викал Шанматио. Меѓутоа Валжан знае дека тоа не е вистинскиот човек.
Неговото судење е закажано за следниот ден. Отпрвин Валжан се двоуми дали да се
открие, но на крајот сепак одлучува да се пријави за да го спаси невиниот осуденик. Тој
оди на судењето и го открива неговиот вистински идентитет, но во целата мешаница што
настанува, Жавер не успева да го уапси. Тогаш Валжан се враќа во Монтреј-сир-мер за да
ја види Фантина, следен од Жавер кој се обидува да го уапси во нејзината болничка соба.
Валжан му бара три дена за да ѝ ја донесе Козета на Фантина, но Жавер одбива. Фантина
открива дека Козета не е во болницата и вознемирено прашува каде е. Жавер и наредува
да замолчи, и ѝ го открива вистинскиот идентитет на Валжан. Вознемирена и ослабната
Фантина умира во болничкиот кревет. Валжан оди до Фантина кажувајќи ѝ нешто со нечуен
шепот и ѝ ја бакнува раката, а потоа заминува со Жавер. Телото на Фантина подоцна е
сурово фрлено на градските гробишта.
Втор том – Козета
Валжан успева да избега само за да биде повторно фатен и осуден на смрт. Неговата
смртна казна е заменета од страна на кралот со казна на доживотно ропство. Додека да
биде повторно пратен во затворот во Тулон, на военото пристаниште, Валжан спасува
еден морнар кој ќе паднел од опремата на бродот. Толпата почнала да вика „Овој човек
треба да биде помилуван“, но кога властите ги одбиваат молбите на толпата, Валжан
одглумува лизнување и паѓа во океанот со цел да избега, потпирајќи се на верувањето
дека се удавил.
Валжан пристигнува во Монфермеј на Божиќ. Тој ја наоѓа Козета како носи вода од шумата
сама и пешачи со неа до меаната. Откако порачува оброк, го забележува навредливото
однесување на Тенардиеви кон неа. Тој, исто така, сведочи за лошото однесувањето на
нивните разгалени ќерки Епонина и Азелма спрема Козета, кога тие ѝ кажуваат на својата
мајка дека Козета ја држела нивната стара кукла. Гледајќи го ова, Валжан излегува и се
враќа за момент држејќи една скапа нова кукла која ѝ ја дава на Козета. Најпрво, таа не
може да сфати дека куклата е навистина за неа, но потоа среќно ја прифаќа. Ова
резултира госпоѓа Тенардие да му се налути на Валжан, додека Тенардие ја прекинува,
информирајќи ја дека тој може да прави сѐ што сака сѐ додека им плаќа. Ова предизвикува
Епонина и Азелма да ѝ завидуваат на Козета.
Следниот утро на Божиќ, Валжан ги информира Тенардиеви дека сака да ја земе Козета со
него. Госпоѓа Тенардие веднаш прифаќа, додека г. Тенардие се преправа дека ја сакал и
се грижел за неа. Валжан им плаќа 1.500 франци и заедно со Козета ја напуштаат
гостилницата. Меѓутоа, Тенардие се обидува да извлече повеќе пари од Валжан, но
Валжан одбива и одлучно ја зема Козета со него. Валжан и Козета се засолнуваат во
Париз. Валжан изнајмува куќа каде кратко живее заедно со Козета. Меѓутоа, неколку
месеци подоцна Жавер го открива нивното засолниште. Валжан ја зема Козета и се
обидува да побегне од Жавер. Валжан и Козета успешно наоѓаат засолниште во манастир
со помошта на Фошлеван, човекот кој Валжан го спаси, а кој е сега градинар во
манастирот. Валжан станува градинар со него, а Козета станува ученичка во манастирот.
Трет том – Мариус
Откако Епонина се ослободува од затвор, таа го наоѓа Мариус и тажно му кажува дека ја
нашла адресата на Козета. Таа го носи до куќата на Валжан и Козета на улицата Плумет,
па Мариус ја набљудува куќата неколку дена. Потоа тој и Козета конечно се запознаваат и
си искажуваат љубов еден спрема друг. Тенардие, Патрон-Минет и Бружон успеваат да
избегаат од затвор со помош на Гаврош. Една вечер, за време на посетата на Мариус,
шестмина се обидуваат да ја ограбат куќата на Валжан и Козета. Меѓутоа, Епонина која
седи покрај портата на куќата, се заканува дека ќе вреска и ќе го разбуди целото
соседство ако крадците не си заминат. Крадците колебливо се повлекуваат. Во меѓувреме,
Козета го известува Мариус дека таа за една недела ќе замине за Англија и ова ја
загрозува нивната врска.
Мариус одлучува да оди кај помалите барикади. Кога се враќа назад, човекот којшто го
прими фаталниот удар за Мариус го повикува по име. Мариус и читачот, откриваат дека
тоа е всушност Епонина облечена во машка облека. Додека умира на неговите колена, му
се исповеда дека таа му кажала да оди на барикадата, во надеж дека двајцата ќе умраат
заедно. Таа му открива дека му го спасила животот бидејќи сакала да умре прва (не
давајќи дополнително објаснување за ова).
Авторот, исто така, му наведува на читателот дека Епонина анонимно му фрла порака на
Валжан. Епонина потоа му кажува на Мариус дека има писмо за него. Таа му признава
дека писмото го добила уште претходниот ден, не планирајќи да му го даде, но одлучува
да му го даде од страв дека ќе и биде лут во задгробниот живот. Отакако Мариус го зема
писмото, Епонина го замолува да ја бакне на челото кога ќе умре. Со нејзиниот последен
здив таа му признава дека била заљубена во него и умира. Мариус ја исполнува нејзината
последна желба и оди во една таверна да го прочита писмото (земајќи предвид дека не би
било соодветно да го чита покрај нејзиниот труп). Писмото е напишано од Козета. Тој
дознава каде е Козета и ѝ пишува писмо со кое се простува од неа. Писмото на Валжан му
го доставува Гаврош. Валжан дознава дека љубовникот на Козета се бори и тоа го
ослободува, но еден час подоцна тој се облекува во униформа на Националната Гарда, се
наоружува со пушка и муниција, и го напушта домот.
Петти том - Жан Валжан
Епископ Мириел – епископот од Дињ (со целосно име - Шарл Франсоа Бјенвени
Мириел) – љубезен стар свештеник кој е унапреден во епископ благодарение на
случајната средба со Наполеон. Тој го убедува Валжан да го смени неговиот начин
на живот отако Валжан го украдува сребрениот прибор од него и го спасува да не
го уапсат.
Споредни ликови
Азелма - помладата ќерка на Тенардиеви. Заедно со својата сестра Епонина, таа е
разгалена како дете и ја трпи истата сиромашна судбина заедно со својата
фамилија кога пораснува. Таа исто така учествува во злосторствата на нејзиниот
татко. За разлика од својата сестра Азелма е зависна и колеблива. Таа исто така
не покажува никаков отпор спрема нејзиниот татко (ова е потврдено кога пред да
дојдат Валжан и Козета во добротворна посета во нивниот стан, тој и наредува да
го скрши стаклото од прозорецот за да изгледа по бедно. Иако се колеба, го
послушува својот татко и си ја пресекува раката). По пропаднатиот обид за грабеж
на Валжан, таа не е видена сè до венчавката на Мариус и Козета, кога таа и
нејзиниот татко се појавуваат маскирани. На крајот на новелата, Азелма е
единственото дете на Тенардие за кое се знае дека не умира и заминува со
нејзиниот татко за Америка.
Бревет - бивш осуденик од затворот во Тулон, кој го запознал Валжан таму, бил
ослободен една година по Валжан. Во 1823 година тој е во затвор во Арас за
непознато злосторство. Тој е првиот што тврдел дека Шампматје е навистина
Валжан. Тој носел плетени, карирани прерамки.
Жан Валжан (постариот) - таткото на Жан Валжан, дрвар во Фаверол кој бил убиен
додека паѓало некое дрво кога младиот Жан бил момче. Приказната раскажува
дека тој бил нарекуван Валжан или Влажан што најверојатно е прекар, спојување
од „Voila Jean“ (еве, ете го Жан).
Жана Матје - жена на Жан Валжан (постариот) и мајка на Жан Валжан и неговата
постара сестра, таа умрела од Млечна Треска кога тој бил мал оставајќи го да биде
одрастен од неговата сестра. Жана Валжан- постарата сестра на Жан Валжан,
вдовица со седум деца која се грижи за Жан по смртта на нивните родители.
Откако Жан е затворен на неколку години тој слушнува дека таа се преселила во
Париз каде што работи во продавница за принтање и со неа е само едно дете-
најмладото момченце. Судбината на нејзините останати шест деца не е спомната.
Валжан се обидува да ги пронајде по неговото ослободување, но не успева во тоа.
Виктор Иго - авторот тврди дека и тој бил фатен помеѓу бунтовниците и војниците
за време на бунтот во Париз, но успеал да се скрие помеѓу два пиластери помеѓу
зградите.