You are on page 1of 1

Климатски елементи

Изотерми- криви линии кои ги поврзуваат местата на Земјата со иста температура;

Врнежи- во нив спаѓаат: дожд, снег, град, роса, слана. Дождот се излева од облаци чија
дебелина е поголема од 700 м. Тоа се кумулонимбуси и нимбостратуси. Најмногу врнежи има
во екваторските пределе околу 3000мм годишно. Најмалку врнежи има во пустинските
предели околу 200 мм годишно и тоа во: Сахара, Намиб, Калахари, Либиската Пустина и др.

Снег- настанува кога температурата на воздухот ќе се намали под 0 0C и водената пареа се


претвора во кристали од кои се формира снег.

Град- настанува во летниот период кога кумулонимбусите и нимбостратусите се издигнуваат


на височина од 6 км, на таа височина температурата на воздухот е помала од 0 0C при што
водните капки преминуваат во мраз и на Земјата паѓаат како град.

Ветрови
Пасати- се постојани ветрови кои дуваат од 30 0 СГШ и 300 ЈГШ кон екваторот, од области со
висок кон области со низок атмосферски притисок.

Антипасати- дуваат од екваторот на височина од 4 км на север и југ се до 30 0 СГШ и 300 ЈГШ


каде го менуваат правецот од запад кон исток.

Западни ветрови- дуваат на запад од Атлантскиот Океан кон Западна и Средна Европа на
исток.

Поларни ветрови- настануваат на поларните области каде температурата на воздухот е ниска.

Периодични ветрови
Монсуни- дуваат 6 месеци од копното кон морето и 6 месеци од морето кон копното.
Застапени се во: Југоисточна Азија, Индија и Индокина.

Локални ветрови- фен, бура, југо, кошава, торнадо, ураган, вардарец.

Торнадо- САД и Мексико

Ураган- САД

Тајфуни- Кина и Јапонија

Вили- Вили- Австралија

Време е моменталната состојба на атмосферските појави над некое место.

Клима е средната состојба од долгогодишните следења на метеоролошките елементи над


некоја област или место.

You might also like