You are on page 1of 18

АФРИКА

ПРИРОДНО ГЕГРАФСКИ
КАРАКТЕРИСТИКИ НА АФРИКА
Потекло на името
 Афри било името на неколку
семитски луѓе кои биле населени
во Северна Африка близу
Картагина (денешен Tунис).
Нивното име се поврзува со
феникиското афар, што значи
„прашина“, но хипотезата од 1981
тврдела дека името произлегува
од берберскиот збор ифри или
Ифран, што значи „пештера“,
упатувајќи на луѓе кои живеат во
пештера. Африка или Ифри или
Афер е име на Бану Ифран од
Алжир и Триполитаниа (племето
Бербер од Јафран). Под римското
владеење, Картагина стана главен
град на покраината Африка, која го
вклучуваше и крајбрежниот дел на
денешна Либија. Римската
наставка ,,-ка” значи ,,држава или
земја”. Подоцнежното
Муслиманско кралство Ифрикија,
денешен Тунис, има сочувано
форма од името. Други
етимолошки претпоставки за
старото име ‘’Африка”:
Историја
На почетокот на Мезозоикот, Африка била поврзана со други
континенти на Земјата во Пангеја. Африка ја делела релативно
едноличната фауна на суперконтинентот, во која кон крајот на тријасот
доминираа и примитивни гуштероноги и ѕвероноги. Фосили од
доцнежниот тријас се најдени на територијата на цела Африка, но
повеќе се вообичаени за јужниот дел, отколку за северниот.
Средните слоеви на јурата во Африка не се добро претставени и
проучувани. Доцнежните слоеви на Јура се исто така сиромашно
претставени, освен спектакуларната фауна Тендагуру во Танзанија.
Оваа фауна е многу слична со онаа најдена во западната Морисонската
Образба на Северна Америка. Во средината на Мезозоикот, пред околу
150-160 милиони години, Мадагаскар се оддели од Африка, иако остана
поврзан со Индија и Годвана. Фосилите од Мадагаскар вклучуваат
абелисауруси и титаносауруси.
Праисторија
 Повеќето палеоантрополози сметаат дека Африка е најстарата
населена територија на Земјата, со човечки видови кои потекнуваат од
континентот. Во текот на средината на XX век, антрополозите откриле
многу фосили и докази од човечко населување пред 7 милиони години.
Се мисли дека фосилните остатоци од неколку видови на рани
човеколики мајмуни се развиле во современ човек, на пример
Australopithecus afarensis (датира приближно од пред 3.9-3,0 милиони
години п.н.е.), Paranthropus boisei (околу 2.3-1,4 милиони години п.н.е) и
Homo ergaster (околу 1,9 милиони-600.000 години п.н.е
Луси, скелет на Australopithecus afarensis
откриен на 24 ноември 1974 во Етиопија
Рани цивилизации
 Во 3300 година п.н.е во
Северна Африка, со
појавувањето на писменоста
во фараонската цивилизација
на древен Египет, се отвориl
историски запис. Сè до 343
година п.н.е Египетската
држава, која ги има едни од
најстарите и долготрајни
цивилизации, продолжила да
влијае брз други делови, така
што египетското влијание
допрело длабоко до денешна
Либија, северно до Крит и
Ханаан и јужно до кралството
Аксум и Нубија. Феникијците
од Тир од северно-западниот
крајбрежен дел на Африка на
Картагина, основале
независен центар на
цивилизација со трговски
врски до Феникија.
 Европското истражување на Африка било започнато со Старите Грци
и Римјани. Во 332 година п.н.е Александар Македонски беше
добредојден како ослободител во персиски окупираниот Египет. Во
Египет тој ги одредил границите на Александрија, која по неговата
смрт станала главен град на Птоломејската династија. Откако
Римското Царство го освои Средоземното крајбрежје на Северна
Африка, римјаните ја присвоија областа во својот систем. Тие
направиле римска населба во денешен Тунис и на други места долж
крајбрежјето.
Географија на Африка
 Африка е најголемата од
трите големи јужни
проекции од најголемата
маса на Земјата.
Одделена од Европа со
Средоземното Море, таа
е споена со Азија кај
нејзиниот североисточен
краен дел со провлакот на
Суец (поврзан преку
Суецкиот Канал), кој е
широк 163 км.
(Геополитички,се смета
дека египетскиот Синајски
Полуостров источно од
Суецкиот Канал е дел од
Африка).
Од најсеверната точка, Рас бен Сака во Тунис (37⁰21’C), до
најјужната точка, Иглениот ’Рт (34⁰51’15’’J) во Јужна Африка,
растојанието е приближно 8.000 км,
Од Зелено’ртските Острови (17⁰33’22’’З),најзападната точка,
до Рас Хафун (51⁰27’52’’И) во Сомалија,најисточната
проекција , растојанието е приближно 7.400 км.
Релјеф
 Релјефот на Африка го
претставуваат поголем број
пространи висорамнини,
кои се одликуваат со благо
разбрануван релјеф. Во
приморските делови
релјефот се спушта
стрмно, така што целата
африканска плоча е
заобиколена со тесен и
рамничарски приморски
појас. Од висорамнините се
издигаат неколку
планински масиви. Во
северните делови се
наоѓаат планините Атлас,
Ахагар, Тибести и Дарфур.
Се одликуваат со
надморски височини од
околу 3 000м.
 Најголемите планини се наоѓаат во источните делови од континентот.
Такви се Етипските Планини и планинските области околу големите
езера, како што се Килиманџаро, Кенија и Рувензори.
Брефова разгранетост
 Африка има слабо разгранет
брег. Крајбрежните делови
се високи, стрмни и тесни.
Скоро и да нема заливи,
острови и полуострови. На
бреговите на Средоземното
Море се наоѓаат заливот
Сидра и Габескиот Залив,
како и полуостровите Тунис
и Барка. На бреговите на
Индискиот Океан се наоѓаат
Сомалискиот Полуостров и
островот Мадагаскар,
Коморските, Маскаренските
и Сејшелските Острови. На
бреговите на Атлантскиот
Океан најкарактеристичен е
Гвинејскиот Залив со
островите Сан Томе и
Принсипе. На југот на
Африка е карактеристичен
’ртот Добра Надеж.
Клима
 Климата во Африка е тесно поврзана со географската положба. Низ
Африка поминува екваторот, кој го дели континентот на северен и
јужен дел. Тоа условува рамномерен распоред на климатските појаси.
Околу екваторот се простира екваторскиот појас, а потоа северно и
јужно од него се простираат тропски, степски, пустинкси, суптропски и
умерени климатски појаси.
 Екваторскиот појас се одликува со: температури од околу 24-25°С и
годишно колебање од само 2-3°С, и големи количества врнежи, кои во
Гвинејскиот Залив изнесуваат околу 12 000мм годишно, а паѓаат
секојдневно, обично во попладневните часови. Изразита екваторска
клима има во Горна Гвинеја и во басенот на реката Конго, односно во
појасот од 0-100 северна и јужна географска широчина. Таму се
развиени многу бујни тропски шуми.
Хидрографија

 Хидрографијата на
Африка е мошне
нерамномерна. Постојат
Средоземни Слив, слив
на Индискиот Океан и на
Црвеното Море,
Атлантски слив и
Внатрешен (неистечен)
слив.

You might also like