You are on page 1of 2

АВСТРАЛИЈА

Природно-географски одлики
Австралија е најмалиот континент со површина од околу 7,7
милиони км.квадратни.Се наоѓа на јужната полутопка
заобиколен со водите на Индиски и Тихи Океан, а на север со
Тиморско,Арафурско Море и Торесовиот проток.Најмногу се
доближува до Југоисточна Азија со која се поврзува преку низа
острови и мориња.Од другите континенти освен од Азија
оддалечена е повеке од 10 000 км
Австралија нема многу разгранета брегова линија.Поголеми
полуострови се наоѓаат на нејзината северна страна,Јорк и
Арнхемова Земја помеѓу кои се наоѓа Карпентарискиот Залив,а
на југ е Големиот Австралиски Залив.На југоисточната страна се
наоѓа островот Тасманија.
Австралија во релјефен поглед е ниска и зарамнета
земја,претежно со ниски планини.Источна Австралија ја
карактеризираат Големите Разводни Планини и Австралиските
Алпи со највисокиот врв, Кошќушко, висок 2234 метри.Централна
Австралија е претставена со големата Австралиска Низина која се
наоѓа помеѓу Карпентарискиот и Големиот Австралиски
Залив.Западна Австралија зафаќа пространи ридско-планински
масиви и пустини.Најпознати планини се Хамерзли,Мазгрев и
Мекдоналдови планини,а од пустините тука се наоѓаат Големата
Песочна пустина,Големата Викториина пустина,Гибсонова
пустина и други.
Климатските услови во Австралија се разновидни.На север е
застапена тропска клима,централните и западните делови се
суви со пустинска клима,а југоисточните се суптропски и умерени
со доволни количини на врнежи.
Австралија е сиромашна со хидрографија поради пропустливото
земјиште и недоволното количество на врнежи.Најпознати реки
се Мари и Дарлинг во југоисточна Австралија,и Флиндерс во
северна Австралија.Останатите реки се куси и со повремени
текови.Австралија има околу 700 солени езера кои се наоѓаат низ
целата територија на Австралија.
Од флората застапени се тропски шуми,еукалиптус,тревни
области,степи,кактуси и друго,а од фаунаата специфичните
животни торбари кенгури и коали, дивото куче динго,разни
влечуги,птици и др.
Население
Австралија има околу 25 милиони жители.Населенито го
сочинуваат главно доселеници од Европа и Азија каде има
претставници на повеке од 80 народи.Официјален јазик е
англискиот,доминантна е христијанската религија и најголем дел
од наслението живее во градовите,дури 80 %.Главен град е
Канбера, поголеми се Мелбурн, Сиднеј,Аделаид,Бризбејн и Перт.
Стопанство
Австралија е високоразвиена индустриско-аграрна земја.Има
големи резерви на енергетски и минерални суровини како
железо,уран, манган,јаглен,нафта, земен гас,боксит, злато и
други.Силно се развиени
металургијата,машинската,хемиска,електроиндустрија,автомоби
лска,прехранбената и други.Се одликува со високо-развиено
земјоделско производство каде водечко место има
сточарството.Главно се одгледуваат говеда и овци и голем
извозник е на сточарски производи,Најголеми приморски и
воздушни пристаништа се Мелбурн и Перт.

You might also like