You are on page 1of 16

Шри Ланка

Шри Ланка полн назив


Демократска
Социјалистичка
Република Шри Ланка
— островска држава
која се наоѓа во Јужна
Азија веднаш до
Индискиот
потконтинент.
Островот има вкупна
површина од 65.610
км2 и има 20.277.597
жители. Главен град е
Коломбо.
Опкружено со океан, ова е земја на долга
традиција и култура, тропски шуми, плантажи со
чај, диви слонови, нереална природа и срдечни
луѓе.
Oдморите на плажа ќе ве очекуваат на сè уште
автентични места како Бентота или Хикадува. Реге
музиката, испреплетениот мирис на кари и цимет, сочно
тропско овошје и масажи ќе бидат доволни за вашето
хедонистичко искуство на островот. Во секое време
можете да го збогатите со порција свежа морска храна,
приказна со познатите рибари „столки“ или украс
направен од најскапоцениот камен на месечината.
Климата е монсунска. Реките
Mahawelli, Bala и Gelani
изобилуваат со вода само во
периодот на дождови во
годината. Тропската
вегетација е многу бујна, е
пешачките брегови се
обраснати со мангрови.
Годишната количина на
дождови во југоисточните
краишта изнесува околу
5.000мм, а во северните
1.000мм. Просечна годишна
температура на надморска
висина од 1.000м е 24.5, а во
приморската рамнина 27.3
целзиусови степени.
Националност: Две најчести заедници се Синхалези, во главно будисти
(75%0 и Тамили чиј регион традиционално е хиндуистички (18%). На
островот живее и значајна сунитска муслиманска заедница (7%) чии
припадници зборуваат на тамислки јазик.Службен јазик: сингалешки и
тамилски
Валутата што се користи во Шри Ланка е рупијата. Може да се носат и
евра и долари. Тековниот сооднос е 1EUR = 220LKR, 1USD = 185LKR. Не
потпирајте се на банкомати и плаќања со картички.
Шри Ланка е земја
која мириса на чај и
зачини.Тука може
да видите како
изгледа дрво со
какао и цимет, ќе
дознаете како се
прави чај, но и ќе го
вкусите најскапиот
чај на светот.
Шри Ланка е четвртиот
најголем производител
на чај во светот. Се
карактеризира со
повеќе од 2.000
квадратни километри
насади со чај кои
произведуваат околу
300 милиони килограм
чај годишно.
Бескрајните зелени
полиња се совршени за
оние кои сакаат да
избегаат од топлината и
влажноста, а притоа
имаат можност да го
вкусат оригиналниот
цејлонски чај.
Шри Ланка е спој на различни култури, вкусови и архитектонски стилови. Овде
можете да видите остатоци од португалска и холандска архитектура, како и палати и
будистички храмови. Не е за чудење фактот дека во секој дел на островот има барем
по еден локалитет кој е дел од списокот на светското наследство на УНЕСКО. Тука се
вбројуваат и античкиот град Канди (древен будистички храм), стариот град Гале
(потекнува од 16 век), Сигирија (древна палата), Анурадапура (првиот антички главен
град на Шри Ланка), пештерскиот храм Дамбула и шумскиот резерват Синхараја.
Стар град Гале(потекнува од 16 век).
Сигирија(древна палата).
Анурадапура (првиот антички главен
град на Шри Ланка).
Пештерскиот храм Дамбула.
Шумскиот резерват Синхараја.
Природните убавини и дале
посебни епитети на оваа
убава земја-Бисер на
Индинскиот океан.Островот
обилува со бујни тропски
шуми,бели плажи, и богата
понуда на разноликост на
бујна вегетација.Тука може
да се видат 12 национални
паркови, 3 приватни
резервати, најпознати
паркови вклучуваат Јала,
Синхараџа, Дождовната
шума, Удавалаве и
Минерија.Најраспространети
животни се слонот,
леопардот, мајмуните и
разновидни птици.

You might also like