You are on page 1of 7

Индија

Изработиле:Андреј Цацаноски и Јана Господинова


Вовед
-Индија е држава во јужниот дел на континентот Азија.

-Индија зафаќа површина од 3.287.000 км квадратни.Таа е


трета најголема во Азија.

-Индија е најнаселена во светот, заедно со Кина. Има


популација од 1,4 милијарди жители.

- Индија е конструирана од 28 држави.

-Најстари народи во Индија се ведите кои живееле во


низнините на реките Инд и Ганг.

- Од постарите етнички заедници живеат Дравидите,


Ариевците и Мундо. Од денешниот етнички состав ја
сочинува индоевропската група
Јазици и
култури
• Во Индија се користат 22 главни
јазика и вкупно 720 дијалекти.
Како службени се прифатени два
јазици : Хинди и Англиски.
• Долгата историја на Индија, над
4.500 години, оставила големо
културно, литературно и
уметничко наследство. Индија е
домаќин на старите санскритски
епови од древниот период:
Махабхарата и Рамајана. Мошне е
богата и теологијата, митологијата
и хинду-филозофијата со широко
познатите верувања, дисциплини
и вежби од системот јога.
Религии
• Според верската припадност, најголем број од населението
на Индија се хиндуси и муслимани. Освен нив, постојат и
народи кои припаѓаат на други религии, како: сиките,
будистите, ламаистите, парсите и др. Хиндуизмот е
најраспространета религија на Индо-гангската Низина и
Деканската Висорамнина, каде што припаѓаат 79 % од
верниците. Оваа религија забранува употреба на говедско
месо и кравјо млеко, бидејќи кравата (говедото) се смета за
свето животно и истото се користи само за обработка на
почвата.
• Христијанската религија е најзастапена во североисточниот
и јужниот дел на Индија. Од оваа религија најбројни се
католиците и протестантите. Една од најпознатите
хуманотворци во историјата на Индија е скопјанката Гонџа
Бојаџиу, позната како Мајка Тереза.
Храна и музика
• Индиската кујна се состои од широк спектар на
регионални и традиционални кујни од
индискиот потконтинент. Со оглед на опсегот на
разновидност во типот на почвата, климата, културата,
етничките групи и занимањата, овие кујни значително
се разликуваат еден од друг и користат локално
достапни зачини, билки, зеленчук и овошје. Индиската
храна, исто така, е под силно влијание на религијата,
особено на хиндусите, и на културните избори и
традиции.
• Индиската класична музика е класична музика на
индискиот потконтинент.[1] Има две главни традиции:
северноиндиската класична музичка традиција се
нарекува Хиндустани, додека јужноиндискиот израз се
нарекува Карнатик.[2] Овие традиции не биле различни
до околу 16 век. За време на периодот на исламското
владеење на индискиот потконтинент, традициите се
разделиле и се развиле во различни форми.
Хиндустанската музика ја нагласува импровизацијата и
истражувањето на сите аспекти на рагата, додека
карнатските претстави имаат тенденција да бидат
Обичаи
• Во Индија постојат многу различни обичаи. Еден од
нив е поврзан со облеката на индиската жена, односно
со нејзината облека, позната како сари. Тоа е ткаенина
со должина од 4 до 9 метри, што како завеса го
обвиткува женското тело. Најчесто индиските жени на
прославите се украсени со злато, сребро или
благородни камења. Кај голем број религии во Индија
постои обичај или традиција населението еднаш во
годината да се искапе во „светата река“ – Ганг, со цел
да ги исчистат гревовите. Во Индија постојат и многу
други обичаи со чинот на раѓањето, венчавањето и
смртта. Еден од обичаите е спалувањето на
покојниците.
Ви благодариме за вниманието 

You might also like