You are on page 1of 12

ЕТНИЧКИ

ЗАЕДНИЦИ ВО
Р.С.МАКЕДОНИЈА
Етничка група
• Етничка група претставува заедница од луѓе, припадници на некој
народ, кои живеат во една или повеќе држави.
• Секоја етничка група има свои карактеристики кои се обележје на
нејзината култура: јазик, религија, обичаи, правила на однесување,
уметност и др.
Мултикултурни држави
• Државите во кои заедно живеат припадници на различни култури се
нарекуваат мултикултурни држави.
• Луѓето во мултикултурните држави споделуваат заеднички
институции, училишта, градинки, болници и соработуваат во
остварување на заеднички цели.
• Во Р.С.Македонија постојат различни етнички заедници како
Македонци, Албанци, Турци, Роми, Бошњаци, Власи, и др.
Албанци
• Македонски Албанци или Албанци во Македонија ја сочинуваат
најголемата малцинска заедница во Македонија. Тие почнале да се
доселуваат поинтензивно дури после средината на 18 век. Според
отоманскиот попис на населението од 1430–1431, во Македонија воопшто
немало Албанци.
• Денес, тие слободно го развиваат и афирмираат својот национален
идентитет како што се јазикот и културните традиции. Во Скопје и Тетово
постои и албански театар. Албанците имаат и свој национален празник (28
ноември – Ден на албанското знаме).
Турци
• Турците во Македонија се признато и полноправно
малцинство. имаат радио и телевизиски канал во кој
програмата се емитува единствено на турски јазик. Исто
така Македонската телевизија емитува секој ден неколку
часови со програма на турски јазик.
• Единствената нивна религија е исламот. Народен празник
на Турците во Македонија е „Денот на наставата на турски
јазик“ (21 декември).
Роми
• Општина Шуто Оризари е единствената општина во светот каде
мнозинството се Роми, а воедно и единствена општина во светот каде
ромскиот е службен јазик, покрај македонскиот.
• По религија огромното мнозинство од Ромите се муслимани, но
постои и мал број на Роми со христијанска вероисповед. Тие го
прославуваат Меѓународниот ден на Ромите.
Срби
• Најголем број на Срби во Македонија претежно живее во
градовите и во северниот дел на државата.
• Тие го прославуваат Националниот празник на српската
заедница Свети Сава.
Власи
• Власите се народ од романско потекло кои говорат на
посебен јазик. Во Македонија и на Балканот се познати под
повеќе имиња, како Аромани, Цинцари, Куцовласи.
• За нивното потекло постојат повеќе теории кои укажуваат
дека тие се потомци на староседелското население на
Балканскиот Полуостров кое се повлекло во планинските
предели при доселувањето на Словените и другите народи.
• Тие го прославуваат Националниот ден на Власите.
Бошњаци
• Македонски Бошњаци се уставно признато малцинство во
Македонија. Тие имаат свои политички партии и
традиционално одржуваат Бошњачките средби.
• 28. Септември ( Денот кога претставниците на
Бошњачкиот народ на вториот бошњачки сабор во
Сараево го вратија своето национално име Бошњак) е
прогласен за Меѓународен ден на Бошњаците.
Празници и религија
• Етничките заедници кои живеат во нашата држава одбележуваат празници кои се
карактеристични за нив како припадници на еден народ, но и празници поврзани со
религијата.
• Немаат сите припадници на еден народ иста религија.
• Кај македонскиот народ повеќето се православни христијани, но има и од други
религии католици, протестанти, Македонци муслимани и сл. Кај албанскиот народ
повеќето се муслимани но има и Албанци православни христијани, и католици.
• Најголеми христијански празници се Божиќ и Велигден. А најголеми муслимански
празници Курбан Бајрам и Фитр Бајрам.
Благодарам на Македонски јазик
Хвала на Српски јазик
teşekkür ederim на Турски јазик
Faleminderit на Албански јазик
Pachave tut на Ромски јазик

Те сакам на Македонски јазик


Волим те на Српски јазик
seni seviyorumна Турски јазик
Të dua на Албански јазик
Етничките заедници имаат многу сличности, но и се
разликуваат меѓу себе по одредени карактеристики.

Меѓусебното запознавање води кон другарување,


соработка и почитување.

You might also like