You are on page 1of 3

Македонска народна музика

• Македонската народна музика кореспондира со македонскиот


фолклор и етнос. Таа е производ на нивото на културниот развој
на најшироките народни маси на едно општество, а во исто
време се потпира врз музичките традиции на определена
средина. Како централен ден на целокупната македонска
музика, народната или фолклорна музика се пренесува од
колено на колено, по пат на усно предание, претставувајќи
синтеза на она што современиот македонски народ го наследил
од својата словенска прататковина, од антиката на денешната
татковина и од пошироката средина. Затоа во неа се среќаваат
антички (римски и грчки) елементи, како што се на пример
русалиите во Гевгелиско, потоа византиски (особено врз
духовната музика), ориентални (чалгаџиски состави) и
западноевропски влијанија (староградски народни песни). И
покрај овие влијанија, македонската фолклорна музика се
одликува со индивидуалност, оригиналност и квалитет. Тоа го
покажуваат многубројните високи квалификации изречени или
напишани од врвните светски етномузиколози.

You might also like