You are on page 1of 10

MAKEDONSKI NARODNI

NOSII
Tija Ivanovska
Македонски народни носии
 Народните носии во Македонија имаат многувековна
традиција. Тие се дел од материјалната култура на
македонскиот народ и претставуваат значајна гранка од
народното уметничко творештво. Создавани како колективна
придобивка на сиот македонски народ, тие во долга низа
години се пренесувале од поколение на поколение и во својот
развоен пат во себе вклопиле многу елементи од разните
културни влијанија што се вкрстувале на овој дел од Балканот.
На најстариот културен слој - старобалканскиот, како и на
древната хеленистичка култура, се надоврзува културата на
облекувањето на старите Словени, кои во силните налети од V
до VII век го населуваат овој дел на Балканскиот Полуостров. Во
понатамошните културни текови се надоврзува влијанието на
византиската цивилизација, како и силниот уплив на турско-
ориенталните елементи, па сè до најновите струења од Запад.
Nosii vo okolinata na Probi{tip
 Во материјалната култура на општина
Пробиштип спаѓа и народната носија. За
поголем дел од селата, посебно оние кои
гравитираат кон овче поле и на југоисток
кон Злетовска река е карактеристична
которската носијa.Kotorskata nosija se deli na
maska I zenska
 Женската носија ја сочинуваат:
 – Кошула од конопно или памучно платно до петиците или под колената,
со рамно кроени широкоотворени ракави, украсени со вез на ракавите,
предниот и долниот дел т.е. тантели познати уште како сорки или пупки.
 – Манта или екалак – правоаголно платнено парче, се носело за покривање
на градниот отворен дел од кошулата.
 – Елек – горна безракавна облека од домашна волнена ткаенина “Алаџа” во
пруги на црвена основа долг до под половината на долниот дел, проширен
и украсен со монистра.
 – Пешкир – од две соединети дипли на црвена или црна основа на краевите
украсен со шари од разни бои.
 – Појас или ѕуница – ткаен од волнена преѓа, најчесто на црвена основа.
 – Каврак – вид марама од еднобојна свилена ткаенина, на рабовите
украсена со рачно плетени тантели – сорки.
 – Чорапи – од волнена преѓа со шарки.
 Машката носија ја сочинуваат:
 – Кошула од бело домашно памучно платно, долга до појасот,
ракавите на долниот дел завршувале со манжети, на предниот
дел и ракавите со везени елементи.
 – Чакшири – од клашна до потколената.
 – Фустан – се облекувал над чакширите долг до под колената.
 – Елек – горна до појасна облека од црна или црвена клашна
на предниот дел украсена со гајтани.
 – Појас – на црна или црвена основа, со прави хоризонтални
шари, долг од 3 – 5 метри, на краевите со реси.
 – Бришалка – крпа од бело платно, се носела во летните
денови за заштита од сонце при полски работи.
 – Капа (шубара) – црна по боја.
 Во долготрајниот процес на оформување на
народните носии во Македонија учествува сиот
македонски народ-творец и создавач на народните
носии. Во нивното оформување се одразени разните
историски, општествени, економски и културни
настани. Различните културни влијанија низ вековите,
во различни историски епохи, се примани во
народните носии, преработувани со творештвото на
народното сознание, прилагодени на народниот бит и
начин на живот, развиени и усовршени со народните
естетски сфаќања. Така се создале народните носии во
Македонија како израз на народните колективни,
естетски и психички диспозиции.
 Folklorot e edna od tradicionalnite raboti vo
Makedonija koj ostava golem vpecatok kaj
strancite.Toj ima poveke osobini koi go pravat se
poubav kako {to se:Narodnite ora,narodnite pesni
narodna muzika,narodna
instrumentalka,starogradska muzika i mnogu drugi
raboti.
 Vo Makedonija postojat mnogu ansambli koi so
golem trud i qubov rabotat za svojata
tradicija:Tanec,Orce Nikolov,Toska [tip I u{te
mnogu drugi
Toska [tip

You might also like