You are on page 1of 1

Романтизам - културна преродба; Марко Цепенков, Кузман Шапкарев, Рајко Жинзифов

- Марко Цепенков е роден во с. Ореовец, Прилепско 1829 год. во сиромашно семејство. Заради
тешката материјална состојба, бил принуден да го напушти школувањето (грчко училиште) и да
отиде да го учи терзискиот занает (кројач).
- Во периодот 1856-57 год. почнал да собира народни умотворби, поттикнат од Димитар
Миладинов (кој во тоа време бил учител во Прилеп
- Од сите собирачи на македонското народно творештво, Цепенков има временски најдолга
запишувачка практика - повеќе од 40 години собирал народни умотворби. Освен тоа, за разлика од
другите најистакнати собирачи на македонските народни умотворби од времето на културната
преродба- браќата Миладиновци, Кузман Шапкарев, Стефан Верковиќ и др. кои во својот фонд
собрани фолклорни материјали имаат и такви што ги добиле од други запишувачи, Цепенков
лично самиот ги запишал своите фолклорни и етнолошки материјали. И по вкупниот фонд на
собраните народни умотворби, како и по жанровската разновидност на истите, тој е најзначајниот
собирач на македонските народни умотворби. Речиси ниеден европски собирач не успеал да
собере толкав број каков што достигнал Цепенков.
- Своите запишани фолклорни и етнолошки материјали Марко Цепенков ги собрал претежно
од Прилеп (каде отворил свој дуќан) и околината, како и од Битолско, Скопско, Штипско,
Велешко и Дебарско (шетајќи благодарение на неговиот занает).
- Автор е и на драмското дело „Црне Војвода“; позначајни негови песни: Мојата песна, Мајка
Македонија, Македонско тажење, Редењето на дедо Марко Цепенков, а неговата Автобиографија
претставува богат извор за проучување на целокупниот живот во Прилеп. Таа претставува најдолг
прозен текст до појавата на К.П.Мисирков. Во најдолгата македонска фантастична народна
приказна „Силјан Штркот“, како и во сите други, Цепенков има свој личен творечки пристап. Тој
самиот литературно ја вообличува народната приказна.
- Творештвото на Цепенков е собрано во 10 книги.
- Доживува длабока старост, изнемоштен, напуштен и заборавен од сите, во крајна беда умрел
во 1920 год. во Софија, кадешто е и погребан, далеку од својата татковина.
Информативно: Во вкупниот број на публикувани и непубликувани негови дела можат да се
набројат повеќе од (5500) пословици и поговорки, (800) приказни, (150) песни, (100) гатанки,
(400) верувања и клетви, (300) благослови, (350) баења, (2900) соништа и нивни толкувања, (70)
детски игри, јазичен и етнолошки материјал (речник, тајни јазици, описи на занаети, обичаи и
обреди, реквизити од домашниот материјален живот и народната аргономија и сл.).

- Кузман Шапкарев (1834 година, Охрид-1909 година, Софија)


https://makedonskijazik.mk/2019/03/%D0%BA%D1%83%D0%B7%D0%BC%D0%B0%D0%BD-
%D1%88%D0%B0%D0%BF%D0%BA%D0%B0%D1%80%D0%B5%D0%B2.html

- Рајко (Ксенофон) Жинзифов (1839 година, Велес-1877година, Москва)


https://makedonskijazik.mk/2010/05/%D1%80%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE-
%D0%B6%D0%B8%D0%BD%D0%B7%D0%B8%D1%84%D0%BE%D0%B2.html

* Првите македонски народни песни ги објавиле припадници на другите народи: Вук Караџиќ, 
Виктор Григорович, Стефан Верковиќ и др.

** ВАЖНО!!! Види/потсети се во предавањата за да не се повторуваме- Избор на диjaлектната


основа на македонскиот стандарден (литературен јазик); Учебникарската дејност во Македонија;
Јазикот на кој твореле македонските писатели oд/во втората половина на XIX век; Историја на
македонскиот јазик. Македонскиот јазик во втората половина на XIX век.

You might also like