You are on page 1of 41

Никола Киров Мајски

ИЛИНДЕН

Драма во пет дејствија


(слики од великото македонско востание през 1903 г.)

*драмата е напишана во Софија, 1923 година; никогаш не била изведена на


театарските сцени

НАМЕСТО ПРЕДГОВОР

Откако V конгрес на БКП го призна правото на постоење на македонското


малцинство на територијата на НР Бугарија, македонската емиграција, респективно
софиската, се почувствува слободна во своите национални пројави и во литературно-
музичките програми на своите средби, утра, поседоци и вечеринки зеде со присрце да
застапува битови и револуционерни сценки на македонски говор. Крушовската секција
при софискотo Културно-просветно друштво „Гоце Делчев“ по стара традиција – прва
прикажа сценка на крушовски говор. Неа ја следеа и останатите секции и дури се јави
натпревар, во чиј резултат управата на друштвото „Гоце Делчев“, заедно со активот
на истото друштво, составен од раководствата на секциите, награди како најиздржани
по идеја и конструкција за зимската сезона на 1954/1955 год. три пиески: една
велешка, една крушовска и една кичевско-демирхисарска.
Во оваа моја збирка влегуваат 13 пиески.1 Од нив се прикажани, било на сцената
на Кино-театарот „Македонија“ било на сцената во салонот „Македонија“ при
Македонскиот културен дом „Вл. Поптомов“, следните:
1. „Некога на поседок в Крушово“, прикажан на 11.I.1953 г. и на 26.XII. 1954 г.
2. „Новото што идит“, прикажана на 24. XII.1953 г.
3. „На строј в Крушово“, прикажана на 23. I. 1954 г.
4. „На Проштени поклади в Крушово“, прикажана на 28.II.1954 г.
5. „Кушу лозе“, прикажана на 12.III.1955 год. и наградена.
6. „Овде така јет“, прикажана на 11.XII.1955 г. и на 21.I.1956 г. Истава беше
прикажана од Тиквешката секција на тиквешкиот говор на 19.II.1956 г. Тиквешани само
ги заменија имињата на лицата и селата со типични нивни имиња. Се зазедоа да ја
прикажат и тетовчани на тетовски говор.
7. „Лимон и јајца“, прикажана на 7.II.1953 год.
8. „При Тана Блажејца“, прикажана на 3.III.1952 год.
9. „На Кале“, прикажана на 21.I.1956 год.
Во планот за зимската сезона 1956/1957 год. се предвидени да бидат прикажани
пиесите: „Јадец ефендилер“ и „Питу Гули меѓу своите“. Поради нејзината обемност
пиеската „Мајстор Фидан“ ќе треба да се прикаже во Кино-театарот „Македонија“ како
драма за неограничен круг посетители. Што се однесува до последнава пиеска „На
борба со реакцијата“, не може да се претскаже дали ќе се прикаже или не. Интересно
е нејзиното појавување:
Есента 1954 година раководствата на Леринската и Костурската секција беа
презеле пофална иницијатива заеднички да приредат специјална вечер, со која да им
оддадат почит и уважение на живите и починатите учители и учителки коишто работеле
на просветно и револуционерно поле во Леринската и Костурската околија, од кои
мнозина си го жртвувале својот живот за македонската правда и слобода. Било решено,
да се пронајдат живите дејци, населени во Бугарија, и да бидат поканети да
присуствуваат на таа споменична свеченост во својство на почесен президиум. Бидејќи
најмногу од учителите и учителките во Леринско и Костурско биле од Прилеп,
иницијативните секциски раководства нашле за нужно и полезно кон своите грижи и
усилби да ги присоединат и оние на прилепската секција. Подредувајќи ја програмата
на вечеринката, трите раководства сметале дека е неопходно да се прикаже една
пиеска на македонски (костурски или лерински) говор, но задолжително да биде од
учителскиот живот во која и да е од двете околии. Костурчани изјавиле дека имаат
прекрасен материјал за сценка од револуционерниот живот, но немаат човек кој да ја
напише. Леринчани, немајќи исто така на кого да се потпрат, предложиле да ми
наложат мене, како на човек којшто го познава Леринско, бидејќи сум учителствувал
таму две години. Прилепчани го поддржале предлогот на Леринчани и бев повикан за
размена на мислење. Се здоговоривме да ја претворам во сценка една моја
преживеалица во селото Баница, Леринско. Сценката беше примена од трите раководства
и, пред да се преведе на леринско наречје, ~ се наложи на другарката Марија
Димушева да побара одобрение од раководството на друштвото „Гоце Делчев“. Кога тоа
и централното раководство на Сојузот на македонските друштва во Бугарија разбрале
за решението на трите секциски раководства да приредат вечер во чест на своите
просветни и револуционерни дејци во турско време, ја забранија свеченоста,
следствено и пиеската, со предлог дека таа може да се одржи во времето на Јубилејот
на стогодишнината од основањето на Егзархијата.
Бидејќи главното лице во пиеската е Крушовчанец, за секој случај, јас ја
преведов на крушовски говор и ја приопштив кон моите други пиески што го засегаат
Крушово.
Пријатно ми е да одбележам дека моите сценки беа прикажани со голем успех.
Дебело потцртувам дека нивниот успех се должи на ефектот од живописните крушовски
народни носии, од ефектот на декорите со кои н` услужи театарот „Македонија“, а
најглавно – на грижите на раководството на Секцијата, како и на оние што беа
вложувани од крушовскиот самодеен колектив на чело со режисерот Кирил Димитров
Петров (архитект, студирал драмска школа), од чиновникот во Министерството на
култура (театарски оддел) омилениот артист Асен Н. Б’рдаров, од учесничката во
македонскиот драмски состав (ќерка на крушовскиот револуционерен деец Васил Т.
Клисаров), Нада Михајлова и од популарните артисти Кочо Сотиров и Димитар
Калајџиев.
Должен сум да им ги изразам моите најплеменити благодарности како на
споменатите погоре лица, така исто и на останатите учесници во крушовскиот самодеен
колектив за вложените од нив грижи и труд за доброто изведување на сценките, а тоа
се следните лица: Иванка Д. Томалевска, Иванка Михова, Благој Д. Блажев, Благородна
Кацарова, Илинка Б’рдарова, Благој Томов, Верка Здравева, Никола Христов, Велко
Б’рдаров, Василка Б. Мартинова, Фиљо Иванов, Рајна Крстева, Атанас Белотелев, Вера
Спирова Белотелева, Дамјан Андонов, Нора Бл. Христова, Илинка Тренкова, Димитар Г.
Томалевски, Анка Асенова, Коста Дабе, Петар Мирчев, Иванка Фиљова, Атанас Хр.
Танушев, Димитар Блажев, Јанко Т. Зидра, Иван Костов, Георги Ив. Тахов, Антон Михов
и др.

Софија, 1 април, 1956 год.

Никола Киров Мајски

ЛИЦА

ЈАЈА – началник на телеграфско-поштенската станица и претседател на турскиот


комитет
ЏЕМАИЛ – началник на жандармеријата
СУЛЕЈМАН – началник на гарнизонот
ЗЕНИЛ – полициски пристав
КОМЕСАР-ПОЛИЦ – началник на полицијата
АЈРЕДИН – афие (детектив)
ШАБАН КУРКУБЕТА – поштенски службеник
АЛИЈА – постар стражар
ТАЌУ ВАЛЕ – шпион
НИКОЛА КАРЕВ – војвода и горски началник
ДАСКАЛОТ – началник на сите градски групи
ГЛИГОР – раководител на Крушовскиот комитет
ТОДОР – раководител на Крушовскиот комитет

ВЕЛКО
ВАСО – младинци, видни работници на Организацијата
ВАНЧУ

СТЕРЈУ – селски учител

НУНЕ
МИЛЕ
МИТУ – ученици во пансионот
СТАВРЕ

БАБА МАРА – перачка


ИЛИЈА И ДВЕ МОМИ ГОРНОСЕЛСКИ
УЧИТЕЛКАТА – началник на женските групи
МАТЕ – началник на влашките групи
ВАНГА – началник на грчките трупи
СТИЛА – началник на албанските групи

(Дејствието се случува во град Крушово)

ДЕЈСТВИЕ ПРВО

Во телеграфско-поштенската станица. Соба со два прозорци, миндер, маса,


столови. По ѕидовите закачено оружје. Постилката и украсите се по турски.

Појава прва

Јаја, Џемал, Сулејман и Зенил. Првите седат на миндерот, другите на кожи


послани на подот.
ЈАЈА: Кардашлар! Тие проклети Бугари, тие ешкија и х’нз’р комити готват нешчо.
Цела Македонија еден ден ќе бидит во огон и во пламен. Ќа ни донесат некоја белја!
Одоколу имаат поткрепа, Бугарија им дават пушки и бомби, Сарафовци2 и Марковци3 го
натераа народот насила да купуат пушки и бомби и гледате сега шчо прајт. Целата
дуња за нив зборуат, цела дуња чекат да пукнит пушката, да се кренит бајракот и да
зафатат ѓаурите Турци да колат, фереџиња да кинат и да покрстуат нашите мајки,
нашите жени, сестри и ќерки. Е, кардашлар, не јет страмно за нас да чиниме сеир и
да стоиме со рацете во џебој? Не јет ли греота да си остааме браќата да ги колат
комитите како јаришча? Али немаме ни капка јуначка крв во нашите жили, да можиме да
се одбраниме и да си куртулиме чељатта? Најпосле не ни јет страв од господа кога
забораваме повелјата на великиот наш пајгамбер Муамеда. (Сите ги доближуваат рацете
како за молитва, ги креваат и ги спуштаат по лицето и брадата.) И наместо ние да
потурчуаме, сне се остаиле ѓаурите да н` вјаваат, да н` покрстуваат и да ни го
преземат довлетот! Арт’к довде требаше да ја дотераме, бре кардашлар?

ЏЕМАЛ: Аман, аман, бре, Јаја ефенди. Шчо јет оваа работа? Си на умот али не?
Кој ти кажа оти ѓаурите ќа креваат бајракот и ќа н` покрстуат? Веричката ќа им ја
менам јас! Требит да знајш, Јаја ефенди, оти во мене страв немат! Во мојте жили
течи цела река јуначка крв! Јас не сум будала, како Фета, да се плашам од кумити и
да им легнам да ме колат како свиња, знајш или не? Алајси, верси, кажи ми кој ти ја
пушчи таа муа? Ха, ха, ха! Аџаиб шеј, – валла!

СУЛЕЈМАН: Афедерс’н’з, Јаја ефенди, фекат това шчо го кажавте прво и прво мене
ми кршит намузот. Кажи, бакал’м, шчо јет работава?

ЗЕНИЛ: Елебет, требит да се разберит таа работа! Оти ѓаурите се готват за


востание, това го знајт цел свет, фекат оти не им држит да дигнат востание, јас да
ви потпишам и со раце и со нозе. (Се насмевнува.) Улај луѓе. Нарамиле по еден
бердан, наредиле неколку фишеци на појас, како на баба заби, метнале на плеќи по
еден татарџик како чобани и ајде по планињето, а пак даскалите седнале да пишат и
туку пишат, туку пишат... Абре, кузум, со пишиши-пиши земја не се земат. А, Џемал
ефенди? (Се смее.) Брак, џан’м, та од нив се исплаши, Јаја ефенди? Мерак етме, риџа
идер’м!

ЈАЈА: Така, така, Зенил ефенди, ама камо ти ја љубовницата Куфа, камо ја мајка
је, камо го Фета, шчо го заклаа на Слива, камо го Аврамику шчо го заклаа зад
корија? Зенил, отвори си очите, да не ти ги отворат! Како шчо ја заклаа Куфа, така
ќе те заколат тебе – имаш абер или немаш! Биди маж сврзан, а не дете аџамија!

ЗЕНИЛ: Е, кажи џан’м, кажи шчо мудрост ќе измудриш!

ЈАЈА: Кардашлар, таа мудрост не јет моја, а јет мудрост на нашиот велик Султан,
најјасното слонце во милетот. Сношчи ми дојде абер од Вали-паша. На, пејте го и
после пак зборувајте!... (Вади писмо од пазувата, го бакнува, го удира од челото и
го подава.)

ЗЕНИЛ: (Го зема писмото, го повторува направеното од Јаја и започнува да чита.


Сите се наведуваат над него и го следат читањето): „Во името на Алаха. Уважајеми
Јаја ефенди, началник на Крушоската телеграфна. Денеска за денеска нашиот довлет
тргат мака од комити. Цела Македонија и Едренскиот вилает4 се исполнија со чети и
бездруго ќе дигнат востание шчом берикетот ќе се зберит насекаде. Европа сеир
чинит, Бугаристан заби точит, Србија и Јунан само ќејф прават, а Романија пак се
вардит да не ја прегазит Русија... Русија, ах Москов – сета работа е од него. И
Аустрија јет со него. Ако дојт работата до муаребе, тогај лесно јет. Ние,
правнуците на Тамерлана5 и Чингисхана,6 знајме како да се распрајме со душманите на
османскиот дин-ислам,7 фекат имаме работа со ешкија, со кокошкари, со луѓе
ак’лс’зи, суратс’зи, едеп’сези, капис’зи, намус’зи и џанс’зи – сите продајени на
Бугаристан и за пари ќе напраат некој бозгунлук и ќа ни донесат и страм на
довлетот и меткајнца во политиката на нашиот Висок Диван.8 А коркузаните во Софија
со Русите барабар анџак такво време чекаат – во матна вода риба да фаќаат. За
Москов и Бугаристан имаме еден милјон аскер, имаме маузери и топој и со силата на
Алаха и со помошта на Пајганбера9 пуздер ќе ги напрајме за 24 саати. За кокошкарите
пак комитаџии имаме наши контракомитаџии. З’р ние, бидејќи силни да се биеме со
седум кралој и да ја растресиме цела Европа, не ќа можиме да им дојме до ак на едни
келестури, шчо се ѓувендисуаат, шчо се кокорат како бабаити и се фалат да колат
Турци, да покрстуаат Турчинки и да ни преземаат довлетот. Не! Ние му најдовме
колајлокот: во името на светиот ни Падишах10, со согласието на Високиот му Диван и
со повелјата на великиот румелиски губернатор Хилми-паша11 по целата Румелија,12 по
целата Македонија и Едренскиот вилает, до кај шчо имаат бугарски комитети и ние
напрајвме турски комитети. Во нашиот вилает ушче Крушово јет без комитет.
Навистина, тамо немате јерлии Турци – сите сте јабанџии, фекат нишчо, вие пак
можите да си напрајте комитет, за да се организираат и турските села во Крушоската
нахија. Градот јет душата на селото; вие требит да решавате, а тие да исполнуваат;
вие ќа бидите глаата, а тие рацете; вие и тие заедно требит да бидите една снага,
еден ум, една душа, едно срце. За честа на довлетот и за доброто на исламот ве
канал од името на Битолскиот вилаетски турски комитет ушче утре да повикате при
себеси сите добри Турци и правоверни муслимани, шчо се на царска работа во Крушово,
да им препејте писмово и да напрајте комитет со вазифе: да се растурат бугарските
комитети, да се избијат големите комитаџии, да им се приберит сиот пусат и да се
дотераат до сиромашчија. Да работите умно и да бидете сербес! Апсании дал господ!
На поплак не пушчајте никого! Ѓаурите требит да се тресат од вас и од далеку темане
да ви прават. Само мирната и кротка раја можит раат да живејт. Ви праќам и еден
афие – полиц Ајредин ефенди. Тој ќа ви бидит десна рака. Клајте му едно ѓаурско
име. Алах прошчават – нека ојт и в црква. За малку време чекаме многу работа.
Страшливците по заби! За достојните рутбе и ајл’к! За предавниците смрт! Смрт и за
комитаџиите! Јашас’н довлет! Реис на Битлскиот вилаетски комитет: Керим“.

ЏЕМАЛ: Пек алја! Камо го афието?

ЈАЈА: Овде, во другана одаја. Сакате да го повикам?

СИТЕ: Евет, евет, нека дојдит!

(Јаја излегува. Сите се погледнуваат.)

СУЛЕЈМАН: (На себеси): Поголемо безумие од ова не верувам да бидит.

ЏЕМАЛ: (Ниша со глава): Колење, сакат, дури дете во мајка да пропишчит! Хај,
анасана, дотука ја донесоа работата? Ха, еве маж – ќа ме видат тие ѓаури и ќа
познаат кој јет Џемал ефенди. Џандарите со мене и.. Арш бакал’м! А? Шчо велиш ти,
Сулејман ефенди? Прајме али не?

Појава втора

(Влегува Јаја со афието)

ТРОЈЦАТА: (Стануваат и го дочекуваат афието): Хош гелдиниз. Ајредин ефенди!

АЈРЕДИН: Хош булдум, дин-кардашлар! (Се бакнуваат допирајќи ги главите од десно


и од лево. Потоа седнуваат. Теманиња. Цигар. Чад)

ЏЕМАЛ: Еве, нас’л, бакал’м! Како јет тертипот, Ајредин ефенди, ќа можиме да им
дојме до ак на тие х’нз’ри.

АЈРЕДИН: Ефендим, земени се страшни мерки, за да се фатат сите главатари, сите


началници и јатаци и за да се откријат депоите со пушките и со бомбите. Сите селски
даскали ги претеравне сургун мемлекете и...

ЗЕНИЛ: И овде ни дојдоа двајца сургундисани – едниот даскал – другиот туџар,


фекат мирни луѓе ми се гледаат, не бендисуваат како за комити. Пак ѓаол да ги
знајт...

ЏЕМАЛ: Ти си улав, Зенил ефенди! Шчо сакаш, рогој сакаш да имаат па да те


буцнат?

ЈАЈА: Прав јет Џемал ефенди. Ако беа биле имниетлии, не ќа ги сургундисуваат.

АЈРЕДИН: Имниетлии не имниетлии, лели ет ѓаури сет комити, сè сет душмани на


османскиот довлет.

ЏЕМАЛ: Море, кажете некоја работа за мене, а? Шчо велиш ти, Сулејман ефенди?

АЈРЕДИН: Работа не само за вас, за сите има работа, Џемал ефенди. Фекат, јас
сакам да си попроговориме домаќински шчо требит да се прајт и да си наредиме еден
убав план, оти времето не чекат: Сарафовци, Марковци, го прелагаа народот, му дадоа
пушки и бомби и шчом ќе се зберит сеидбата, ќа дигнат востание. Оттука разберете
оти време за чекање немат. Саатот за смачкуање душманите јет дојден. Не оти немаме
аскер да ги раскапиме – ние ќа ги сплескаме во една дакика – фекат, ако ги остајме
да дигнат востание, ќа ни паднит чаламот и пред Европа. И после не јет чудно да
заколат стотина души Турци, да грабнат некоја Турчинка и да ја поѓаурат... Е, колку
пари чинит тоа за нас? На Европа ќа кажат: „Имаме мака од Турците, за тоа креваме
глаа“. И после чекај да ти се искокорат Европејци и... јок бу не д’р? Јок шунас’л?
Јок бојле ничун? Јок... билмен не. Ами поарно нека сами си се запрегниме на работа
ушче од денеска, нека ги начукаме шубелиите по апцаните, нека ги истепаме по
патишчата главатарите и јатаците и нека го уплашиме ехалието како шчо требит пак
комитите нека лежат по планињето да видиме до кога. Ќа им пушчиме аскер и
башибозучки чети. Пак нека мрдаат. А на селата, ако им држит нека им носат леб да
јадат.

ЈАЈА (Ги плеснува рацете): Браво, Ајредин ефенди! Ето ни еден умен план, шчо
сакате поарно?

ЏЕМАЛ: Ами јас не оти друго нешчо чекам – нож, бабам, нож!

СУЛЕЈМАН: Хелебете, ќе праам баскан по селата...

АЈРЕДИН: И по планињето.

ЗЕНИЛ: Јас пак овде по куќите.

АЈРЕДИН: Твојто вазифе јет полесно, фекат, ако мислите оти јет веќе време да се
фатиме за работа, дајде прво да напрајме еден список...

ЏЕМАЛ: Шчо, список?

АЈРЕДИН: Список за ѓаурите шчо се за отепуање и шчо се за апцандисуање било од


градот, било од селата.

ЈАЈА: За список, Ајредин ефенди, лесна работа. Утре сабајле од мене барајте го
списокот.

АЈРЕДИН: За да ни тргнит работата како шчо требит, од Битола ни порачаа да се


разбереме со забитот Церски и со мудурот Прибилечки. Да си размениме и списоците за
да се знаат луѓето шчо се бараат од трите нахии и да им се угаснуат фенерчето кај
да је и од кого да је, бидејќи ние сме наши и вазифето јет једно. Ти, Јаја ефенди,
со телеграма ќе им даваш абер секогаш, кога ќа тргат аскерот од овде за по селата и
по планињето, за да излагаат и тие, па да опколисуаме цело место и да дотеруаме
зајакот пред пушка. Дејлму?

ЈАЈА? Евет, ефендум.

СУЛЕЈМАН: Умно јет. Лесно-лесно во балканите не се влагат.

ЏЕМАЛ: Коркма бре Сулејман ефенди! Јас, јас ќе влагам напред – нека ми сет живи
џандарите!

ЗЕНИЛ: Шчо? Ти мислиш сите џандари да ги збериш? Почекај малку, де! Аскерот
надвор, џандарите надвор, – после јас овде свирка да свирам! Бре, како си
ујдисувате работата само за себеси! Ту! (Мавнува со главата.)

ЈАЈА: Јок, бе џанам и јас сакам аскер за телеграфнава. Кој ќе ја вардит?


Востание чекаме, а не свадба, ја!

АЈРЕДИН: Хелебете, требит арно да се вардиме, оти водата спиет, душманот не


спиет!

ЗЕНИЛ: Џанам, да си наредиме работата така, шчо да бидиме и тука и надвор. А за


тоа требит да пишиме на валијата да ни пушчит ушче стотина души аскер. Пак право да
ви кажам колку за во градов, бидејќи четири милети се, јас ич не верувам да се
сторит нешчо. Камо к’смет да се здружат сите? Тие еден со друг очите ќа си ги
ископаат.

СУЛЕЈМАН: Кој знајт, ама галиба не јет така. Ако имаме појќе аскер, ќе бидит
поарно.

ЏЕМАЛ: Вие Ајредин ефенди рековте да наредиме башибозучки чети. Тоа нешчо ме
бендиса, убоо јет. Асли тие ќе праат ушче поголема работа.

АЈРЕДИН: Евет, ефендим. (Кон Јаја.) Вие, Јаја ефенди, сосе овие браќа требит да
поканите некои одбрани бабаити, знајш, крволоци и да им кажиш оти од довлетот имаат
емир да колат, да горат, да тепаат, да грабаат до шчо ќе им паднит комитско и
ѓаурско. Од царскиот аскер шубе да немаат. Од уќуматот – ич и за секоја комитска
глаа ќа имаат по пет лири бакшиш.

ЈАЈА: Пек алја!

ЏЕМАЛ: Анџак!

ЗЕНИЛ: Тамам!

АЈРЕДИН: Патишчата, планињето сет нивни. Нека се наречат авџи четаси.

ЏЕМАЛ: Охо! Демек и ние ќа си имаме комити?

АЈРЕДИН?: Хелебете! Само ѓаол можит да ја најдит дупката на ѓаолот. Нашите авџи
четаси треба да си носат и ’ртки. Ха, ха, ха! Некој ден тум... тум и во Битола еден
абер: „Турски ловџии нагазиле комити на филјан место и истепале толку души. Другите
куртулиле. Крушоскиот аскер им тргна по трагата“. Ете ви еден мајсторл’к за на
Европејците да им тргаме перде пред очи, а?

ЏЕМАЛ: Браво, Ајредин ефенди! Дај си раката! (Си наздравуваат насмеани до уши.
Се смеат и другите и припалуваат цигари.)

ЈАЈА: Ефендилер! Денеска јет сабота. На пазар требит да дошле некои од нашите
бабаити. Јас велам да ги поканиме и од како ќе им распрајме токму како шчо требит,
нека си се фатат за работичка. Овде најголем пазар се прајт во понеделник. За тој
ден нека ги фатат патишчата и нека прочукаат неколку души.

АЈРЕДИН: За това требит, список да се напрајт, за да се знајт кој јет за


утепуање, а кој не јет.

ЈАЈА: Џанам, остајте таа работа на мене. Вечер јас бездруго ќа ви го напраам
списокот. За горните села ќа го повикам Ариф од Гарани – бабаит, поарен здравје! За
долните села ќа повикам син му на Емина, стар арамија и јанкесеџија, за северните
села ќа повикам Алија од Велушино. За јужните – Шефкија од Прибилци. До вечера ќа
бидат овде – ем списокот ќа го прајме, ем еден татл’муабет ќа му тргниме. Списокот
за градов ќа го склепаме ние четворицата. (Покажува на Џемал, Сулејман и Зенил.)
Така! Нека пукнат ѓаурите! Јашас’н довлет осман! Јашас’н Хамид Султан! Сега ќе
пиеме, мајка му стара.

ЏЕМАЛ: Ќа пиеме на пук на душманите.

ЗЕНИЛ: Ќе пиеме, ќе пиеме! Нека пукнат душманите!

СУЛЕЈМАН: (Замислен. На себеси): Оваа работа ми се гледат малку бамбашка. (Кон


Јаја) Ајде чабуџак донеси, ама од арната.

ЈАЈА: Ти муклес... Лели знајш – јас лоша ракија никогаш не држам! (Излегува.)

АЈРЕДИН (Станува и зазема важна поза): Многу ви сум благодарен, кардашлар, оти
со еден збор сите се кандисавте. Со оваа работа не само си плаќаме борчот спроти
довлетот, ами и...

ЏЕМАЛ: Хелебете, секој јет борчлија да трчат кај шчо го заповелваат и ушче
појќе пак против комитите. Ние много убоо ги налупавме оломнани во Ракитница.13
Тамо, на, прашај го Зенил ефенди, и војводата Велко,14 и Ѓурчин,15 и Пиперко,16 и
сите ги отранчивме. Саде два-тројца куртулија, фекат кога да јет пак ќа ми паднат
на пушката. Пак сега! Трајси, Ајредин ефенди, ти си бил к’сметлија, шчо дојде во
Крушово: овде имат Влаинчиња, Гркинчиња... дуња ѓузели. Уџум!

ЗЕНИЛ: Валлај, има да се наситиме веќе. Ама татко је фрлил арзоал, клај го под
колено, а ќерка му на колено, а? Шчо велиш, Сулејман ефенди?

СУЛЕЈМАН: Тоа шчо велиш ти, да го втасат Џемал ефенди... ха, ха, ха!

ЏЕМАЛ: Ашколсум, Сулејман! Барем ми го напрај ќејфот!

СИТЕ: (Се смеат.)

АЈРЕДИН: За арзоалот лесна работа, фекат работата јет за таткото, како да го


клајте во клапа.

ЗЕНИЛ: Ќа му фрлиме еден бифтан како јатак, али како комитаџија и вер селам!

АЈРЕДИН: Арно, ама ќа појт до Битола, ќа го распрашаат и пак ќе куртулит.


Марифетот јет да го бапниш внатре и таму да загинет.

ЏЕМАЛ: Ја?

АЈРЕДИН: Јас мислам, најумно јет да му пропушчиш в џеб али да му потфрлиш в


куќи некое комитаџиско писмо, али некоја противна газета и тогај пушчи го во Битола
да си плачит мртвите од триста години. (Самозадоволно.) Не те лјазим сана јок
бојле, јок шолје, а?
ЗЕНИЛ И ЏЕМАЛ (Насмеани плеснуваат со рацете): Браво, браво, Ајредин ефенди! Ти
си бил филозоф!

СУЛЕЈМАН (На себеси): Лебот печен, граот варен! Со овој акл ќа го батардисаме
довлетот.

Појава трета

(Влегува Јаја со послужавник на кој се наредени чаши и мезе и еден билнак со


ракија).

ЏЕМАЛ: Ха, така де, ха, така! Елате сега да се курдисаме! (Јаја го става
послужавникот на една ниска ала турка масичка и сите седнуваат со свиткани нозе.
Џемал го зема билнакот и налева ракија. Пијат. Се слуша: Хаирлиси олсун! Довлет саа
олсун! Ашколсун и сл.)

ЏЕМАЛ: Их, ама ракија. Чудо!

ЗЕНИЛ: Убава како Гркините.

ЏЕМАЛ: Знајш, Ајредин, домаќинов нека јет жив, ич не ги милуат Гркините.

ЗЕНИЛ: За това дури и поличните дечиња си ги кани во телеграфна и си прајт


ќејф... (Пие.)

СУЛЕЈМАН (Пие): Не го земајте чоекот на шија!

ЈАЈА (Насмеан): Абре, кузум, знам оти ви јет зилје, ама не јапаим. (Пие)
Занајат!

АЈРЕДИН (Пиет): Гледам оти и мене ќе ме прелажите. (Му намигнува на Џемал.)


Туку нејсе – ѓаурките требит да ни праат ќејф и овде и онаму (Покажува кон небото.)

ЏЕМАЛ: Лели дојде овде – ти батардиса. Ти – муклес (му намигнува.) Гледај го ти


овој бабачко! (Се удира по гради.)

ЗЕНИЛ (Ја испива чашата со ракија): Абре луѓе, ѓоам ти комитет напрајвме пак не
кладовме началник.

ЏЕМАЛ: Началник? Аџаип шеј! Ама сите сме началници!

СУЛЕЈМАН: Право имат Зенил ефенди. Така му јет редот.

АЈРЕДИН: Навистина редот таков јет. Требит да си клајме еден реис и еден ќатип.

ЏЕМАЛ: Јас ќа ви бидам реис, шчо се сакалдисуате! Зенил пак ќа ми бидит


ќатипот. Обајцата ќа колиме, ќа бесиме... Лели сне полиција! Мајчичката ќа им ја
проплачиме... Богами! Шчо?

АЈРЕДИН: Колку за Зенил ефенди, магбул – нека бидит ќатип, фекат за реис –
афедерс’н’з, Џемал ефенди – требит да бидит Јаја ефенди и еве зошчо: познат јет во
Битола, мудурот ваш го препорачал на вилаетскиот комитет, мене ми порачаа при него
да се јавам, до него биде пратено писмо од валијата и најпосле секоја дакика
телеграфот му јет во рацете.

ЗЕНИЛ И СУЛЕЈМАН: Од наша страна магбул.


ЏЕМАЛ: Тамам! Нека бидит! Хајде, хајирлија, Јаја ефенди! Дај си крчмата!

ЈАЈА (Прави темане, насмевнат): Тешеќур идер’м, Онун јузерине ќа ви напраам


алва – до вечера сите сте кај мене на гости. (Некој тропа на вратата.) Ким о? Јур,
бакал’м.

Појава четврта

(Влегува служителот Шабан Куркубета. Прави темане. Сите одговараат.)

ЈАЈА: Еве ви еден баш кабадаја бабаит и зулумќар ушче во мајка си. Тој асл’ ќа
им ја задрндорит на душманите... (Му подава чаша со ракија.) Земи, Шабан, напиј се!

ШАБАН: Аирлија! Здрами се! (Пие.)

СИТЕ: Ашколсун!

ЏЕМАЛ: На една и од мене, ама да бидиш здрава куркубета и побабачко отколку шчо
си бил! Анад’нму? Веруам, ушче не си клекнал. (Шабан се насмевнува и ја испива
ракијата.)

ЈАЈА: Шчо? Тој три жени држит и да имат акарет ушче 30 би држал и ни една не би
пошла на поплак при мајка си. Тој не јет куркубета, ами маж и пол! Шчо имат Шабан,
кажуај!

ШАБАН (Прави темане): Ефенд’м, од Битола прашуаат али јет отворен патот за
Кичево.

ЈАЈА? За уќуматска телиграма, али за ѓаурска?

ШАБАН: За ѓаурска.

ЈАЈА: Нека одгоорит пошчаџијата оти нашиот комитет нашол мунасип да имат пат
денеска само за уќуматски телиграми. Сега за ѓаурите немат. Тие нека чекаат. Јаја
си имат работа и си прајт ќејф со пријателите. Хај, ефендилер, џумлем’зе! (Се
чукнуваат со чашите. Еден на друг: Ашколсун! Теманина ! Шабан излегува.)

АЈРЕДИН: Навистина, бабачко се гледат.

ЗЕНИЛ и ЏЕМАЛ: Хм, бабачко!

ЈАЈА (кон Ајредин): Есапи ти колку јет зулумќар: тој имат 40 години, а луѓе шчо
отепал, моми шчо обешчестил, невести шчо отруднил, деца шчо насилил се збираат не
помалку од 10 курбани во година, демек 400 до 500 курбани, а можит и појќе да
сет...

ЏЕМАЛ: Едно време бил ќеја на Караман бега. До шчо мома имало во селото и до
шчо невеста – сè биле негови. Кој ѓаур можел да му излези каршија! Куршум! Тој
немал нијет да се женит, бидејќи никога не бил без жена, туку дип мајка му моли-
коли, се оженил. Пак дури и ѓупките дерман немале од него!

ЗЕНИЛ: Се оженил, ама това шчо си знаел, пак не си го остаил и денеска биле,
пак таков си јет. До пред една година како беа се нафрлиле со Муртезан чауш по
личните деца Грчиња и Влашиња, е, ѓуч белја од раце сне им ги куртулисуале. Една
вечер беа го спашкале едно Грче – ама лично окадар – олур! И това за да куртулит,
се фрли од џадено во градина онде, во телеграфната и си скапа и снага, и раце, и
нозе... Ха, ха, ха! (Кон Јаја.) Ама ќа кажам! (Тропање на вратата. Налутено Џемал
скокнува и излегува да види кој е.)

ЈАЈА: Кажи шчо, овде сите сне бис-бизе.

ЗЕНИЛ: Е, пеќи! Јаја, ефендилер, слезе долу, го прибра Грчето, и дури сабајлето
го пушти дома му...

СИТЕ (Се смеат.)

ЈАЈА (Смеејќи се): Прај и ти, ако ти паднит и ако си ербап!

Појава петта

(Влегува Џемал малку намуртен.)

АЈРЕДИН: Видов од каршија оти идит еден џандар. Кога тропна, се сетив оти мене
ме барат. Шчо ќа ми кажит? Се скарале двајца ѓаури. Фета чауш ги фатил обајцата, ги
дотерал на конак и го пуштил да ме прашат дали да ги апцеледисат и да видит али е
овде Зенил, за да појт за да ги пресудит.

ЈАЈА: Нека ги апцеледисат!

ЗЕНИЛ: Сега имам работа! После ќа им го видам есапот...

ЏЕМАЛ: И јас така му реков. (Седнува. Јаја сипа ракија. Сите пијат. Џемал
запејува и сите прифаќаат):

Дере бујук руз гидер, џанам


Бир каналл’ к’з гелер.

Ах, нерее?

Хан’м нерее, ѓузелим, нерее?


Нерее гидерс’н, назли к’з?

Ах, нерее?

ЏЕМАЛ (кон Јаја): Тури да пиеме душмана каршу! А-а-ах!

К’з јолум шаш’рмишт’р


Иншала бизе гелер!

Ах, нерее?17

ЗЕНИЛ: (Без да дочека да ја завршат песната.) Чик ѓореим бир кере – јанд’м –
пенџерее!

ЏЕМАЛ: (Одговара.) Чик ѓореим бир кере – Куфо, мезарлдан... а, ха, ха!

СИТЕ: (Се смеат и ги креваат чашите. Некој тропа на вратата.)

ЈАЈА: Ким о? (Станува и ја отвора вратата. Пред него стои Таќу Вале.) А, гиди
лисицо, ти помириса оти имат пиење овде и брго-брго довтаса! Хајде, бујрун, де!

Појава шеста

(Влегува Таќу Вале и прави темане на сите страни.)


ТАЌУ ВАЛЕ: Сабанаролсун, ефендилер!

СИТЕ: Аралазосун, ефенд’м! Бујрун, де! (Се поздравуваат. Теманина.)

ЏЕМАЛ (Му подава чаша): Бујрун, бизим Таќу, напиј се и кажи аирлија.

ТАЌУ ВАЛЕ: Пеќи, Џемал ефенди, ама кажи прво зошчо, де?

ЏЕМАЛ: Зошчо, ако не требит да знајш, ти ќути! И нишчо појќе!

ТАЌУ ВАЛЕ: Јок, маслаати! Оти да ќутам? Елебете требит да знам хајирлијата шчо
јет.

АЈРЕДИН (Со мимика го прашува Зенил кој е дојдениот.)

ЗЕНИЛ (Му шепоти): Овој јет шпион и јет многу арен за нас.

АЈРЕДИН (Шепотејќи): Грк јет?

ЗЕНИЛ: Грк јет, ѓаолот!

ЈАЈА (Кон Таќу Вале): Те каниме да пиеме за здравјето на гостинот... (Покажува


кон Ајредин.)

ТАЌУ ВАЛЕ: Е, тогај полека, да се видам прво со гостинот! (Кон Ајредин) Добро
дојдовте, ако не се познааме. Како сте... Здрожио? (Се смее.) Овде овие сакаат умот
да ми го извадат.

АЈРЕДИН: Тешуќур идер’м. На саатов многу арно сум. Ти како си?

ТАЌУ ВАЛЕ: Шуќур. (Ја крева чашата.) Хај, здрами се, Џемал ефенди. (Се свртува
и ниша со главата кон сите.) Хајирлија, баирлија, чаирлија, чардаклија, бардаклија,
угурлија, напредија... Вива! Турција да јет жива! (Ја испива ракијата.)

СИТЕ: Ашколсун!

ЏЕМАЛ И ЈАЈА: Ха, така, де!

ЈАЈА: Е, кажи сега нешчо ново. Таќу ефенди.

ТАЌУ ВАЛЕ: Демек, за нешчо ново ми дадовте ракија? Охо-хо! Да ме залажите како
децата со шеќерче, а?

ЗЕНИЛ: Јок, јок. Ракијата си јет ракија...

ЈАЈА: А, кабул етмем!

ЏЕМАЛ: Не за новиње... ракија ти дадовме бидејќи се погоди во лонџата.

ТАЌУ ВАЛЕ: Во лонџата, ха! Имаш право, аклија си Џемал ефенди! И затоа јас тебе
ќе ти кажам, оти вие, (намигнува кон другите) гледам, те ја здрвиле глаата.

ЏЕМАЛ: Демек, тие пијани, јас пак ќор-ќутук, а?

ТАЌУ ВАЛЕ: Море се тргам троа од господинов, (посочува кон Ајредин) оти шчо ќа
ви кроев еден ќулаф шчо да се чудевте.

ЈАЈА: Остај на срана завзекл’ците, Таќу. Кажи нешчо шчо имат, шчо немат денеска
по чаршија. Овде сите сне бис-бизе. Гостинот и тој јет наш чоек и билем ушче поарен
од нас.

ТАЌУ ВАЛЕ: Ама вие на место да ме кунуштисате со него, сте застанале со чашите
во рацете, – на, на! Дур бак’лм!

ЗЕНИЛ: Нејсе, кажи! Па после ќа ти кажиме кој јет.

ТАЌУ ВАЛЕ: Уф, со тоа ваше нејсе! Ајде, ќа ви кажам нешчо, ама друга чашка не
видов, ки!

ЏЕМАЛ: Бујрун бре Таќу, овие сет многу скржаи, мене ти гледај ме и жеден не
остануаш!

ТАЌУ ВАЛЕ: Ајде, бура Џемал! Јаша, богами! Дома да не умриш! Здрами се!

ЏЕМАЛ: Јаша, Таќу! Крени, напиј се!

СИТЕ: Ашколсун!

ТАЌУ ВАЛЕ: Евала! Сега слушајте! В чаршија стретив пет-шест селани


Горнодивјачани, Пусторечани и Зашлани. Беа си накупиле по цели страни сол. Зошчо ти
јет, стрико, толку сол? Крма за овците, внучко! А пак, керетијата, го чуал господ и
од овца и од коза. – Е, требит, чичко, требит крмичка. И тие сиромаси – го гибам
јас – шчо се мачат – дење-ноќе за слобода по планињето, требит да ги побараме,
елебете, и да им поможиме: со брашенце, со солца, со пиперца... Душа јет – сакат,
не ти јет фајде! Ај ми со здравје! Стрико и му шепнав на уо – господ здравје да им
дајт и кувет! Тој, пезевенкот, ме изгледа напоречки, ме окара за мајка и си замина!
(Со насмевка.) Стретив еден од Ракитница, знајш, Зениле, тој русиот со мустаќите
напрчени нагоре.

ЗЕНИЛ: Кој, цуцулистот?

ТАЌУ ВАЛЕ: Аха, тој цуцулистот! Беше наредил пет до шест кечиња на глаа. Како
си, му велам, бре брату, здрожио! – Здрожио! – Шчо ти текнало толку кечиња да
накупиш? Ех, за дечињата од брат ми и за моето – знајш, деца сет да се радуаат:
утре се велит Илигден, пак потака имаме Свети Јоан, Богоројците, Крстовден, знајш,
да не одат гологлаи... Елебете, елебете, му одгоарам, греота јет. Да знаев оти ќа
си купуал кечиња, бездруго ќа купев јас едно, ама, знајш алафранга – да му го
дадеше бакшиш од мене – и го снижив гласот – на Никола Карев.18 Како јет тој
сиромав, како поминуат таму? Страшни пријатели, бевме... Ушче, џанум, ќа ги трпиме
овие ла... на? Ама афедерс’н’с ефендилер!

СИТЕ: Бишеј јок, истафурла, знајме ние, ајде...

ТАЌУ ВАЛЕ: Ушче ќа ги трпиме да ни тријат сол на глаата. Н` изедоа, бре брате!
Аман бре!

ЈАЈА: А тој?

ТАЌУ ВАЛЕ: Шчо ми рече? Ај сиктер, кодош. Да ти се... ам мајката. И си замина.


Ами како не се најде пусто деврие да му ја прозадрндорев, ама на! Со трчање слегов
на уќумат – никого не најдов. Разгеле го сретов Шабан Куркубета и научив кај сте...
пак... гледам – сите сте курдисале да пиете... Ајде, реков и јас да се напијам.
(Зема чаша со ракија.) Муабет м’зе! (Ја испива.)

ЏЕМАЛ: Море сатар за тие кучишта! Ајде, Зенил, што стоиш?

ЗЕНИЛ (Кон Таќу): Можиме да ги втасаме?


ТАЌУ ВАЛЕ: Зорт, бога ми!

ЈАЈА: Да пушчиме аскер и џандари?

СУЛЕЈМАН: Ај оти сне пушчиле, кач пара идер, не оти ги знаат кој сет и по кој
пат фатиле, а и кога ќа ги втасаат, бак’лм...

ТАЌУ ВАЛЕ: Хм, хм, мерак етме: в понеделник пак ќа ми дојдат. Само од мене
куртулија немаат, туку де!

СИТЕ: В понеделник, в понеделник!

ЈАЈА: Мутлак ќа дојдат во понеделник на пазар. Хем поарно ќа бидит да се


напрајт убиството на враќање, а? Шчо велите вие?

ТАЌУ ВАЛЕ: Шчо, убиство?

ЗЕНИЛ: Нишчо, демек, ако јет работата да се убијат, тогај да им го угасниме


фенерчето.

ЏЕМАЛ: Ти, Таќо, да ми го покажиш кој јет! Јас ќе му ја светнам.

ТАЌУ ВАЛЕ: Пеќи, ефенд’м!

ЗЕНИЛ: Бездруго тој ќерата сакат отранчуање.

АЈРЕДИН: Ако го остајме на широко, ќа ви се качит на вратот.

ЈАЈА: Ќа им кажам јас, туку де? Само понеделник нека дојдит!

АЈРЕДИН: Мутлук во понеделник требит да им дајме да разберат кој јет кум, кој
јет старосват!

ЏЕМАЛ: Ем дури дете во мајка да проплачит! Ти, Јаја ефенди, ќа го повикаш


Арифа, али не?

ЈАЈА: Море и Арифа и сите ќа ги повикам. Реченото – речено и свршено. Во


понеделник, мајка му стара, кутни ги како јунци на сред пат и... вер селјам!

ТАЌУ ВАЛЕ: (За себе): Овие есапат да отепаат неколцина, ама солено ќа им
излезит. Чекај... во пијанството ќе си кажат... (Гласно.) Слушајте бре ефендилер,
гледам вие за нешчо големо есапите? Ајрола – кажете – бак’лм! Белким и јас ќа ви
потребам за нешчо...

ЈАЈА: Хелбете... негоа милост за тоа јет пратен од валијата и од Хилми паша...
Таќо, до денеска ти плаќавме ајл’к како на шпион, а од денеска натаму ќа ти се
плаќат како на афие. Ево ти и најверен другар (Покажува на Ајредин.) Разбра?
Кабулиш али не?

ТАЌУ ВАЛЕ: Кој бегат од пржена кокошка? Да, шчо рече, негоа милост јет афие?

ЈАЈА И АЈРЕДИН: Евет ефенд’м!

ТАЌУ ВАЛЕ: Мошне убоо! Туку ако го држите вака при нас, никој не ќа се доближи
до него... Слушајте како ќа напрајме: јас ќа те земам со мене, ќа те расшетам низ
градот и низ чаршија, ќа те претставам како Воденец, дошол на тебдил ава... Туку ти
ги познаваш воденските војводи, али не?
АЈРЕДИН: Не!

ТАЌУ ВАЛЕ: Таму сет Лука, Јованче, Апостол, Аргир19 ... Влагај по дуќаните,
излагај на прошетка, фаќај муабет со секого, тргај им пердиња!

ЏЕМАЛ: Аферим, Таќу!

АЈРЕДИН: Ама за Воденско јас не знам нишчо... Не чинит за Битолско?

ТАЌУ ВАЛЕ: Чинит, чинит! Си го чул Папанчев од Леринско?20

АЈРЕДИН: Тој шчо го отепаа со Попов во Баница?21

ТАЌУ ВАЛЕ: Тој! Ето така! Папанчев, Тане Клинчарот, Леко Џорлев,22 Сугаревци,23
Груевци24... море маткај! Кажи се од некое леринско село, али од некое костурско и
тргни им едни вопроси за Костенаријата,25 за Чакаларовци,26 за грчкиот владика оту
бил голем женчар – шчо ќа ти текнит... Будала, зер сите знаат како било и шчо
било...

ЏЕМАЛ: Ашколсун бре Таќо! Ти си бил реис на сите комити...

ТАЌУ ВАЛЕ (Се смее): Ајде, пак вие ја удривте на мајтап. И ракија не ми дадовте
и шчо есапите да прајте не ми кажавте. Демек, шубели ве имниетс’з адамим, дејљаму?

ЈАЈА (Му подава пола чашка): Ракија колку сакаш, а за това шчо кројме речи:
господ да ја поткрепи правата страна!

ТАЌУ ВАЛЕ: (Ја крева чашата и ги повторува зборовите на Јаја.)

АЈРЕДИН: Мадам така, ајде ти прошетај ме низ градов.

ТАЌУ ВАЛЕ: Пеки! (Излегуваат.)

СУЛЕЈМАН: Ајде да метниме и ние ушче по една пак да излеземе. Домаќинов овде не
даат ручек.

ЗЕНИЛ: Ајде, ајде!

ЏЕМАЛ: Од кај знајш? Белки готвит...

ЈАЈА: За ручек ќа прошчаате, ами за вечер алвата јет готова. Бујрун сега да се
напиеме. (Се чукаат со чашите и викаат: Аирлиси олсун! Смрт на ѓаурите!)

ЈАЈА: Амин! Од ваши усти во божји уши! Ашколсун! (Стануваат и се збогуваат.


Теманиња. Излегуваат.) Абре, чекајте малу... Ту шчо сторив? Ами јас заборавив да ви
кажам за клетвата! Пустелија моја!

ЗЕНИЛ: Шчо, клетва?

ЈАЈА: Ево, на... (Вади од џебот парче хартија.) Ајредин ефенди ми ја даде. По
неа и ние требит да се заколниме! Секаде ја земале оваа клетва... Ту... мене ми
шчукна шојко... Му ја удривме на пиење и заборајвме...

ЏЕМАЛ: Ама клетва за нас, како комитите шчо даваат, али башка?

ЈАЈА: Ево сега ќе видите! Ха, сега да застанеме на коленици и да си зближиме


рацете како в џамија шчо прајме. Дај, Сулејман леворверот, ево јас имам кама... (Ги
наредуваат на подот) Ха, така... Е, сега арт’к шчо ќе речам јас, ќе велите и вие...
ЏЕМАЛ: Не јет поарно да Курдисаме тука и пушка и сабја. Од појќе маст зелникот
не се расипуат... На ви мојата сабја. Дај, Јаја и ти пушката!

ЈАЈА: Олур! Дај, ено ја обесена. Симни ја, Зенил ефенди. (Зенил ја зема пушката
и ја става на подот.)

ЈАЈА: Мадам бојле, чекајте да клајме и коланот со фишеци. (Јаја го зема


патрондашот и го става на подот. Сулејман го следи сето ова и се насмевнува.)

СУЛЕЈМАН: (На себеси.) Разбирам шчо јет работата, фекат тие кабадаии не знам
кај ќа ја бараат реката да си ги операт гаќите. Им се чинит оти рајата ќа им легнит
да ја колат... Да, од вакви глаи сè боздиса и ќа пропаднит царштината, ја!
(Четворицата се наместуваат еден наспроти друг, клекнуваат и ги дигаат рацете како
за молитва. Сите ги повторуваат зборовите на Јаја кој ја чита заклетвата.)

ЈАЈА: „Се колниме во името на Алаха и на неговиот велик пророк Муамед (рацете
ги спуштаат по лицето и брадата), оти од денеска ќа работиме за да истребиме
комитите шчо сакаат да исколат сите Турци, да го отепаат царот, да ни поѓаурат
харемите и децата и да ни преземат земјата. Се заколнуаме оти ќе слушаме
началството и сè шчо ќа ни се заповелат, ќа го напрајме како муслимани, како Турци
и како јунаци без да му мислиме за назад и без око да ни трепнит. На ѓаур нишчо не
ќа кажиме. Ако некој се уплашит, али откриет тајната, да бидит убиен, заклан со ова
оружје шчо го целиваме. (Стануваат и го бакнуваат оружјето.)

ЈАЈА: Амин!

СИТЕ: Амин!

(Го прибираат оружјето. Тропање на вратата.)

Појава седма

(Влегува Шабан Куркубета. Темане.)

ШАБАН: Ефенд’м, пошчаџијата те викат. Имало некаква брза телиграма.

ЈАЈА: Ај, ој си! Сега идам. (Шабан излегува и прави темане.)

ЏЕМАЛ: Страшна работа клетвата, бреј! Онун јузерине дај ушче по една да фрлиме.

ЗЕНИЛ: Догру! (Го зема шишето и се напива. Сите ги земаат чашите.)


СУЛЕЈМАН: Ај, како јет арно, така господ да дајт!

ЏЕМАЛ: Арното знаиш како јет... К’ртаљабаш и вер селјам!

ЈАЈА: Елебете, касапница и бој до покит, шчо друго! Јас, ќа видите! Е,


ефендилер, до вечера сте ми мусафири, деил – му! Ќа приготвиме списокот и... в
понеделник, ах? Ха, ха, ха! Страшно сум весел! Ќа гледате сеир, ако не ни речат од
Битола ашколсун! Терајте си ќејф вие! Пак ќа имат и алаванто. (Ја пика раката во
џебот намигнувајќи.) Како шчо си вешч... разбирате?

ЗЕНИЛ: Хелбете! Ќа паднит и малу рушвет... без това не бидуат.

ЏЕМАЛ: Ама и Влаинчиња, а? Ајде аирлија! (Сите пијат и се збогуваат. Теманиња.)

ЈАЈА (Сам): Ах, мајка му стара, дали ќа дојт понеделник да видам десетина како
јунци отркалени по патишчата! И тогај ќа го макнам калемот во нивната крв и ќа
пишам на валијата: „Светли Вали пашо! Во името на Алаха и Пејгамбера ви пишам ова
радосно писмо и брзам да ви јавам оти Алах ни помогна и денеска свршивме ваква и
ваква работа...Јашас’н довлет! Реис: Јаја“(Задоволно се шета по собата.) Јаша, бре
Јаја! Ах, само понеделник нека ми дојдит, мало и големо ќа проплачит! Ќа ме видат
тие х’нз’р комити и ќа ме разберат кој сум! Мошне убоо ќа запаметат кога бил
Илигден!

(Завесата паѓа)

ДЕЈСТВИЕ ВТОРО

Соба во куќата на баба Мара. Во едно катче натрупани куршуми. На средината


маса и столици. Огниште со запален оган. Тава, калапи, менгеме, пили, маша,
пиростија. Дрва наредени во огништето.

Појава прва

ДАСКАЛОТ (Сам): Ушче ги нема. Шчо се забаја денеска? А до ручек бездруго требит
да свршиме со куршумите; за да се испратат горе, пак да видиме и друга некоја
работа.

Појава втора

(Влегува Велко. Футата од мешин му е полна со оловни парчиња)

ВЕЛКО: Добро утро, даскале!27

ДАСКАЛОТ: Дал ти бог добро, Велко!28

ВЕЛКО: Донесов десет оки олово. Доста е, лели? А и да сакаш повеќе нема, нема
веќе! Ако потребит ушче куршуми... (се смее) правете му економија!

ДАСКАЛОТ: (Се смее.) Економија, брате, на куршуми? Ха, ха, ха! Да видиме прво
Суљо али имат ниет да прајт економија. А лели знајш – ние имаме куршуми со
илјадници а тој со милјардници. Туку шчом си нашол десет оки, кале сне! Утре, ако
притребаат куршуми, ќа собериме пагурите и сааните на народот и пак ќа се
отстрамиме. Дај сега да бувните в тава неколку парчиња. Ха, така! Порасчепкај го
малку огнот... Ха, да излејме ние малу куршуми дур да дојдат другите, али имаш
работа? Брзаш?

ВЕЛКО: Клај му катранот во работата. Да гледаме оваа работа, пак татко нека му
мислит за дома. (Зема еден калап.)

Појава трета

(Влегува Васо препашан со ветва волнена фута)

ВАСО: Добро утро, браќа! Здравоживо!

ДРУГИТЕ: О, добро утро, сполај богу! Ново, ветво?

ВАСО: Новото е да свршиме денеска работа оту пазарџиите втасаје. Ме стрете


Илијца и ме праша али сме готови да дојдет. А ние ушче абер си немаме. Ај, ти
Велко, оди си на дуќан да не се разлутит воперот. Дај, ја ќе поработам. Пак може да
поминет полицот тамо и не ќе те видит. Оди си!

ВЕЛКО: Уф, златно на мама! А шчо не си одиш ти на дуќан, туку си го закључил и


си дошол туека? Барем за мене татко ќе речет: дома го пратив, а за тебе кој ќе
одговорит – катанчето? Гледам, ти сакаш да ја клаеш во шубе полицијата, да помислит
оту си ја качардисал. (Се смее.) Збирај си го брате умот во глаата и не прави
дечински работи: во пазарен ден домаќин човек не затворат дуќан како тебе...

ВАСО: (Се смее.) Ти не гледај ме мене. Ние со Зенила сме си баш пријатели... Ја
тој ќе ме начекат, ја ја него.

ДАСКАЛОТ: Ајде, дрште калапите... (Сипа) Ха, така! Ајде пак! Ха! Браво! Ајде
пак! Кошни го на страна!

Појава четврта

(Влегуваат учениците: Миле, Ставре, Нуне, учителот Стерју и шивачот Ванчу)

ВЛЕЗЕНИТЕ: Добр’утро! Добр’утро! Машала, вие сте зафатиле веќе!

ДРУГИТЕ: Добр’утро, јунаци!

ДАСКАЛОТ: Вие момчиња, денеска нешчо сте се успале. Лели сношчи рековме да
дојдиме порано?

НУНЕ: Е, дур се собравме, помина времето... Пак гледај си го ќејфот даскале.


Дур да плукнеш, ќе ја свршиме. Велко, само овеа олово е за втурување?

ВЕЛКО: Само овеа. И да се раскинеш друго не се наоѓа по дуќаните.

СТЕРЈУ: Шчом јет саде тоа, ич не му се плашиме.

ДАСКАЛОТ: А ти Ванчу, шчо дојде денеска? Ќа те испадит мајсторот, бреј! Ајде,


кардашко, ој си на дуќан да си немаш главоболие.

ВАНЧУ: Лели измеќар? Ако не у него, у другего. За слободата на Македонија нека


ме нападит најпосле, ако не му е срам...

ДАСКАЛОТ: Слушајте, другари. Јас знам оти сите сне готови да прајме жертви за
слободата на Македонија, дури не жалиме ни својата крв, ама поумно јет да бидеме
сега за сега поербапи: најумно јет да остаите сета работа денеска на нас, а пак ти
Велко, Васо и Ванчу да си појдите на дуќан и да си гледате работата. Денеска јет
пазар и нека си јет раат полицијата. Пак мож да потребате нешчо и за в чаршија, шчо
знајте шчо денетисуат.

ДРУГИТЕ: Право, право, така јет. Ние доста ме за тука.

ДАСКАЛОТ: Ајде, другари, секој нека си земит местото и алатот и да се фатиме со


ум, а со вас, (кон Велко, Васо и Ванчу) довидување!

ВЕЛКО: Немат како.. Ме скрши... Требит да се слушаме...

ВАСО: (Се смее.) Шчом јет за раатот на Зенила – пеќи... Ај, нека спијат барем
ноќеска пораат.

ВАНЧУ: Најпосле така нека јет. Секоја работа со ум да се работи.

ТРОЈЦАТА: Ај, довидување, другари!

ДРУГИТЕ: Довидување, браќа! (Излегуваат.)


ДАСКАЛОТ: Миту, галиба, ти без работа остана, лели? Ја ти, мили, влези во
другава одаја да караулиш на пенџере. Чинит?

МИТУ: Чинит. (Излегува.)

Појава петта

(Влегува баба Мара. На послужавник: паница со млеко, лажици и леб)

БАБА МАРА: Добро утро, чеда! Наќевица ви прати малу благо млеко да поткасните.
Седнете, седнете, добро да сркните, добро да сркните. Ево ви и ложици и малу лепче.

НУНЕ: Сполај ти, баба Маро,29 ама ние дома сме поручале.

ДАСКАЛОТ: Слушај, баба Маро, колку пари сакат Наќевица за млеково?

БАБА МАРА: У, у, у, душко! Какви пари! Таа бакшиш ви го праќа! А кој ви плаќат
за работава шчо ја работите? Шчо јет това – пари! Лели секој требит да помогнет на
комитетот? Вие со това, други со друго... Наќевица ве имат како свој чеда... Немој
добро, немој! Нека господ ви дочуват како сл’нца шчо ми греете.

ДАСКАЛОТ: Кажи ја баба Маро оти и ние ја имаме како мајка и од срце ја
благодариме. (Кон другите) Клајте в тава ушче неколку парчиња и елате да сркниме.
(Баба Мара излегува.)

НУНЕ: Чудно млеко! Наќевица и другош ни пратила млеко. Таа не откажала и четник
да прибере дома.

СТЕРЈО: А кој откажал? Греота јет да се поплачиме од народот!

МИЛЕ: Да се поплачиме од народот ли? Никога! Поради тие дарој, ево, на двапати
ја местиме леарницата. Од утре требит да се преместиме на друго место, оти и овде
н` разбра целото маало. И секоја куќа фати да ни праќат ручек, ужина, вечера...

СТАВРЕ: (Насмеано.) Ексик уште полицот да н` разберит.

НУНЕ: Демек и тој ручек да ни пратит?

СТЕРЈО: (Со смеа.) Ако н` вцрпит некогаш, арен ручек ќа ни дајт...

ДАСКАЛОТ: Народот и овде, и по селата, и насекаде во Македонија, јет злато и


бесцен камен. Тој од љубов го прајт това нешчо. Тој јет прост по ука, ама умен јет
по природа и на секоја организациона работа ја дават цена спроти колку шчо чинит.
Народот? Тој душата си даат за нас и за сите работници за с’дбата на Македонија.
Тој ги сакат како себеси, во нив веруат и на нив се надеваат... (Мавнува со рака)
Ајде, доста, нека остајме малу и за Миту. Сега да се фатиме за работа, пак в
понеделник мутлак ќа ја преместиме леарницата на друго место. Јас есапам, биле, да
рашириме работата: да полниме гилзи и да готвиме патрони. (Кон Стерју.) Ајде
колега, натрупај напраените куршуми во купот да сет готои за предаање.

СТАВРЕ: Јас пак ќа расчистам шчо јадовме, да је дам на баба Мара шејовите и да
му однесам на Миту да сркнет од млекцево.

МИЛЕ: Убо, убо, и караулот нека каснит, та да пораснит.

(Ставре ги раскрева чиниите и излегува.)

СТЕРЈО: (Ги трупа куршумите на куп и пее):


Караулите свират –
Н` сардиса потерата.

СИТЕ (Зафатени со својата работа пеат):

Ставам сутрина мошне, мошне рано,


Слушам буките шумат –
Плачат за војводата... Војводата.

Појава шеста

(Влегува Ставре)

СТАВРЕ: Даскале, Миту се љутит шчо сме го ставиле караул. Сакат да го смениме,
оту му се работело.

НУНЕ: А кому не му се работит? Право да ви кажа, мене ич не ми се седит на


пенџере.

СТЕРЈУ: Бога ми и мене не ми се седит таму.

МИЛЕ: Море арно си седит тамо, нека седит – шчо му јет.

ДАСКАЛОТ: А ушче поарно јет ако се редиме како сне се редиле. Ајде, ти Ставре,
замени го!

Појава седма

(Ставре излегува, а по малку влегува Миту)

МИТУ: Ето така... дајте сега и јас да помагам.

ДАСКАЛОТ: Земи егето, тргај ги куршумите!

МИЛЕ: (Пее.)

Дувнаха силни ветрове, ветрове.


Загрме небо, засветка...

ДАСКАЛОТ: Ти остај ветришчата да си веат колку сакаат, а дувај во огнот, оти


некако полека се топит оловото.

МИЛЕ: Ама ме скрши даскале. Со каков ишчав бев запеал!

ДАСКАЛОТ: Дувај, дувај и чувај си ишчафот за од понеделник.

НУНЕ: Во понеделник, ако се преместиме, елате у мене.

СТЕРЈО: Оти лошо јет кај мене?

МИЛЕ: Оти лошо – како во котар. Зенил и Џемал ќа ни благодарат, биле, шчо сме
се собрале кај вас.

ДАСКАЛОТ: После ќе видиме каде, а сега држ калапот. А, така...


Појава осма

(Влегува баба Мара и насмеана го гледа Миту како пее)

МИТУ:

Не штеме ниј богатство,


Не штеме ниј пари,
А искаме свобода.
Човешки правдини!

БАБА МАРА: Да би уста ми ти пеела до века, до амина, златен господе, де! За


това баба Мара прво тебе ќа ми ти дает кафенце. (Му подава на Миту. Кон другите)
Земете си, чеда, по едно кафенце од Петровица. Кафе и шеќер остана ушче за по едно
да ви направам. Од коде Јовановци ми рекое да ви кажа да не си одите дома за ручек,
оту ви месиле амајлии, а Јолевица ми рече оту правела тава за ручек и го пратила
детето да ви купит една ока вино.

ДАСКАЛОТ: Таман, го погодила баба Маро, на млади луѓе вино! Ти бабо, од наше
име благодари им на Петревци и на Јовановци, и на Јолевица и кажи им да не праат за
нас никаков мастрав. Ние не сне, како шчо сама знајш, ни гладни, ни страдни, ниту
пак ова шчо го работиме, требит да ни се плаќат со ручеци и со вечери. Ние работиме
дека сне борчлии да работиме и никој не требит да ни плаќат за работата. И најпосле
шчо работа јет, та да ни се плаќат? На друзи наши браќа сите сне борчлии и твоите
комшии и комшивки ними требит да им се одборчуваат. И со божјо име, брго мож да
дојдит тој ден...

БАБА МАРА: Чул те господ, чедо! Од твоја уста во божји ушти. Лична Богородица
мајчица! (Се крсти со крената глава нагоре.) Нека ве зачуват и нека ви поможит шчо
мислите да втасате и да ќердосате!

НУНЕ: Амин, бабо Маро! (Го зема кафето.)

ДАСКАЛОТ: Земете кафето и брго пијте го, оти доцна јет.

СТЕРЈО: (Зема кафе.) Да прошчааш даскале, ама јас ќа си запалам цигаре. Лели ја
знајш арнауцката: кафе, па дуан, турко па иман.
ДАСКАЛОТ: Ах, ти ѓаоле!

Појава деветта

(Влегува Ставре)

ДАСКАЛОТ: Шчо јет, Ставро?

СТАВРЕ: Идит Илијца со други две жени. Имаме ли зготвени куршуми?

СТЕРЈО: Сега ја оплескавме!

ДАСКАЛОТ: Баба Маро, збери ги филџаните, пречекај ја Илијца при тебе, напрај им
по едно кафе од това шчо преостанало и забошоти ги со некој муабет дури да
припрајме ушче малку куршуми.

БАБА МАРА: Убаво, чедо. (Излегува заедно со Ставре.)


ДАСКАЛОТ: Ајде, јунаци. А, да свршиме, пак до вечера и утре ќе починиме.

НУНЕ: В понеделник, дај боже здравје со пресни сили ќе започнеме работа.


МИЛЕ: Оти пак од понеделник? И утре можиме да работиме. Шчо дека јет недела?

ДАСКАЛОТ: Утре, Миле, јет Илигден. Тој јет тежок празник. Пак мож’ да имаме и
друга работа, се разбира, полесна, ама сепак работа.

МИТУ: Кажи даскале шчо работа?

ДАСКАЛОТ: Кога ќе ми кажат, тогај ќа ти кажам.

Појава десетта

(Влегува Ставре)

СТАВРЕ: Даскале, идит Никола Карев, а едно момче дојде ~ кажа на баба Мара оту
полицот влегол во нашево маало. Се запрел на фурна у Аврама.

ДАСКАЛОТ: Нишчо, кажи је на баба Мара да ја отворит вратничката. Кажи му на


момчето да видит на која страна ќе фатит полицот и ако идит наваму да дотрчит да
кажит. Нека видит дали е сам или носит со себе и џандари.

СТАВРЕ: Слушам. (Излегува.)

СТЕРЈО: Даскале, ај да го викниме овде и да го сплескаме, а? Бога ми јас ќа го


отранчам, ќа го згнетам во вреќа и ќа го потонисам в некој бунар...

ДАСКАЛОТ: (Се смее.) Ама сте биле мераклии, бре! Вие гледајте да ја свршиме
работава шчо н` чекат и шчо ни тежит, а полицот нека си е жив и здрав. Кога ќе му
дојт денот, тогај ќа му го видиме есапот.

Појава единаесетта

(Влегува Карев, Илијца и две моми Горноселки)

КАРЕВ: Здраво да сте ми, јунаци!

СИТЕ: Здрав да ни бидеш, началнику! (Сите се ракуваат. Исто и жените.)

КАРЕВ: Е, како јет, имаме ли куршуми? Ево сестра Илијца дошла да дигат. (Кон
жените) Слушајте, сестри: земете колку шчо имат. Денеска појќе не ќе можиме да ви
дајме. Имат колку за трите да земите. Други жени нека не идат. (Кон учениците) Ајде
јунаци, поможете им да го натоарат. (Учениците ги полнат торбите со куршуми. Жените
ги вадат појасите. Карев и даскалот тивко на страна зборуваат.)

КАРЕВ: Приберете ги алатите и дај ги на баба Мара да ги клајт во скривалиштето.


Ако речит господ, в понеделник пак ќе ви побараме. А сега групата нека свршит друга
некоја работа.

ДАСКАЛОТ: Младата група јет готова за секаква работа. А знајш шчо научив
утрово?

КАРЕВ: Кажи да видиме...


ДАСКАЛОТ: Началникот на влашките групи ни кажа оти сношчи дошол од Битола
некаков афие.

КАРЕВ: Верувам. Од Битола пишат оти турскиот комитет решил да пратит свој човек
за да се наредит и овдека комитет против нас, како шчо наредиле насекаде... (Со
насмевка) Ахшамадан сонра сабанар олсум! Ти кажа Мате кај кого тргнал афието?

ДАСКАЛОТ: Тргнал кај Јаја ефенди.

КАРЕВ: Кај телеграфчијата. (Со смеа) Нека им јет аирлија! (Сериозно) Ти кажи на
десетарите да го сторат тумбале низ цел град и ушче од првиот ден да разберит оти
турските комитети ветрот ги вејт на сива кобила. (Кон учениците) Ајде јунаци,
подрште им торбите за да се опашат. (Учениците ги придржуваат торбите. Жените се
опашуваат.)

ИЛИЈЦА: (Насмеана.) Е, можит сега некој да познајт оти сум опашала десетина оки
куршуми?

КАРЕВ: Ич, не се познаат.

ИЛИЈЦА: (Кон другарките.) Чекајте вие, деојчиња, да ве поднаредам малку. Е,


така! Сега сте убај. (Кон даскалот) Гледај даскале, моми како капки, пак дури не се
ослободиме, велат, не се мажиме... (Кон Карев) Шчо ѓаол ги зеде – сите тргнале со
еден ум и со едно тескере: ни момите, ни момчињата мислат за мажење и за женење.
Кажи им за комитаџилук и за востание. Во друго ич не барај ги. Речиси – браќа и
сестри. (Кон момите) Море, стрина ви Илијца сакат коска да гризит, море е, – еј!
(Момите срамежливо ги влечат надолу тулбените).

ЕДНАТА МОМА: Стрино, срамота јет, доста си зборувала. Ај, да си ојме...

ВТОРАТА МОМА: Стрино, ќа видиш ти, ако не те наклеветам на стрико.

КАРЕВ: (Кон момите) Не фаќајте је за кусур. Сестра Илијца јет малку зборлеста.
(Им подава рака за збогување.) Ајде сега, сестри, збогум. Здружно носете. Пак до
недела мож’ да ви дојдам на гости.

ТРИТЕ:Добре ни дошол!

ИЛИЈЦА: Бога ми, со сè срце мазник ќа ти месам и јаре ќа ти опечам! Ама и


младиве да ги донесиш. Нека видат и тие каков јет комитскиот живот. Пак ако им се
погодит на касметот да ги нагазит некоја потера... ха, ха, ха! Ќе имаме и едно
фрцкање! (Сите се смеат.) Знајш даскале, некни бевте ни пушчиле неколку вакви
момчиња, сè чорбаџивчиња, сè чорбаџиски синој; никое не видело ни село, ни планина,
ни пушка, ни потера. Мажите наши во Осојот праеа фурните за пексимидот, а јас бев
донесла јадењето. Шчом појдов горе да им го ставам, караулите предадоа по канал оти
потера идит – врвела право по пат кон изворчето. Тие сироти, се стопија! Ами сега?
Ама војводата ербап: им даде кураш, ги зеде со себе. Ми намавна и мене и јас зедов
една пушка и тргнавме полека кон изворчето. И колку два-триесет чекори баш над
изворчето застанавме во шумјето и залегнавме. „Никој не ќа грмит, рече војводата,
дур’ не ви кажам. Само здраво држите пушките и гледајте душманите право в очи.
Никој за нишчо друго да не мислит, само како да кутнит појќе душмани. Зијан да не
појт ни еден куршум!“... Лежиме и чекаме. По едно време втаса потерата. Зедоа
манавите да се збираат околу изворчето, да си плакнат матерките. Гледам новите
комити отвориле очи како филџани – сите тамо гледаат и стискаат пушките. Еден ми
шепна: „Илијце, оти не грмиме? Онака како шчо седат на куп, по петмина ќа нанижам
со еден куршум!“. Муклес, му велам, – овме имат војвода, а тој си знајт работата.
Другиот до него и тој сакат да грмит и туку гледаш на сите им светнаа очите, сите
се ококорија. А војводата сè им прајт со рака: „Тивко и ќуталос!“ Најпосле се
витоса потерата. И слегоа момчињата на изворчето развеселени, пија вода, се
вративме назад и фатија да е фалат на старите четници оти ако им беше заповедал
војводата, мутлак целата потера ќе ја истребеле.

КАРЕВ: (Насмевнат.) Слушај, Илијце, твоите муабети немаат свршување. Тамо, кога
ќе дојдиме ќе ги докусуриме. А сега, сестро, ајде да гледаме работа. Кажи им тамо
само здрожио. Писмо ќе им пушчам поручек по Јоаница Џивџаноска.

ИЛИЈЦА: Убоо, џанум! Шчом сакаш да си ојме, ќа си ојме и... толку! Ај збогум и
довидуање. (Жените се збогуваат и излегуваат.)

Појава дванаесетта

(Влегува учителката30 и држи полна шамија со јаболка.)

УЧИТЕЛКАТА: Добар ден, браќа!

СИТЕ: Добар ден, сестро!

УЧИТЕЛКАТА: Шчо чините, како сте? (Се ракува со сите.)

КАРЕВ: Сполај богу, арни сме.

УЧИТЕЛКАТА: Ви носам малку јаболка да се осладите. (Ги става на масата. Кон


Карев) Разгеле, те наоѓам и тебе овдека. Сакам да ти кажам нешчо.

КАРЕВ: Скришно јет?

УЧИТЕЛКАТА: Сагере за душманите.

КАРЕВ: Е тогај кажи шчо јет работата, ама те молам накусо, оти имам брза
работа. Ќе ми простиш за белешката, лели?

УЧИТЕЛКАТА: Раат биди. Јас не сум чоек шчо не разбират и шчо не го ценит
времето. Ево шчо јет работата: прво – женската група, најмногу момите и невестите
бараат изин да го везат бајракот. Мастрафот сами ќа си го купат... Велат, време јет
веќе... А комитетот вели ушче не јет време...

КАРЕВ: За бајрак сум ти кажал толку пати – рано јет! Кога ќе требит, ќе ви
кажиме. (Смеејќи се) Султан Амид31 не брзат, а вие сте се разбрале. Јаваш! Имат
време.

УЧИТЕЛКАТА: Второ – групата молит да је се дајт некаква работа...

КАРЕВ: И за умрените, билем, имат работа. Ќе им дајме работа! Утре јет Илигден,
не се работит, а в понеделник мутлак ќе им се дајт работа. И Влаинките, и тие
бараат работа. Ај, бидите раат – во понеделник сабајле ќе наредиме работа и за
женските групи. Разбра ли?

УЧИТЕЛКАТА: Разбрав.

КАРЕВ: Мошне убоо! Тогај довидуање, сестро! Сполај ти за јаболката шчо си ги


донесла на нашиве куршумџии. Сега влезете кај баба Марта и изејте ги, а јас и
даскалов, ево ќе земиме по едно јаболко и ќе ни остајте сами да си проговориме
нешчо, лели?

УЧИТЕЛКАТА: Тогај довидуање! (Се збогува со двајцата, ја зема шамијата со


јаболка и излегува заедно со останатите.)
КАРЕВ: Е, даскале, готов ли е списокот на момчињата шчо ќе заминат до вечера?

ДАСКАЛОТ: Готов јет. (Вади од џебот лист хартија.) Еве го.

КАРЕВ: (Го разгледува списокот.) Убоо. Ќе се речит првата група од 150 пушки да
заминит до вечера заедно со терористите. (Замислен) Белја со војводите: секој сакат
да ги имат терористите. Аљабакот32 без Ванѓовци и без Ивановчињата со Сечковчето33
не тргаат. Андреја34 и Ѓурчин исто така... Ај ќе видиме тамо како ќе ги
распределиме... За утревечер си предвидел 20 души. Тие ќе заминат со војводата
Ташку Карев35, 38 души, за да пренесат тенеќињата и да пречекаат востаниците. Една
група со двајцата Ивановчиња да влезат во грчката црква да држат огон карши
уќуматот. Спроти планот ти си остаил многу појќе души в град. Зошчо ти сет?

ДАСКАЛОТ: Сум остаил за караулите. Власите ќа држат кафењињата до Мала корија,


Албанците од тамо до Мијачка корија, ние од Албанскиот рид до Крстот, а Грците од
крстот до кафењињата. Навистина, појќето ќа бидат само со револвери, ама сè требит
да имат некој и со пушки. Најмногу тие, барем, шчо ќе држат патишчата.

КАРЕВ: Е, тогај, пушчи ги нив потскраја, кажи им ја паролата „Коса-вила“ и дај


им повелја да се соединат со четите. Ќе им кажиш, оти ноќта ќе се вратат нивните
другари од чета, а на тие, шчо ќе заминат до вечера ќе им кажиш оти одат само за
еден ден в чета за учење и пак ќе се вратат. Караулите да си отворат очите
четирнајсет. Апсолутна тајна! Еден-два саати пред полноќ ќе н` најдиш на Куличе. Да
се држит есап за влагањето и за излагањето на аскерот. Ако придојдит аскер, да се
видит кај ќе фатит.

ДАСКАЛОТ: За в понеделник не ќа порачаш нешчо?

КАРЕВ: Комитетот реши нашата околија да ја напрајме болница. Ама таа работа јет
послешна. Важно јет да го преземиме градот колку се можит со помалку жртви. Кажи на
Велко, на Васо и на Стерју да се зготват за до вечера да тргнат заедно со другите.
Клај караули околу градот да не напрајме вечер некоја пакос. Денеска и утре
полицијата требит да јет најспокојна. Голем тембик да дајш – никаква ѓурултија! Јас
сега ќе се преоблечам и ќе тргнам со пазарџиите, оти горе имаме многу работа. Кажи
на Глигора и на Тодора да пратат ушче еден тоар сол, неколку тоари брашно – нека си
најдит за зорзаман... Пратете и стотина кечиња... Е, ќе заборавев да те прашам, али
ја напиша прокламацијата до турскиот народ.

ДАСКАЛОТ: Ја напишав! (Ја вади од џебот.)

КАРЕВ: Препеј ја да видам шчо си напишал.

ДАСКАЛОТ: (Чита) Слобода или смрт. Штаб на Крушоските востаници. Илигден, 1903
г. Прокламација до турскиот народ во Крушоската револуционерна околија. Браќа
земјаци и мили комшии! Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници од хубавото
Крушово и од неговите китни села без разлика на вера, народност, пол и убежденија,
неможејќи веќе да трпиме тиранијата на жедните за крв и гладните за чоечко месо
муртати, шчо гледаат и нас и вас да дотераат до нож, и нас, и вас, да дотераат до
питачки стап и нашата мила и богата земја Македонија да заприлегат на пуста
пустиња, денеска дигнавме глаа и решивме со пушка да се браниме од тие наши и ваши
душмани и да добиеме слобода. Вие мошне арно знаете оти ние не сне лоши и
разбирате, оти од мака си кладовне глаата в торба, за да заживејме чоечки, или пак
да умреме јуначки! Бидејќи од дедо-предедо си живејме како браќа на оваа земја, ние
ве имаме како свои и сакаме да останеме свои. Ние не дигнавме пушка против вас –
това би било страм за нас, ние не дигнавме пушка против мирниот, трудољубивиот и
чесниот турски народ, шчо се прерануат како нас со крвав пот – тој јет наш брат и
со него сне живеале и пак сакаме да живејме; ние не излеговме да колиме и да
грабиме, да палиме и да крадиме – доста ни сет зулумите на безбројните деребеи во
нашата сирота и окрвавена Македонија; ние не излеговме да порисјанчуаме и да
бесчестиме вашите мајки и сестри, жени и ќерки: требит да знајте оти вашиот имот,
вашиот живот, вашата вера и вашата чест ни сет толку скапи, колку шчо ни сет скапи
нашите. Анџак за да си завардиме имотот, животот, верата и честта, ние сне зеле
пушка. Ние не сне муртати на својата земај шчо н` родила; ние не сне арамии и
јанкесенџии, а револуционери под клетва да умриме за правото и за слободата; ние се
бунтуваме против тиранијата и против ропството; ние се бориме и ќа се бориме против
муртатите, против арамиите, против зулумќарите и јанксеџиите, против насилниците на
нашата чест и на нашата вера и против тие, шчо смучат нашата пот и експлоатираат
нашиот труд. Од нас и од нашите села да не се плашите – никому зијан не ќа сториме.
Ние не само ве имаме како свои браќа, туку и ве жалиме како свои браќа бидејќи
разбираме оти и вие сте робје како нас, робје на царот и на царските бегови, робје
на насилниците и на зулумќарите шчо ја запалија царшчината од четирите страни и шчо
н` натераа нас да дигниме глаа за право, за слобода и за чоечки живот. За право, за
слобода и за чоечки живот ве каниме и вас да дојдите заедно да водиме борба. Елате,
браќа муслимани при нас да тргниме против вашите и нашите душмани! Македонија е
заедничка наша мајка и викат за помош. Елате да скршиме синџирите на ропството, да
се куртулиме од маки и страданија и да пресушиме реките од крвој и солзи! Елате при
нас, браќа, да си слиеме душите и срцата и да се спасиме, та ние и нашата челјад и
пречелјад да живејат мирно, да си работаат спокојно и да напредуаат!... Мили наши
комшии! Како Турци, Арнаути и муслимани, разбираме, вие сè си мислите, оти
царството јет ваше и оти вие не сте робје, шчом на царскиот бајрак немат крст, а
имат ѕвезда и месечина. Оти не јет така и оти грешите, вие брго ќе се сетите и ќа
го разберите. Ама ако ви јет намуз да дојдите при нас и да се објавите против
царската тиранија, ние, вашите по таткојна и по страданија браќа, немат да се
докачиме и не ќа ви мразиме. Ние сами ќа се бориме и за нас и за вас, ако јет
потребно, до еден ќе умриме под бајракот за нашата и вашата слобода и за нашето и
ваше право. „Слобода или смрт“, јет писано на нашите чела и на нашиот крвав бајрак.
Ние веќе го дигнавме тој бајрак и немат враќање. Ако и вие н` имате како ваши браќа
и ни сакате доброто, ако есапите пак да живејте со нас, како шчо сте живејале до
сега и ако сте верни и достојни синој на мајка Македонија, можите да ни поможите
само со едно нешчо – а това јет голема помошт: да не се заортачите со душманите, да
не дојдите со пушка против нас и да не прајте зулуми по рисјанските села!
Нека Господ Бог да блослојт светата борба за правото и слободата!
Нека сет живи борците за слободата и сите чесни и добри македонски синој!
Ура! За „Автономна Македонија!“У

КАРЕВ: (Задоволен.) Многу убо’о. Напиши ја по турски и литографирај ја. В


понеделник ушче рано-рано ќе ја испратиме по турските села.36

ДАСКАЛОТ: Слушам.

КАРЕВ: А сега брате, да се збогуваме. Довидуање. (Се бакнуваат.)

ДАСКАЛОТ: Довидуање! Нека даде бог в понеделник слонцето слободни да ни угрејт!

КАРЕВ: Дај боже!

(Започнуваат да излегуваат. Завесата паѓа.)

ДЕЈСТВИЕ ТРЕТО

Соба на Јаја ефенди во телеграфската станица. Истата пoстановка.

Појава прва

ЈАЈА: (Сам. Шетајќи низ собата.) Работата јет наред. Списоците сношчи се
испратија. Утре мутлак ќа паднат неколку души селски началници, а градските в раце
ни сет... Како да јет во басканлукот сè ќа им најдиме јали писмо, јали пусат колку
да паднат и клапа. Пак и да не најдиме, ќа им потфрлиме некое од писмата и газетите
шчо ги донесе Ајредин ефенди. (Застанува.) Умен чоек јет тој. Сулејман малу
замислен ми стојт, ама да јет страшлив не ми се веруат. Јас мислам оти тој сакат да
кажит оти јет поумен од нас и таа работа му се гледат дечинска... (Самоуверено.)
Ама и тој ќа си клекнит. И јунак чоек јет. (Седнува.) Колџиите и тие влегоа во
лонџата. (Се смее.) Ама можит Турчин да бидите против Турчин? (Сериозно.) Можит
саде ако јет муртат! (Гледа кон улицата.) Ето го и комисар-полицот. Да видиме тој
шчо ќе кажит? Хелебете, тоа шчо сме рекле и шчо сне напрајле ние – зад’ друго
шашма!

Појава втора

(Влегува комисар-полицот)

ЈАЈА: (Станува и го дочекува насмеан.) Бујрум, бујрум достум! (Му ги стиска


двете раце.)

КОМЕСАР-ПОЛИЦОТ: Ахшам – шериф – хајр – олсун, Јаја ефенди.

ЈАЈА: Алах еманет олсун, ефенд’м. (Го води кон миндерот и седнуваат.) Со
здравјето иншалах, арно сте, дејл му.

КОМИСАР-ПОЛИЦОТ: Тешекјур идер’м, фекат...

ЈАЈА: Фекат?

КОМИСАР-ПОЛИЦОТ: Од Битола се вратив без кејф некако...

ЈАЈА: Себап?

КОМИСАР-ПОЛИЦОТ: Себап, оти нишчо не сне сториле досега, за да се откријат


четите и да се угаснит огнот, шчо го запалиле и шчо ќа ни изгорит чергата. Мене и
мудурот н` пикнаа в земи и н` потонија. Велат јали бидете верни на царот, јали
мавнете се и појдете да се удајте кај шчо крекаат жабите. Секаде веќе имаме наши
комитети и забрзано работат, само вие седите без гајле и си гледате ќејфот...

ЈАЈА: (Весело.) Така, ја! Ашколсун! Имаат полно право! (Му ја подава
табакерата. Пушат.) Жаби сне биле... Хелебете! Ама утре? Утре не жаби, ами јунаци
на место ќа бидиме! Друго нешчо не ти рекоа во Битола?

КОМИСАР-ПОЛИЦОТ: Ми кажаа оти пратиле едно афие и емир да напрајме комитет.


Мудурот ја тоари работата на тебе. Рекоа да сне будни и да си отвориме очите
четиринаесет, оти веќе комитите имале нијет да праат востание.

ЈАЈА: Востание? (Се смее) Ха, ха, ха! Ти да знајш пак ние какво востание сне им
скроиле за утре... Ха, ха, ха!...

КОМИСАР-ПОЛИЦОТ: Хеле, хеле, кажи бакл’м каков ви јет тертипот?

ЈАЈА: (Со гордост и со важност) Ќа ти кажам... Вчера се собравне овде, дадовне


клетва и напрајвне комитет. Тука бевне јас, Џемал ефенди, Сулејман ефенди, Зенил
ефенди и Ајредин ефенди, афието. Мене ме кладоа реис, а Зенил ефенди – ќатип.
Сношчи ги повикавне колџиите Арифа од Гарани, алија од Белушино, Шефкија од
Прибилци, син му на Емина, забитите од Цер и од Прибилци (со насмевка) и мојот
деликанли Шабан Куркубета. Ги поминавме сите под клетва, хелебете и ти требит да
дајш клетва – ефендиџијм.... сонра напрајфне список на сите граѓани и селани шчо се
знаат како началници, како скришни комити и јатаци и решивне ушче утре сабајле да
се клаат пусии по сите патишча...
КОМИСАР-ПОЛИЦОТ: (Исплашен.) По сите патишча? Вие есапите к’рлаган да прајте.

ЈАЈА: (Самозадоволен.) К’рлаган, к’рлаган! Утре сабајле, понеделнички – господи


боже поможи! Идејќи на пазар ќа му ја светниме на кој да јет од тие, шчо се во
списокот. И ќа удриме после да фаќаме даскали и туџари, ќа удриме по басканл’ци и
ако не најдиме пусат али противни книги, ќа им потфрлиме... Ево, афието ни донесе
цел куп готови писма и газети...

КОМИСАР-ПОЛИЦОТ: Ефенд’м! Јас мислам планот не ни јет арен...

ЈАЈА: А! Не ни бил арен! Муабети! Ние веќе пративне луѓе за таа работа и Зенил
ефенди тргна со ними.

КОМИСАР-ПОЛИЦОТ: Со брзање тие работи не бидуаат. Лели знајш: брзата кучка


слепи кучиња раѓат. Не можиме и не требит во еден ден да убиеме толку души, да
напрајме басканл’ци и да фрлиме во апцана толку граѓани и селани. Знаете ли вие
каква дандана и каква олелија ќа се дигнит? Ами консулите и комитите това чекаат.
Од ваква будалска работа не ќа видит довлетот ни хаир, ни бериќет, а нас ќа н`
пушчат во Бруса по мајмуни...

ЈАЈА: (Налутено.) Будалска работа? Ти си будала шчо не разбираш? Зошчо ќа се


дигнит данданија? Ќа ги убиеме и ќа им остајме по едно пусулче, оти бугарскиот
комитет ги убива како шпиони и тогај консулите не бок јеџеклер?

КОМИСАР-ПОЛИЦОТ: Дикиш не фаќаат... Кого ќа лажиме?

ЈАЈА: (Налутено и заканувачки.) Слушај, слушај! Јас – реисот на крушоскиот


турски комитет ти кажувам, оти ти немојш да бидиш поумен од нас и од тие шчо ни
порачале и тебе шчо те клепале. Ако си жаба, бегај да се удаиш во мочот на жените;
ако си муртат, заортачи се со комитите... Ние и твојата корајца можиме дај а
подделниме! (Го разгледува крвнички и излегува од собата демонстративно.)

КОМИСАР-ПОЛИЦОТ: (Сам.) Муртати! Наместо да попраат веѓи, ќа изведат очи. Ево


од какви глави дојдовне до ова дереџе и ќа пропаднит довлетот... (Ги дига рацете и
главата нагоре) Алах, дај ни видело да прогледаме! (Ја наведнува главата и полека
излегува.)

Појава трета

(Две-три минути сцената останува празна. Потоа влегуваат Јаја и Џемал фатени
под рака)

ЈАЈА: Го виде каков беше? Како од гроб изваен. Го напрајв резил и маскара! Ако
си жаба, му реков, оди удај се во мочот од жена ти; ако си муртат, оди кај
комитите... Ние можиме и тебе да те поткусиме една педа.

ЏЕМАЛ: (Со задоволство.) Ама си му го рекол! На таква глаа, таков брич. Тој не
јет чоек шчо да расипит работата, фекат, како Сулејман ефенди чал’мот ни го кршит.

Појава четврта

(Чукање на вратата. Јаја отвора. Влегува Таќу Вале)

ЈАЈА: Охо-хо! Бујрун, бујрун, Таќо ефенди!


ТАЌУ ВАЛЕ: Иште бујурдум, ефендум ама сум се излагал, ми рекоа комисар-полицот
бил тука, пак гледам го немат.

ЈАЈА: Тој шчотуку излезе. Кажи, Таќо, какви новиње имаш?

ТАЌУ ВАЛЕ: Е, баш за тоа сакав да го видам, бидејќи Зенил ефенди го немало.

ЏЕМАЛ: Е кажи, кажи, лели и јас сум полиција?

ТАЌУ ВАЛЕ: За кажуање да ви кажам, ама не јет нешчо радосно... Од Ајредин


ефенди сите бегаат како ѓаолот од темјан. Цел град знајт оти бил афие... Чудна
работа! Како го сетија, како го намирисаја?

ЈАЈА: Сак’н, не зборуај такви работи!

ТАЌУ ВАЛЕ: Валај, билај, така јет!

ЏЕМАЛ: Друго, друго нешчо! Гледам денеска нешчо малу народ низ сокаците.

ТАЌУ ВАЛЕ: Малу народ? Лели знајш – денеска јет Илигден и кој по визита, кој
името си имат, кој си преспиват дома околу жената, кој по прошетки ошол...

ЈАЈА: Џан’м, така јет, алавар – ама друг пат во празник приквечер, како сега,
сокаците се полни со народ, кафенињата полни, а јас гледам денеска саде жени и
старци... Млади луѓе не видов како друг пат. Ајредин ефенди преѓе ми велит: „Дали
градот ви јет хептен женски, дали мажите избегале, шчо не можам да ги видам?“ Преѓе
помина онде по сокак една свадба. Мада од старци, млади, жени и дечишча, друго не
видов. Таќо, кај сет младите? Да не ја спрашиле угоре нешчо?

ТАЌУ ВАЛЕ: (На себеси) Навистина ги немат. Нигде не ги видов. Сега требит да
лажам оти инаку лошо јет и за мене и за цел град. (Гласно) Кој? Младите? По љубов!
Поминав низ едната и низ другата корија – полно моми и момчиња! Напрајле нишалки
како на Ѓурѓоен, се нишаат, пеат, се задираат... Јаја ефенди, се расипа веќе векот,
олди бити! Не остана ни страм, ни перде. Си бараат како леб со сирење. Ама шчо беше
имало убај моми, бре! Дуња-ѓузели! Кога ги видов, се зачудив, како да не сум бил
овдешен...

ЈАЈА: А ти, лисицо, не се окрасати?

ТАЌУ ВАЛЕ: Не гибај ме мене, јас сум стар чоек.

ЏЕМАЛ: Не си постар од нас, ја! Ѓузел севмели себапт’р.

ЈАЈА: Хај, хај! Догруд’р.

ТАЌУ ВАЛЕ: Барем по една цигара да бевте дале...

ДВАЈЦАТА: (Му ги подаваат табакерите.) Бујрун, бујрун!

ТАЌУ ВАЛЕ: (Се смее.) Кога ич, кога две – едната в уста, другата на уво. (Им ги
враќа табакерите.) Е, тешекјур идер’м. Сега мене изин: вазифе ми јет да го најдам
комисар-полицот. Белки нешчо ќа ми порача. Ајде евала!

ДВАЈЦАТА: Евала, Таќо, сељаметле. (Теманиња. Таќу Вале излегува.)

ЈАЈА: На кафе си, Џемал ефенди, али на ракија?

ЏЕМАЛ: (Се смее.) И на едното и на другото.


ЈАЈА: Ајде прво да метниме по неколку скоро смртници, па после ќа пиеме по едно
кафе, олур-му?

ЏЕМАЛ: Олур, ефенд’м, нас’л олмас. (Се смее.) Лели знајш – глаата ти ја кршам,
ќејфот не ти го кршам!

ЈАЈА: (Смеејќи се) Ти не ми ја кршиш, ама ракијата неќни ми ја скрши и ја држав


пиперницата неколку дни преврзана. (Излегува.)

ЏЕМАЛ: (Се проѕева и се оптегнува.) Де гиди Крушово, убаво Крушово, со убавите


дечиња, со личните чупиња! Шчо ти се кроит Крушово, шчо ал ќа те најдит! (Станува,
ги суче мустаќите и миловидно шепоти со женски глас.) Аман, ефенди, ти и господ –
брат ми јет, маж ми јет... ти се молам пушчи го, не јет комита... шчо сакаш ќе ти
дам... (Сериозно.) Е, ќа ми дајш, шчо ќа ми дајш? Пари! Пеќи! Друго? Кажи де! Кажи
да видиме... (Како да прегрнува некого. Се намуртува.) Чекај, шчо се тргаш? Лели ќа
ми...

Појава петта

(Влегува Јаја. Носи шише со ракија и две чаши)

ЈАЈА: (Насмевнат.) Шчо прајш, Џемал?

ЏЕМАЛ: Репетиција, Јаја.

ЈАЈА: Ах, се сетив. Гледај си работа. И без репетиција таа ќа си бидит. Саде
држ’ се здраво! Таа пукница (со раката покажува на ракијата) го слабејт крстот, ама
сè ќа чиниме гајрет, а?

ЏЕМАЛ: Хелебете! Слушај! Мене умот сè тамо ми јет. За утре салам јет наредено,
али през куп за грош?

ЈАЈА: Посалам, здравје! Јас си знам луѓето...

ЏЕМАЛ: Демек, утре мутлак ќа имаме работа?

ЈАЈА: Иншалах! Ушче рано-рано десетина души ќа бидат отранчени по патишчата и


апцаната ќа ја наполниме со граѓани и со селани. Јас сакам да докажиме оти сне
верни на довлетот. Ем ќа ги смачкаме комитите и јатаците, ем ќа бидеме пофалени. За
тебе ќе сакам да те напраат муавин манастир кумандант, а мене мудур на битолската
пошча. Шчо велиш, а?

ЏЕМАЛ: Ама навистина?

ЈАЈА: Навистина ти велам!

ЏЕМАЛ: (Станува и го прегрнува): Браво, бре Јаја ефенди! Ти си златен чоек!

ЈАЈА: (Се повлекува) Е, е, чувај милувките за Крушовките. Од утре колку ми


сакаш и какви ми сакаш ќе идат на молба и при тебе и при мене. (Сипа ракија.) Ајде,
Џемал, нека јет хајирлија!

ЏЕМАЛ: (Ја зема чашата.) Нека јет хајирлија!

ЈАЈА: Нека јет жив царот и довлетот!

ЏЕМАЛ: Нека се живи и негојте верни муслимани!


Појава шеста

(Чукање на вратата. Јаја отвора. Влегува Сулејман.)

ЈАЈА И ЏЕМАИЛ: Охо-хо! Хош-гелдим, Сулејман ефенди! (Теманиња. Јаја му подава


чаша со ракија, а тој го зема шишето.)

ЈАЈА: Ајде сега да се чукнеме. Нека пукнат дин и довлет душманлари!

ЏЕМАЛ: Нека пукнат! Ако не пукнат, ние ќа ги пукниме и ќа ги тресниме! Ха, ха,
ха! (Пијат и наздравуваат.) Сега јас пак со шишето ќа се напијам. Знајте, мене ми
се чинит оти Крушово ќа го паметуат Илигден до деведесет и деветта рода... Ха, ха,
ха!

СУЛЕЈМАН: Илигден! Право да ви кажам од тоа шчо кројме, нека го сторит господ
на арно, ама мене сè нешчо ме чепкат и ми велит Илигден не ни јет на арно...

ЈАЈА: Шчо? Не ни јет на арно? Ветришча! Сен коркма! Утре, живот и здравје, пак
ќа зборваме!

ЏЕМАЛ: Наместо да се плашат ѓаурите, ние се плашиме... Аџаип работа... Море,


требит таа проклета раја, да јет мирна глаа!

ЈАЈА: Слушајте шчо ќе ви речам. Утрешниот ден ќе бидит ужас за рајата, а голема
радост за нас и за Падишахот. И бидејќи Сулејман ефенди го сврзуат утрешниот ден со
Илигден и бидејќи на тој ден ќа надвиет нашето право, јас дигам чашата и викам:
јашас’н Илигден! (Пие.)

ЏЕМАЛ: Ончи јузерине и јас викам: јашас’н Илигден (Пие од шишето.)

СУЛЕЈМАН: И од мене јашас’н Илигден! Алах, да поткрепит правата страна.н

ЈАЈА И ЏЕМАЛ: Амин!

(Завесата се спушта)

ДЕЈСТВИЕ ЧЕТВРТО

Ноќ. Соба кај Г. Макре37 со учителска опстановка. Миндер, маса, столови. Гори
газиена ламба.

Појава прва

(Даскалот стои простум до масата облечен во четничка облека со препашан


патрондаш. Мате, Ванга и Стила, облечени во четнички облеки ги закачуваат пушките
на закачалката.)

ДАСКАЛОТ: Повелете, браќа, седнете. (Сите седнуваат. Кон Мате) Сега кажувај
Мате, шчо нареди и шчо имат во твојот реон?

МАТЕ: Шчо ми заповела, сè напрајв. Сите караули се на место. До сега нишчо


особено. Ако се случит нешчо, абер ќа ми сторат. Мојте Власи за да ме пострамат –
никогаш! Од кафенињата до Малата корија, патишчата сет фатени.
ДАСКАЛОТ: Веруам! Ти, Ванга?

ВАНГА: (Се смее.) Грчка итрошчина... Мојте си се курдисаа како гости: држат
метерис во крајните куќи и сите патишча од кафенињата до Крстот сет пред ними. Живо
пиле не можит да мрднит...

ДАСКАЛОТ: Ти требит пак да ги провериш да не заспијат нешчо, та да напрајме


грешка. После, знам ли јас? Смрт и нишчо појќе.

ВАНГА: Грешка, рече? Никогаш! Тие знаат оти вечерва од таа страна ќа се вратат
нивните другари и родниње шчо сет во чета и ќа си отворат очите не четири, ами
четирнајсет. Ако се напрајт грешка од грчка страна, не само Ванга, а и целиот
Нанески сој да го избиете и да го изгорите со сè глувци!

ДАСКАЛОТ: Примено! Ти Стила? Твоите грамослии не веруам да се курдисале по


куќи, нели?

СТИЛА: Тие шчо сет со леворвери сум ги наредил по куќи, а тие шчо се со пушки
сум ги наредил надвор – од Мала корија до Мијачка корија. Да ти се фалам не чинит,
фалбата јет краста. Веруам, доста ти јет нашата арнаутска беса.

ДАСКАЛОТ: Крушоските Албанци досега не се пострамотиле. И веруам не ќа се


пострамотат дури имаат беса. Од Мијачка корија до Струнга пак јас сум наредил
караули и одговорноста јет моја. Бугарскиот крај38 така јет посигурен, шчо дур до
небо да дигате глас и ѓурултија, пак не јет страшно...

СТИЛА: Сега друго да ти кажам. (Го приближува столот и се насмевнува. Сите


весело се расположени и се приближуваат до масата.) Одам вечерва од караул на
караул да видам шчо, како јет и еден караул ми кажуват оти никаде немат да мрднит
жива душа, саде Таќу Вале седит во корија, пиет и пејт. Зедов јас алишчата од
караулот, се преоблеков и му пријдов. Шчом ме виде, ме позна и се зарадуа. Паѓаме
малу како пријатели. Седнав до него, ми подаде шишето со ракија и се замуабетивне.
И ми кажа многу новиње.

СИТЕ: Еле, еле?

СТИЛА: Откако дошол афието, Турците сè си шептеле нешчо, се збирале кај Јаја,
пиеле и кроеле некакви убиства. СÈ веруал, оти за утре наредиле да паднат мнозина
рисјани, ама не знаел кои. Знаел оти градов ќе бил во црнила и во катранила. Сношчи
имале големо собрание со сите катили. Разбрал оти Турците немале веќе во него
имниет...

ДАСКАЛОТ: Ние научивне и шчо скроиле. Гледај си работата. Това шчо кроеле за
нас, ми се чинит нив ќе ги втасат... Друго?

СТИЛА: Го прашале: кај сет денеска младите? Тој, навистина, видел оти многу
малу мажи имало низ градот, ами за да не се сторит себап да се полнат апсаните им
рекол оти младите биле со момите по љубов низ кориите и ридиштата. Откако ме
заколна да не кажуам никому нишчо, ме праша дали не сум разбрал шчо кроат Бугарите
и али не ги збрале младите да праат востание. Јас му реков: не веруам. Колку за
Крушово това нешчо не можит да бидит, бидејќи сет четири народности и една на друга
вера си немаат. А Бугарите сами нишчо не можат да сторат.

ДРУГИТЕ: Така!

СТИЛА: Ама ѓаолот не ми поверуа. Море, шчо ми зборуаш, вели, ако не си ти,
другите сите сет! Немат рисјанин во градов шчо да не јет покрстен. Едно време ушче
за малу и мене ќа ме покрстеа. Сите се поулаја. Стила, и време јет веќе да си ја
скршат глаата. Време јет веќе... И зеде да ми прикажуат за Чавче пијаницата како
развеал бајрак денеска пред уќуматот.

МАТЕ: Море, бога ми, џумбуш беше денеска. Се опијанил Чавче како секогаш, врзал
на стапче една црвена шамија, го дигнал високо и баш пред уќуматот, сред чаршија се
развикал: „Ура! Долу Турција! Да живејт Македонија! Јас сум страшен војвода. Ајде
сите под бајраков! Ура!“ Народот слушат и бегат. Еден џандар се пушти да го тепат,
пак друг му велит: „Остај го, тој јет делија и пијан и не знајт шчо прајт и шчо
зборуат“. (Смеа.)

ДАСКАЛОТ: Меѓу Турците ушче се наоѓаат мерхаметлии. Друго нешчо шчо научи?

СТИЛА: Шчо ќе научам? Тој дибидус се опијани. Фати да се лигајт. Не знајт веќе
ни пет ни шест. Караше, викаше.. Му беше мачно шчо довеле афие. Утре, велеше, ќа
одам в Битола на поплака. Седев, седев, пак го остајв таму ќор-ќутук.

ВАНГА: Да беше си му тргнал ножот!

СТИЛА: Ами забораваш каква јет повелјата? Дур да се вратат нашите од чета
насекаде требит да бидит мирно и тивко.

Појава втора

(Влегуваат Ставре, Нуне, Миле и Ванчу и донесуваат четири тенеќии. По нив


влегуваат двајцата членови на Крушовското револуционерно тело Глигор и Тодор, исто
вооружени, само што се во цивилна облека и со каскети на глава.)

СИТЕ: О-хо-хо! Добро вечер! Добро вечер! (Другите стануваат, им помагаат на


дојдените да ги приберат нештата во еден агол од собата. Потоа се ракуваат.
Даскалот ги поканува да седнат.)

ВАНГА: (Му шепоти на даскалот.) Абре даскале, оваа работа ми мирисат нешчо како
на востание?

ГЛИГОР: Шчо шептите вие?

ВАНГА: Го прашуам даскалов зошчо јет газијана – да не јет дојдена работата до


востание?

МАТЕ: Шчо, Чавче да не погодил нешчо на ќорото?

ГЛИГОР: Седнете сега сите, ќа ви кажам нешчо ново. (Сите седнуваат кој на
миндерот, кој на столовите. Глигор вади од џебот парче свиткана хартија, ја развива
и ја подава на даскалот да ја прочита, велејќи: од името на нашето Горско
начелство, препеј го даскале ова окружно.)

ДАСКАЛОТ: (Го зема окружното и започнува да чита.) „Главен штаб на II


македонски револуционерен округ. Врв „Победоносец“, 15 јули 1903 година. До
центровите и селските началници и народот. Браќа! Најсетне дојде веќе денот, шчо
толку многу го чекавне за да се распрајме со вековниот наш душман! (Сфаќајќи ја
важноста на моментот и ликувајќи сите стануваат простум и ги симнуваат капите и
кечињата.) Крвта на загинатите од турската тиранија на правина наши браќа високо
викаат да си платиме! Згазената чест на нашите мајки и сестри сакаат да си дојт на
место! Доста толку маки, доста толку страм! Илјади пати поарно смрт, отколку
страмен и скотски живот! Определениот ден, кога народот од цела Македонија ќе
требит да излезит јавно со оружје враце спроти душманот јет Илигден – 20 јули 1903
година.39 Во тој ден тргнете браќа по вашите началници и зберете се под бајракот на
слободата! Дрште се здраво, браќа, во борбата! Само во опорита и долготрајна борба
јет нашето спасение! Долу Турција! Долу тиранијата! Смрт на душманите! Да јет жив
народот! Да јет жива слободата! Ура! Ве целиваме братски: Штабот“.

МАТЕ: Ура! Да живејт востанието! (Сите викаат ура. Некои плачат од радост.)

СТИЛА: Ами луѓето наши сет надвор... Ние денеска, на Илигден, не требаше ли да
дигнеме востание?

МАТЕ: Навистина, денеска спроти окружното, цела Македонија требит да востанала,


ама ние...?

ВАНГА: Море, чекајте бре! Оние тенеќина со газија не се донесени туку така!
Крушово назад не останало досега и ни пак ќа останит!

ГЛИГОР: (Насмеан.) А кој рече оти назад ќа останиме? (Вади уште еден лист
хартија, му го дава на Тодор.) Слушајте пак сега шчо ни пишат од чета.

ТОДОР: (Го разгрнува писмото и започнува да ги чита.) „Штаб на крушоските


востаници, бр. 1219. Илигден, 1903 година. Врв „Независна Македонија“. До
раководителите на Крушоскиот околиски револуционерен комитет и до началниците на
грацките влашка, грчка, албанска и бугарска групи. Браќа! Брзаме да ве поздравиме
со востанието! Денеска целата Крушоска околија заедно со цела Македонија дигна
востание и викна: Долу тиранијата! Да живејт слободата и братството меѓу
македонските народности! Камбаните насекаде бијат, народот со чудна радост се
прибират под бајракот на слободата! Момите и невестите кичат со цвеќина главите и
пушките на востаниците! До шчо Турчин се најде по селата и по патишчата, сè се фати
и јет прибран како пленик и залог. Насекаде песни, радост и веселие! Гориме од
нетрпение и чекаме ноќ за да дојдеме и да го преземиме Крушово, па заедно со вас и
со целиот народ громогласно да го извикаме победоносното македонско ура! Бог и
правото сет со нас! Да живејт Македонија! Штаб: Никола Карев, Томе Николов,40 Тодор
Христов. Припотпишале: Антиноген Аџов, војводи: Питу Гули, Иван Аљабакот, Андреја
Ѓурчин, Ташку Карев“.

СИТЕ: (Со воодушевување.) Ура! Да живејт Македонија! Зито Македонија! С’б’ијаѕ’


Македонија! Рофте Македонија!

ДАСКАЛОТ: (Трогнат и насолзен.) Браќа! Од името на сите добри Турци и муслимани


шчо тргаат мака како нас, шчо сет робје како нас и шчо се ослободуваат денеска
заедно со нас, исто така и од името на сите тие Турци, шчо работеле со нас и ни
помагале во борбата со општите наши душмани, така и од името на тие Турци и
муслимани шчо гнијат во занданите за слободата на општата наша мила мајка
Македонија, ве молам да извикаме: Јашас’н Македонија!

СИТЕ: Јашас’н Македонија!

ДАСКАЛОТ: Браќа, нека се целуниме и прегрниме и после да излезиме да ги


пречекаме востаниците!

СИТЕ: Да се прегрниме! Да се целуниме! Да се избациме, да сè избациме! Ние сне


една душа, еден народ. (Се бакнуваат, се поздравуваат и се прегрнуваат така што
сите глави се една до друга во една група.)

(Завесата полека се спушта)

ДЕЈСТВИЕ ПЕТТО

Зад завесата од многу страни се слуша громогласно ура, бијат камбани, пукаат
пушки, трескотат бомби, тропот, писок, офкање. Сред тој шум оддалеку се слуша
бунтовната песна:
Бојат настана, туптјат с’рдца ни.
Ете ги близо, наш’те душмани.
Дрзост, дружина верна сговорна
Ние не сме веч раја покорна...

- Јанд’м! Москов гелмиш!... Предај се!... Качал’м, бре Муса!...


- Јаја ефенди, слези долу да се кунуштисаме!
- Теслим!... Дрште Џемала!... Алија, сакаше да н` видиш! Гледај н` сега!... Ох!
... Ким о? Ач капу!
- Теслим!... Ура!... Предајен сум!... Варди се!...
- Кој јет тамо?... Коса, вила... Мехмед – ишим’зи бити!... Стрелајте во
пенџериња!
- Огон карши вратата! Андреја, ќа избегаат, бреј!...
- Пушчи му една бомба!... Уќуматот горит!...
- Аман, изгоревне живи!... Предајте се! Еден џандар се фрли од пенџере долу!
Комисар ефенди!... Теслим олдум!... Охо-хо!... Гечмишола, Шабан Куркубета!... Некој
пее: „Имам една вехта сметка тук да видим с’вас!... Да се клајт караул на
телеграфната. Ох! Сестро, дај ми малку војца... Плениците да се носат на Гумења при
Штабот. Да не смејт никој рака да клајт на ними! Ура! Идит Питу Гули со
бајракот!... Море, море, колку многу четници, цела војска! Кај слегоа? – На
казарма. – Сулејман ефенди, јаз’к за тебе!... Теслим олмам!... Пратете помош кај
Газијаната! – Башибозучки не слагајте кун казармата!... – Фрлајте стомни со газија
и потпален бубаќ!... Дупните куќава и приближете се... Коса! Коса, вила... Коса,
Вила?... – На страна! Полека бреј!... Дајте тулумбата! Брго газијата! Бегаат...
Ќути, тамо!... – Дупнаа дупка и се измолкнаа!... – Агоња, к’аскерја фуѕе! Удрите по
долот. Стрелајте право! – Ицо Карев41 го отепаа! Шчо ти јет Ванѓу? Ме удрија по
око! – Санитари, брго помошч! Охо-хо! Ево ми ти ги сите антики! – Ленк’, ју сунт
колџазли? – Ту пуц с’аскумсир’ ш’с, шс’акупирир’ ку веленѕе! – Аршине маре! – Срам
и позор! – Добр’ утро сестро! – Како сне, брате! – Свршено! Градот јет наш! Сите
крвопивници сет фатени живи! (Истрелите стивнуваат. Се слуша песна):

Аром’не, бун мој фрате,


ку дор море ту хикате,
скоал’те аст’ѕ-ци ухтеѕ?
Бан’ лае ци б’неѕ?
Ља’ц туфеќа, о мој фрате,
ти б’натик, ш’ти дриптате
ш’имн’ нинте ку ној туц,
к’ти склах ну хим н’ скуц!42

- Ајде, излагајте, нишчо немат! Иншиц, ља фјате – фрацл’ – аноштри сунту! – У’


Ура! Хараоа’ мја! Зито – Честита слобода! – Исто и на тебе! Христос воскресе!
Воистина воскресе! – Ц’јавем, ља корб’? – Апанастасе, Зоиц’! Христос анести! –
Нарофт Македонија! – Ах, либертате! – Зито елефтерија! – Долу тиранијата! – Да
живејт Македонија!... (Хорот ја пее песната „Илинден“.)

(Се крева завесата)

Гумења. Ден. Шаторот на штабот. При влезот е Никола Карев, облечен во четничка
облека. До него се Ванга, Мате, Стила, учителката во четничка облека, а меѓу нив
еден четник држи пурпурно знаме на кое е напишано: „Слобода или смрт“, а под тоа
„Автономна Македонија“. На средината се две раце, фатени за поздрав, а зад нив
запален факел. Напред, собрани во купчиња со врзани одзад раце клечат на колена:
Јаја, Џемал, комисар-полицот, Ајредин, Шабан Куркубета, стражарот Алија и други.
Народот минува покрај знамето и го бакнува. Многумина се крстат и плачат од радост.
За тоа време хорот пее:

Илинден, Илинден,
ти си наш Велигден,
за тебе пеиме
и се гордеиме –
хеј, Илигден!
Смаза се душманот,
спаси се народот
немат тиранија –
грејт слободија...
хеј, Илигден!
Земја се растресе
грмеж се разнесе,
од свети Илија
по Македонија –
хеј, Илигден!
Поклон востаници,
страшни Илигденци,
чест вам и пофала
до век, до амина!
Хеј, Илигден!

(КРАЈ)

1 За првпат во ова издание ги објавуваме интегрално сите 13 сценски или


драмолети на Н. К. Мајски, создадени во периодот меѓу 1952-1956 година и повеќето
прикажани во Софија на сцените на кино-театарот „Македонија“ или, пак, во
истоимениот салон при македонскиот културен дом „Вл. Поптомов“. Напишани на
крушевски говор, полн со бројни архаизми и турцизми и само со неколку бугарски и
грчки зборови, драмолетите ги преземаме од оригиналниот ракописен Зборник што како
личен подарок од авторот се чува во Историскиот музеј во Крушево под бр. 119.
Настојувајќи да ги спазиме автентичниот стил и јазик на Мајски, при
транскрибирањето на текстовите во издание во интервениравме само при заменувањето
на буквите: ь, ъ, й, я, ю, щ, на консонантските групи дѕ, дж, како и при преводот
на дидаскалиите.
2 Борис Сарафов (1872-1907), спаѓа во редот на најконтроверзните
личности меѓу македонските револуционерни дејци којшто со својата подмолна
приопштеност кон врховизмот му зададе тешки удари на македонското
националноослободително движење. Завршувајќи го военото училиште во Софија, по
налог на бугарскиот двор, го презема обучувањето на врбуваните четници од редовите
на македонската емиграција и безработните Бугари и раководи со инсценираниот оружен
напад на Мелник на 12 јули 1895 година кој ќе предизвика жестоки турски репресалии
спрема македонското население, за во 1899 година да застане на чело на Врховниот
комитет дистанцирајќи се од вистинските цели и задачи на ВМРО. И покрај тоа, на
Смилевскиот конгрес (2-7 мај 1903) успева да се инфилтрира во Главниот штаб на
претстојното Илинденско востание во кој, заедно со него, се избрани Даме Груев и
Атанас Лозанчев. По крахот на Востанието станува платеник и на српската влада
обезбедувајќи го навлегувањето на српските чети во Македонија. Со испраќањето на
свои врховистички чети во нашиве краишта настојувал да го разбие единството во
внатрешните редови на ВМРО. Таквото негово дволично и деструктивно однесување ќе
биде јавно жигосано на Вториот конгрес на Солунскиот револуционер округ (август
1905), како и на Рилскиот конгрес на Организацијата (октомври 1905). А кога, заедно
со својот врховистички сомисленик Иван Гарванов, ќе се обиде да ги ликвидира
најистакнатите раководители на Серскиот револуционерен комитет, меѓу нив и Јане
Сандански, по одлука на истиот Комитет, убиен е од страна на Тодор Паница (ноември
1907).
3 Веле Марков (1870-1902), познат македонски социјалист, близок
соработник на Васил Главинов, член на неговата Македонска работничка социјалистичка
група, што требало да се формира во Софија 1893 година како прв обид за создавање
на самостојно македонско социјалистичко движење, учесник на Првата конференција на
македонските социјалисти во Крушево (3 јули 1900), на која Никола Карев ќе биде
назначен за војвода на Крушевската околија, а тој за негов заменик. Во јавноста
секогаш истапува од јасни идејни позиции, тврдејќи дека „револуцијата е дело на
онеправданите, економски и национално потиснатите народни маси кои треба да ја
понесат на своите плеќи и, пред сè, да сметаат на себеси, потоа на другите“.
Загинува херојски со дел од својата чета при пробивот на турскиот обрач кај селото
Ракитница, Крушевско (1902). Неговото име е овековечено низ бројни варијанти во
македонската народна поезија.
4 Едрене или Одрин е град во Источна Тракија (Турција), центар на
вилает. Според уставот на Внатрешната македонска револуционерна организација
(ВМРО), донесен на Солунскиот конгрес во 1896 година, таа ќе се преименува во Тајна
македоно-одринска револуционерна организација (ТМРО). Еден од основните принципи на
споменатиот устав е дека Организацијата ќе се бори за целосна политичка автономија
на Македонија и Одринско, т.е. „да ги обедини во едно цело сите недоволни елементи
во Македонија и Одринско, без разлика на вера и народност“ (чл. 1).
5 Тамерлан, Тимур-Ленк (1336-1405) е татарски емир и освојувач кој
успеал да ги потчини под своја власт Персија, Индија, Месопотамија и поголемиот дел
од Мала Азија, одбирајќи го за престолнина на своето огромно царство Самарканд во
кој ќе биде и погребан.
6 Џингис-Хан (1155-1227), славен монголски завојувач и основач на
огромна феудална империја која се простирала од бреговите на Тихиот Океан до Црно
Море.
7 Како монотеистичко верско учење исламот поникнува во Арабија
(Мека). За негов основач се смета пророкот Мухамед (570-632), кој ја формирал
првата муслиманска општина кон која подоцна ќе се присоединат арапските држави. Во
времето од X-XIII век исламот го прифаќаат турските племиња Угузи, Селџуци и
Османлии. Последниве, добивајќи го името на султанот Осман I, под негово водство,
формираат своја држава во Мала Азија (1299).
8 Со терминот „висок диван“ во стара Персија се означувал дворскиот
совет. Такво значење тој задржува и во турската државна хиерархија, за кај нас да
добие повеќе значења: во народната поезија означува (обично царски) дворец и
слично, додека во практичниот живот значи кауч, канабе, софа.
9 Пејгамер (божји пратеник) – се мисли на Мухамеда.
10 Титулата падишах, што во персискиот јазик е синоним за цар-
самодржец, турските владетели ја преземаат почнувајќи од XV век и ја задржуваат
заклучно со последниот султан Мохамед VI којшто во 1922 година и е симнат од
престолот.
11 Според одредбите на Берлинскиот конгрес (13.VI. – 13.VII.1878),
кој е свикан по барање на големите западноевропски сили со цел да се изврши
драстична ревизија на Сан-Стефанскиот мировен договор меѓу Русија и Турција од 3-ти
март 1878 година, меѓу другото, се предвидувало Србија, Црна Гора и Романија да
добијат статус на наполно независни држави, Австро-Унгарија да ја окупира Босна и
Херцеговина, додека на просторот меѓу Дунав и Стара Планина да се формира
автономното вазално кнежевство Бугарија. Според 23-от член на Берлинскиот договор
Турција се задолжува да спроведе реформи во Македонија, која и понатаму останувала
под нејзина власт. За генерален инспектор на македонските вилаети, задолжен околу
спроведувањето на споменатите реформи, е поставен Хусеин Хилми паша, при кого во
1903 година ќе бидат упатени двајца цивилни агенти – на Австро-Унгарија и на Русија
– со задача да го надгледуваат нивното спроведување. Во 1910 година Хилми паша
станува претседател на една од младотурските влади.
12 Со терминот Румелија првобитно се именувале новоосвоените
територии на Балканскиот Полуостров од страна на Турците. Така од XV до 70-те
години на XIX век, ова име е однесувало за еден широк географски регион во кој
влегувале териториите на Бугарија, Србија, Македонија, Албанија, Епир и Тесалија.
Меѓутоа, според Берлинскиот договор од 1878 година, јужно од автономното вазално
кнежевство Бугарија е формирана автономната област Источна Румелија која подоцна се
спојува сосема со Бугарија. Во конкретниов случај се мисли на Македонија како
централна турска провинција на Балканот.
13 Во битката кај селото Ракитница (Крушевско) на 10 јуни 1902 година
херојски загинува крушевскиот социјалист и војвода Веле Марков со дел од својата
чета, опколен од турски аскер по поткажувањето од анонимен предавник. Наоѓајќи се
во безизлезна положба, тој £ наредува на четата да се забарикадира во неколку
селски куќи и да дава решителен отпор сè додека не се стемни. Борбата траела цел
ден и цела ноќ. Едно време на опколените четници им снемува муниција и тие
тргнуваат во јуриш само со ножеви и бомби. Некои од нив успеваат да го пробијат
обрачот. За жал, омилениот војвода и неколкумина негови соборци не ги спасува ниту
пристигнатата помош од крушевската организација на чело со Ѓурчин војвода и Јордан
Пиперката.
14 Се мисли пак на Веле Марков.
15 Ѓурчин Наумов од село Сланско е познат македонски револуционер,
бунтар и одметник уште од младини, од чија рака загинуваат злогласните народни
непријатели Мефаил од село Лажани и Рустем-бег од Дебар. Извесно време престојува
во Бугарија, за во 1900 година да се врати во татковината земајќи активно учество
во подготовките на Илинденското востание и во самото востание при ослободувањето на
Крушево. Позната е неговата поблиска поврзаност и соработка со војводата Јордан
Пиперката, со кого ќе преземат неколку успешни оружени акции.
16 Јордан Пиперката е омилен демирхисарски војвода, учесник на
Смилевскиот конгрес (1903), на кој е донесено решение за кревање на Илинденското
востание, како и во повеќе револуционерни акции низ Македонија.
17 „Големата река, сакана моја, право тече
доаѓа едно девојче каносано.
Ах, каде?

Анамке, каде, каде убавице?


каде си тргнало убаво девојче?
Ах, каде?
Да даде господ девојчето да залута
кај нас да дојде!
Ах, каде?“
18 Никола Карев (1877-1905), социјалист, идеолог и организатор на
Крушевската Република. Роден е во Крушево каде го започнува своето образование.
Меѓутоа, поради незавидната материјална положба на семејството приморан е да го
напушти редовното школување и да замине во Бугарија на печалба. Во Софија се движи
во кругот на напредната македонска емиграција работејќи како столарски работник кај
велешанецот Васил Главинов – првиот пропагатор на социјалистичките идеи во
Македонија. Од здравствени причини се враќа пак во Македонија, вршејќи учителска
дејност во родниот град и блиските села, за во 1900 година да земе активно учество
во работата на Првата социјалистичка конференција во Македонија, по чија препорака
Окружниот револуционерен комитет во Битола на Смилевскиот конгрес ќе го назначи за
Горски началник на Крушевскиот реон. Од особено значење е неговиот придонес во
организирањето на Крушевската Република чиј е претседател. По неуспехот на
Востанието се повлекува во Србија и од таму, по неколкугодишен престој, се
префрлува во Бугарија. Во 1905 година повторно се враќа во Македонија. Загинува на
пат за родното Крушево кај селото Рајчани (Кратовско) на 27 април 1905 година во
борба со турски аскер.
19 Веројатно станува збор за гевгелискиот Аргир Манасиев, за Лука
Џеров, Апостол Петков и други револуционерни дејци од Егејска Македонија.
20 Георги Папанчев во 1902 година е поставен за раководител на ВМРО
од страна на Леринскиот окружен комитет на местото на Христо Силјанов, дотогашниот
началник на II леринска чета, којшто ќе се компромитира со една непромислена акција
со трагични последици. Меѓутоа и самиот завршува трагично. Според пишувањето на
Ангел Динев „на 29 мај 1908 година, кога Папанчев закажа состанок на месните
лерински илегални активисти во селото Баница, еден морално паднат селски активист и
благајник на месните комитети, по име Геле, £ поткажа на власта за неговиот престој
во селото. По тој повод селото беше опсадено од многуброен аскер и во борбата меѓу
војската и илегалците, при пробивањето на обрачот, паднаа пронижани од куршуми
илегалните лерински раководители Георги Папанчев и Васил Попов од град Стара
Загора“. („Илинденска епопеја I“, „Мисла“, Скопје, 1987, 197).
21 Васил Попов, учесник на советувањето во Баница кој загинува заедно
со Георги Папанчев.
22 Георги Папанчев, Тане Клинчарот, Леко Џорлев – револуционерни
дејци од Егејска Македонија.
23 Ѓорѓи Сугарев (1876-1906), доследен приврзаник на Гоцевите идеи,
на целите и задачите на македонското националноослободително движење, член на
Битолскиот окружен комитет, учесник во Илинденското востание. Роден во Битола,
извесно време ќе работи како учител, за во 1902 година да премине во илегалност
формирајќи чета која ќе врши инспекција на теренот и егзекуција на народните
непријатели и предавници. Спаѓа во редот на оние македонски револуционери кои по
неуспехот на Илинденското востание не ја напуштаат поробената татковина, ами се
заложуваат за закрепнување и јакнење на Организацијата. Загинува херојски на 5-ти
април 1906 година кај селото Паралово (Мариовско), најверојатно предаден од
врховистите.
24 Даме Груев (1871-1906), родум од селото Смилево, спаѓа во редот на
најкрупните фигури во македонското националноослободително движење. Иницијатор е за
формирање на „Македонската студентска дружба“ во Софија (1892) која во рамките на
својата револуционерна дејност требало да се залага за спроведување на решенијата
од Берлинскиот договор. Меѓутоа, неговото апсење во Софија, како и некои други
активности по повод убиството на бугарскиот министер Христо Белчев, придонесуваат
Дружбата да не развива позабележителна дејност и да се распадне. Заедно со Иван
Хаџи-Николов, Христо Татарчев, Петар Поп-Арсов, Антон Димитров и Христо Батанџиев
учествува во формирањето на ВМРО (Солун, 23.Џ.1893) кога е избран за прв секретар
на Организацијата. По убедување социјалист, заслужен е за нејзиното ширење и
зајакнување, посебно за формирањето на комитети во Неготино, Кавадарци, Прилеп,
Битола, Ресен, Охрид и Струга. Важи за еден од најблиските соработници на Гоце
Делчев и секогаш импонирал со својата отвореност, искреност, простосрдечност и
дружељубивост. По битолската провала во 1900 година е затворен во Битола, но тоа не
му пречи да комуницира со раководните кадри во округот. Кон крајот на мај 1902
година е префрлен во Подрум-Кале. Излегувајќи од затвор непосредно пред
Илинденското востание, во Солун се среќава со Делчев кој го информира за состојбата
во Организацијата и на теренот. За разлика од неговото мислење, дека не се созреани
условите за кревање на востание, зазема спротивно становиште раководејќи се
првенствено од неподносливата политичка и економска положба во Македонија, од
засилените турски зулуми врз населението и од претпоставката дека Европа мора да
притекне на помош. Учесник е на Солунскиот конгрес на Организацијата (2-4 јануари
1903), кога решено дека одлука за кревање на востание во Македонија треба да
донесат одделните конгреси на револуционерните окрузи. Лично ќе претседава со
Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ, заложувајќи се за кревање
на востание. Тогаш, заедно со Атанас Лозанчев и Борис Сарафов, ќе биде избран во
Главниот штаб на востаничките сили за целиот округ. По неуспехот на Востанието, на
Рилскиот конгрес (1905) одново е избран за член на ЦК на ВМРО. Загинува на 23
декември 1906 година на врвот Петлец, кај малешевското село Русиново, вршејќи
инспекција на реоните во Источна Македонија.
25 Костенарија – македонски револуционерен деец.
26 Васил Чакаларов (1874-1913), познат костурски војвода –
раководител на Костурскиот револуционерен округ. Како делегат на својот округ
присуствува на Смилевскиот конгрес (1903). За жал, рано е заврбуван од Борис
Сарафов, за по неуспехот на Илинденското востание да му се приклучи на врховизмот.
Учесник е на неоврховистичкиот собир во Ќустендил (1908).
27 Во ликот на даскалот во драмата „Илинден“ авторот најверојатно се
претставува себеси. Таа претпоставка се базира врз фактот што Мајски, како
составувач на познатата Декларација на Крушевското горско началство која била
упатена до турското малцинство во околните села на Крушево, во случајов своето
авторство го „пренесува“ на даскалот внесувајќи го во драмата нејзиниот интегрален
текст.
28 Во рамките на подготовките за кревање на Илинденското востание во
Крушево е формирана група задолжена за производство на муниција во состав: Ташко
Поп Христов, Никола Киров (авторот на драмата), Наум Томалевски, Стерју Блажев и
младинците Тома Константинов, Миле Станов, Велко Пецанов, Ванчу Кипров, Ставре
Трајков. Последниве четворица ги среќаваме и во драмата „Илинден“ како автентични
личности – учесници во Востанието.
29 Во подготовките за Востанието значаен придонес даваат и жените од
Крушево, собирајќи облека и храна за востаниците или, пак, разнесувајќи оружје и
муниција. Куќите на баба Пара Грдановска, Мара Макревска и на уште неколку други
крушевчанки стануваат сврталишта за многумина илегалци.
30 Во ликот на учителката во драмата „Илинден“ веројатно е предадена
Коца Јосева од Прилеп, тогашна учителка во основното училиште во Крушево и
свршеница на Никола Карев.
31 Абдул Хамид (1842-1918), турски султан од 1876 до 1909 година,
познат по својата суровост и корумпираност. За време на неговото владеење
Отоманската империја ја потресуваат многу внатрешни немири, војните против Србија,
Црна Гора и Русија (1877-1878), Кресненското и Илинденското востание. Сето тоа
доведува до постепено и незадржливо распаѓање на Империјата. Заради тоа, симнат е
од престолот во 1909 година од страна на Младотурците.
32 Иван Наумов Аљабакот е типичен пример на индивидуален одметник кој
постепено израснува во осознаен револуционер, раководител на чета. За време на
Илинденското востание задолжен е со својата чета да ја зазема касарната во Крушево
како најважно турско упориште. Борбата траела цел ден сè додека зградата не е
запалена. Убиен е во борба со аскерот кај село Белица 1907 година.
33 Во прашање се членови на Организацијата, оставени во Крушево
заради извршување на стриктно поставени задачи. Така на пример Коле и Алексо
Иванови, спроти нападот на градот, се сокриваат во црквата „Св. Никола“ (во близина
на уќуматот) со намера да ги отворат нејзините врати штом ќе ? се доближи одредот
на Андреја Докурчев. Кога почнува нападот, тука всушност грмнува и првата
востаничка пушка огласувајќи го раѓањето на Републиката.
34 Андреја Димков Докурчев, раководител на првиот одред при нападот
на Крушево, имал задача да ги заземе уќуматот и поштенско-телеграфската станица.
35 Војводата Ташко Карев – братучедот на Никола Карев, раководејќи со
петтиот востанички одред, ја запоседнува месноста Којов Трн од каде што требало да
ги брани приодите кон Крушево.
Во одговор на Прокламацијата, на третиот ден од востанието, штабот
на крушовските востаници го прими на турски јазик следниот одговор од село Алданци:
"Браќа соотечественици! Ја примивме братската ви прокламација којашто н£ трогна. Ја
прочитавме на целото население пред џамијата и бидејќи ве познаваме уште како деца,
смтаме дека сте достатно чесни и искрени за да го додржите зборот како борци за
правото и како кавалери. Ви ветуваме свечено дека имотот, животот и честта на
вашите сонародници, наши вековни соседи, со кои при досегашнито како и при идниот
режим на нашата мила татковина ќе општиме без да може нешто да н£ раздели, ќе бидат
сочувани и кавалерските заштитени во рамките на возможноста. Кој чвоек го сака
сопственото зло? Вашиот пат е нвистина опасен! Нека големиот Алах ја излие својата
благодет за победата на правдата која што е божествена и вековечна и нека ве
сочува, драги соседи, од секаква напаст.
36 Декларацијата, што е испратена од Главниот штаб на крушевските
востаници до турското малцинство во околните села, Мајски ја објавува во драмата
„Илинден“ по сеќавање. Постоењето на овој значаен документ го потврдува д-р Блаже
Ристовски во својот труд „Досега непознат текст за Илинденското востание“.
Циркуларно писмо до видните Турци во Македонија и во одринскиот вилает, „Нова
Македонија“, бр. 8494, 13.XI.1970.
Od na~alnikot na Kru{ovskiot garnizon koj uspea da se izvle~e so
10-15 vojnici, vo {tabot go dobivme slednoto pismo: "Junaci! Va{ata proklamacija do
moite sonarodnici `ivo me zainteresira. Od nea, a vo ovie dva dni i od va{ite dela
razbrav deka popusto sme ve smetale za "e{kija# (razbojnici). Va{ata cel e golema a
borbata smilena. Jas vi aklamiram: Napred! Po toj stra{en, no slaven pat po koj
site narodi stignaa do slobodata! Molej}i go golemito alah da ja za{titi pravata
strana, dozvolete mi da vi upatam dve molbi: 1) Ne otavajte me gol, tuku ispratete
mi ja oblekata {to mi ostana vo hrabro atakuvanta i zazemenata od vas kasarna i 2)
Za sekoja eventualnost, uni{tete ja na{ata korespondencija#.
37 Ѓоре Макре, виден крушевчанец, посебно активен во борбата против
грчкото духовно влијание во нашите просветно-црковни установи.
38 Употребата на поимите „Бугарин“ или „бугарски“, наместо
„Македонец“ или „македонски“ или, пак, едновремено и на едните и на другите во
Македонија е резултат пред сè на влијанието на бугарската пропаганда, на
Егзархијата, во чии раце се наоѓаат повеќето наши цркви и училишта во II половина
на XIX и почетокот на XX век. Аналогно на тоа, во градовите и селата каде што е
поизразено српското или грчкото духовно влијание, се употребуваат поимите „Србин“,
„српски“, „Грк“ или „грчки“.
39 Наведената дата за почеток на Илинденското востание е по стар
стил. Востанието започна на 2 август 1903 година.
40 Томе Николов, заедно со Тодор Христов, Диоген Хаџов, Тодор Павлов
и Никола Карев, се членови на востаничкиот штаб во Крушево.
41 Ицо Карев, таткото на Кирчо и Ташко Карев, е чичко на Никола
Карев. Учесник е во заговорот што се појавува во југозападна Македонија кон крајот
на 1878 година – познат како Брсјачка буна. Загинува при нападот на касарната во
Крушево гонејќи го турскиот аскер.
42 Се претпоставува дека автор на песната, напишана на говорот на
крушевските Власи, е самиот Мајски. Таа во слободен превод гласи:

Влау, добар мој брате,


Со преголема љубов во себе.
Стани денес, зошто стенкаш?
Животот црн зошто ти е?
Земи пушка, о мој брате,
за живот и за правдини.
Со мене напред, сите заедно!
За робови не сме родени!
---------------

------------------------------------------------------------

---------------

------------------------------------------------------------

64

You might also like