You are on page 1of 2

Македонски музички фолклор и неговото значење

Секоја човечка заедница има знаење и искуства кои порано ги


пренесувале преку устен пат, со предавање од колено на колено. На тој
начин се созадава фолклорот, кој е од англиско потекло и доаѓа од две
именки folk-народ и lore-мудрост. Значи е мудрост произлезена од народот.
Музичкиот фолклор е дел од фолклорот, создаден од народот и тој се
пренесувал од поколение на поколение, по устен пат, се до моментот кога
бил фиксиран. Македноскиот музички фолклор е дел од огромното културно
наследство на македонскиот народ. Народните ора и танци, народните песни
се едни од најубавите во светот, зашто се со карактеристичен ритам,
уникатни се и единствени во светот. Македонската народна песна ја
разгалува секоја душа, а македонскинте ора го разигруваат сечие
срце.Народниот мудрец на уникатен начин преку музика, оро и песна го
предава искуството од постарите на помладите. Кога го гледаме и слушаме
народното оро Тешкото со секоја нота од зурлите и тапаните се чуствува
тешкото минато на македонскиот народ. И многу други ора, песни кои се дел
од нашиот фолклор, се убави и за око и уво. Кога се слушаат песните,
народната музика, ората можеме да констатираме колку народниот творец
бил креативен. Кај нас постојат и голем број културно-уметнички друштва во
Македонија кои долги години ја негуваат македонската народна музика и
успешно ја презентираат ширум светот. Тие се најдобрите културни
амбасадори на нашата убава татковина и на нашето фолклорно богатство.
Мелодичноста на македонската народна музика, нејзината разиграност и
повливост, предизвикуваат воодушевување кај слушателите и гледачите.
Иако, ние, младите како да го подзаборавивме музичкиот фолклор, сепак
верувам дека секој од нас знае да заигра по некое народно оро или пак да
испее некоја народна песна.
Значењетo на музичкиот народен фолклор е огромно, затоа што всушност
го одразува нашето постоење низ вековите и го потврдува нашиот идентитет
изразуваќи го воедно духот на македонскиот народ.
Мартина Стоева

You might also like