You are on page 1of 7

Мода во светот

Што е мода
Модa е општ термин за популарен стил,
особено за облека, обувки, модни додатоци,
шминка, или мебел. "Мода" се однесува на
еден специфичен, но сепак,често вообичаено
тренд во врска со тоа како изгледа и се
облекува еден човек, како и преовладувањето
на стиловите во однесување. "Мода" обично се
однесува на најновите креации направени од
страна на дизајнери а кои се купени само од
страна на мал број на луѓе, меѓутоа, често оние
"модаи" се преведени на повеќе основани
трендови.
Мода во Македонија
How to celebrate
Народните носии во Македонија имаат многувековна
традиција. Тие се дел од материјалната култура на
македонскиот народ и претставуваат значајна гранка од
народното уметничко творештво. Создавани како
колективна придобивка на сиот македонски народ, тие во
долга низа години се пренесувале од поколение на
поколение и во својот развоен пат во себе вклопиле многу
елементи од разните културни влијанија што се вкрстувале
на овој дел од Балканот. На најстариот културен слој -
старобалканскиот, како и на традициите на цивилизациите
на стара Грција, се надоврзува културата на облекувањето
на старите Словени, кои во силните налети од V до VII век
го населуваат овој дел на Балканскиот Полуостров. Во
понатамошните културни текови се надоврзува влијанието
на византиската цивилизација, како и силниот уплив на
турско-ориенталните елементи, па сè до најновите струења
од Запад.
Плетила
Во обликувањето на македонските народни носии, македонската селска жена, своето естетско чувство го вградила и во плетачката вештина. Во
рамките на оваа ракотворна дејност основно е плетењето на чорапите неразделно сврзани во составот на секоја носија. Како облековен дел,
специфични по форма, со јасно нагласена функција, плетени на пет, три или на една игла, главно со волнена, поретко со памучна преѓа, во
некои случаи и во комбинација со срма, се покажале многу инспиративни и на ликовно – естетски план. Вос составот на машките носии
вообичаени се чорапите долги до потколената, скоро секогаш богато орнаментирани од стапалото до горниот дел - ’’грлото’’. Истата форма ја
следат и женските чорапи, но кај нив, поради должината на кошулата (која прилично ги покрива), орнаменталната декорација е најбогата од
стапалото до над глуждовите – делот кој е најизложен на погледите. Паралелно со овие за составот на женската носија во одделни пределски
целини (Преспа, Битолско Поле, Дебрца, Железник, и др.) карактеристични се и чорапите без стапала – ’’калци’’, ’’чулци’’ (Преспа, Горна Река,
Мавровско Поле) и ’’шутарке’’ (села под планината Сува Гора), орнаментирани во орнаментални појаси преку целата должина, во духот на
локалната традиција. Во однос на колоритот, основни бои се црвената, црната и белата, со помало или поголемо присуство на жолтата, сината,
зелената, како и златната и сребрената срма, во некои случаи срмата како материјал е прилично доминантна (Горна Река, Горни Полог).
Според складноста на колоритот и карактерот на орнаменталната декорација, во највисоко естетско рамниште се постариот вид чорапи
познати како ’’алови’’ или ’’алски чорапи’’, со карактеристичните геометриски мотиви ’’колца’’, ’’кола’’ или ’’тркала’’, на црвена основа. Кај
чорапите од поново време, покрај чисто геометриските мотиви се сретнуваат и чорапи орнаментирани со геометризирани вегетабилни,
односно флорални мотиви. Во делот од Македонија, покрај чорапите плетачката вештина дошла до израз и преку плетењето на народните
тантели, по карактер слични на турско–ориенталните декоративни изработки – ’’оји’’, вид плетени бордури за украсување на рабовите на
женските кошули, марамите – ’’кавраци’’ и крпите ’’бришалки’’ – со практична, но и со евидентна естетска функција. Најкарактеристични меѓу
нив се рачно плетените полихромни тантели ’’сорки’’ и ’’цуцки’’ (Овче Поле, Штипско Поле, Кочанско Поле и други). Иако претставуваат еден
вид варијанта на сите, нивното огромно изобилство од разновидни форми, во овој регион, укажува на тоа дека со текот на времето придобиле
свое специфично локално поединечно обележје. Поаѓајќи од карактерот, колоритот и техниките на изведба ’’прав зурав’’, ’’навракан зурав’’,
’’мотканки’’, ’’власнички’’ и др., тие слободно можат да се сметаат како дел од инвентарот на македонското текстилно народно творештво.
Нивниот декоративен ефект е најсилно изразен врз ракавите од женските кошули, аплицирани во неколку хоризонтални компонирани
кифчести појаси со впечатлива убавина.
Китење и накит
Меѓу наједноставните форми на китење, тесно сврзано со телесниот изглед, а во тој контекст и на
носиите претставува украсувањето со природни средства од најблиската околина, како на пример: со
босилок, со џунџуле или со друг вид на цвеќе, што се носеле заденати зад увото, во косата, на појасот,
в рака, и слично. Венец од бршлен или китки од цвеќе, носеле невестите на главата, китка цвеќе
(зетовска китка) носел и младоженецот, како и сите учесници на свадбениот церемонијал.
Невестинска капа – ’’венец’’ (Скопска Црна Гора ), украсена со најразлични украси на горниот дел се
китела со полски и друг вид на цвеќиња. Сличен начин на украсување на главата со цвеќе се
практикувал и во многу други средини. Ваквото китење некои го сметаат за остаток од античкиот
венец со цвеќиња кој преку Византија бил прифатен во скоро сите европски земји, најпрво како украс
од цвеќе, а потоа во таква форма почнал да се изработува од благородни метали. Во китењето со
природни средства голема примена имале обоените пердуви од разни птици. Украси од обоени
пердуви носеле девојките и невестите. Мариовските невести носеле ’’перјаници’’ една година по
венчавањето. Особено биле омилени пауновите перја, со кои е поврзано и верувањето за заштита од
лоши очи и уроци. Генетски гледано, китењето на косата и главата спаѓаат во најстарите форми на
украсување. Потврда за тоа можат да бидат разните архаични украсни елементи од долги волнени
рески кои се носеле прикачени за косата и плетенките во вид на ’’коцели’’ и веќе спомнатите
невестински превези со мошне старо потекло (сокаите и убрусите), скоро секогаш украсени со везена
декорација и дополнителни украсни елементи (школки, монистра и метални украси). Добар дел од
нив, украсени со стари метални пари, може да се смета за појава сврзана со раното продирање на
стоковно–паричната размена во македонското село. Ваквото украсување има длабок народен
карактер од причина што многу украси од овој вид не се поврзани со занаетчиското производство.
Метални монети користени како украс и накит, прикачени за плетенките од косата, или аплицирани
на парче ткаенина, редени како рибини лушпи, во вид на масивни украси за градите:
Гердан (Кумановско, Прилепско–битолско Поле)
Леденик (Скопска Блатија)
Панѕур (Горни Полог)
Ржонде (Горна Река)
Слики од Македонска народна носија

You might also like