You are on page 1of 3

Народни носии во Македонија

1. Народните носии во Македонија имаат многувековна традиција. Тие се дел


од материјалната култура на македонскиот народ и претставуваат значајна
гранка од народното уметничко творештво. Создавани како колективна
придобивка на сиот македонски народ, тие во долга низа години се пренесувале
од поколение на поколение и во својот развоен пат во себе вклопиле многу
елементи од разните културни влијанија што се вкрстувале на овој дел од
Балканот. На најстариот културен слој - старобалканскиот, како и на традициите
на цивилизациите на стара Грција, се надоврзува културата на облекувањето на
старите Словени, кои во силните налети од V до VII век го населуваат овој дел
на Балканскиот Полуостров. Во понатамошните културни текови се надоврзува
влијанието на византиска цивилизација, како и силниот уплив на турско-
ориенталните елементи, па сè до најновите струења од Запад.
2.Во долготрајниот процес на оформување на народните носии во Македонија
учествува сиот македонски народ-творец и создавач на народните носии. Во
нивното оформување се одразени разните историски, општествени, економски и
културни настани. Различните културни влијанија низ вековите, во различни
историски епохи, се примани во народните носии, преработувани со
творештвото на народното сознание, прилагодени на народниот бит и начин на
живот, развиени и усовршени со народните естетски сфаќања. Така се создале
народните носии во Македонија како израз на народните колективни, естетски и
психички диспозиции.

Носиите по етнографски области, целини и предели


Затворениот економски живот во минатото, слабите патни комуникации,
како и повеќевековната национална зависност на македонскиот народ,
придонесоа до неодамна многу носии да зачуваат многу архаични
елементи како во однос на кројот, така и во начинот на нивното
украсување. Не помала важност за таквата зачуваност имаа и селските
заедници, кои континуирано опстојуваа до првите децении на минатиот
век. Тие задржаа многу одлики од некогашниот здружен живот, посебно
народните носии со нивната извонредно голема разновидност од облеки,
облековни делови и украси, што варира не само од предел до предел, туку
е забележлива и во рамките на определена пределска целина. За да се
направи што поцелосен преглед на македонските народни носии, најпрво
треба да се пристапи кон најчесто применуваниот метод – систематизација
на носиите, заснован на културно–географскиот принцип, усогласен со
територијално–етнографската поделба на Македонија на етнографски
целини: горновардарска, дебарско-реканска, брсјачка, средновардарска –
како подгрупа на етнографските целини што ја опкружуваат, шопско–
македонска, струмо–местанска и јужномакедонска со бројните пределски
целини. Според таа систематизација поголемиот дел носии во Македонија
со оглед на нивните основни типски одлики во глобална смисла можат да
се групираат во два основни типа:
•Западномакедонски тип
•Источномакедонски тип

Кон првиот тип, во најголема мера припаѓаат носиите од


горновардарската, дебарско–реканската и брсјачката етнографска целина
со следниве карактеристики:
•Горни бели клашнени облеки, со богата декорација од гајтански
апликации (црни, црвени, срмени), украси со срмен терзиски  вез, со
апликација од чоја, со волнени рески и сл.
•Бели платнени кошули (од лен, коноп, памук) од типот на
централнобалканските кошули, богато украсени (посебно женските) со
специфична полихромна декорација во геометриски дух, поретко и со бел
вез
•Разновидни појаси (машки и женски) и појасчиња (женски), најразлично
украсени (ткаени, плетени)
•Скутини женски (ретко и машки) во разни димензии (големи и мали) со
специфична геометриска орнаментална декорација, со дополнителни
украсни елементи рески или без нив
•Специфични женски покривала за на глава (сокај, гајтан, корпа, дарпна,
марама) со богато везена декорација дополнета со рески
•Богат и масивен женски накит со разни форми на китење и украсување.

Кај овој тип носии забележливи се постар вид на облековни елементи со


испреплетени траги и влијанија од повеќе култури: старословенска,
старобалканска, византиска и турско-ориентална. Отстапување од овој тип
прават носиите во делови од горновардарската и дебарско-реканската
етнографска целина. Станува збор само за женските носии од пределските
целини Горни Полог, Горна Река и Мавровско Поле, Голо Брдо како и
женските носии кај преселниците од Река (исламизираните Македонци)
Бабуна – Велешко. Како такви се издвојуваат со следниве облековни
делови:
•Застапеноста на две скутини (предна и задна) – опрегач
преден и опрегач заден
•Женски кошули од кенарлија платно, чиј крој отстапува од
вообичаениот централнобалкански тип, без везена
декорација
•Горни облеки (женски и машки) мошне богато украсени со
срмен терзиски вез
•Специфично обување на нозете со калци, чулци и тозулци
кои заедно прават едни ноги
•Богат женски накит

You might also like