You are on page 1of 1

Македонскиот јазик, симбол на национално постоење (со осврт на

лектирата Милосија)

Македонскиот јазик е мајчиниот јазик на Македонците, службен јазик


во Република Македонија и малцински службен јазик во Албанија. Јазикот
го зборуваат над 3 милиони луѓе во
Македонија, Грција, Бугарија, Албанија и во македонската дијаспора.
Јазикот според лингвистичката категорија спаѓа во групата
на јужнословенски јазици на словенските јазици. 1945 година 5 мај била
усвоена азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо. Денот 5 мај
е прогласен за „Ден на македонскиот јазик“.На територијата што денеска ја
зазема а што во блиско минато била поширока, македонскиот јазик се
формирал од говорите на македонските племиња кои ја населувале
територијата на етничка Македонија, па се длабоко во териториите на
денешните Грција и Албанија, но со самиот развој на државите тој регион се
стеснал и македонскиот говор во тие краишта полека почнал да се
заменува со други јазици. Македонските говори околу Солун биле основата
за формирање на старословенскиот јазик и писменост.
Тоа што ја карактеризира историјата на македонски јазик — неговата
коренита промена што настанала од 10 век па навака. Слични промени ги
зафатиле и бугарскиот јазик и источните дијалекти на српскиот јазик. Тие
темелни промени довеле до мала делба на граматички црти помеѓу
старословенскиот и македонскиот јазик. Промените настанале поради
влијанието на балканската јазична средина.
Во лектирата ,,Милосија“ од Ката Мисекрува Руменова преку ликот на
Милосија се искажуваат тешките моменти во пок се сочинувал
македонскиот народ во Егејска Македонија при помеѓусебната комуникација
и при изразувањето на својот мајчин јазик. Во самата лектира ликот на
милосија се соочува со разни препреки и проблеми, трудејки се да си го
зачува својот мајчин јазик, а не јазикот кој што биле принудени да го
зборуваат.

You might also like