You are on page 1of 1

Во периодот на 

Втората светска војна (1941-1945) поголемиот дел од Албанците се


ориентирале кон албанското националистичко движење (Бали Комбетар), а помал дел
кон антифашистичкото (комунистичко) движење. По Втората светска војна Албанците во
Македонија добиле целосна политичка и уставна рамноправност. Со Уставот
од 1946 година добиле статус на малцинство, а со Уставот од 1963 година статус
на народност. Со Охридскиот рамковен договор (2001) и амандманите на Уставот на
Македонија нивните национални права се значително проширени. Наместо малцинство,
дониле статус на етничка заедница (или дел од албанскиот народ). Тие слободно го
развиваат и афирмираат својот национален идентитет (јазик и културни
традиции). Албанскиот јазик е присутен на сите нивоа во просветниот процес (основно,
средно и високо образование). Бројот на училиштата и бројот на учениците постепено
расте. Во учебната 1950/51 година наставата на албански јазик ја следеле 26.702 ученици,
во 1990/91 - 72.121, а во учебната 2005/06 година - 80.247 ученици. Во учебната 2005/06 г.
во Македонија имало 286 основни, 28 средни училишта, едно средно исламско
училиште, Факултет за исламски теолошки науки во Кондово, Албанска секција
на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје и два универзитета
во Тетово - Тетовскиот државен универзитет и Универзитетот на Југоисточна Европа.

Албанскиот јазик е присутен секојдневно во државните електронски медиуми (радио и


телевизијата), а државниот канал МТВ 2 и приватните ТВ станици (Алсат
М, Ера, Тоска, Арт канал, Коха) секојдневно емитуваат програми на албански јазик. На
албански јазик уште во НРМ/СРМ излегуваа весници („Флака е велазеримит“), списанија
за возрасни („Јехона“) и списанијата за деца („Гезими“ и „Фатоси“). Во Македонија
излегуваат три весници на албански јазик („Коха“, „Лајм“ и „Факти“), списанието „Јехона
е ре“ и списанието за деца „Илбери“. Повеќе издавачки куќи, како „Ватра“, „Шкупи“,
„Чабеј“, „Љума“ и други, издаваат дела од албански автори и дела од светската литература
на албански јазик. Културните традиции на Албанците ги негуваат повеќе културно-
уметнички друштва, како „Емин Дураку“ (Скопје), „Ибе Паликуќа“ (Скопје), „Џеладин
Зекири“ (Тетово), „Беса“ (Гостивар), „Миѓени“ (Струга) и др.

Во Скопје и Тетово постои и албански театар. Албанците имаат и свој национален празник
(28 Ноември - Ден на албанското знаме). Тие се присутни и активно учествуваат во
политичкиот живот на Македонија. Нивните интереси ги артикулираат албански
политички партии: Партија за демократски просперитет (ПДП), Демократската партија на
Албанците (ДПА), Демократската унија за интеграција (ДУИ), Нова Демократија и други

You might also like