You are on page 1of 11

ТЕМАТСКО ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ

Училиште ООУ " Гоце Делчев“ Неготино

Одделение VIII

Наставен предмет: Историја

Наслов на темата: Балканот од крајот на XVIII век до Првата светска војна ( 21 часа)

Конкретни цели:Ученикот/ученичката
-Учениците да се запознаат со слабеењето на османлиската власт и појавата на анахија,
-да знаат за националноослободителните движења на балканските народи,
-да ја сфатат Големата источна криза, за појавата на граѓанскиот слој и процесот на развој на
интелигенцијата, занаетчиството и трговијата,
-создавањето на српската, бугарската, грчката држава
-создавањето на призренската лига и создавањето на албанската држава,
-да знаат за културните прилики на одделни народи на Балканот.
Тема бр. 2-БАЛКАНОТ ОД КРАЈОТ НА XVIII ВЕК ДО ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА

Ред. Време на
бр. Структура на темата реализација
17 Османлиската Империја во XIX век – ИКТ
https://mk.wikipedia.org/wiki/Распад_на_Отоманската_империја
18 Ослободителните движења на балканските народи под османлиска
власт - Еко стандард 2,Точка на акција 5,Тема 1, Еколошка
содржина- Извори на вода и нивна искористеност
19 Повторување
20 Развојот на граѓанството во балканските земји
21 Создавање на Српската држава – ИКТ
https://mk.wikipedia.org/wiki/Прво_српско_востание
http://www.mn.mk/makedonski-legendi/8346-Petar-Icko
https://sr.wikipedia.org/wiki/Мајски_преврат
22 Повторување-Создавање на српската држава
23 Создавање на бугарската држава
XI-XII-
24 Создавање на грчката држава
25 Повторување-Создавање на бугарската и грчката држава -I
26 Источната криза и албанското прашање
27 Создавање на албанската Призренска лига
28 Повторување
29 Младотурската револуција – ИКТ
https://mk.wikipedia.org/wiki/Младотурска_револуција
30 Балканските војни-ИКТ
https://mk.wikipedia.org/wiki/Балкански_војни
Домашна работа- да направат Венов Дијаграм за одлуките од
Лондонскиот и Букурешкиот мировен договор
31 Повторување- Балканските војни
32 Создавање на албанската држава
33 Животот и културните прилики на Балканот - ИКТ
34 Повторување-Животот и културните прилики на Балканот
35 Животот и културата на Албанците од втората половина на XIX век
до почетокот на XX век
36 Повторување
37 Обопштување на темата-БАЛКАНОТ ОД КРАЈОТ НА XVIII ВЕК ДО
ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА
УСЛОВИ ЗА РАБОТА :
Наставни нагледни средства :карти:Османлиската држава од XVIII – XIX век, Балканот по
балканските војни, историски атлас, историска читанка, илустративен материјал ,
учебник,фотографии слики,карикатури и друг нагледен материјал,документарни прикази и
видео записи .
Наставни форми и методи: групна,индивидуална, дијалошка, демонстративна, тест, бура на
идеи, проект, венов дијаграм-феудално капиталистичко општество. интерактивна настава –
анализа за почетокот и текот на Балканските војни
Методи и техники : од активна настава-интерактивно учење и ЧПКМ (ЗСУ, грозд,
Т-табела, ИКТ)
Активности: истражување,анализа на слики и текстови,состави, цртежи , венов
дијаграм ,хронолошка таблица.
Средства и постапки за вреднување
-формативно оценување - метод за усно проверување- следење на активностите за време на
учењето на лекцијата, листа за аналитичко бодирање, метод за оценување на писмен одговор:
чек листа
Забелешка од реализацијата на темата
-Со националното будење на балканските народи на крајот на XIX век на Балканот се
забележува економски подем и се формира еден општествен слој – граѓанство. Граѓанството и
интелегенцијата одиграа голема улога во националната и културната еманципација на
балканските народи, тие го потикнаа националното будење и го развија националното движење
на балканските народи што кулминира со формирањето на националните држави.

Стандарди според наставната програма за оваа тема преку кои ќе се оценуваат


учениците:
Помнење: Ученикот/ученичката:
Запомнува : создавањето на балканските национални држави; создавањето на албанските
пашалаци; создавањето на Призренската лига; создавањето на албанската држава;
културните прилики на Балканот; развојот на граѓанството во балканските земји; одлуките на
Берлинскиот конгрес; Младотурската револуција;одлуките на Букурешкиот мировен договор;
набројува: новоформирани балкански држави со одлуките на Сан-стефанскиот договор и
Берлинскиот конгрес; држави учеснички во Балканските војни;
лоцира: создавање на балкански национални држави, националноослободителни движења,
Разбирање: Ученикот/ученичката:
опишува: процесот на создавањето на балканските држави; процесот на создавањето на
албанската држава; развитокот на граѓанството на Балканот; животот и културните прилики на
Балканот; Балканските војни; значењето на Младотурската револуција;
објаснува: слободителните движења на балканските народи и создавање на нови балкански
држави (Србија, Грција, Бугарија); процесот на создавање на албанската држава;Младотурската
револуција; значењето на Балканските војни за Балканот;
поврзува: слободителните движења на балканските народи под османска власт со
создавањето на новите балкански држави; создавањето на албанската Призренска лига
со создавањето на албанската држава;
препознава: услови кои водат кон создавање на новите балкански држави;
Применување: Ученикот/ученичката:
толкува: оздавањето на национални држави на Балканот; значењето на Призренската лига за
создавањето на албанската држава; одлуките на Сан-Стефанскиот мировен договор и
Берлинскиот конгрес;
истакнува: настани поврзани со создавањето на балканските држави; значењето на
Берлинскиот конгресза создавањето на балканските држави;
изложува: односот меѓу големите држави; причинско-последичните врски
кои водат кон создавање на балканските држави; одлуките на Сан-Стефанскиот договор
и Берлинскиот конгрес; улогата на Призренската лига во создавањето на албанската држава;
Анализа, синтеза и вреднување: Ученикот/ученичката:
анализира: значењетона Младотурската револуција; причините за Балканските војни; улогата
на Големите сили во креирањето на политиката на Балканот; културните прилики кај
Албанците;
дебатира: улогата на Големите сили во создавањето на балканските држави; одлуките на Сан-
Стефанскиот мировен договор и Берлинскиот конгрес; животот и културните прилики на Балканот;
објаснува: одлуки на значајни мировни конференции и договори за Балканот (Сан-Стефано, Берлин,
Лондон, Букурешт);
вреднува: ационалноослободителните движења на Балканот

Инструменти за оценување: следење на ученикот при постапката на перцепирање и логичко


размислување, визуелно претставување на наученото, квантитет и квалитет т.е. репродукција на
материјалот, знаења, умеења, интерес, користејќи информации и цртежи од учебникот, усна
повратна информација, ќе се пополнува чек листа со дадени барања, наставни ливчиња.
Активности:
- се прави проект за животот на балканските народи за време на XIX век ( може да се
работи по групи,по една за секоја балканска земја );
- се работи куси состави и биографии за поистакнати личности од културата и
политичката историја на балканските народи ( пример Караѓорѓе,П.П.Његош,Христо
Ботев,Н.Фрашери и т.н. );
- се составува грозд за востанијата и националноослободителните борби на балканските
народи во XIX век;
- се изработува хронологија за настаните во Албанија во XIX век;
- се организира активност од проектот Промоција на хумани вредности (ПХВ) со играње
на улоги;
- се составува список на различните организации и друштва на балканските народи;
- се прави споредба за политичката карта на Балканот пред и по балканските војни;
- се составува список за последиците од балканските војни за секој балкански народ и
држава пооделно;
Интегрирање на часовите 1,2 и 3 реализација во 3 часа:
-прв час - Османлиската Империја во XIX век
-втор час – Ослободителните движења на балканските народи под османлиска власт
-трет час-повторување: Османлиската Империја во XIX век и Ослободителните движења
на балканските народи под османлиска власт
Цели на часот: ученикот/ученичката
- да знаат за слабеењето на централната османлиска власт и појавата на анархија
- да знаат за економското опаѓање на државата и потпаѓање под зависност на европскиот
капитал
- да знаат за борбата на балканските нариди за културни и просветни права
- да знаат за појавата на национално-ослободителните движења на балканските народи
- да ја сфатат суштината на Големата источна кри
Активности на наставникот и учениците, методи за работа и наставни средства:
Наставникот во воведниот дел од првиот час ги најавува кои се целите на часот.
Се користи карта на Османлиската држава од XVIII – XIX век,, учебник, историски атлас и
историска читанка.Наставникот започнува со новата наставна содржина, покажувајќи ја
територијата на која Османлиската држава се протегала во XVIII – XIX век.Наставникот им
објаснува на учениците за слабеењето на османлиската држава и причините за појавата на
анархија како причина за економското опаѓање на државата.
Им се остава простор на учениците да прашаат за нејасните поими во врска со новата
наставна содржина.
Вториот час е за нова наставна содржина - Ослободителните движења на балканските народи
под османлиска власт
Им се поставуваат прашања на учениците со цел да се насочат кон новата наставна
содржина,Учениците слушаат,размислуваат и одговараат на поставените прашања,
Наставникот ги запишува идеите на учениците заедно со подготвениот план на табла за новата
наставна содржина
Наставникот внимателно демонстрира и ја објаснува секоја точка од планот на табла.
Учениците ги гледаат сликите од учебникот,ги образложуваат и заклучуваат
Оценување:Усна повратна информација во текот на целиот процес на учење со цел учениците
да бидат насочени кон ефективната реализација на целите на часот, се следат внимателно
насочените дискусии и се оценуваат истите, се следат разговорите на ученикот и
наставникот за да се подобри активноста на часовите по историја.
Се бележат усните одговори
Трет час е за повторување на двете претходни наставни единици: Османлиската Империја
во XIX век и Ослободителните движења на балканските народи под османлиска власт
Наставникот ги најавува целите на часот,Наставникот најавува на кој начин ќе се врши
повторувањето и оценувањето.Наставникот ги поставува прашањата за утврдување и
оценување на наученото на учениците:
Учениците внимателно одговараат,активно учествуваат со сопствени размислувања, кажувања
и идеи,Учениците одговараат на поставените прашања на наставникот
Учениците го читаат сработеното истражување
Наставникот го поттикнува дијалогот за да се вклучат и другите ученици во одговорите
Учениците прашуваат се што останало нејасно во врска со наставната содржина
Оценување: УПИ(усна повратна информација) во текот на целиот процес на учење со цел
учениците да бидат насочени кон ефективна реализација,кон целите на часот .
Разговор со ученик,активност на часот,одговарање на усни прашања поставени од
наставникот,Писмено и усно изразување,самостојноста во работата,исполнетост во тетратките
и картографска писменост
Интегрирање на часовите 4,5 и 6 реализација во 3 часа:
-прв час - Развојот на граѓанството во балканските земји
-втор час – Создавање на Српската држава
-трет час-повторување: Развојот на граѓанството во балканските земји и Создавање на
Српската држава
Цели на часот: ученикот/ученичката
- да знаат за појавата на побогат граѓански слој кај балканските народи
- да го воочат процесот на развој и подем на интелигенцијата
- да знаат за развојот на занаетчиството и трговијата
- да знаат за национално-ослободителната борба на српскиот народ
- да го сватат процесот на осамостојување на српската држава и нејзиниот развој
- да знаат за самостојното автономно кнежевство Црна Гора
Активности на наставникот и учениците, методи за работа и наставни средства:
Наставникот во воведниот дел од првиот час ги најавува кои се целите на часот.
Им се поставуваат прашања на учениците преку метод ,,бура на идеи,, со цел да се насочат кон
новата наставна содржина.Учениците слушаат,размислуваат и одговараат на поставените
прашања.
Наставникот ги запишува идеите на учениците заедно со подготвениот план на табла за новата
наставна содржина.Наставникот внимателно демонстрира и ја објаснува секоја точка од планот
на табла.
Наставникот им покажува фотографии,насочува, споредува,координира и ги објаснува сите
потешкотии од наставната содржина
Учениците внимателно слушаат,активно учествуваат со сопствени размислувања, кажувања и
идеи, пишуваат план од табла и читаат од интернет и енциклопедија:употреба на текст-
метода.Учениците одговараат на поставените прашања на наставникот и дебатираат за
читаниот текст.
Наставникот го поттикнува дијалогот за да се вклучат и другите ученици во размислувањата
Учениците прашуваат се што останало нејасно во врска со наставната содржина
Учениците ги гледаат сликите од учебникот,ги образложуваат и заклучуваат
Наставникот ја координира севкупната работа на учениците
Вториот час е за нова наставна содржина - Создавање на Српската држава
Им се поставуваат прашања на учениците со цел да се насочат кон новата наставна
содржина,Учениците слушаат,размислуваат и одговараат на поставените прашања,
Наставникот ги запишува идеите на учениците заедно со подготвениот план на табла за новата
наставна содржина
Наставникот внимателно демонстрира и ја објаснува секоја точка од планот на табла.
Учениците ги гледаат сликите од учебникот,ги образложуваат и заклучуваат
Трет час е за повторување на двете претходни наставни единици: Развојот на граѓанството
во балканските земји и Создавање на Српската држава
Наставникот ги најавува целите на часот,Наставникот најавува на кој начин ќе се врши
повторувањето и оценувањето.Наставникот ги поставува прашањата за утврдување и
оценување на наученото на учениците:
Учениците внимателно одговараат,активно учествуваат со сопствени размислувања, кажувања
и идеи,Учениците одговараат на поставените прашања на наставникот
Наставникот го поттикнува дијалогот за да се вклучат и другите ученици во одговорите
Учениците прашуваат се што останало нејасно во врска со наставната содржина
Оценување: УПИ(усна повратна информација) во текот на целиот процес на учење со цел
учениците да бидат насочени кон ефективна реализација,кон целите на часот .Разговор со
ученик,активност на часот,одговарање на усни прашања поставени однаставникот,Писмено и
усно изразување,самостојноста во работата,исполнетост во тетратките и картографска писменост
Интегрирање на часовите 7,8 и 9 реализација во 3 часа:
-прв час - Создавање на бугарската држава
-втор час – Создавање на грчката држава
-трет час-повторување: Создавање на бугарската држава и Создавање на грчката држава
Цели на часот: ученикот/ученичката
- да знаат за национално-ослободителното движење на бугарскиот народ – Априлското
востание
- да знаат за создавањето на независна бугарска држава
- да знаат за грчкото востание и стекнувањето на независност на Грција
Активности на наставникот и учениците, методи за работа и наставни средства:
Наставникот во воведниот дел од првиот час ги најавува кои се целите на часот.
Им се поставуваат прашања на учениците со цел да се насочат кон новата наставна
содржина.Учениците слушаат,размислуваат и одговараат на поставените прашања.
Се користи карта на Балканскиот Полуостров. Преку фотографии и слики учениците
полесно и повидно се запознаваат со историските личности. Учениците внимателно
слушаат,активно учествуваат со сопствени размислувања, кажувања и идеи, пишуваат план од
табла и читаат од интернет и енциклопедија:употреба на текст- метода.Учениците одговараат
на поставените прашања на наставникот и дебатираат за читаниот текст.
Наставникот го поттикнува дијалогот за да се вклучат и другите ученици во размислувањата
Учениците прашуваат се што останало нејасно во врска со наставната содржина
Учениците ги гледаат сликите од учебникот,ги образложуваат и заклучуваат
Наставникот ја координира севкупната работа на учениците.
Усна повратна информација во текот на целиот процес на учење со цел учениците да бидат
насочени кон ефективната реализација на целите на часот, се следат внимателно
насочените дискусии и се оценуваат истите, се следат разговорите на ученикот и наставникот
за да се подобри активноста на часовите по историја.
Вториот час е за нова наставна содржина - Создавање на грчката држава
Им се поставуваат прашања на учениците со цел да се насочат кон новата наставна
содржина,Учениците слушаат,размислуваат и одговараат на поставените прашања,
Наставникот ги запишува идеите на учениците заедно со подготвениот план на табла за новата
наставна содржина.
Наставникот внимателно демонстрира и ја објаснува секоја точка од планот на табла.
Учениците ги гледаат сликите од учебникот,ги образложуваат и заклучуваат.
Учениците внимателно слушаат, вршат дискусија за одредени настани, дебатираат,
запишуваат нејасни поими.
Оценување: УПИ(усна повратна информација) во текот на целиот процес на учење со цел
учениците да бидат насочени кон ефективна реализација,кон целите на часот .Разговор со
ученик,активност на часот,одговарање на усни прашања поставени однаставникот,Писмено и
усно изразување,самостојноста во работата,исполнетост во тетратките и картографска писменост
Трет час е за повторување на двете претходни наставни единици: Создавање на бугарската
држава и Создавање на грчката држава
Наставникот ги најавува целите на часот, најавува на кој начин ќе се врши повторувањето и
оценувањето.Наставникот ги поставува прашањата за утврдување и оценување на наученото на
учениците:Учениците внимателно одговараат,активно учествуваат со сопствени размислувања,
кажувања и идеи,Учениците одговараат на поставените прашања на наставникот.Наставникот
го поттикнува дијалогот за да се вклучат и другите ученици во одговорите.Учениците
прашуваат се што останало нејасно во врска со наставната содржина
Оценување: УПИ(усна повратна информација) во текот на целиот процес на учење со цел
учениците да бидат насочени кон ефективна реализација,кон целите на часот .Разговор со
ученик,активност на часот,одговарање на усни прашања поставени однаставникот.
Интегрирање на часовите 10,11 и 12 реализација во 3 часа:
-прв час - Источната криза и албанското прашање
-втор час – Создавање на албанската Призренска лига
-трет час-повторување: Источната криза и албанското прашање и Создавање на албанската
Призренска лига
Цели на часот: ученикот/ученичката:
- да знаат за Руско-османлиската војна во 1877-1878 година
- да знаат за источната криза и положбата на Албанците во Нишкиот санџак
- да го објаснат влијанието на Сан-стефанскиот договор врз албанското прашање
- да знаат за причината за создавање на лигата
Активности на наставникот и учениците, методи за работа и наставни средства:
Наставникот во воведниот дел од првиот час ги најавува кои се целите на часот.
Им се поставуваат прашања на учениците со цел да се насочат кон новата наставна
содржина.Учениците слушаат,размислуваат и одговараат на поставените прашања.
Се користи карта на Балканскиот Полуостров. Учениците внимателно слушаат,активно
учествуваат со сопствени размислувања, кажувања и идеи, пишуваат план од табла и читаат од
интернет и енциклопедија:употреба на текст- метода.Учениците одговараат на поставените
прашања на наставникот и дебатираат за читаниот текст.
Наставникот го поттикнува дијалогот за да се вклучат и другите ученици во размислувањата
Учениците прашуваат се што останало нејасно во врска со наставната содржина
Наставникот ја координира севкупната работа на учениците.
Вториот час е за нова наставна содржина - Создавање на албанската Призренска лига
Им се поставуваат прашања на учениците со цел да се насочат кон новата наставна
содржина,Учениците слушаат,размислуваат и одговараат на поставените прашања,
Наставникот ги запишува идеите на учениците заедно со подготвениот план на табла за новата
наставна содржина.
Наставникот внимателно демонстрира и ја објаснува секоја точка од планот на табла.
Учениците ги гледаат сликите од учебникот,ги образложуваат и заклучуваат.
Учениците внимателно слушаат, вршат дискусија за одредени настани, дебатираат,
запишуваат нејасни поими.
Усна повратна информација во текот на целиот процес на учење со цел учениците да бидат
насочени кон ефективната реализација на целите на часот, се следат внимателно
насочените дискусии и се оценуваат истите, се следат разговорите на ученикот и наставникот
за да се подобри активноста на часовите по историја.
Трет час е за повторување на двете претходни наставни единици: Создавање на бугарската
држава и Создавање на грчката држава
Наставникот ги најавува целите на часот, најавува на кој начин ќе се врши повторувањето и
оценувањето.Наставникот ги поставува прашањата за утврдување и оценување на наученото на
учениците:Учениците внимателно одговараат,активно учествуваат со сопствени размислувања,
кажувања и идеи,Учениците одговараат на поставените прашања на наставникот.Наставникот
го поттикнува дијалогот за да се вклучат и другите ученици во одговорите.Учениците
прашуваат се што останало нејасно во врска со наставната содржина
Оценување: УПИ(усна повратна информација) во текот на целиот процес на учење со цел
учениците да бидат насочени кон ефективна реализација,кон целите на часот .Разговор со
ученик,активност на часот,одговарање на усни прашања поставени однаставникот.
Интегрирање на часовите 13,14 и 15 реализација во 3 часа:
-прв час - Младотурската револуција
-втор час – Балканските војни
-трет час-повторување: Младотурската револуција и Балканските војни
Цели на часот: ученикот/ученичката:
- да ги осознаат основните идеи на младотурците
- да знаат за промените во Турција што се случикле со Младотурската револуција
- да гио осознаат политичките прилики на Балканот и односите помеѓу балканските
држави и за создавањето на Балканскиот Сојуз
- да знаат за причините, текот и последиците од Првата балканска војна и Втората
балканска војна
Активности и методи: работа со карта наСветот, користење на историски атлас; текст – метода:
читање на изворни и уметнички текстови од историска читанка, активна настава-интерактивно
учење и ЧПКМ (ЗСУ, грозд. Т-табела, ИКТ)
Активности на наставникот и учениците, методи за работа и наставни средства:
Наставникот во воведниот дел од првиот час ги најавува кои се целите на часот.
Наставникот им ја презентира новата наставна содржина на учениците и истовремено се
запишува на таблата новата наставна содржина. Учениците внимателно го следат наставникот,
пишуваат план од табла и повремено се вклучуваат со свои согледувања
Учениците внимателно го следат наставникот, пишуваат план од табла. За домашна задача
наставникот им посочува поголем број на прашања на кои учениците треба писмено да ги
одговорат истите. Им се остава простор на учениците да прашаат за нејасните поими во врска
со новата наставна содржина.
Вториот час е за нова наставна содржина - Балканските војни
Наставникот ја посочува новата наставна единица и дава напатствија за самостојна работа.
Учениците се поделени во четири групи. Секоја група добива свои задолженија и самостојно
учат.Учениците добиваат наставно ливче со прашања кои ги одговараат. Групите редоследно
реферираат и наставникот, паралелно дава дополнителни појаснувања.
Новата наставна единица се повторува преку прашања поставени од наставникот
Трет час е за повторување на двете претходни наставни единици: Младотурската револуција и
Балканските војни
На часот за повторување наставникот ги дели учениците во четири групи. Секоја група добива
наставно ливче со прашања. Наставникот дава напатствија за работа. Учениците работат во
групите и редоследно презентираат.
Наставникот дава усна повратна информација на презентациите на групите.
Наставни методи: монолошка, разговор, демонстративна.
Наставни форми: фронтален и индивидуален облик на работа.
Наставни средства: учебник, географска карта, слики,
Процесно планирање:
Наставна единица 16 : Создавање на албанската држава
Цели: ученикот/ученичката:
- да знаат за начинот за на создавањето и прогласувањето на независната албанска држава
- да знаат за меѓународното признавање на независноста на Албанија
- да знаат за историското значење на создавањето на албанската држава
Активности и методи: работа на карта на Балканскиот Полуостров, анализа на илустрирани
материјали: слики на средновековни владетели, активна настава-интерактивно учење и ЧПКМ
(ЗСУ, грозд. Т-табела, )
Активности на наставникот и учениците, методи за работа и наставни средства:
Наставникот во воведниот дел ги најавува целите на часот.
Наставникот им ја презентира новата наставна содржина на учениците и истовремено се
запишува на таблата новата наставна содржина. Учениците внимателно го следат наставникот,
пишуваат план од табла и повремено се вклучуваат со свои согледувања
Учениците внимателно го следат наставникот, пишуваат план од табла. Им се остава простор
на учениците да прашаат за нејасните поими во врска со новата наставна содржина.
Оценување: УПИ(усна повратна информација) во текот на целиот процес на учење со цел
учениците да бидат насочени кон ефективна реализација,кон целите на часот .Разговор со
ученик,активност на часот,одговарање на усни прашања поставени однаставникот.
Интегрирање на часовите 17,18 и 19 реализација во 3 часа:
- прв час - Животот и културните прилики на Балканот
- втор час – Истражување-проект за животот на балканските народи за време на XIXвек
- трет час -повторување: Животот и културните прилики на Балканот
Цели на часот: ученикот/ученичката:
- да знаат за културните прилики и соработката помеѓу одделни народи на Балканот
- да ги воочат најважните достигања во просветата,литературата, театарот,сликарството
музиката,науката,архитектурата и др.
- да ги објаснуваат промените во начинот на живот кај балканските народи
Активности и методи: работа на карта на Балканскиот Полуостров, анализа на илустрирани
материјали: слики на средновековни владетели, активна настава-интерактивно учење и ЧПКМ
(ЗСУ, грозд. Т-табела, ИКТ)
Активности на наставникот и учениците, методи за работа и наставни средства:
Наставникот во воведниот дел од првиот час ги најавува кои се целите на часот.
Наставникот им ја презентира новата наставна содржина на учениците и истовремено се
запишува на таблата новата наставна содржина. Учениците внимателно го следат наставникот,
пишуваат план од табла и повремено се вклучуваат со свои согледувања
Учениците внимателно го следат наставникот, пишуваат план од табла. За домашна задача
наставникот им посочува поголем број на прашања на кои учениците треба писмено да ги
одговорат истите. Им се остава простор на учениците да прашаат за нејасните поими во врска
со новата наставна содржина.
Вториот час е за истражување- проект за животот на балканските народи за време на XIXвек
се користи за исражувачка активност и за презентации со употреба на дигитална содржина.
Учениците се делат на три групи.
Секоја група истражува за животот на балканските народи во XIXвек
Најдобриот труд се избира и се посочува од страна на наставникот , а учениците внимателно
го читаат и следат.
Во натамошниот дел од часот учениците вршат презентација на проектот .
Успешноста на презентацијата се оценува преку ЛИСТА ЗА АНАЛИТИЧКО БОДИРАЊЕ ПРИ
ВРЕДНУВАЊЕТО НА КОМПЈУТЕРСКА ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Трет час е за повторување на Животот и културните прилики на Балканот


На часот за повторување наставникот ги дели учениците во четири групи. Секоја група добива
наставно ливче со прашања. Наставникот дава напатствија за работа. Учениците работат во
групите и редоследно презентираат.Наставникот дава усна повратна информација на
презентациите на групите.
Оценување: УПИ(усна повратна информација) во текот на целиот процес на учење со цел
учениците да бидат насочени кон ефективна реализација,кон целите на часот .Разговор со
ученик,активност на часот,одговарање на усни прашања поставени однаставникот.
Процесно планирање:
Наставна единица 20: Животот и културата на Албанците од втората половина на XIX век до
почетокот на XX век
Цели: ученикот/ученичката:
- да ги согледаат заложбите за просветување на албански јазик
- да знаат за почетокот на албанската преродба
Активности и методи: работа на карта на Балканскиот Полуостров, анализа на илустрирани
материјали: слики на средновековни владетели, активна настава-интерактивно учење и ЧПКМ
(ЗСУ, грозд. Т-табела, ИКТ)
Активности на наставникот и учениците, методи за работа и наставни средства:
Наставникот во воведниот дел ги најавува целите на часот.
Наставникот им ја презентира новата наставна содржина на учениците и истовремено се
запишува на таблата новата наставна содржина. Учениците внимателно го следат наставникот,
пишуваат план од табла и повремено се вклучуваат со свои согледувања
Учениците внимателно го следат наставникот, пишуваат план од табла. Им се остава простор
на учениците да прашаат за нејасните поими во врска со новата наставна содржина.
Оценување: УПИ(усна повратна информација) во текот на целиот процес на учење со цел
учениците да бидат насочени кон ефективна реализација,кон целите на часот .Разговор со
ученик,активност на часот,одговарање на усни прашања поставени од наставникот.
Интегрирање на часовите21,22 и 23 реализација во 3 часа:
-прв час - Проверка на занаењата - тематски тест
- втор час - Анализа на тестот
- трет час - Обопштување на темата - Балканот од крајот на XVIII век до Првата светска војна
Цели: ученикот/ученичката:
- да ги посочат знаењата од оваа наставна тема
- писмено да ги искажат целите и исходите од содржините во оваа тема
- оценување на знаењата стекнати на учениците
Активности на наставникот и учениците, методи за работа и наставни средства:
Учениците се делат на групи
Наставникот на секој ученик дели тест од соодветна група.Учениците внимателно првин ги
читаат напатствијата за работа на тестот. Одговараат на прашања од повеќе карактери
-заокружи го точниот одговор,
-дополни ги зборовите кои недостасуваат во реченицата,
-подвлечи ги точните одговори,
-објасни ги одговорите на поставените прашања.
Секој ученик работи индивидуално.Наставникот координира и внимателно ги следи учениците.
Време на работа на тестот е 40 минути.
Оценувањето се врши преку изготвена бодовна листа за оценување на одговорите на тестот.
(Забелешка: примерок од тестот ќе се остави за увид во наставничкото портфолио)
Забелешки од реализацијата на темата :
Темата ќе биде успешно реализирана ако се придружуваме до наставниот план и програма,
соработка и ангажираност на учениците.

You might also like