You are on page 1of 8

ОУ ЃОРЃИ СУГАРЕВ – БИТОЛА

ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ДОДАТНАТА НАСТАВА

УЧЕБНА ГОДИНА 2017/ 2018 ГОДИНА

НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ ИСТОРИЈА ЗА VII ОДДЕЛЕНИЕ

НАСТАВНИК

Владо Кузмановски
ПРОГРАМА ЗА ДОДАТНА НАСТАВА ПО ИСТОРИЈА

VII одделение

СОДРЖИНА ВРЕМЕ НА РЕАЛИЗАЦИЈА

1)Карактеристиките на Средниот Век


2)Големата преселба на народите
3)Ширење на Исламот
4)Источно Римско царство - Византија СЕПТЕМВРИ-ОКТОМВРИ
5)Владеењето на Карло Велики
6)Државното и општественото
уредување на Византија
7)Населувањето на Словените на Балканот
8)Словенската култура и религија
9)Животот и делото на солунските браќа
Кирил и Методиј
10)Животот и делото на Климент и Наум
11)Комитопулите и Македонија во времето на
цар Самоил
12)Македонија и македонските цареви по
смртта на цар Самоил
13)Поврзаноста на Петар Делјан и Константин
НОЕМВРИ - ДЕКЕМВРИ
Бодин со царската лоза на 14)Самоил
15)Средновековни градови
16)Откривањето на Америка и првото
патување околу светот
17)Хуманизам и ренесанса
18)Пропаста на Византиската Империја
19)Државно и општествено уредување
на Османлиската држава
20)Балканските земји и Османската држава
21)Добромир Хрс
22)Добромир Стрез
23)Алексиј Слав
24)Серската држава
25)Прилепското кралство ФЕВРУАРИ - МАРТ
26)Константин и Јован Драгаш
27)Легендите за крал Марко
28)Потпаѓање на Македонија под Османска
власт
29)Македонија во XVI и XVII век
30)Колонизација исламизација на
Македонија
31)Отпорот против Османлиите АПРИЛ- МАЈ
32)Ликот и делото на Скендер-бег
33)Ликот и делото на Карпош
34)Укинување на Охридската архиепископија
35)Културата на балканските народи под
османска власт
36) Културата на македонскиот народ под
османска власт

▪ За секоја од наведените содржини е предвидено да се одржат по еден час ( вкупно 36


часа на годишно ниво)

ЦЕЛИ НА ДОДАТНАТА НАСТАВА

Учениците да го збогатат фондот на познавање на историските податоци, појави и промени


кои се однесуваат на периодот од средниот век на европската, балканската и македонската
национална историја со посебен акцент кон потребата да придонесат во изградување на
вредносен систем на однесување кон својот народ и држава, кон другите народи и држави,кон
она што представува цивилизациско постигнување во светот и во духот на граѓанските
вредности и демократија, како и да го продлабочи интересот за понатамошното изучување на
историските настани и процеси.

ОЧЕКУВАНИ ИСХОДИ

Содржина 1,2,3,4,5,6,

Применување:

Открива и објаснува: причини за големата преселба на народите, процеси


од областа на општествениот, политичкиот, културниот и социјалниот
развиток во средниот век. Истакнува: значењето на големата преселба на народите.
Илустрира: сличности и разлики помеѓу христијанската и исламската , религија,
особености на животот и културата во средниот век во Европа . Објаснува: општи
карактеристики на средниот век.

Анализа, синтеза и вреднување :

Прави проценки за: карактеристиките на средниот век. Oбјаснува: причините и


последиците од големата преселба на народите. Создава: јасна претстава за
процесот на создавање на средновековните држави (Франкската држава, Византија),
за поделбата на Христијанската црква.
Содржина 7,8,

Применување:

Открива и објаснува: Промени на Балканот по доселувањето на Словените, односи помеѓу


средновековните балкански држави Објаснува: процесот на создавање на балканските
средновековни држави

Анализа, синтеза и вреднување :

Објаснува и поврзува: Промените на Балканот по доселувањето на Словените Прави


проценки за: промените на Балканот по доселувањето на Словените, создавањето на
балканските средновековни држави, животот во средновековните градови; Објаснува:
промените на Балканот по доселувањето на Словените Создава: јасна претстава за
процесот на создавање на балканските држави

Содржина 9,10,11,12,13 и 14

Применување:

Открива и објаснува: богомилското движење; значењето на словенските просветители


св. Кирил и Методиј, Климент и Наум; Истакнува: Значењето на словенските
просветители; собеноста на Охридската архиепископија и нејзиното значење;
карактеристики на македонската средновековна држава; Илустрира: организацијата
на Охридската архиепископија; Објаснува: значењето на словенските
просветителисв. Кирил, Методиј, Климент и Наум за словенската култура и
писменост; создавањето на македонската средновековна држава, причините за
пропаѓање на Самуиловото царство;

Анализа, синтеза и вреднување :

Објаснува и поврзува: богомилското движење; појавата и развитокот на словенската


писменост и култура; значењето на Охридската архиепископија; создавањето причините
за пропаѓање на Самуиловото царство; Прави проценки за: создавањето и ширењето на
македонската средновековна држава; богомилското движење, дејноста на
словенските просветители; Објаснува: дејноста на словенските просветители;
создавањето, подемот и пропаѓањето на Самуиловото царство; значењето на
словенските просветители; пот- паѓањето на Балканот под османлиска власт;
Објаснува и поврзува: животот и делото на словенските просветители;
достигнувањата во областа на културата во Европа, Балканот и Македонија во периодот
на средниот век; значењето на Охридската архиепископија; Создава: јасна претстава за
процесот на создавање на Самоиловото царство, Охридската архиепископија;

Содржина 15,16, и 17

Применување:

Открива и објаснува: карактеристики на хуманизмот и ренесансата; значењето на


големите географски откритија; причини за создавање на
средновековните градови; Истакнува: улогата на хуманизмот и ренесансата во
средновековниот општествен живот; значењето на големите географски откритија;
Илустрира: особености на животот и културата во средниот век во Европа,
карактеристики на средновековните градови; особености на хуманизмот и
ренесансата; големите географски откритија; Објаснува: создавањето на
средновековните градови; придобивките од појавата на хуманизмот, ренесансата и
големите географски откритија;

Анализа, синтеза и вреднување:

Објаснува и поврзува: создавањето и развитокот на средновековните градови;


хуманизмот и ренесансата; прави проценки за: карактеристиките на средниот век;
животот во средновековните градови; настанокот и развитокот на хуманизмот и
ренесансата; големите географски откритија; Објаснува: создавањето на
средновековните градови; карактеристиките на хуманизмот и ренесансата; големите
географски откритија; Објаснува и поврзува: општествено-економски и културни
достигнувања на народите во Европа во периодот на средниот век; значењето на
големите географски откритија; придобивките од хуманизмот и ренесансата и
достигнувањата во областа на културата во Европа, во периодот на средниот век;

Содржина 18,19, и 20

Применување:

Открива и објаснува: односи помеѓу средновековните балкански-држави; причини за


потпаѓање на Балканот под османлиска власт; Истакнува: отпорот на
балканските народи против османлиската власт; Илустрира: сличности и разлики
помеѓу христијанската и исламската Религија Објаснува: општествени, економски,
политички и социјални промени во балканските држави и по потпаѓањето под
османлиската власт;

Анализа, синтеза и вреднување:

Објаснува и поврзува: ширење на Османлиската држава на балканските простори;


Прави проценки за: карактеристиките на средниот век; карактеристиките на
Османлиската држава; за навлегувањето на Османлиите на Балканот;
Објаснува: потпаѓањето на Балканот под османлиска власт; видови на отпор
против османлиската власт Објаснува и поврзува: движењата за отпор против
византиската и османлиската власт кај балканските народи.

Содржина 21,22,23,24,25,26,27 и 28

Применување:

Открива и објаснува:

процеси од областа на општествениот, политичкиот, културниот и социјалниот


развиток во средниот век; причини за потпаѓање на Балканот под османлиска власт;
влијанието на Османлиската империја на балканските простори; истакнува:
карактеристики на македонската средновековна држава; отпорот на балканските
народи против османлиската власт; илустрира: сличности и разлики помеѓу
христијанската и исламската религија, објаснува: општествени, економски, политички и
социјални промени во балканските држави и по потпаѓањето под османлиската
власт;

Анализа, синтеза и вреднување :

Објаснува и поврзува: ширење на Османлиската држава на балканските простори;


прави проценки за: за навлегувањето на Османлиите на Балканот; отпорот против
османлиската власт објаснува: потпаѓањето на Балканот под османлиска власт;
видови на отпор против османлиската власт; објаснува и поврзува: движењата за
отпор против византиската и османлиската власт кај балканските народи и во
Македонија;

Содржина 29,30,31,32,33,34,35 и 36

Применување:

Открива и објаснува: Влијанието на Османлиската империја на балканските простори;


отпори против османлиската власт; карактеристики на животот и културата на
Балканот и во Македонија попотпаѓањето под османлиска власт; истакнува: Отпорот
на балканските народи против османлиската власт; значењата на востанијата на
Скендер-бег и Карпош; особености на културата кај Македонците и Албанците
восредниот век; илустрира: организацијата на Охридската архиепископија; објаснува:
општествени, економски, политички и социјални промени во балканските држави и
попотпаѓањето под османлиската власт; отпори против османлиската власт кај
балканските народи.

Анализа, синтеза и вреднување :

Прави проценки за: отпорот против османлиската власт (востанијата на Скендер-бег и


Карпош); животот и културата на балканските народи под османлиска власт; објаснува:
видови на отпор против османлиската власт; културните достигнувања кај Македонците
и албанците во средниотвек; објаснува и поврзува: движењата за отпор против
византиската и османлиската власт кај балканските народи и во Македонија; создава:
Јасна претстава за Охридската архиепископија; востанијата на Скендер-бег и Карпош).

Директор Наставник:
Наташа Ставревска Владо Кузмановски

__________________________ __________________________

You might also like