You are on page 1of 14

ТЕМАТСКО РАЗВОЈНО ПЛАНИРАЊЕ

Училиште ,, СТИВ НАУМОВ ’’

Општина: БИТОЛА

Одделение: 9- то

Учебна година: 2017/18

Наставен предмет:Историја

Наслов на темата: Македонија во Втората светска војна (15) часа

Конкретни цели:

Ученикот/ученичката

 Да знаат за текот на окупацијата на Македонија и нејзината поделба на


окупациони подрачја
 Да знаат за положбата на населението во градот и селото и за неговиот
однос кон окупаторите
 Да знаат за депортацијата на Евреите од Македонија, за нивната
судбина и последиците од Холокаустот спроведен во Македонија
 Да знаат за видовите на отпор на населението
 Да знаат за платформата на одделните политички сили кон национално-
ослободителната борба македонскиот народ
 Да знаат за организирањето и почнувањето на вооруженото востание
 Да знаат за тешкотиите низ кои се развиваше НОБ во 1942/1943 година
 Да знаат за прераснувањето на вооруженото востание во сенародна
ослободителна антифашистичка борба
 Да знаат за ослободувањето на Македонија од фашистичката окупација
 Да знаат за учеството на Македонците во пробивањето на Сремакиот
фронт и осолбодителните дејствија на север од Југославија
 Да знаат за положбата на Македонците во Пиринска Македонија
 Да знаат за национално-ослободителните стремежи на Македонците и
нивната ослободителна борба
 Да знаат за положбата на Македонците под окупаторскиот режим
 Да знаат за начините на отпор и за организираната национално
ослободителана борба на Македонците
 Да знаат за учеството на Македонците во задничката антифашистичка
борба со грчкиот народ
 Да знаат за подготовките за свикување на на Првото заседание на
АСНОМ

Владо Кузмановски
 Да знаат за одлуките на Првото заседание на АСНОМ
 Да знаат за односот на меѓународната јавност кон создавањето на
македонската држава

Структура на темата
Ред. број. На
Време на
наставна Структура на темата
Реализација
содржина

1 (1 седмица) Окупација и поделба на Македонија (икт)

2 (2 седмица) Вооруженото востание во Македонија (1941)

3 (2седмица) Повторување

4 (3 седмица) НОБ во Македонија (1942-1944) (икт)


Февруари
5 (3 седмица) Ослободувањето на Македонија и
учеството на Македонците во
ослободувањето на Југославија (икт)

6 (4 седмица) Повторување

7 (4 седмица) Положбата на Македонците во Бугарија


1941-1944 година

8 (1 седмица) Положбата на Македонците во Грција 1941-


1944 година

9 (1 седмица) Повторување

10 (2 седмица) Создавњето на Македонската држава (икт)


Март
11 (2 седмица) Повторување

12 (3 седмица) Повторување на темата

13 (4 седмица) Истражување

14 (4 седмица) Истражување

15 (1 седмица) Тест Април

Владо Кузмановски
Интегрирање на часовите 1, 2 и 3, реализација (3)часа

Цели:

 Да знаат за априлската војна и поделбата на Вардарскиот дел на


Македонија од страна на Италија, Германија, Бугарија и Албанија

 Да знаат за политиката на културно-националната асимилација на


македонскиот народ во окупационите зони

 Да знаат за економската експолатација и ограбувањето, како и


наметнувањето на фашистичкиот режим во окупационите териотрии

 Да знаат за големоалбанската политика која била спроведувана на


територијата на Западна Македонија

 Да знаат за улогата на КПЈ во организирањето на НОВ во Македонија


ипроблемите кои излегуваат при организирањето

 Да знаат за начинот и формите на кои се организирал македонскиот


народ во отпорот кон окупаторскиот режим

 Да знаат за формирањето на првиот партизански одред Гоце Делчев и


почетокот на востанието во Македонија 11-12 октомври 1941 година

 Да знаат за Холокаустот во Македонија

Активности на учениците:

 Работа со учебник

 Преку бура на идеи ги изнесуваат своите познавање за состајбата на


Балканските држави во периодот на Втората светска војна

 Ја следат презентацијата на наставникот

(дигитална содржина Power Point презентација)

 Дискутираат за условите во кои се наоѓа македонскиот народ пред


почетокот на војната

 Споредуваат географски карти со исторски и ги дефинираат


окупационите зони на поделба на Македонија од страна на окупаторите

 Читаат посочени текстови од страна на наставникот и даваат свое


критичко мислење за настаните

 Прикажуваат интернет податоци, слики, фотографии од Втората светска

Владо Кузмановски
војна на (http://mk.wikipedia.org/wiki)
 Дискутираат за политиката на поделба, асимилација и ограбувањето кое
се вршело врз македонскиот народ

 Водат завршна дебата за великоалбанската и великобугарската политика


која се води во Македонија

Наставни форми и методи :

 Дијалог, демонстрација, дискусија, дебата,

 Бура на идеи, актуелизирање,

 Компаративен метод, проблематизирање,текст-метода,

 Индивидуална, работа во парови и групи

Методи за утврдување на предзнаењата :

За дијгностицирање на предзнаењата на учениците се користи дискусијата која


овозможува поврзување на стекнатите знаења.

Методи за оценување на учењето :

Постигнувањата на целите и учењето на учениците, се оценува формативно


преку разговор со учениците, усни одговори на прашања од ученици, усни
одговори поставени од страна на наставникот, усна повратна информација, чек
листи, есеи, бодовни листи.

Интегрирање на часовите 4, 5 и 6, реализација (3)часа

Цели:

 Да знаат за вооружената борба во Македонија во 1942 година и


формирањето на новите партизански одреди како и формирањето на
Главниот штаб на НОПО

 Да знаат за формирањето на КПМ во март 1943 година и нејзината улога


во организирањето на отпорот, како и Преспанското советување на КПМ
од 2 август 1943 година

 Да знаат за формирањето на поголемите воени единици, Првиот


батаљон на Славеј планина, Дебарца 18 август 1943 год. и Првата
Македонска-косовска бригада 11 ноември 1943 год.

Владо Кузмановски
 Да знаат за Манифестот на ГШ и улогата на НОБ за формирањето на
македонската држава

 Да знаат за Фебруарскиот поход и трите правци на движење на


македонските војски

 Да ги опишуваат правците на војските за време на Пролетната офанзива


и нејзиниот исход

 Да ги опишуваат завршните акции на НОВ и ПОМ, како и конечното


ослободување на Македонија

 Да знаат за ослободувањето на Југославија и учеството на Македонците


во истите

Активности на учениците:

 Преку бура на идеи ги изнесуваат своите познавање за состојбата на


Македонија во периодот на Втората светска војна

 Дискутираат за формирањето на партизанските одреди во текот на


Втората светска војна во Македонија и ниваната улога

(дигитална содржина Power Point презентација)

 Ги анализираат условите во кои се појавува КПМ во март 1943 година и


формирањето на пет оператизвни зони зна територијата на Македонија

 Споредуваат географски карти со историски и дефинираат територии

 Читаат посочени текстови од исторска читанка за Преспанското


советување од 2 август 1943 година

 Водат насочена дискусија за содавањето на македонската војска ( 18


август 1943 година)

 Хронолошки ги подредуваат настаните на ослободителна борба во


периодот од 1942-1944 година

 Преку бура на идеи ги изнесуваат своите познавање за состојбата на


Македонија и Југославија во периодот на Втората светска војна.

(дигитална содржина Power Point презентација)

 Дискутираат за целата на Февруарскиот поход ( богомилски поход) на


територијата на Македонија, вклучувајќи го и егејскиот дел на
Македонија.

Владо Кузмановски
 Ги опишуваат трите правци на дејствување на ПОМ низ цела
Македонија.

 Споредуваат историски карти со географски и дефинираат територии на


кои се одвиваат главните акции на Пролетната офанзива

 Прикажуваат интернет податоци, слики, фотографии од Втората светска


војна во Македонија на Smart Board (http://mk.wikipedia.org/wiki)
 Читаат текстови од исторска читанка поврзани со ослободувањето на
Македонија и завршните операции.

 Водат завршна дебата за учеството на Македонците во конечото


ослободување на Југославија (Вардарскиот дел на Македонија)

Наставни форми и методи :

 Дијалог, демонстрација, дискусија, дебата

 Бура на идеи, актуелизирање

 Метод на анализа

 Текст-метода

 Индивидуална, работа во парови и групи

Методи за утврдување на предзнаењата :

За дијгностицирање на предзнаењата на учениците се користи дискусијата која


овозможува поврзување на стекнатите знаења.

Методи за оценување на учењето :

Постигнувањата на целите и учењето на учениците, се оценува формативно


преку разговор со учениците, усни одговори на прашања од ученици, усни
одговори поставени од страна на наставникот, усна повратна информација, чек
листи, есеи, бодовни листи.

Владо Кузмановски
Интегрирање на часовите 7, 8 и 9, реализација (3)часа

Цели:

Да знаат за организирањето на антифашистичкиот отпор во Бугарија и


улогата на БКП и ВМРО(об) кај Македонците во Бугарија

Да знаат антифашистичките борби и начинот на организирање на


отпорот во 1943-1944 како и за посебното организирање на Македонците
во текот на самата борба ( бригадата Јане Сандански )

Да знаат за суровиот однос на Метаксасовата диктатура и асимилацијата


која се вршела врз македонскиот народ во Грција, како и за учеството на
Македонците во Грчко-италијанската војна

Да ја опишуваат територијална поделаба на Егејскиот дел на Македонија


одстрана Италија, Германија и Бугарија

Да знаат за формирањето на македонските антифашистички


органзиации МАО и СНОФ (1942-1943)

Да знаат за афирмацијата на македонските културни вредности во текот


на Втората светска војна во Грција ( јазик, фолкор, песни, весници и др.)

Активности на учениците:

 Преку бура на идеи ги изнесуваат своите познавање за состојбата на


Македонија и Бугарија во периодот на Втората светска војна

 Дискутираат за организационата поврзаноста на БКП и ВМРО (об) како


антифашистички организации и предводниц на отпрот против
фашистичкиот режим во Бугарија

 Ги опишуваат првите акции против бугарскиот фашистички режим

 Споредуваат историски карти со географски и дефинираат територии

 Читаат текстови од исторска читанка за НОВ во Бугарија 1943-1944 и


даваат свое мислење за настаните

 Одговараат и поставуваат прашања од отворен тип

 Водат завршна дебата за учествот на Македонците во ослободувањето


на Бугарија и условите во кои ќе најдат Македонците по ослободувањето

 Преку бура на идеи ги изнесуваат своите познавање за состојбата на


Македонија и Грција во периодот на Втората светска војна

Владо Кузмановски
 Дискутираат за Метаксасовата диктатура и асимилацијата која во период
1936 - 1940 била вршена врз Македонците во Грција

 Анализираат слики, фотографии, интегрални текстови поврзани со


посочената проблематика (http://mk.wikipedia.org/wiki)
 Дискутираат за учествот на Македонците во Грлко-италијанската војна

 Ја опишуваат поделбата на Егејскиот дел на Македонија острана на


Италија, Германија и Бугарија. Дискутираат за условите во кои се
појавуваат македонските ослободителни организации ( МАО во 1942 год.
и СНОФ во 1943 год.)

 Водат завршна дебата за појавата на македонски јазик во просветата,


македонските весници, фолкорни групи и др. кои позитвно влијаат врз
културните вредности на Македонцит во Грција

Наставни форми и методи :

 Дијалог, демонстрација, дискусија, дебата

 Бура на идеи, актуелизирање

 Метод на анализа

 Текст-метода

 Индивидуална, работа во парови и групи

Методи за утврдување на предзнаењата :

За дијгностицирање на предзнаењата на учениците се користи дискусијата која


овозможува поврзување на стекнатите знаења.

Методи за оценување на учењето :

Постигнувањата на целите и учењето на учениците, се оценува формативно


преку разговор со учениците, усни одговори на прашања од ученици, усни
одговори поставени од страна на наставникот, усна повратна информација, чек
листи, есеи, бодовни листи.

Владо Кузмановски
Интегрирање на часовите 10,11 и 12 реализација (2)часа

Цели:

 Да знаат за начинот на организирање на народноослободителните


одбори како нови органи на власта

 Да знаат за причините и условите во кои се појавува дејствувањето на


Инцијативниот одбор за свикување на АСНОМ

 Да знаат за условите и одлуките на истиот како камен темелник на


современата Македонска држава на историскиот датум 2 август 1944
( Св. Прохор Пчински, кај Куманово), присуствот на делегати од сите
делови на Македонија

 Да знаат за содавањето на Македонската држава и нејзините највисоки


органи, афимацијата на совремниот македонски јазик и улогата и
заслугата на првиот претседател на Македонија, Методија Андонов –
Ченто

 Да знаат за формирањето и улогата на првата македонска влада од 16


април 1945 година

Активности на учениците:

 Ги изнесуваат своите познавање за состојбата на Македонија во


периодот на Втората светска војна

(дигитална содржина Power Point презентација)

 Дискутираат за создавњето на првите органи на власта,


народноослободителните одбори и функционорањето на истото

 Дискутираат за условите во кои се појавува Инцијативниот одбор за


свикаување на АСНОМ( ноември 1943 ) и сосотојбата на Балканот како и
на светско ниво во времето во кое се одржува истото, односно 02.08.
1944 Св. Прохор Пчински кај Куманово

 Ги опишуваат условите во кои се конституира современата Македонска


држава, македонскиот народ, како и ликот и делото на првиот
претседател на Методија Андонов-Ченто

 Водат завршна дебата за самостојноста и независноста на македонското


раковдство од раководставото на ДФРЈ во однос на формирањето на
Првата Македонска влада на 16 април 1946 година.

Владо Кузмановски
Наставни форми и методи :

 Дијалог, демонстрација, дискусија, дебата

 Бура на идеи, актуелизирање,текст-метода

 Индивидуална, работа во парови и групи

Методи за утврдување на предзнаењата :

За дијгностицирање на предзнаењата на учениците се користи дискусијата која


овозможува поврзување на стекнатите знаења.

Методи за оценување на учењето :

Постигнувањата на целите и учењето на учениците, се оценува формативно


преку разговор со учениците, усни одговори на прашања од ученици, усни
одговори поставени од страна на наставникот, усна повратна информација, чек
листи, есеи, бодовни листи.

Интегрирање на часовите 13,14 и 15 реализација (3)часа

Цели:

 да знаат за почетокот и условите поради кои македонскиот народ бил


втурнат во Втората светска војна

 да знаат за новата поделба на македонскиот народ од страна


окупаторите и политиката економско експлоатирање, како и за
денационализација и асимилација која била вршена врз истиот

 да усвојат суштински и трајни знаења за НОБ во Македонија, начинот на


организирање, улогата на КПЈ и почетокот на ослободителната борба од
11 октомври 1941

 да знаат за формирањето на воените единица на ПОМ во текот на 1941-


1942 год., како и за формирањето на КПМ и нејзината улога во
организирањето на ослободувањето

 да знаат за Препанското советување од 02. 08. 1943 год. и формирањето


на првата поголема воена единца батаљонот Мирче Ацев 18.08. 1943
год. како и формирањето на новите органи на власт

Владо Кузмановски
 да знаат за Февруарскиот поход и пролетната офанзива од 1941 година
и правците на делување на ПОМ

 да знат за ослободувањето на Македонија и учеството на Македонците


во ослободувањто на Југославија

 да знаат за положбата на Македонците во Бугарија и Грција во текот на


војната, специфичните услови во кои се нашол поделениот македонски
народ како и за неговото орагнизирање во текот на Втората светска
војна врз национална основа

 да знаат народноослободителните одбори како органи на власта,


дејноста на иницијатаивниот одбор за свикаување на АСНОМ, како и за
неговото одржување на 02. 08. 1944 година.

 Да знаат за улогата и дејноста првиот претседател на Македонија,


Методија Андонов – Ченто, формирањето на првта македонска влади и
констуирањето на современта Македонска држава воопшто

Активности на учениците:

 Одговараат на прашања подготвени од наставникот

 Анализираат слики, фотографии, исторски карти од Македонија во


Втората светска војна

 Анализираат делови од тесктови

 Хронолошки ги подредуваат настаните од почетокот на востанието 11


октомври 1941 год. до формирањето на Првата македонска влада 16
април 1945 год. (изработуваат хронолошка таблица)

 Изработуваат Т- табела каде ги запишуваат сличностите и разликите на


НОБ во Вардарскиот, Пиринскиот и Егејскиот дел на Македонија

 Водат завршна дискусија за ликот и делото на Методија Андонов – Ченто

 Пимено одговараат на парашања подготвени од страна на наставникот

 Учениците учествуваат во акциско истаржување кое опфаќа примена


ИКТ во самиот тек на наставата.
 По претходно добиена насока учениците од секоја група (поделени во 4-
5 групи на ученици) избираат подрачје за истражување повразно со
Втората светска војна во Македонија.
 На секоја група и е дозволено да истаржува изборна содржина
 По претходно добииени насоkи и задачи селектираат податоци од

Владо Кузмановски
посочените линкови ( 1)http://mk.wikipedia.org/wiki/ 2)Wapedia - Wiki: Втора
светска војна,Македонија) кои ги доставуваат до наставникот кој ги
насочува во понатамошната работа.
 Пред почетокот на истражувањето на учените име е доставена бодовна
скала по која иситите ќе бидат оценувани.
 На првиот од двата предвидени наставни часа учениците учествуваат во
дефинирање на изгледот на презентација ( Power Point) и усогласување
на податоците и самиот тек на презентацијата
 Групни и поединечни презентации во Power Point / Impress.

Наставни форми и методи :

 Дијалог, демонстрација, дискусија, дебата

 Бура на идеи, актуелизирање,текст-метода

 Индивидуална, работа во парови и групи

Методи за утврдување на предзнаењата :

За дијгностицирање на предзнаењата на учениците се користи дискусијата која


овозможува поврзување на стекнатите знаења.

Методи за оценување на учењето :

Постигнувањата на целите и учењето на учениците, се оценува формативно


преку разговор со учениците, усни одговори на прашања од ученици, усни
одговори поставени од страна на наставникот, усна повратна информација, чек
листи, есеи, бодовни листи.

Средства и материјали за работа:

Училница, учебник по историја, историска читанка, илустрирана историска


енциклопедија, карта на Светот, Европа и Македонија,фотографии, компјутер,
видео бим

Корелација :

Географија, македонски јазик, ликовно образование

Владо Кузмановски
Средства и материјали за работа:

Училница, учебник по историја, историска читанка, илустрирана историска


енциклопедија, карта на светот, европа, балканот и Македонија, историски
атлас, фотографии, слики, документарни филмови,видео бим и компјутер.

Корелација :

Географија, македонски јазик, ликовно образование, граѓанско образование

Средстава и постапки на вреднување:

Постигнувањата на целите и учењето на учениците,се оценува формативно


преку разговор со учениците,усни одговори на прашања од ученици,усни
одговори поставени од страна на наставникот,усна повратна информација,чек
листи,есеи,бодовни листи.

На крајот од наставната тема можна е писмена проверка на знаењето на


учениците(во вид на тест) кој ќе помогне во нивното сумативно
оценување.Есеите и проектните активности изработени вон часот се
вреднуваат формативно но и тие помагаат во оформувањето на сумативната
оценка.

Очекувани исходи:

Да знаат за поделбата на Македонија на окупациони зони и


организирањето на фашистичка власт во истата. Ги објаснуваат
великоалбанската и великобугарската пропаганда на територијата
на Македонија, како и културно-просветната пропаганда која била
вршена врз македонскиот народ. Ја опишуваат улогата на КПЈ и
останатите комунистички парти на Балканот во задничаката борба
со македонскиот народ против фашистичкиот окупатор. Знаат за
начинот и формите на отпор на кои се органзирал народот. Знаат за
формирањето на партизанските воени единици и почетокот на
востанието од 11 октомври 1941 година. Ги објаснуваат настаните
од Холокаустот во Македонија. Знаат за условите во се формирала
КПМ ( 19 март 1943 г.) и за нејзиното Преспанско советување од 02.
08. 1943 г.. Го опишуваат на македонската војска,односно создавњето
на првиот батаљон Мирче Ацев 18. 08. 1943 г. како и првата
македонско-косовска бригада во ноември 1943 г. Ги опишуваат
Февруарскиот поход и Пролетната офанзива како и конечното
ослободување на Македонија, набројувајќи најважните акции и правци
на Македонската војска.Знаат за учествот на македонските воени
единици во конечното ослободување на Југославија.Ги објаснуваат
условите во кои се нашол македонскиот народ во Пиринскиот дел на
Македонија во Втората светска војна, како и улогата на БКП и
членовите на ВМРО (об) во неговот органзирање против

Владо Кузмановски
фашистичкиот режим. Ги објаснуваат најважните настани од
ослободителната борба во Пирнскиот дел од Македонија во периодот
1943-1944 г.. Знаат за репресивните и асимилаторски мерки на
Метакссаовата диктатура која била спроведувана врз македонскиот
народ во Грција, како и за неговото учество во Грчко-италијанската
војна. Знаат за поделбата на Егјскиот дел на Македонија на
окупациони зони и создавњето на отпорот против истите. Ги
набројуваат создавањето на МАО и СНОФ како македонски воени
формации во Грција, како и културната афирмација во текот на
самата војна. Да знаат за Инцијативниот одбор за свикување на
АСНОМ и неговото одржување на 02. 08. 1944 г. Св. Прохор Пчински,
кај Куманово. Да знаат за одликуите од АСНОМ со кои се создава
современта Македонска држава. Да знаат за ликот и делото на
првиот македонски претседател Методија Андонов Ченто, како и за
Првата македонска влада од 16 април 1945 г.

Директор Наставник:

Маре Жежовска Трајковски Владо Кузмановски

__________________________ __________________________

Владо Кузмановски

You might also like