You are on page 1of 10

ТЕМАТСКО РАЗВОЈНО ПЛАНИРАЊЕ

Училиште “Тошо Велков- Пепето”

Општина Кавадарци

Одделение 6 (шесто ) учебна 2021/22

Наставен предмет: ИСТОРИЈА

Наслов на темата Балканот во Стариот Век (12 часа)

Конкретни цели:

Ученикот/ученичката
 Учениците да знаат да ги разликуваат специфичностите на балканските
народи во најстариот период
 Да научи каде се наоѓа Хелада, Спарта и Атина, за нивните племенски
заедници и сојузи
 Да дознаат за создавањето на градовите-држави, за хеленската
колонизација и Атинското општествени уредување
 Да осознаат за постанокот и општественото уредување на Спарта како и
спартанското воспитување
 Да научат за верувањето на старите Грци, нивната митологија,
книжевност, театар, архитектура, уметност и наука
 Да дознаат за илирските племиња и нивниот племенски живот
 Да осознаат за Илирските кралства, за јазикот и културата на Илирите
Структура на тематската целина

Ред.број на Време на
наставната Структура на темата реализација
содржина

1 (2 седмица) Хелада (икт)


2 (2 седмица) Повторување
3 (3 седмица) Спарта (икт) Ноември
4 (3 седмица) Атина (икт)
5 (4 седмица) Повторување
6 (4 седмица) Културата на Хелените (икт)
7 (1 седмица) Повторување
8 (1 седмица) Илири (икт)
9 (2 седмица) Илирски Кралства Декември
10 (2 седмица) Тест
11 (3 седмица) Културата на Илирите (икт)
12 (3 седмица) Повторување на темата

Интегрирање на часови: 1,2, реализација (2) часа


Цели:
o Да знаат за природните услови и население на Хелада

o Да научат за првите племиња што ја населиле Хелада и нивната култура


наречена Микенска Култура
o Да знаат за другите племиња во Хелада познати под името Хелени

o Да се запознаат со Хомер и неговите дела кои важат за најверодостојни


извори од тоа време
o Да знаат за Илијада и Одисеја и што се раскажува во нив

o Да знаат што значи зборот колонизација, кој ја почнал и кој места биле
колонизирани од хеленските племиња
o Да осознаат за создавањето на градовите –држави и нивното
општествено уредување
o Да ги утврдат знаењата за природните услови и животот во Хелада

Активности на учениците:

 Ја слушаат презентацијата на наставникот и ја набљудуваат картата на


Балканскиот полуостров

 Прават споредба меѓу природните услови во земјите на Стариот Исток и


оние на Хелада
 http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%B0_
%D0%93%D1%80%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0 “Стара Грција“

 Дискутираат за настаните кои се случуваат во Илијада и Одисеја и


истражуваат зошто Ахил бил ранлив само во петицата и како се вика таа
човечка слабост

 Дебатираат зошто времето од 12 до 8 век пред н.е го нарекуваме


Хомерово време

 Дискурираат зошто во колонизацијата најмногу учествувале селаните и


ги набљудуваат правците на колонизацијата

 Дискутираат за изгледот на градовите-држави во Хелада и нивното


државно уредување.
Наставни форми и методи :
 Дебата, дијалог, демонстрација, дискусија
 бура на идеи, проблематизирање, актуелизирање
 текст-метода, веново дијаграм, Т-метода
 индивидуална, работа во групи и парови

Методи за утврдување на предзнаењата :


За дијгностицирање на предзнаењата на учениците се користи дискусијата која
овозможува поврзување на стекнатите знаења.
Методи за оценување на учењето :
Постигнувањата на целите и учењето на учениците, се оценува формативно
преку разговор со учениците, усни одговори на прашања од ученици, усни
одговори поставени од страна на наставникот, усна повратна информација, чек
листи, есеи, бодовни листи.
Интегрирање на часови: 3, 4 и 5, реализација (3) часа
Цели:
o Да знаат за формирањето на Спарта и нејзината местоположба

o Да научат за поделбата на населението и нивната опшествена


хиерархија
o Да осознаат за нејзиното државно уредување, владеењето на двата
крала и улогата на Советот на старците и народното собрание
o Да научат за воспитанието на младите деца

o Да научат што означува поимот лаконски

o Да знаат за местоположбата на полисот Атина

o Да научат за општествената поделба на населението и нивните обврски

o Да се запознаат со новиот збор демос и неговото значење


o Да научат за државното уредување на Атина, за кралот, советот на
старешини, народното соврание и советот на девет архонти
o Да научат за борбата на демосот за остварување на своите права и
реформите кои се случуваат во Атина
o Да научат за Атина во времето на Перикле, период во кој Атина го има
најголемиот напредок станувајки најсилен полис во тој дел од Европа
o Да научат за ривалството помеѓу Атина и Спарта, нивните поморски
сојузи и текот на Пелопонеската војна
o Да ги утврдат знаењата за градовите полосо Атина и Спарта

Активности на учениците:

 Ја слушаат презентацијата на наставникот за местоположвата на


државата Спарта

 Дискутираат за хиерархиската поделеност на населението , нивните


обврски и права
 http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0%BF
%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%B0 “Спарта“

 Дебатираат за државното уредување на Спарта, за улогата на двата


кралеви, советот на старците и народното собрание

 Опишуваат за воспитанието на машките деца и на женските и


дискутираат која било целта на таквото воспитание.

 Слушаат и набљудуваат во картата

 Дискутираат за поделбата на населението и обврските кои ги имале

 Дебатираат за државното уредување во првите години од формирањето


на Атина
 http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%90%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0
“Атина“

 Дискутираат за причините за избувнување на незадоволството на


демосот од државното уредување во Атина

 Опишуваат за уредувањето кое било воведено во Атина после


реформите на Клистен

 Дискутираат и прават разлика помеѓу уредувањето на Спарта и на Атина


и составуваат венов дијаграм за Спарта

 Објаснуваат зошто се формираат воено- политички сојузи во хелада,


дискутираат за текот и последиците од Пелопонеската војна
 Воочуваат некои разлики помеѓу еѓипетската држава и државите на
Хелените
Наставни форми и методи :
 Дебата, дијалог, демонстрација, дискусија
 бура на идеи, проблематизирање, актуелизирање
 текст-метода, веново дијаграм, Т-метода
 индивидуална, работа во групи и парови

Методи за утврдување на предзнаењата :


За дијгностицирање на предзнаењата на учениците се користи дискусијата која
овозможува поврзување на стекнатите знаења.
Методи за оценување на учењето :
Постигнувањата на целите и учењето на учениците, се оценува формативно
преку разговор со учениците, усни одговори на прашања од ученици, усни
одговори поставени од страна на наставникот, усна повратна информација, чек
листи, есеи, бодовни листи.

Интегрирање на часови: 6, 7, реализација (2) часа


Цели:
o Да знаат за развојот на културата на Хелените како една од најбогатите
и највлијателните култури во Европа
o Да знаат за улогата на книжевноста и театарот во животот на Хелените,
за делата на поетот Хомер
o (дигитална содржина Power Point презентација)

o Да научат за развојот на филозофијата и науката, за најголемите


филозофи чии дела и ден денес се читаат и прераскажуваат, за Херодот
како ,, татко на историјата”
o Да се запознаат со уметничките дела и градби на хеленските мајстори

o Да научат за верувањето на Хелените, нивната митологија и религија, за


почетоците и развојот на олимписките игри
o Да ги утврдат знаењата за културата на Хелените

Активности на учениците:

 Дискутираат за изгледот на амфитеатрите, за актерите и нивните маски


кои биле направени од камен, објаснуваат како настанал театарот

 Дебатираат за филозофите и нивните дела кои се познати и ден денес

 Ги набројуваат најпознатите вајарски дела на Хелените


 Објаснуваат што значат зборовите мит и митологија и ги набројуваат
боговите во кои верувале Хелените

 Прават краток опис на изгледот на олимписките игри и истражуваат кога


биле обновени и кога се одржаа последните олимписки игри во овој век
Наставни форми и методи :
 Дебата, дијалог, демонстрација, дискусија
 бура на идеи, проблематизирање, актуелизирање
 текст-метода, веново дијаграм, Т-метода
 индивидуална, работа во групи и парови

Методи за утврдување на предзнаењата :


За дијгностицирање на предзнаењата на учениците се користи дискусијата која
овозможува поврзување на стекнатите знаења.
Методи за оценување на учењето :
Постигнувањата на целите и учењето на учениците, се оценува формативно
преку разговор со учениците, усни одговори на прашања од ученици, усни
одговори поставени од страна на наставникот, усна повратна информација, чек
листи, есеи, бодовни листи.

Интегрирање на часови: 8, 9, и 10 реализација (3) часа


Цели:
o Да се запознаат за племето Илири и нивната територија и местоположба

o Да знаат како го добиле името и кој се најпознати илирски племиња

o Да научат за племенското уредување на Илирите и нивните обичаи

o Да знаат со што се занимавале Илирите и зошто правеле распределба


на земјата
o Да научат за хеленските колонии кои биле формирани на Јадранскиот
брег и градските населби на Илирите
o Да знаат за здружувањето на илирските племиња кога имало некоја
опасност, за племенските сојузи кои прераснувале во кралства на чело
со кралеви
o Да знаат за најстарото кралство, од кој век датира, неговата
местоположба и најпознати кралеви
o Да научат за кралството на Таулантите, нивните кралеви, местоположба
и нивните освојувачки походи
o Да осознаат за најпознатото кралство на Илирите, кралството на
Ардиеите, за времето на кралот Агрон, за нивната престолнина градот
Скадар, за нивната најенергична кралица Теута и нејзините гусарски
напади на римските трговски бродови, за подпаѓањето на кралството на
Ардиеите под Римска власт
o Да ги утврдат знаењата за илирските кралства

Активности на учениците:

 Ја набљудуваат картата на Балканскиот Полуостров и ги посочуваат


териториите каде живееле илирските племиња.

 Ги набројуваат илирските племиња и кои држави денес се наоѓаат на тој


простор

 Дискутираат за племенското уредување на Илирите и нивните


старешини

 (дигитална содржина Power Point презентација)

 Дискутираат за причините за распределувањето на земјата на секој осум


години

 Објаснуваат која е разликата помеѓу хеленските колонии и градските


населби на Илирите

 Ја слушаат презентацијата на наставникот за илирските царства, за


нивните обичаи, освојувачки походи, територии и кралеви

 Наведуваат кога било создадено илирското кралство на кралот Граб

 Објаснуваат за владеењето на кралицата Теута

 Истражуваат што е тоа гусарење и која била целта на гусарските напади


на Илирите

 Ги набројуваат позначајните илирски владетели

 Составуваат Т- табела каде на едната страна ќе бидат наведени


кралствата на Илирите, а на другата страна нивните владетели
Наставни форми и методи :
 Дебата, дијалог, демонстрација, дискусија
 бура на идеи, проблематизирање, актуелизирање
 текст-метода, веново дијаграм, Т-метода
 индивидуална, работа во групи и парови

Методи за утврдување на предзнаењата :


За дијгностицирање на предзнаењата на учениците се користи дискусијата која
овозможува поврзување на стекнатите знаења.
Методи за оценување на учењето :
Постигнувањата на целите и учењето на учениците, се оценува формативно
преку разговор со учениците, усни одговори на прашања од ученици, усни
одговори поставени од страна на наставникот, усна повратна информација, чек
листи, есеи, бодовни листи.
Интегрирање на часови: 11 и 12, реализација (2) часа
Цели:
o Да научат за културата на Илирите, како таа се развила и под кое
влијание
o Да знаат за негувањето на Култовите како што биле Сонцето, змијата, за
нивната почит спрема шумите, реките, водата
o Да се запознаат со религијата на илирските племиња, за нивното
многубоштво и нивните најпознати богови
o (дигитална содржина Power Point презентација)

o Да осознаат за верувањето во задгробен живот и изгледот на нивните


гробници
o Да научат за најпознатите илирски градови и нивниот изглед, за
најпознатиот град Билис
o Да знаат за остатоците од материјалната култура, за главните центри на
културата Дирахион и Аполонија
o Да ги утврдат знаењата за Илирската култура, за нивните култови и
религија
o Да ги утврдат знаењата за целата тематска единица, писмено
проверување на знаењата на учениците
Активности на учениците:

 Дискутираат за културата на Илирите, под кое влијание таа се развила

 Објаснуваат за верувањето во култови и ги набројуваа најпознатите


култови кај илирските племиња

 Изработуваат Т-табела каде на едната страна ги запишувааат илирските


богови а на другата страна запишуваат на што биле заштитници тие
богови

 Дискутираат за изгледот на илирските градови посебно за најубавиот од


нив, градот Билис

 Дискутираат и објаснуваат кои материјални остатоци ни зборуваат за


културата на Илирите

 Ги утрдуваат знаењата за целата тематска единица со пополнување на


тест даден од страна на наставникот
Наставни форми и методи :
 Дебата, дијалог, демонстрација, дискусија
 бура на идеи, проблематизирање, актуелизирање
 текст-метода, веново дијаграм, Т-метода
 индивидуална, работа во групи и парови

Методи за утврдување на предзнаењата :


За дијгностицирање на предзнаењата на учениците се користи дискусијата која
овозможува поврзување на стекнатите знаења.
Методи за оценување на учењето :
Постигнувањата на целите и учењето на учениците, се оценува формативно
преку разговор со учениците, усни одговори на прашања од ученици, усни
одговори поставени од страна на наставникот, усна повратна информација, чек
листи, есеи, бодовни листи.
Средства и материјали за работа:
Училница,учебник по историја, историска читанка, историски атлас,
илустрирана историска енциклопедија, книга Митолошки лексикон, карта на
Светот, Македонија и Балкански полуостров, видео бим, компиутер
Средства и постапки за вреднување:
Постигнувањата на целите и учењето на учениците се оценува формативно
преку разговор со учениците,усни одговори на прашања од ученици,усни
одговори поставени од страна на наставникот, усна повратна информација . На
крајот од наставната тема можна е писмена проверка на знаењата на
учениците кој ке помогне во нивното сумативно оценување. Есеите и
проектните активности изработени вон часот се вреднуваат формативно но и
тие помагаат во оформувањето на сумативната оценка
Очекувани исходи:
 Учениците знаат за природните условии население на Хелада, знаат
за најстарите и најпознатите племиња кој биле населени во Хелада,
Знаат за најверодостојнот извор за историјата на Хелада, поетот
Хомер, знаат за неговите најпознати дела еповите Илијада и Одисеја,
знаат што значи зборот колонизација и зошто настанала
колонизацијата и кој ја започнал, знаат за најпознатите градови-
држави(полиси) во Хелада, за најакиот полис Спарта, од кој била
формирана и во која област се наоѓал градот Спарта, знаат за
опшествената поделбата на населението, знаат за државното
уредување, за воспитанието на младите и зошто таа била
најсилниот полис во Хелада, знаат за природните и географските
услови на Атина, знаат за причините, текот и крајот на
Пелопонеската војна, знаат за културата, развојот на филозофијата
и науката, уметноста, религијата на Хелените, знаат за
олимписките игри, знаат за Илирските племиња, за нивното
уредување и стадиум на култура, прават разлика помеѓу хелените и
илирските племиња, знаат за кралството на Таулантите , на
Ардиеите и нивните кралеви, знаат за пропаѓањето на Илирите под
Римска власт, знаат за нивниот начин на живот култура и религија.

НАСТАВНИК Мики Камчевски

You might also like