You are on page 1of 9

Спорот за името меѓу Грција и Македонија

ЕТНОГЕНЕЗАТА НА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ


И ПОТЕКЛОТО НА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА207

– Професорке Проева, кажете ни, најпрво, нешто повеќе за етногене-


зата на античките Македонци, и за нивното поврзување со Словените?
Проева: За поврзувањето на античките Македонци со Словените сé
уште не се знае многу. Тоа е заедничка работа на истражувачите на антиката
и на оние кои го проучуваат Средниот век, и тоа повеќе на вториве. Како и да
е, постојат некои стари теории дека античките Македонци најпрвин биле хе-
ленизирани, а потоа романизирани, та кога дошле Словените, од нив како Ма-
кедонци веќе не останало ништо. Но, ова гледиште не е точно. Пред сé, хеле-
низацијата и романизацијата не значат и денационализација, не значат и це-
лосно губење на идентитетот. Тоа било, всушност, мода, начин на живот: де-
нес, на пример, сите носиме фармерки, што не значи дека сите сме Американ-
ци. Всушност, тука станува збор за прифаќање на определен начин на облеку-
вање, како и на латинскиот јазик. Тој тогаш бил широко распространет и го
користеле сите кои сакале да направат кариера, како и оние кои работеле во
администрацијата - сите пописи, сите документи биле на латински. Долго
време се мислеше дека, со прифаќањето на римската религија, античките Ма-
кедонци биле претопени. По Втората светска војна, се мислело дека во трети-
от век, кога Римското Царство слабее, се јавува една реакција, та оттаму и
враќање кон автохтоната религија. Но, ова исто така не е точно. Постои еден
натпис, надгробен споменик на двомесечно бебе, токму од третиот век од на-
шата ера. На него е запишано дека бебето било „со македонски глас“, т.е. ја-
зик. Сега, двомесечно бебе не зборува ниту македонски ниту грчки, туку гуга
бебешки. Единствено е можно на овој начин да бил означен родот, т.е. етнич-
ката припадност на бебето. Според тоа, ако биле изгубени и исчезнати Антич-
ките Македонци... И Словените, кога дошле, не можеле никого и ништо да
истребат со силата на оружјето, најмалку еден цел народ. За тоа сме сведоци
207
Интервјуто со д-р Наде Проева го направивме на 23 април 2002 година, во нејзиниот
кабинет, на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје. Таа
е професор по предметите: Историја на Aнтичка Македонија и Историја на Стариот век и
високо ценет познавач на античка Македонија. Автор е на делата: Студии за Античките
Македонци и Историја на Аргеадите. Нејзиниот став во врска со прашањето за
македонскиот идентитет ни беше многу важен. Нејзината срдечност и подготвеноста
отворено да зборува за овој проблем ни помогнаа да се нурнеме во светот на античката
историја, барем за миг да ја допреме вистината која многумина ни ја оспоруваат, да откриеме
капка надеж дека фактите се на нашата страна и дека тие треба да бидат нашето единствено
оружје во борбата за зачувување и признавање на нашиот идентитет. Во дискусијата
учествуваа нејзиниот асистент Воислав Саракински и магистерот по Историја на
балканските народи (Нов век) - Далибор Јовановски.

- 122 -
студентски проект

и ние - цел народ не може да се истреби, дури ни со денешни, најсовремени


средства. Земете го за пример, убивањето на Евреите од страна на фашистите
- сепак не успеале да ги сотрат. Всушност, може да дојде до миграција, насил-
но населување, заземање територии, меѓутоа, луѓето не можат целосно да би-
дат уништени. Сакале или не, тие подоцна се мешаат меѓусебно, си помагаат,
тргуваат итн. Во нашата култура има многу елементи кои допираат до антич-
ка Македонија. За жал, ние немаме стручни лица, кои ќе го испитуваат тоа.
Јас сум првиот и единствен доктор на науки што се занимава со оваа пробле-
матика.
Саракински: Впрочем, фактите за кои зборува професорката се по-
тврдени и во византиските извори, во кои се спомнува дека, по населувањето
на Словените, Македонците се повлекле во клисурите.
Проева: Да, тие во првиот налет се повлекуваат на повисоки и поза-
штитени места. Поради ова, пак, сега еден дел од Власите се удира в гради
дека, всушност, Власите биле директни наследници на античките Македонци.
Ви се молам, не постојат директни наследници на античките Македонци. Ни-
ту Грците не се нивни директни наследници. Тие антички народи, такви ка-
кви што биле тогаш, се исчезнати. Најпосле, јазикот на Власите укажува дека
нивните предци зборувале на некој од многуте разграноци на вулгарниот ла-
тински. Кога би биле Македонци, јазикот несомнено би бил поинаков.
– Грчкиот „историчар“ Евангелос Кофос вели дека Јосип Броз - Тито
го создал македонскиот идентитет, вклучувајќи ги државата, јазикот, цр-
квата и историјата. Кој е Вашиот став за тоа тврдење?
Проева (подзамислувајќи се дали Кофос е историчар или политичар):
Пред сé, една работа е многу важна: не постои вештачки народ. Постојат ис-
чезнати народи, односно претопени, асимилирани, народи врз кои бил извр-
шен геноцид, меѓутоа, нема вештачки народ. Кој е тој народ, направен со де-
крет од власта? Такво нешто дефинитивно не постои. Тито и КПЈ го признаа
македонскиот народ, но не го создадоа. Такво нешто не е можно.
Саракински: Еден од адутите на Кофос е тоа што македонскиот јазик
беше стандардизиран релативно доцна. Но, дали тоа значи дека е измислен?
На пример, денес во Израел се зборува хебрејски, но, во мугрите на совреме-
ната израелска држава, доселеното население зборувало на јидиш, сефардски,
ладино, и низа други локални европски, меѓусебно неразбирливи, еврејски
наречја. По државна програма, обновен е хебрејскиот јазик од Стариот завет.
Всушност, ете, и хебрејскиот, значи, не е туку-така измислен. Како и да е, да-
ли тоа значи дека Евреите се народ измислен во четириесеттите години на
минатиот век!?
Проева: Секако, проблемот со нашиот јазик е што не беше нормиран
пред да имаме држава. Меѓутоа, тој постоеше. Како контра-аргумент, ќе Ви
кажам дека, сè до Граѓанската војна во Грција, единствена грчка партија што
ги признаваше Македонците во грчкиот дел на Македонија беше - Комуни-
стичката партија. Значи, пред Тито, пред Втората светска војна, КП на Грција

- 123 -
Спорот за името меѓу Грција и Македонија

ги признаваше Македонците, во рамките на својата држава (револтирано,


критички настроена). Дали и таму Тито ги измисли Македонците?! Вистина-
та е дека, откако Грција ги доби тие територии со Букурешкиот мировен до-
говор, Друштвото на народите, како претходник на ООН, $ наложи да се гри-
жи за правата на малцинствата. Во тој период беше направен „Абецедар“ за
македонските училишта. Додуша, Грција, од чисто политички причини, го от-
печати на латиница и не го пушти во употреба. За овој проблем пишуваше
Воислав Кушевски, та можете да се повикате и на неговите научни трудови.
– Кофос вели дека Грците во Република Македонија имаат некакво
културно наследство врз кое имаат право. Кој е Вашиот став?
Проева (го повишува тонот на гласот): Тоа не е точно! Грците нема-
ат никакво право на културното наследство кај нас, впрочем јас тоа го кажав
и во мојата статија во „Форум“. Во Извештајот на МКГ се зборува за грчка
традиција и грчко наследство - но, традиција е едно, а наследство е нешто со-
сема друго. Во Извештајот се вели - да ја чуваме грчката традиција! Та тука
нема грчка традиција. Нашите баби не нè заспивале ниту со Илијадата, ниту
со Одисејата, ниту со песни за грчките андарти. Значи, ние треба допрва да
учиме грчки? Што се однесува до грчкото културно наследство, тие се потпи-
раат врз проблемот со етничката припадност на античките Македонци, кој во
науката, според некои, сè уште не е решен. Еве во што е проблемот. До Вто-
рата светска војна, постоеја малку извори на кои ние, научниците, можевме
да се повикаме, та затоа се мислеше дека античките Македонци биле Грци.
Додуша, пред тоа постоеја и теории дека биле Илири, меѓутоа поради зајак-
нувањето на Грција и на низа други ненаучни фактори, се постави ставот дека
античките Македонци биле Грци. По Втората светска војна, кога драстично
се зголеми бројот на пронајдените извори, почна да се пројавува мислењето
дека античките Македонци не биле Грци.
Саракински: Да, но секогаш треба да се имаат на ум политичките од-
носи. Секој искажан став на некој научник има определена доза на политичко
премерување. Така, дури и оние научници кои, по Втората светска војна, твр-
деа дека античките Македонци не се Грци - не го правеа тоа гласно и отворе-
но.
Проева: Да, има многу кокетирање. Има научници кои, ако отворено
ја застапуваат тезата дека античките Македонци не се Грци - никогаш нема да
стапнат на грчка почва! Па, знаете ли што значи за еден античар да не може
да стапне на грчка почва - да не може да истражува? На пример, Клод Рове е
врвен стручњак за античка бронза. Тој учествуваше во откривањето на некро-
полата во Синдос кај Солун, каде што беше пронајдена материјална култура
еднаква со онаа во гробовите кај село Требеништа, Охридско. За да поврзам,
гробовите во Требеништа се пронајдени во текот на Првата светска војна од
страна на бугарските војници, кои копале ровови. Златните маски што ги про-
нашле, биле однесени во Софија. Кога, подоцна, таа територија потпаднала
под српска власт, уште две пронајдни маски биле однесени во Белград. Важна

- 124 -
студентски проект

е уште една работа - кога беше пронајдена некрополата кај Требеништа, такво
нешто не беше пронајдено ниту кај Грците, ниту кај Тракијците, ниту кај Ма-
кедонците, та бидејќи наодот се наоѓаше близу границата на античка Македо-
нија и Илирија, научните кругови тврдеа дека некрополата е илирска. Но, по
ископувањата кај Синдос, Клод Рове истакна дека се пронајдени предмети
кои, по своите карактеристики, се разликуваат од грчките. Како реагираше
грчката држава? Така што подоцна не сакаше да му даде дозвола за истражу-
вање. Грците, едноставно, ја заговараат тезата дека античките Македонци се
Грци и се нејзини први гласноговорници. И Албанците се повикуваат на за-
старената теза дека тие се директни потомци на Илирите. Но, тоа тврдење, ка-
ко впрочем и она дека Западна Македонија им припаѓала на Илирите, а ние,
„Словените“, сме им ја зеле во VI-от век, апсолутно не е точно. Како прво, јас
прва во науката докажав, а до денес никој не го побил тоа, дека во западниот
дел на денешна Македонија живеело македонското племе Дасарети. Друго,
уште поголеми и поважни се материјалните и културните докази. Кога има
такви докази во срцето на античка Македонија, а истовремено и на границата
на Македонија (тие гранични области потпаѓале некогаш под илирска, а неко-
гаш под македонска власт) - евидентно е нивното македонско потекло.
Саракински: Она што пречи е первертираниот однос кон античкото
културно наследство, особено што ваквиот однос се спроведува во име и од
страна на Грција. Проблемот може да се разгледува на две нивоа. Прво, спо-
ред нив, секаде каде што постои, или каде што ќе биде пронајден дорски или
јонски столб, е Хелада...
Проева: Да, но што станува тогаш со грчките колонии во јужна Ита-
лија, на Сицилија? Што е со Масалија, денешен Марсеј, кој исто така бил грч-
ка колонија? Како е можно таму воопшто да не се третира прашањето за грч-
ко културно наследство?
Саракински: ... и второ, тоа што е во границите на денешна Грција, е
проблем на Грција. Со други зборови, тие имаат моќ да решаваат колку све-
тот ќе се занимава со таа наука. Даваат или не даваат виза, или дозвола за
истражување, ако не им се допаѓа толкувањето, истражување може и да нема.
Друго прашање е дали домашните, грчки истражувачи можат рамноправно да
ги заменат европските или американските. Но ете, тој режим на визи и дозво-
ли е очигледно значаен и во научни рамки. Тоа е трагедија.
Проева (решително и цврсто одговара): Најпосле, тука навистина не
станува збор за грчко наследство. Се работи за наследство од античките Ма-
кедонци, а тоа не е исто. И, дали е тоа главниот проблем? Та, нашата држава
уште во времето на СФРЈ имаше добри закони за заштита на културно-исто-
риското наследство, а и денес работи на негова заштита. Ние ги чуваме спо-
мениците на културата, зашто тие се дел од човековата цивилизација, му при-
паѓаат на целото човештво. Културното наследство му припаѓа на целото чо-
вештво, без оглед кој го создал. Грција не може да го присвои - античкото
културното наследство нема стопан. За тоа имате цела статија во Зум, на која

- 125 -
Спорот за името меѓу Грција и Македонија

можете слободно да се повикате. Значи, културата нема стопан, а нема ни ми-


натото. Ние ги чуваме спомениците затоа што му припаѓаат на целото човеш-
тво; должни сме да го чуваме она што е на наша територија, без оглед на тоа
кој го создал во минатото. Туку, со таа проблематика треба да се занимаваат
научниците, а не политичарите!
– Во Вашата книга „Студии за античките Македонци“ се објаснува и
потеклото на името Македонија и простирањето на некогашната македон-
ска држава. Може ли да ни кажете нешто повеќе за тоа?
Проева (со раскажувачки тон): Првото запишано грчко име за Маке-
донија е Ематија, или во превод - „песоклива земја“. Ова име е логично, ако
се има предвид дека морепловците го употребувале гледајќи го оддалеку пе-
сокливото копно. Но, кога стапнале на земјата и воспоставиле контакт со на-
селението, тие бездруго увиделе дека тоа население себеси се нарекувало
„Македонци“, а државата – „Македонија“. Оттука произлегува дека името е
македонско, а не хеленско! Што се однесува, пак, до терминот „Хелени“, тој
понекогаш, во културолошка смисла, се користи не само за античките Маке-
донци, туку и за други антички народи. Во првите илјада години од нашата
ера, најраспространет јазик за комуникација бил грчкиот, како што, впрочем,
во Средниот век бил латинскиот, до Втората светска војна - францускиот, а
денес е англискиот. Тоа што хеленскиот јазик се користел во надворешната
комуникација не значи ништо особено. Македонски јазик постоел и, според
сите историски извори, Хелените не го разбирале. Е, сега, од крајот на петти-
от век п.н.е., сите што не зборувале хеленски, односно што зборувале на некој
неразбирлив јазик, од Хелените биле нарекувани „барбари“: така биле наре-
кувани и Македонците! На културолошки план, состојбата е многу поинаква,
и за да го видиме тоа, треба да го парафразираме и Сократ, кој вели: „Наша-
та држава (заб. Атина) толку ги остави зад себе другите луѓе во однос на
начинот на мислење и зборување, што нејзините ученици станаа учители на
другите народи; тие придонесоа името на Хелените да не изгледа повеќе ка-
ко име на народ, туку како обележје на култура. Така, Хелени се нарекуваат
попрво оние кои учествуваат во нашето образование и култура, отколку
оние кои се од исто потекло“. Значи, во IV-oт век п.н.е. „Хелен“ означувал
припадник на хеленската култура, најраширената и најразвиената култура во
Антиката. Оттаму, кога за Македонците се споменува дека се Хелени, се мис-
ли во културолошка, а не во етничка смисла. Нацијата, пак, е творба на XIX-
от век, продукт на современата доба. Грција не може да бара нација во мина-
тото и не може да бара хеленско наследство во Република Македонија. Проб-
лемот е во тоа што се мешаат поимите „држава“ и „нација“: не постои млада
или стара нација - или има нација, или нема. Од друга страна, постојат млади
и стари држави. Ние создадовме самостојна држава меѓу последните, кој и да
беше на наше место, истото ќе го снајдеше. Ние сме на клучно место и на си-
те им требаме.

- 126 -
студентски проект

– Во Извештајот на МКГ се зборува за иредентистички намери кои


Македонците ги имаат кон Р. Грција; дали може да стане збор за иреденти-
зам кога Р. Македонија во Уставот од 1991 година јасно кажува дека нема
никакви територијални претензии кон соседните земји?! Дали според Вас
станува збор за некаков иредентизам од наша страна?
Проева (со доза на револт): Тука МКГ се повикува на географските
карти, со кои се опфаќа и Егејскиот дел на Македонија. Кога јас ја подготву-
вав мојата дипломска работа за античка Македонија, користев различни кар-
ти, зашто, за да направам поуспешна анализа, морав да видам кој град во која
област се наоѓал. Затоа, добро се сеќавам дека таа карта беше направена пред
да се распадне поранешна СФРЈ. Всушност, споменатата карта беше проста
провокација на некои политичари, кои сакаа да го занесат народот со идејата
дека ќе одржат конгрес во Солун (со цинизам кон Љубчо Георгиевски). Чиста
провокација беа, исто така, и пробните нацрт-монети со Белата кула во Со-
лун. И така, Грција најде „доказ“ дека ние имаме некакви иредентистички на-
мери. А вистината е дека Република Македонија никогаш немала такви наме-
ри кон Грција, или кон кој и да е друг. Но, грешката е во нашите политичари,
кои воопшто немаат познавања од овој проблем, а трагедијата е во тоа што
воопшто и не прашуваат, ниту пак сакаат да научат, за да $ помогнат на на-
шата држава. Значи, проблемот е во неспособните политичари, а наспроти
нив, Македонија има многу надарени, квалитетни и способни луѓе од науката.
– Како, според Вас, треба да се реши овој спор?
Проева (решително): Најмногу што можеме да попуштиме во врска со
името е да дозволиме Грците да нè нарекуваат како сакаат; но, тие не можат
од нас и од другите да бараат да го смениме нашето уставно име!

* * *
Во дискусијата се вклучи и магистерот по Историја на балканските
народи (нов век) - Далибор Јовановски, кој ни објасни од кога датира оспору-
вањето на македонскиот идентитет од страна на Грција.
Јовановски: Не станува збор за оспорување на идентитетот, туку за
непризнавање на идентитетот. Нашиот идентитет никогаш и не бил признат
од грчката страна, за таа подоцна да го оспорува. Единствен релевантен поли-
тички субјект кој го признал македонскиот идентитет е Комунистичката пар-
тија на Грција. Денес постои една помлада генерација грчки историчари, кои
кажуваат за нас дека сме „Славомакедонци“, што е навредувачки. Јас секогаш
велам: точно е дека нашиот јазик е од словенско потекло, но се работи за ја-
зична, а не за антрополошка група.
Основањето на грчката држава било во 1830 година. Таа почнала да
функционира во 1832 година, а веќе во декември 1834 година Грците имену-
вале конзул во Солун. Во еден француски документ, грчкиот конзул вели:
„Мене ме наименуваа за конзул во Македонија“. Сето тоа Грците го прават од
практична причина. Прво, во јужниот дел на Македонија, покрај брегот, има

- 127 -
Спорот за името меѓу Грција и Македонија

грчко население. Ние тоа не можеме да го оспориме. Меѓутоа, некогаш во Со-


лун 50-60% од жителите биле Евреи. Солун никогаш не бил грчки, во него
живееле многу различни народи; затоа, пак, заднината на Солун била словен-
ска. Друго што е карактеристично за тој дел е присуството на влашкиот еле-
мент, особено кај Бер, Гревена, Каљари итн. А Власите, всушност, биле грко-
мани сè додека не се појавила и романската пропаганда. Со нејзиното појаву-
вање, тие се поделиле на прогрчки ориентирани и антигрчки ориентирани.
Тој тренд постои и денес, особено во Битола. Откако, значи, го наименувале
конзулот, тој своите активности ги вршел во јужниот дел на Македонија, по-
крај брегот. Но, подоцна наименувале конзули на сите стратешки точки, и тоа
во Серез, Кавала и Битола. Во тој период, македонскиот народ не е признат.
Постои и големо влијание на бугарската пропаганда, која додуша е
пансловенска, но на наша штета. Пансловенизмот тогаш барал Бугари во Ма-
кедонија, со цел Русите да го заземат Цариград. Откога Бугарите се насочиле
кон Македонија, тие им овозможиле на Русите полесно пробивање кон Цари-
град. Присуството на Патријаршијата е исто така карактеристично. Таа до
1870 година била единствена православна црковна институција, а во неа сите
активности биле на грчки јазик. Во тој период биле отворани и црковни учи-
лишта во кои се учело на грчки. На тој начин, полесно се одвивала денацио-
нализацијата на Македонците. Постоеле и ќелијни училишта, во кои се учело
на некодификуван македонски јазик, односно, на народен, а во секоја област
се учело на тамошниот дијалект. Ситуацијата се сменила по 1870 година, кога
била призната Егзархијата (која била бугарска црква), бидејќи на македонско-
то население му било полесно да учи на бугарски отколку на грчки јазик.
Состојбата уште повеќе се влошила кога се појавило и српско влија-
ние, иако Србите биле во најслаба позиција, бидејќи сè уште немале призната
црква. Во тој период почнале преговори со Грците за поделби на интересни
сфери во Македонија. Треба да се спомене и дека по формирањето грчката
држава барала нејзино простирање и влијание до реките Сава и Дунав. По-
доцна апетитот се намалил до Шар Планина. За време на Источната криза
(1875-1881), по наредба на премиерот на Грција, Харилаос Трикупис, конзу-
лите во Битола, Солун и Пловдив изработиле нацрт-програма за тоа - до каде
би се движела линијата на грчките аспирации. Таа линија била внесена во
еден меморандум на грчката влада од 1880 година за поделба на Македонија
на два вилаета, едниот грчки, а другиот негрчки. Таа линија се простира над
Охрид, Битола, Прилеп, се спушта кај Демир Капија, понатаму оди над Стру-
мица и Радовиш и продолжува нагоре до границата на Пиринска Македонија
со Бугарија. Оттогаш, таа линија е под целосен притисок на Грците. Тие прво
ќе вршат притисок со политички средства; откако ќе видат дека не можат да
издејствуваат, а особено по формирањето на МРО и Илинденското востание
(1903), решаваат да формираат грчки чети, иако треба да се знае дека грчките
чети константно навлегувале на нашиот простор. Овие чети биле предводени
од офицери на грчката армија, а војниците биле по состав Критјани, кои биле

- 128 -
студентски проект

добри борци затоа што константно војувале со Османлиите, сакајќи да го за-


штитат својот остров.
На самиот почеток тие немале успех, меѓутоа со ослабнувањето на
МРО тие почнале да го „чистат“ западниот дел на Егејска Македонија. Отка-
ко го сториле тоа, им се јавила прилика не да бараат територија (затоа што
тие се залагале за добри односи со османлиската држава од причина што биле
послаби од Бугарите и од Србите. Бугарската војска во тое време била една од
најдобрите војски, не само по оружје туку и по дисциплина и била единствена
која можела да се справи со Османлиите), туку поцврсто да го наметнат свое-
то влијание врз македонското население. Грција водела преговори со другите
балкански држави, меѓутоа не можела да се определи границата на поделба.
Треба да знаете дека 1860-1868 година имало преговори меѓу Грција и Србија
и бил потпишан Договор за сојуз во 1867 година, меѓутоа, линијата не била
определена. Во 1890 година повторно имало преговори, кои завршиле неус-
пешно. Линијата била истата што Ви ја опишав. Во 1892-1893 српскиот амба-
садор, односно пратеник во Атина - Владан Ѓорѓевиќ, повторно го отвора ова
прашање, меѓутоа, линијата на аспирации е истата, не може да се определи
дали е малку погоре или подолу. Оттука се гледа дека линијата е проблема-
тична поради населението. Србите тврдат дека тоа население е српско, а Гр-
ците дека е грчко. Во 1899 година повторно имало преговори, на кои се созда-
ва „договор“ кој не бил потпишан. Дури во 1912 година бил склучен Договор
за сојуз во кој исто така не се определува линијата. Но, што се случило? Гр-
ците имале воена морнарица, еден дел од војската се истоварил на Халкидики
затоа што таму населението било грчко и се упатил кон Солун. Другиот дел
од војската отишол нагоре кон Лерин, Јанина, но бидејќи Солун бил страте-
шки важен град, војската од Лерин била пренасочувана кон Солун. Грчката
војска пристигнала пред Солун, но пред Солун дошле и Бугарите со македон-
ските чети на Сандански. Турците виделе дека го изгубиле градот и клучеви-
те од градот му ги предале на францускиот конзул. Тој решил дека е подобро
да влезат Грците. Грците влегле два часа пред бугарската војска. На бугарска-
та војска и на македонските четници им дале да влезат, меѓутоа тоа било само
од куртоазија. Сепак, Солун им останал на Грците.
Грците во текот на Втората балканска војна дошле до Кавала, а инаку
во Првата балканска војна од поголемите македонски градови тие ги освоиле
Воден, Бер и Солун. Освен Кавала, ги освоиле Серез и Кукуш кои пред тоа
биле под бугарска власт. Кукуш го „срамниле“ со земја и го исчистиле од на-
селението. Тоа е единствениот геноцид што Грците го признаваат, но како ге-
ноцид врз бугарското, а не врз македонското население. Оттогаш започнала
грчка управа. Со договорот меѓу Грција и Турција во 1923 година Кемал Ата-
турк направил преселба на православното население од Мала Азија во егеј-
скиот дел на Македонија. Во овој период, околу 1925-1926 година, се склучу-
ва уште еден многу важен договор за размена на население меѓу Бугарија и
Грција, кој се вика Калфов-Политис. Тогаш се повлекле Грците од Бугарија,

- 129 -
Спорот за името меѓу Грција и Македонија

оние кои биле населени покрај Црно Море, а Македонците како Бугари биле
испраќани во Бугарија.
Во овој контекст, важно е да се разгледа и прашањето за имотите на
Македонците кои биле протерани од Егејскиот дел. Грците, всушност, стра-
вуваат дека по признавањето на македонското малцинство во Егејска Македо-
нија, Македонците ќе се вратат и ќе си ги бараат нивните имоти кои им се од-
земени. А тоа, дефинитивно, не им одговара на Грците, кои се добри трговци.

Дијадемата на македонските кралеви – Кутлеш (Вергина)

- 130 -

You might also like