You are on page 1of 2

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ВО ВТОРАТА ПОЛОВИНА НА 19 ВЕК

1. Општествено – историски услови во Македонија во втората половина на 19 век


- Македонија е под Османлиската Империја
- Даноци, данок во крв(јаничарство)
- Давање привилегии на оние кои ќе го прифатат исламот
- Разните ,,зулуми’’ врз населението
- Луѓето се повлекуваат во повисоките планински предели
- Покрај се продолжува чувањето на својата традиција ( јазикот, обичаите – за раѓање,
свадби, умирачки, празници итн., го пренесуваат знаењата од татко на син, ги
прераскажуваат најстарите верувања, приказни и песни).
- Луѓето не биле присилувани од Турците да си ги менуваат своите имиња, обичаи, верата и
својот идентитет
- Во втората половина на 19 век соседните држави успеваат да се ослободат од Османлиите
и да создадат свои држави
- Во Македонија се креваат неколку востанија кои не биле поддржани од големите сили
како кај соседите, па најверојатно затоа и не биле успешни
2. Аспирациите на соседите кон Македонија
- Очигледната ненаклонетост на големите сили кон Македонија ( и нивните скриени
планови за нејзината иднина) им даваат кураж на нашите соседи да се борат за
приграбување на што поголема територија. Тоа е почетокот на силната балканска
пропаганда во Македонија.
- На бугарската црква и се дава самостојност со што се формира Бугарската Егзархија.
- Таа ја потиснува Грчката Патријаршија од Македонија. (Ова значи дека во Македонија
грчките владици се заменети со бугарски, односно, од грчко, во црквите влијанието
станува бугарско).
- Постои тенденција Македонија да ја обнови Охридската Архиепископија (односно
самостојната Македонска црква) , но за такво нешто големите сили не сакале ни да
слушнат.
- Србија, пак, почнала да испраќа српски учители во Македонија и да прибира Македонци
на школување во Србија.
Во овој период настанува вистинска борба за Македонија и за асимилирање на нејзиното
население (бугаризирање, србизирање и грцизирање).
- За жал, таа борба на почетокот и првата половина на 20 век уште повеќе се разгорела и
прераснала во две Балкански војни – по кои се запечатува судбината на Македонија (со
посредување на големите сили).
3. Општественоисториски контексти во развојот на македонскиот литературен јазик
- Црковно – училишна борба – насочена кон обидите за обновување на Охридската
Архиепископија и воведување македонски народен јазик во црквата, а со цел спречување
на асимилацијата од соседните држави.
- Културнo – преродбенска борба – се реализира преку собирање на народно творештво,
како и преку создавање на оригинални литературни дела
- Национално – политичка борба – се реализира преку организирани форми на отпор
(востанија и сл) против Османлиската империја и туѓите пропаганди, а со цел
ослободување на Македонија од сите видови на туѓо влијание.
- Во втората половина на 19 век постојат две тенденции за создавање на литературен јазик и
тоа:
1) Врз заедничка македонско – бугарска дијалектна основа (заеднички јазик за
Македонците и Бугарите)
2) Формирање на посебен македонски литературен јазик, втемелен на
западномакедонската дијалектна основа
4. Гледиштето за заеднички македонско – бугарски јазик
- Носител на оваа тенденција била бугарската црква која добила самостојност
- Ј.Х.Џинот се залагал за оваа идеја бидејќи гледал можност македонскиот јазик побргу да
го достигне рамништето на поразвиените балкански јазици. Тој во своите дела користел
србизми и бугаризми.
- Партениј Зографски сметал дека западномакедонското говорно подрачје треба да биде
основа на заедничкиот македонско – бугарски јазик
- Рајко Жинзифов користел македонско – бугарско – српско – црковнословенечки и руски
зборови во своите дела.
- По ослободувањето на Бугарите и Турците создаваат свој литературен јазик, во кој немало
место за македонските говори.
5. Гледиштето за одделен македонски јазик
- Наспроти размислувањата за заеднички македонско – бугарски јазик во втората половина
на 19 век има прогресивно струење кое се застапува за создавање на одделен македонски
јазик
- Оваа тенденција се потпира на долгата традиција на извонредно богатото народно
творештво и народен јазик; во таа насока особено е важен Зборникот на браќата
Миладиновци
- Македонистите се културни дејци кои работеле на полето на јазикот со јасна идеја дека
македонскиот народ треба да има сопствен јазик кој ќе се темели на западномакедонските
говори. За ова се залага Ѓорѓија Пулевски
- Важно е и дејствувањето на лозарите, книжевна дружина која во Софија го издава
списанието ,,Лоза’’
- Нивните текстови се на македонски јазик и со упростен правопис
- Македонското јазично прашање ќе кулминира со искристализираните погледи на
К.П.Мисирков во делото ,,За македонцките работи’’ ( Софија, 1903)

You might also like