You are on page 1of 6

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК МЕЃУ ДВЕТЕ

СВЕТСКИ ВОЈНИ
 По Балканските војни Македонија била поделена меѓу соседните држави.
Во секој од деловите започнала силна асимилаторска политика што
подразбира наметнување на туѓ јазик.
 Во Вардарска Македонија која ѝ припаднала на Србија, официјален бил
српскиот јазик; во Пиринска Македонија која ѝ припаднала на Бугарија се
наметнал бугарскиот јазик, а во Егејска Македонија – грчкиот.
Егејска Македонија

 Во грчкиот дел асимилаторската политиката била најостра и македонскиот јазик се


забранувал за употреба дури и дома, а за непочитување на тоа се применувале строги
казнени мерки.
 Оваа агресивна грчка политика била поставена и пред Друштвото на народите, под чиј
притисок грчката влада дозволила да се состави буквар по македонски јазик –
Абецедар (1924г.)
 Тој бил напишан на латиница, на лерински говор и содржел кратки текстови наменети
за учење на азбуката. Но, грчките власти никогаш не дозволиле тој практично да се
употребува и затоа не стигнал до училиштата. Иако со отпечатувањето на Абецедарот
грчките власти сакале само да ги избегнат непријатностите – сепак, може а се сфати
дека е некаков вид на принудно официјално признание дека македонски јазик и
македонски народ постоел и постои!
Вардарска Македонија

Во Кралството СХС, подоцна Југославија, официјален јазик – на администрацијата,


образованието и јавната комуникација бил српскиот, а македонскиот јазик бил сведен
на дијалектна форма за домашна употреба.
Во овој период се појавуваат неколкумина драмски автори кои пишуваат на македонски
јазик и со тоа го креваат на едно повисоко ниво – јазик на регионална употреба.
Оваа активност започнува 1928 година со драмата „Ленче Кумановче“ („Бегалка“) од
Васил Иљоски, напишана на кумановски говор,
драмата „Печалбари“ Антон Панов не ја напишал на својот струмички говор, туку на
западномакедонско наречје. Со ова, тој ја продолжил (К. П. Мисирков) и одново ја
воспоставил практиката за пишување литературни дела на западномакедонско наречје.
По него и Ристо Крле ја пишува „Парите се отепувачка“ на струшки, западномакедонски
говор.
Особено значајна е појавата на збирката песни „Бели мугри“ од Кочо Рацин со што се
зацврстила улогата на централните македонски говори како основа за македонскиот
литературен јазик.
Пиринска Македонија

 Во Бугарија и натаму продолжил да опстојува Македонскиот литературен


кружок иако бугарската политика била асимилаторска и негаторска, сепак, во
тој период
 Коле Неделковски ги објавува своите две збирки песни во Софија
„М`скавици“ и „Пеш по светот“
 Бугарите, се разбира и ден-денес го оспоруваат идентитетот на поетот, но ние
не мора да докажуваме ништо, самиот Коле си кажал во својата поезија кој е
и како се чувствува во песнат ,,Глас од Македонија,,:
 Глас од Македонија

 О, трајте, трајте, тирани недни!


 Доста се тија лаги и злоба –
 пакосен глас од устите гадни
 над мојот народ у секоја доба.
 Та ете веќе векови цели
 писка и стенка од волци гости –
 за брата вијат кој да го дели
 за да му глода сувите коски.
 Па нека сега сам да си реши
 со своја волја судба и сева,
 в животот еднаш сам да се теши,
 д’издигне славно свој род без врева.
 Та Шар и Пирин дружно да викнат
 родната песна в небеса темни
 и бурниот Егеј – на век да плиска
 тешкиот глас на новите химни.

You might also like