You are on page 1of 1

-во петтата статија Мисирков ги изнесува своите ставови за македонскиот литертурен јазик:

1.за основа на литературниот јазик ги зема централните говори Велес-Прилеп-Битола-Охрид(овие говори се


најчисти македонски и во нив има најмалку туѓи влијанија,како и тоа дека имаат историско значење како
центри),

2.го поставува правописот врз фонетска основа со мали отстапки во етимологијата,

3.предлага лексиката да се збогатува од сите македонски дијалекти,

Во азбуката воведува неколку нови графеми i,к’,г’,л’,н’, со кои македонската кирилица се разликува од
останатите.

Македонскиот јазик меѓу двете светски војни

-со поделбата на Македонија од 1913,во зависност на која држава и припаднал дел од


Македонија,официјални јазици се грчкиот,бугарскиот и српскиот,

-експлоатација и асимилација се вршела врз македонското население во сите делови,

-најригорозна била состојбата со Македонците во Грција,

-под притисок на меѓународната заедница,Грција сепак дозволила печатење на буквар,,Абецедар”(1924).

-писателите што се јавуваат во овој период(Иљоски,Крле,Панов,Рацин,К.Неделкоски)пишуваат на


западномакедонски говори.

Кодификација на македонскиот литературен (стандарден) јазик

-Кодификација е официјално озаконување на литературниот јазик и на неговата практична употреба.


1.На Првото заседание на АСНОМ(2 Август 1944) се донесува Решение за воведување на македонскиот
јазик како службен јазик во македонската држава.

2.На 5 мај 1945 Владата на Македонија ја усвојува азбуката.

3.На 7 јуни Владата на Македонија го усвојува правописот.

Придонесот на Блаже Конески во кодификацијата на македонскиот литературен(стандарден)јазик


-Блаже Конески е автор на :

1Граматиката на македонскиот литературен јазик I-II(1952-1954)

-Првиот дел ги содржи,,За буквите” и ,,За акцентот”,а вториот дел ,,За формите на зборовите”,
2.Редактор е на Речникот на македонскиот јазик во три тома,

3.Учествувал во создавањето на Правописот на македонскиот јазик.

You might also like