You are on page 1of 2

Јaзикот како средство за комуникација

Јaзикот е основно средство за комуникација. Секој народ има право својата култура,
своите мисли и чувства дa ги изразува нa својот мајчин јазик. Првиот збор по своето раѓање го
слушаме на мајчиниот јазик. Во семејството јазикот го усвојуваме збор по збор од најмала
возраст. И нашиот речник и нашиот јазичен израз се збогатуваат со возраста, со слушањето на
бабините приказни, со првата сликовница и најмногу со училишната лектира и усвојувањето на
граматиката.
Јазикот е основно средство за разбирање, дружење и разменување мислења и тоа
меѓусебно со својата генерација, но и со повозрасните и тоа на различни теми, понекогаш
забавни, а понекогаш сериозни, поврзани со науката, културата, општествените односи.
Јазикот е духовна храна. И љубовта кон мајчиниот јазик и јазичното изразување се
негуваат од најмала возраст.
Научивме дека вековните борби на нашиот народ за слобода биле и борба за правото на
употреба на свој јазик, зашто се вели дека еден народ не исчезнува додека мисли, чувствува и
зборува на својот јазик. Многу темни страници од историјата на нашата татковина, страдањата и
народниот непокор ќе останат запишани на нашиот македонски јазик.
Крсте Мисирков истакнувал дека јазикот е душата на народот и ни го оставил заветот дека
треба да го чуваме и милуваме мајчиниот јазик. И Блаже Конески истакнува дека јазикот е нашата
единствена татковина и сѐ додека го чуваме, го негуваме нашиот македонски јазик
ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината – како куќа, како дом, како
огниште. Ние младите треба да изградиме јазична свест и да се трудиме секојдневно убаво да
се изразуваме во духот на македонскиот јазик.
Богатството на јазикот се крие во ризницата на литературата. Најважно е колку сме
посветени на читањето на делата од македонските автори. Важно е да не се задоволуваме со она
што ни го нудат социјалните мрежи туку да посегнеме по книгите од полиците на библиотеката,
да ги откриваме тајните на литературата.

Книгата и љубовта кон книгата

Книгата е мојот најверен пријател и придружник во животот. Таа е мојот прозорец кон
светот и непресушен извор на знаења уште од најмала возраст, а особено од моите први
училишни денови. Секој ден преку нејзините страници станувам побогат со многу знаења,
запознавам далечни земји, историски настани и животни приказни. Преку книгата го
запознав и историското минато на својата татковина и вековната борба на македонскиот на
род за слобода. Исто така преку книгата ја запознав и природата и научив да се грижам за
неа, зашто таа е извор на животот.
Книгата е патоказ за патеките кои водат кон иднината, најголемо богатство и најдобра
храна за мојата и за секоја детска душа.
Книгата ме запознава и со човечките судбини, со радоста и страдањата на личностите.
Таа ни проникнува во срцата и ни ги пренесува чувствата и мислите на детските ликови, па
ни ги пренесува и нивните најдлабоко сокриени желби, болки и тајни. Со книгата тагував за
несреќното детство на Козета, на Оливер Твист, се восхитував на авантурите на Робинзон
Крусо, патував заедно со Алиса во земјата на чудата.
Книгата ми раскажува за многу згоди и незгоди, ги осудува лошите постапки на
другите, па така ме воспитува. Понекогаш ќе ме растажи, а понекогаш и ќе ме насмее, за да ја
разберам суштината на животот. Таа ме поучува да не губам надеж кога се соочувам со
проблемите и да ги решавам, ме уверува дека на крајот сепак победува правдата и вистината
и доброто го победува злото.
Омилени ми се книгите во кои има пораки за повеќе љубов, разбирање и почит меѓу
луѓето, за повеќе хуманост и солидарност и во најтешките времиња.
Затоа книгата е мојот најверен пријател. Многу книги како верни пријатели уште
долго ќе останат во моите сеќавања.
Народните умотворби и народната мудрост

Професорката рекла и од материјалот да се напише, за поделбата, ама за другото


може да се напише нешто вака:

Народните умотворби се сведок на нашето вековно постоење.


Преку народното творештво како дел од традицијата, македонскиот народ се
осознавал низ вековите, растел во сопствените, но и во очите на другите народи и станувал
свесен дека има своја историја, традиција и култура. Народниот пејач или раскажувач е и
мудрец, кој, немал никаков допир со друга пишана литература, но имал мудрост и животно
искуство и тоа го пренесувал најпрво на помали групи, сродни како него.
Народните песни, приказни и други умотворби се огледало на животот на
македонскиот народ зашто тие биле дел од неговото секојдневие и во нив тој ги искажувал
своите чувства и тоа за време на свадби и празници, на жетва, на заминување на печалба, на
одење во борба за слобода. Народните песни и приказни создадени од народот, се
пренесувале од генерација на генерација и останале да живеат до денес и тие не треба да се
заборават.
Преку раскажувањето од колено на колено се пренесувала и народната мудрост, се
развивал јазикот како духовна храна. Народните песни со различна тематика испеани на
народен јазик се живо сведоштво за животот на Македонците во минатото, за нивната голема
мудрост и поетска дарба, за нивните сфаќања и верувања.

You might also like