You are on page 1of 1

Родниот јазик е бисерен ѓердан

Во светот каде што глобализацијата напредува, родниот јазик е како бисерен ѓердан кој треба да
го чуваме и носиме со почит. Тој не само што ни го овозможува да ги изразиме нашите идеи и
чувства, туку и ја одржува нашата уникатност и различност.

Не е само средство за комуникација или изразител на нашите емоции и чувства туку и симбол за
нашиот идентитет и почит кон нашите корени.

Родниот јазик е бисерен ѓердан,спој на убавина, богатство и наследство. Исто така, родниот јазик
е нашата јазична душа што се одразува во секој изговорен збор. Секој збор од нашиот мајчин
роден јазик ни пренесува делче од нашата култура, од нашиот начин на живот.

Преку родниот јазик, учиме за нашата македонска долговечна историја, нашите прекрасни
традиции и многубројни обичаи.

Јазикот е бисерен ѓердан кој секој од нас треба со гордост да го носи ,негува и брани зашто е
најголемото богатство што го поседуваме.Во секој момент треба да бидеме подложни да го
зачуваме нашиот роден јазик,а најмногу на тоа треба да бидеме спремни во моментите кога е
најпотребно.

You might also like