You are on page 1of 3

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА

Датум: 18.02.2019г.

Наставна содржина- Градење позитивен однос кон својата земја

РАБОТИЛНИЦА III–8.1: МАКЕДОНИЈА

МАТЕРИЈАЛИ:
• табла и креда,
• хартија за пишување,
• прибор за пишување.

ГЛАВНА АКТИВНОСТ 1
Сите ученици седат во круг и треба да се поздрават меѓу себе со поздрават на јазикот на
некоја од различните етнички групи што живеат во Македонија. Наставничката на табла
ги пишува поздравите:

македонски – Добар ден;


албански – Mirëdita;
турски – Tünayd?n;
ромски – Šukar dive;
српски – Добар дан;
влашки – Bunëdzua.

Секој ученик по ред го поздравува ученикот што стои десно од него на еден од предложените
јазици по ред. Листата може да се дополни и со поздрави на јазиците на
кои зборуваат учениците во конкретното одделение.

ДИСКУСИЈА 1
1. Кои јазици се зборуваат во Македонија?
2. Кои етнички групи живеат во Македонија?
3. Каква е нашата држава, дали е монокултурна или мултикултурна? Зошто?

ГЛАВНА АКТИВНОСТ 2
Учениците се делат во групи по четворица и секоја група добива задача да напише по две
предности и по две слабости на мултикултурна и на моноклутурна држава. Откако ќе завр-
шат, по неколку доброволци ги читаат своите заклучоци.

ДИСКУСИЈА 2
1. Како ви изгледаат предностите на мултикултурната држава во однос на недостатоците
на монокултурната?
2. Дали ви се чини дека се тоа истите работи? Или обратно, дали е точно дека недостатоците
на мултикултурната држава се предност на монокултурната држава?

ЗАКЛУЧОК
Најчесто предностите на мултукултурна држава се перципираат како недостатци на моно-
културна и обратно, и вообичаено станува збор за едни исти работи. На пример, можноста
за позитивни влијанија и збогатување на клутурите преку нив е предност на мултикултур-
на држава во однос на моноклутурна и обратно – неможноста за збогатување на културата
на една етничка група, поради отсуство на постоење на други етнички групи е слабост на
монокултурна држава.

ГЛАВНА АКТИВНОСТ 3
Учениците седат во круг и наставничката на табла ги запишува следниве зборови: ДОМА-
ТИ, КРОМИД, ПИПЕРКИ, МАСЛО И СОЛ. Потоа бара двајца доброволци што ќе треба да
објаснат: едниот како може од овие состојки да се направи салата, а другиот како може да
се направи супа. Наставничката треба да ги насочува кон следниве описи:

Салата
Се сечкаат сите продукти, се ставаат во чинија, се додава сол и масло и се промешува. Или
се сечкаат сите продукти и се ставаат на посебни делови од чинијата.

Чорба
Се пропржува кромидот на масло, а потоа се додаваат исечканите домати и пиперки, се
става сол и вода и се вари.

Дискусија
1. Во кое од овие јадења состојките го задржуваат сопствениот вкус? Во која салата особено?
2. Дали го задржуваат вкусот и во мешаната салата?
3. Како е во супата? Дали состојките го задржаа својот вкус или не? Каков вкус ќе има
супата?
4. Ако ова го споредиме со мултикултурните држави што би можеле да заклучиме? Какви
мултикултурни држави има?
5. Дали има држави кои се како супа? Сите припадници на различните култури се
откажуваат од дел од своите културни обележја и се претопуваат во една заедничка нова
култура? Како се чувствуваат културите во овие држави?
6. А пак држави како салата? Секоја култура ги задржува своите обележја (јазик, обичаи,
традиција), но истовремено се меша и со останатите додавајќи специфичен вкус на
целината? Како се чувствуваат културите во овие држави?
7. А дали има држави што се како салата која е само на иста чинија без никакви контакти
на различните култури или пак само минимални на оние што се граничат едни со други?
Како се чувствуваат културите во овие држави?
8. Во кава држава вие би сакале да живеете? Зошто?

ЗАКЛУЧОК
Република Македонија е мултикултурна држава во која живеат различни етнички групи:
Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи и други. Живеењето во мултикултурно општество
носи позитивни работи (збогатување на сопствената култура преку запознавање и учество
во заеднички активности со претставници на други култури), а и предизвици (потреба од
постојан дијалог за прифаќање на разликите и надминување на несогласувањата).
Концептот на тенџере за чорба се однесува на создавање на нова и единствена култура како
резултат на мешање на различни култури, при што различните култури се претопуваат
во една откажувајќи се од својот идентитет, додека пак концептот на чинија за салата се
однесува на зачувување на својот културен идентитет на различните културни групи, при
што, со останатите групи настанува споделување на заеднички културни елементи.

ЗАВРШНА АКТИВНОСТ
Сите учесници стојат во круг и меѓу себе се поздравуваат по ред на еден од јазиците на кои
зборуваат различните етнички групи во Македонија:

македонски – Пријатно;
албански – Mirupafhim;
турски – Güle güle;
ромски – Adio;
влашки – Dievelsa;
српски – Довиђења.

РЕФЛЕКСИЈА
1. Што правевме денес?
2. Како се чувствувавте?
3. Што научивме?
4. Како може наученото да го користиме во секојдневниот живот?

You might also like