You are on page 1of 12

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП

ФАКУЛТЕТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ


Доквалификации

СЕМИНАРСКА РАБОТА
КУЛТУРНИ РАЗЛИКИ, ПРЕДРАСУДИ И СТЕРЕОТИПИ

Ментор: Изработил:
Проф. Даниела Коцева Симона Јанкова

142125

Штип, мај 2021


Содржина

1. Вовед................................................................................................................................... 3
2. Главен дел.......................................................................................................................... 4
2.1. Култура и културни разлики........................................................................................4
2.1.1. Културна разновидност............................................................................................6
2.2. Предрасуди и дискриминација.......................................................................................7
2.2.1. Етнички предрасуди..................................................................................................8
2.2.2. Расизам..................................................................................................................... 9
2.3. Стереотипи.................................................................................................................... 10
3. Заклучок............................................................................................................................ 11
4. Користена литература......................................................................................................12

2
1. Вовед

Културните разлики и етничките стереотипи и предрасуди се едни од најголемите


проблеми со кои постојано се соочуваме во денешното општество. Тие постоеле
во минатото, но не може да се каже дека се целосно неизбежни и денес во оваа
ера на модернизација и напреднување. Културните разлики постојат таму каде
што има цивилизација и оваа појава е сосема нормална, но треба да се дозволи
да стане прекумерна и да го диктира начинот на живот и размислување кај луѓето.

Кога станува збор пак за етничките стереотипи и предрасуди, може да се каже


дека тие се донекаде и стекнати особини, кои од некоја причина биле пренесени
од една генерација на друга, или стекнати по пат на неинтенционално влијание.
Како и да е, во ова модерно општество кадешто преовладуваат безброј теории и
борби за родова, расна и етничка еднаквост, не смееме да дозволиме нечија
култура и потекло да го диктираат нашиот однос спрема другите, а стереотипите и
предрасудите треба да се сведат на минимум.

Во овој труд подетално ќе ги разгледаме културните разлики и што всушност тие


претставуваат, а се посветува внимание и на етничките и расните предрасуди и
стереотипи, што претставуваат и од каде потекнуваат и како да се надминат
проблемите кои произлегуваат од овие прашања.

3
2. Главен дел

2.1. Култура и културни разлики

Културата претставува еден сложен дел од животот на луѓето која се разликува во


зависност од тоа во какви историски и општествени услови опстојува еден народ.
Од овие различни култури произлегуваат и токму овие видливи културни разлики
помеѓу луѓето кои, не секогаш се свесни за тоа.

Културата претставува еден образец на однесување кој е заеднички за сите оние


социјални, етнички или старосни групи кои имаат исти или слични верувања.
Постојат најразлични култури насекаде низ светот кои вреднуваат различни
нешта.

За подетално да се објасни што всушност е културата, можат да се посочат многу


етнички групи и нивните обичаи и култури. Во централна Гана, постои едно старо
Афричко племе кое се нарекува Ашанти и е познато по неговите интересни
култури и обичаи кои, можеби некаде ќе се сметаат за чудни, но за нив тие би
биле сосема нормални. Како главен аспект од културата Ашанти е токму начинот
на живот и со кого тие живеат. Луѓето таму се поделени по кланови, и кланот на
мајката е поважен затоа што се смета дека коските и месото децата ги
наследуваат од нивните мајки. Исто така, во некои од овие племиња во централна
Гана се наследува и името и презимето на мајката, токму затоа што нејзиниот
клан се смета за поважен.

Од друга страна пак, во блискиот исток уште од самиот почеток постоел и сѐ уште
постои патријархатот, според кој мажот е оној кој се смета за поважен во
семејството. Подоцна ова прераснало во угнетување на жените и родова
нееднаквост, па затоа овој елемент и дел од некогашната култура е единствениот
кој денес се избегнува, а и треба да се отстранува, бидејќи некои од
културолошките елементи негативно влијаеле врз животот на некои поединци и
одредена група, а во овој пример тоа се жените.

4
Исто така ваков пример на родова нееднаквост и угнетување постоел и во
традиционалната кинеска култура, каде женските деца биле давени веднаш по
раѓањето бидејќи се сметале за товар на семејството, а не добивка. Исто така,
постоеле и некои екстремни стандарди за убавина кои биле опасни и штетни по
животот на жените, но сепак се сметале за дел од кинеската култура. Еден пример
за тоа е врзувањето, а понекогаш и кршењето на стапалата на женските деца со
цел да се смени нивната форма и големина на стапалото.

Сите овие елементи во горенаведениот текст претставуваат културни разлики кои,


сепак во денешното општество строго би се осудиле и под ниту еден услов не би
биле прифатени, бидејќи разликите и елементите во културите треба да бидат
безопасни, а не по цена на нечиј живот. Постојат и такви културни разлики кои не
претставуваат закана за некаква група, па тие се генерално прифатени низ светот.
Всушност, некои културни разлики се токму оние фактори кои прават една група
или малцинство да се разликува од останатите, бидејќи таа група има свои обичаи
и традиции. Како пример за тоа е храната која се разликува во некои делови од
светот. Некои народи конзумираат одредени нешта, други пак тоа го избегнуваат,
но јадат нешто друго и така натаму. Муслиманите и Евреите не јадат свинско месо
како дел од нивната култура, за разлика од поголем број европски држави кои
свинското секојдневно го користат во исхраната. Во Индија, свинското се
конзумира без проблем, но затоа пак тие го избегнуваат говедското, бидејќи
кравата ја сметаат за свето животно. Во Јамајка и Израел пак, многу популарен е
вегетаријанскиот начин на живот, а во некои делови од тие држави се практикува
дури и веганизам.

Што се однесува до облеката, многу култури во светот имаат свои традиции кои
се поврзани токму со ова. Во Кина, невестите облекуваат црвен фустан, додека
пак во некои европски земји и во делови од САД, невестата носи бело. Исто така,
кога станува збор за одење на погреб и жалење за загубата на некоја личност, во
повеќето земји во светот црната боја е поврзаната со овие настани и таа асоцира
на тага, загуба и слично. Но во источна Азија имаме поинаков случај, кадешто
луѓето го одбрале токму спротивното од црното за да ја искажат својата тага, а

5
тоа е белата боја за која се вели дека симболизира чистота и повторно раѓање.
Сите овие карактеристики се определени од било какви општествени или
историски причини, кои биле поттик за да се создадат најразлични културни
елементи кои ќе бидат симбол на одреден народ. Овие карактеристики различно
се манифестираат и практикуваат во одредени општества и средини. Затоа се
зборува за разлики помеѓу културите кои се надминуваат само со комуникација и
толеранција на различни вредности.

2.1.1. Културна разновидност

Терминот културна разновидност најчесто се употребува најизменично заедно со


концептот на мултикултурализам. Но, што е всушност мултикултурализмот?
Според социологот д-р. Кејлеб Розадо, мултикултурализмот претставува „систем
на верувања и однесувања кој го препознава и почитува присуството на сите
разновидни групи во една организација или општество, ги препознава и
вреднува нивните општествено-културни разлики и го охрабрува и овозможува
нивниот постојан придонес.“1 Културната разновидност е од големо значење,
бидејќи нашето општество и нашата земја се состојат од најразлични културни,
расни и етнички групи чија бројка постојано се зголемува. Можеме многу да
научиме едни од други, но за да се случи тоа пред сѐ треба да се има почит,
разбирање и соработка, кои понатаму ќе доведат до успешна комуникација и
соживот. Самото проучување на другите култури, ќе му помогне на човекот да
создаде различни перспективи за светот во кој живееме и да се ослободи од
негативните стереотипи и лични предрасуди за различни групи.

1
К. Розадо, Што е она што го прави училиштето мултикултурно (What Makes a School Multicultural?),
декември 2010

6
2.2. Предрасуди и дискриминација

Причините за предрасуди и дискриминација најчесто се вкоренети во одредени


историски или општествени контексти и тоа се ставови кон одредени групи или
малцинства кои во себе содржат негативно и одбивно чувство кон веќе
споменатите групи. Кога зборуваме за предрасуди и дискриминација, најчесто
мислиме на овие најразлични етнички или расни групи кои се одвоени од другите
поради некои културни или физички карактеристики, на пример религијата,
обичаите или бојата на кожата. Физичките карактеристики имаат заземено некакво
значење во општеството кое ги натерало луѓето да се однесуваат поинаку,
третирајќи ги некои карактеристики како супериорни во однос на други. Ваквиот
став допринесува до предрасуди кај луѓето кои се манифестираат преку негативно
однесување спрема поединци или членови од некаква група. Внатрешно
всадените предрасуди можат да влијаат врз комуникацијата која луѓето ја
воспоставуваат со други, дури понекогаш и несвесно. Најосновните облици на
предрасуди се негативното чувство и верувања во некои стереотипи за таа
одредена група, а како најчести предрасуди се етничките, расните, родовите,
религиските, културните предрасуди итн. Во овој труд најмногу внимание се
посветува на етничките и расните предрасуди и сите проблеми кои произлегуваат
од истите и сѐ уште се актуелни и денес.

Исто како и предрасудите, и дискриминацијата претставува еден вид на нефер


однесување спрема најразлични угнетени групи и истата е присутна насекаде низ
светот. Борбата против дискриминација траела и ќе трае со години во најразлични
области, но денес особено се посветува внимание на дискримиинацијата против
луѓето со различна сексуална определба. Ние како едно модерно општество не
смееме да дозволиме ваквите негативни влијанија да управуваат со нашите
емоции, или пак да го диктираат нашето однесување спрема другите. Човечкиот
мозок е создаден за природно да ги определува и сместува нештата во одредени
категории за светот да има смисла во неговото функционирање. На пример,
најмладите најбрзо учат за разликите и сличностите помеѓу одредени групи. Затоа

7
треба да се внимава што ќе се пренесе на следната генерација, бидејќи
дискриминациите и предрасудите се учат и потекнуваат од околината.

2.2.1. Етнички предрасуди

Етничките предрасуди се ставови кои некоја индивидуа ги поседува и тие


вклучуваат реагирање кон припадниците на одредени етнички групи,
непријателство и непријателски чувства, негативни акти и постапки и влошен
однос и комуникација. Ваквата етничка омраза уште е попозната и како
ксенофобија2. Ксенофобијата е идеологија која се состои во отфрлање на
културните елементи и идентитети на најразлични етнички групи и странци и таа
се разликува од расизам по тоа што ги прифаќа етничките групи и малцинства под
услов на културна асимилација. Овој вид на дискриминација е заснован на
најразлични општествени, историски, верски и национални предрасуди и тие го
тераат ксенофобот да ги смета овие етнички групи или мигранти како конкуренција
за ресурците кои се достапни во една земја. Поради ваквата дискриминација,
етничките групи се принудени на промена на нивниот идентитет и култура,
доколку сакаат да ги уживаат правата која една држава ги нуди на сите оние кои
живеат во неа. Ксенофобијата почнала да се манифестира уште од крајот на 20-ти
век, по големата економска и социјална криза и денес таа резултира со
транспарентни акти на насилство кои се исто така присутни и во медиумите.

Откако започна и пандемијата со Коронавирусот, некои организации како што се


Обединетите Нации предупредуваат дека со ова започнал и бран на
ксенофобични напади. Во многу земји од САД и Европа, па се до Бразил и Кенија,
луѓето од азиско потекло се соочиле со дискриминација и вербални напади.

Етничките разлики и предрасуди се стекнати или научени од самиот процес на


социјализација и општествено опкружување. Исто така во социолошка смисла
постои и зборот етничко малцинство, кое по самото име означува мала група на
луѓе кои имаат помалку права од останатото население во заедницата во која
живеат, токму поради овие предрасуди и дискриминација. Но, чувството на

2
Xenophobia; потекнува од грчките зборови ксеноси („странец“) и фобос („страв“)

8
дискриминација и предрасуди ја зголемуваат приврзаноста и заедничките
интереси во малцинската група.

2.2.2. Расизам

Расизмот се појавува кога една група дискриминира друга група врз основа на
предрасуди кои се појавуваат поради физички карактеристики, најчесто бојата на
кожата. Расизмот е социјален феномен кој создал лажни разлики во рамките на
човечката раса и иако луѓето се обидувале да го искоренат со долготрајни борби и
протести, тој и денес е присутен насекаде низ светот, а особено во САД.
Нееднаквоста најмногу се забележува во политичкиот, правниот и здравствениот
систем, каде постојано има случаи на институционално угнетување и структурен
расизам врз Афроамериканците. И покрај усвојувањето на Законот за граѓански
права од 1964 година кој ги изедначи црните Американци со белите и ја направи
расната сегрегација нелегална, Афроамериканците и понатаму се посиромашни,
понеобразовани и поболни. За време на изминатите 10 години, „медиан“
заработката (средна статистичка вредност) за афроамериканското население во
САД изнесува од 20 до 25 насто помалку од приходите кои ги остваруваат
белците. Иако има подобрување кога станува збор за приходите, сепак
афроамериканците се помалку платени од белците за истата работна позиција.
Истражувањето кое било спроведено во 2015 година од страна на Одделот за
здравство и човечки услуги во САД, покажува голем број на нееднаквост помеѓу
белците и афроамериканците. Во 2014 година, просечниот животен век на
афроамериканците бил пократок од оној на белците, а во 2013 и 2014 година
42.4% од афроамериканските мажи имале висок крвен притисок во споредба со
30.2% од белците. Според истражувањето во 2016 година од страна на Медикал
Њус Тудеј (Medical News Today) јавното здравство покажало дека многу од
медицинскиот персонал верувал дека афроамериканците имале поголема
толеранција за болка од белците. Сето ова укажува на структурен расизам, а
последните најактуелни случаи на правна дискриминација беа убиствата на 46-
годишниот афроамериканец Џорџ Флојд и 26-годишната Бреона Тејлор во 2020
година од страна на полицијата. Тоа беше причината за големите протести кои

9
започнаа во Минеаполис, во кои учествуваа голем број на луѓе вклучувајќи ги и
некои влијателни личности. Овие чинови на расизам и полициска бруталност беа
најстрого осудени и на социјалните мрежи од страна на голем број славни
личности, а како резултат на тоа беше формирано и движењето „Животот на
црнците е важен“ (Black Lives Matter) кое стана симбол на борба против расизмот
насекаде во светот.

2.3. Стереотипи

Предрасудите и национализмот се манифестираат преку стереотипите. Во


социјалната психологија стереотипите претставуваат фиксирани и
генерализирани верувања за некоја одредена група или класа на луѓе. Со
стереотипите тврдиме дека некоја личност поседува некакви карактеристики или
особини кои се присутни кај целата група. Покрај расите и националностите,
стереотипите ги таргетираат и половите најчесто во навредлива смисла.
Стереотипите ги занемаруваат разликите помеѓу индивидуалци и ги прават да не
се разликуваат од толпата. Тие водат до општествена категоризација и тоа е
причината поради која се јавува и дискриминацијата. Иако понекогаш се среќаваат
и позитивни стереотипи, како што е верувањето дека сите Јапонци се вредни и
трудољубиви, понекогаш тие се навредливи за групата кон која се упатуваат. Па
така, кога станува збор за расни и етнички стереотипи за ромите се вели дека
лажат и крадат, афроамериканците се генерализираат како мрзеливи, насилни и
неуки, русите се сметаат за страшни итн.

10
3. Заклучок

Во овој труд зборував за културните разлики, предрасудите и стереотипите кои се


присутни во денешното општество. Културата е дел од секој народ и таа
претставува клучен елемент од идентитетот на народите. Како резултат на
разновидните култури, постојат културни разлики кои понекогаш претставуваат
пречка во комуникацијата и соживотот помеѓу групите. За ова да се надмине
потребна е комуникација и разбирање. Културната разновидност треба да се
негува и да се покажува почит и толеранција спрема различни народи.

Честопати културните разлики доведуваат до предрасуди, дискриминација и


расизам врз одредени групи. Најприсутни се етничките предрасуди кои понекогаш
прераснуваат во ксенофобија, додека пак расизмот претставува дискриминација
врз основа на физичка карактеристика. Предрасудите и национализмот се
манифестираат преку стереотипите кои претставуваат генерализирани верувања
за одредена група. Со стереотипите се одзема индивидуалноста и разликите
помеѓу поединците, со тоа што на една личност и се препишуваат одредени
карактеристики кои преку генерализација се одредени за целата група.

Сето ова треба да се надмине со заедничко залагање и борба, а општеството како


целина не треба да дозволи одредена група или поединец да се почувствува
загрозено и угнетено само затоа што тој/таа е поразличен од другите. Секој има
право на слободен говор и искажување на мисла, се додека со тоа не го загрозува
животот на некој друг, а културата, културните елементи и етничката припадност
се основни човечки слободи и права од кои никој не треба да биде лишен.

11
4. Користена литература

Петровски, В. и Мирасчиева, С. (2013). Мултикултурализам и интеркултурна


комуникација. Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, 51.

Трајкова – Костовска, Г. и Мирчев, Д. (2020). Социологија за II година


реформирано гимназиско образование (дополнето издание). Книгоиздавател
„Македонска Искра“ – Скопје, 34.

Розадо, К. (1997). Што е она што го прави училиштето мултикултурно.


Филаделфија

Am J Public Health. 2003. Investigating the Role of Racial/Ethnic Bias in Health


Outcomes. Преземено на 28 Мај 2021 г.

The Washington Post. 2020. How the coronavirus pandemic is fueling ethnic hatred.
Преземено на 28 Мај 2021 г.
https://www.washingtonpost.com/politics/2020/09/18/megacities-pandemics-economic-
crisis-is-fueling-ethnic-hatred/

Medical News Today. 2020. Racism in healthcare: What you need to know. Преземено
на 28 Мај 2021 г. https://www.medicalnewstoday.com/articles/racism-in-healthcare?
fbclid=IwAR0IBz_sZMzY1nZK4oRnLKqR4DImWKmDer3vLRp5x_cUDRGNEAZt26A0hs
c

12

You might also like