You are on page 1of 1

ЕДЕН НАРОД ПОСТОИ ОД КОГА ПОСТОИ ПИШАН СПОМЕНИК ЗА НЕГО

За да тврдиме за постоењето и животот на еден народ мора да постојат


пишани споменици за него. Преку нив дознаваме за неговата историја, за борбата и
љубовта кон татковина и за истакнатите личности кои несебично ги давале своите
животи за подобар живот на својот народ, за да еден ден тој се разбуди во своја
татковина.
Еден од најзначајните пишани споменици за поестоењето на еден народ е
јазикот. Како што впрочем е запишано и во старословенскиот Јазик, од каде води
потекло и нашиот македонски јазик, дека зборот „јазик“ истовремено означува и „јазик“
и „народ. Јазикот и денес и во историјата, претставува еден вид на сигурност и
спокојност за еден народ, бидејќи историјата е полна си примери кога прво
исчезнувал јазикот,а потоа народот под името што го носел. За да се пренесуваат
обичаите, преданијата, културата и традицијата на еден народ потребен е јазикот, за
да се пренесува историјата „од колено на колено“, за да новите генерации ја сфатат
важноста на минатото и да не заборават за тоа како живееле нивните предци
потребен е јазикот. Со еден збор јазикот кулутно ги поврзува генерациите и го
одржува постоењето на еден народ.
Јазикот е од судбинско значење за еден народ. Секое непромислено негово
наштетување ја погодува целата заедница, ја нарушува националната структура и
придонесува за нејзино раслојување, дури до распаѓање и исчезнување. Еден народ
постои од кога постои пишан споменик за него и сѐ додека постои и се говори еден јазик
ќе постојат и народ и држава.

You might also like