You are on page 1of 1

Фолклорот е усното богатство на еден

народ
Фолклорот е народното творештво кое што се пренесува усно од колено на колено.
Фолклорот на еден народ, иако може да е сличен на тој од друг народ тие никогаш не можат да се
исти. Ова е поради луѓето кои што го раскажувале, а и местата каде што фолклорот бил создаден.
Тие најчесто биле неписмени и тоа објаснува зошто фолклорот на еден народ е таков каков што е.
Имаме волшебни пирказни како што се басните и сказните, имаме хумористични вицови и
гатаники и мудри поговорки и народни приказни.

Има нешто магично за тие моменти од раното детство кога седите со вашите баба и дедо и
тие ви раскажуваат разни народни приказни кои што нив им ги раскажувале нивните баби и
дедовци, тоа чувство на невиност. И тоа мислам дека е едно од нештата кој го држат фолклорот
жив во младиот народ, Магијата. Секогаш кога ќе раскажеме некоја гатанка или поговорка, 9 од 10
пати таа сме ја чуле од наште постари. Иако пораката е важна во тие дела сепак мислам дека
најважни ни се тие спомени. Исто голем фактор е и анонимноста. Кои биле овие надарени луѓе
кои ги измислиле овие дела, можеби се наши далечни роднини а можеби и не и тоа никогаш нема
да го дознаеме што е доста магично само по себеси. Таа едноставна мистерија која не можеме
никако да ја тргнеме од творештвото. Големи фактори на фолклорот на еден народ се луѓето и
нивната околина. На пример, ако луѓето живееле близу вода, често имаме легенди за некои си
измислени огромни водени змејови и суштества. Ако луѓето кои ги креирале сказните и песните
биле земјоделци често пати тоа некако ќе најде свое место во нивниот фолклор. Фолклорот го
опишува народот најдобро од што би можело било кој човек.

Фолклорот ја опишува дарбата на еден народ да раскажува но и да помни. Народи кои


што немаат голем фолклор го заборавиле, а и со тоа еден дел од идентитетот на народот.
Фолклорот е огромна тема за дискусија и иако денес не е застапен како што бил порано, сепак
живее преку нас и мислам дека е наша должност да го споделиме со другите луѓе во нашиот
народ.

You might also like