You are on page 1of 1

Уметност е најдобриот дар што си го

дал човекот
Уметноста навистина е најдобриот дар што си го дал човекот. Преку неа тој ги искажува сите свои
мисли и чувства. Тој може да се искаже во стотици форми, од глумење до сликање и музика.
Уметноста е секаде каде што има луѓе и секој човек ја доживеал во една форма или друга. Ако
немаше уметност не би рекол дека би имало за што да се живее, таа го прави секојдневниот
живот толку поинтересен, таа не инспирира и не поттикнува да продолжиме. Едноставно не би
можело да се замисли живот без уметност.

Во многу начини уметноста ги дефинира луѓето како една целина и го слика животот во
одредено време. На пример во постари книги можеме да видиме каков бил животот и обичаите
во тоа време, драмите кои се случувале во секојдневниот живот и многу други разлики помеѓу
тогашното уредување на светот и денес. Истото можеме да го видиме и денес. Одкога почна
пандемијата во модерната музика се разгледува осаменоста многу повеќе од обично и многу
повеќе се продлабочува разговорот за менталното здравје. Инспирацијата е многу потешка да се
најде за да се креира нова уметности бидејќи ни фали човечката интеракција. Таа е главното
нешто што не поттикнува да размислуваме, да се прашуваме и иако има други извори за
инспирација, како уметноста која веќе постои во светот, крајниот продукт кој го добиваме не е ист.
Некој може уметноста да ја гледа комплетно различно од некој друг. Не постои лоша уметност, таа
е субјективна и не можеме да ставиме вистинска цена на уметноста. На секого му значи нешто
различно. И тоа не поттикнува да креираме се повеќе и повеќе. На почетокот уметноста била
неопходна за искажување на мисли во време кога немало јазик или писмо, но таа еволуирала во
нешто многу поголемо од само цртежи. Го опишува нејзиниот креатор, нејзиниот автор.

Уметноста го опишува времето во кое што е креирана а со тоа ги опишува и луѓето кои
живееле и твореле во него. Уметноста е насекаде и мислам дека токму таа, освен способност да
сме свесни, е единственото нешто што не разделува од сите други животни. Таа го опишува
нејзиниот автор и мислам дека главната причина зошто креираме уметност е за да не сме
заборавени. Што ќе оставиме на светот од кога ќе не нема? Дали ќе не памтат следните
генерации?

You might also like