You are on page 1of 29

ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ

„ПЕРЕ ТОШЕВ“ –
ДУПЈАЧАНИ- ДЕСОВО
 Училиштето во рамките на образовната
дејност се издвојува со добра
организациона поставеност што го
унапредува воспитно образовниот
процес. Името на нашето училиште е во
чест на македонскиот револуционер
Пере Тошев, роден 1865 година во
Прилеп. Тој во својот живот се
истакнува како долгогодишен учител и
инспектор во Македонија во градовите:
Прилеп, Битола, Скопје и Солун.
 Активно
учествува во развивањето на
идеолошката мисла за слободна
Македонија и е еден од водачите на
Илинденското востание.

 Пере Тошев(1865-1912)
 Во таа чест нашето училиште на 4 мај
го слави патронот на училиштето.
ПАТРОН НА УЧИЛИШТЕТО
МИСИЈА
 Нашето училиште е место
во кое наставниците од
различни етникуми
постојано ги усовршуваат и
осовременуваат наставните
програмите прилагодени на
потребите и можностите на
учениците кои учат на
соодветен јазик и
истовремено потикнуваат на
доживотно учење
ВИЗИЈА
 Сакаме училиштето да биде
центар за едукација со
квалитетна, ефикасна и
современа настава на различните
јазици, истовремено прилагодена
според потребите и можностите
на учениците од различните
етникуми и развивање на свеста
за соживот, толеранција и
почитување на културата и
традицијата на другите
ЦЕЛИ НА УЧИЛИШТЕТО

 Подигање на квалитетот на
воспитно-образовниот процес со
примена на современи форми и
методи, употреба на ИКТ во
наставата
 Унапредување на формите на
соработка со родителите и
локалната средина
 Подобрување на училишна клима
и односи во училиштето
 ОУ "Пере Тошев" Дупјачани се наоѓа
во општина Долнени. Основното
училиште од учебна година 2009/10
со одлука на локалната самоуправa е
со седиште во с.Десово, општина
Долнени, во чии состав влегуваат
подрачните училишта во с.
Дупјачани, с. Небрегово и с.
Дреновци, а опфаќа ученици и од с.
Забрчани и с.Мраморани.
 Во ОУ с.Десово наставата се
реализира на македонски и албански
наставен јазик. Pеализацијата на
наставата е од I-IX одделение во чисти
паралелки на македонски наставен
јазик и комбинирани на албански
наставен јазик од I-II-III и IV-V
одделение и
VI-VII и VIII-IX одделение.
 Во ПУ с. Дупјачани се реализира
настава во комбинирани паралелки I -
V и VI –VII и VIII-IX одделение на
македонски наставен јазик.
 Во ПУ во с. Небрегово и с. Дреновци
наставата се реализира на
македонски наставен јазик во
комбинирани паралелки од I - V
одделение, а учениците од VI – IX со
организиран превоз настава
посетуваат во с.Дупјачани.
УЧЕНИЦИ И ПАРАЛЕЛКИ

 Вкупниот број на ученици за оваа


учебна година изнесува 252 ученици
од кои 98 се женски,а 154 машки.Во I
одделение се запишаа 40 ученици,од
кои 37 ќе посетуваат настава на на
македонски наставен јазик,а 3
албански наставен јазик.
УЧЕНИЦИ И ПАРАЛЕЛКИ

 Вo одделенска настава ќе се
едуцираат 148 ученици,а во
предметна настава 104 ученици
распоредени во 19 паралелки, 9
чисти и 10 комбинирани паралелки.
Раководен кадар во училиштето е
в.д.Директор – Адмир Кадриески. Во
училиштето работат и стручени
соработници – педагог Софија Јорданоска
и социолог Емануела Николоска . За
воспитно – образовниот процес во нашето
училиште има 11 одделенски наставници и
21 предметни,а има и наставници кои
дополнуваат од други училишта.
Структурата на наставниот кадар според
националниот состав е 32 Македонци, 8
Албанци, 2 Бошњаци .
Просторните капацитети, се
огледало на ликот на училиштето,
и креативноста на учениците и
наставниците
Вон наставните активности во нашето
училиште ја развиваат детската
креативност, трудољубивост и го
продлабочуваат когнитивниот развој
на детстата личност.
Во таа смисла ја градиме нашата
училишна култура, на почитување,
меѓуетничка толеранција и
интеграција.
Во нашето училиште работат следните
секции: Литературно – рецитаторска,
Драмска секција, Еколошка и Ликовна
секција
Училиштето планирано и
континуирано се грижи за
професоналниот развој на наставниот
кадар. За таа цел наставниците
активно посетуваат обуки и семинари
организирани од разни институции и
врши десеминација на истите.
ВКЛУЧЕНОСТА НА ПРОЕКТИ ВОДИ КОН
ДОБРИ РЕЗУЛТАТИ

Во нашето училиште се реализираат


следните проекти: Меѓуетничка
интеграција во образованието, Јакнење
на мултиетничкото образование во
општините, Јазична писменост,
Математика со размислување, Со читање
до лидерство,Меѓуетничка интеграција на
младите во образованието
УЧЕСТВО НА КОНКУРСИ И НАТПРЕВАРИ
 Учество на конкурсот за традиционална маска во Р. Чешка.
 Училишен проект „Адобе Гласот на младите“
 Училишен проект „Ова е мојот глас“-проект презентран на
јубилејниот 10-ти Глобален Форум на наставници екстперти
организиран од страна на Microsoft.
 Меѓународен карневал Прилеп „Прочка“ – ликовни творби и маски
 Учество на ликовен хепенинг дел од пректот на МОН и УСАИД за
меѓуетничка интеграција
 Учество на ликовен конкурс за учество на Камп за детска анимација
организиран од страна на ОХО, Американска амбасада и 5+.
 Учество на меѓународен конкурс за компјутерско цртање на тема
„Заедно растеме“-по повод 28 Септември Денот на Бошњаците
ОСВОЕНИ НАГРАДИ

 Доделена награда за традиционална маска за


учество на конкурсот во Р. Чешка на Семин
Хајровиќ од 8-8 одд. од страна на чешкиот
амабасадор во Р. Македонија.
 Награда за Муратка Адиловиќ и Белма
Адиловиќ 6 одд од с.Десово – Учество на на
Камп за детска анимација организиран од
страна на ОХО, Американска амбасада и 5+.
 Освоени 2 први и 1трето место на меѓународен
конкурс за компјутерско цртање на тема
„Заедно растеме“-по повод 28 Септември Денот
на Бошњаците

 Ви благодариме !!!

 Подготвиле :
 в.д.Директор Адмир Кадриески

и стручната служба во учолиштето


(педагог , социолог)

You might also like