You are on page 1of 13

ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА УЧИЛИШТЕТО

ООУ„ЛИРИЈА„-ТЕТОВО
За уч.2019/2020 година

ООУ„Лирија„-Тетово
Јуни,2020 г.
 МАТЕРИЈАЛНО ТЕХНИЧКИ УСЛОВИ ЗА РАБОТА

Mатеријално техничките услови во кои се одвива работата,наставата и


активностите во зградата на училиштето, може да се каже дека се на
просечно ниво.
Зградата односно објектот е изграден во 1946-та година од минатиот век,што
значи дека е многу стара,и со неколку поправки и интервенции е
интервенирано,но сепак условите не ги задоволуваат основните стандарди за
изведување на наставата.

Во почетокот, овој објект бил изграден за капацитет од околу 600 ученика ,а


денес имаме скоро дупло повеќе односно над 1000 ученика.Така секоја
помошна просторија која порано била во функција на воннаставни
активности,менза,кујна,кино сала и сл, сега е преадаптирана во училница.
Во изминатиот период односно за време на летниот распуст беше неправена
некоја преадаптација на одредени простории-и тоа,просторијата во која беше
библиотеката беше целосно реновирана и пренаменета за училница,а истата
беше пренесена во друга просторија,односно во една помала училница на
катот.Исто така во сутеренскиот дел,имавме една голема училница,која пред
неколку години ја поделивме со гипс картони и добивме две простории-
едната е кабинет по информатика и втората е училница за деца со посебни
потреби..За кабинетска настава односно за кабинети по други наставни
предмети и не станува збор бидејќи нема никакви услови за тоа.
Мора да напоменеме дека пред 3години се соочивме со голем проблем-
кровот,заради кој бевме приморани во зимскиот период да учиме во три
смени.Но за наша голема среќа,со огромна помош на раководните лица од
локалната самоуправа поточно со целосно залагање на нашата
градоначалничка и нејзината екипа, со помош на Министерството за
образование како и целосна поддршка на управата на училиштето и
родителите,овој проблем беше решен во текот на минатата година,односно
беше променета целата кровна конструкција,врз основа на претходно
извршен увид и дадена согласност од Институтот за земјотресно
инжењерство од Скопје.
Прозорите во сите училници и во дел од другите помошни простории се
променети,но останува уште во неколку простории да се променат.
Санитариите кои беа исто така во лоша состојба,беа целосно реновирани
како санитарните простории за наставниот кадар ,така и санитариите за
учениците.Беа комплетно реновирани односно преградени машките и
женските тоалети,поставени нови лавабоа,чешми,нови санитарни јазли со
нови чучавци и писоари,така да и овој проблем е комплетно решен,исто така
со помош на локалната самоуправа и со помош на донации од родители.
Исто така беа набавени нагледни средства за наставниците по одредени
предмети-математика, хемија, физика, историја, географија, како и за
одделенските наставници-географски карти,ленири,шестари,беа набавени и
столици и фотељи за административниот кадар,како и ЛЦД проектори.Сето
ова беше финансирано со буџетски планирани средства од општината.

Проблем во училиштето претставува и електричната инсталација,која е во


многу лоша состојба,и многу често,посебно во зимскиот период,настанува
прекин на електричната енергија.До сега неколку пати е побарана помош од
сите надлежни институции, дадени се ветувања ,но сеуште не е ништо
реализирано.

Во училиштето имаме и една спортска сала ,која не ги задоволува основните


стандарди за изведување на наставата по физичко и здравствено образование.
Во текот на изминатите 2 учебни години ,со помош на НАНСЕН-Центар за
дијалог како и со средства од локалната самоуправа , беа комплетно
реновирани 4училници во подрумскиот дел од училиштето и 2 училници во
приземниот дел.Зидовите беа целосно искречени,глетувани,беа поставени
нови врати и венецијанки на прозорите.Исти такви две училници беа
реновирани и во текот на оваа учебна година,а во тек е подготовка на уште
една училница на катот.
При крајот на првото полугодие,со средства дадени од локалната
самоуправа,училиштето изврши набавка на голем број нагледни
средства,технички помагала,мебел и опрема.
Беа набавени училишни клупи, ученички столици и ЛЦД проектори
Треба да напоменеме дека во текот на минатите години беа променети сите
врати во училниците,а реализирано со дел од сопствени приходи и дел со
средства од локалната самоуправа..
Беа поставени ролетни-венецијанки во сите училници во подрумските
простории како и во неколку други на приземјето и на катот..
Една училница која се наоѓа во приземниот дел имаше многу оштетен под и
во оваа училница беше променет подот и ставени се керамички подни плочки
како и венецијанки на прозорите.
Во училницата во која се изведува настава во прво одделение на албански
наставен јазик,со средства од донација на родител,беше променет комплетно
целиот мебел во училницата,односно беа поставени нови ормани и
шкафчиња.
Исто во овој период беше инсталирана нова шибер врата на училишната
железна ограда во дворот на училиштето.
Во текот на зимскиот распуст беа поставени нови керамички плочки во
влезниот дел на училиштето,како и на сите скали до катот.

 НАСТАВА
Наставата во уч.2019/2020 г. започна навреме на 02 Септември 2019г. а
заврши на 10 јуни 2020г.(согласно календарот за работа од страна на
Министерството за образование и наука).

Наставните планови и програми во текот на уч.2019/2020 година беа


реализирани и се одвиваа согласно насоките дадени од Министерствот за
образование и наука како и од Бирото за развој на образование.
Оваа уч. 2019/2020 година во оу„Лирија„-Тетово настава следеа вкупно
1155ученика во редовна настава и 27 ученикa во три паралелки со посебни
потреби,односно вкупно 1182ученикa.Од нив на македонски наставен јазик
имаме вкупно 316 и во паралелки со настава на албански наставен јазик
имаме 839 ученика и во трите паралелки за специјални потреби има 27
ученикa.
На наредната табела е претставена структурата на ученици по пол:

Македонци Албанци Роми Друго Вкупно


Машки 155 412 7 1 575
Женски 156 422 2 580
ВКУПНО 311 834 9 1 1155
Имаме вкупно 45 паралелки во редовна настава и 3 паралелки за деца со
посебни потреби со настава на албански јазик,односно вкупно 48
паралелки.25 паралелки се од I до V одд. во редовна настава и 2 паралелки за
деца со посебни потреби) и 20 паралелка во предметна настава- одVI – IXодд
во редовна настава и 1 за деца со посебни потреби,од кои 10 паралелки се со
настава на македонски наставен јазик во одделенска и 8 во предметна
настава.15 паралелки се во одделенска настава со албански наставен јазик и
12 во предметна настава.Овие три паралелки за деца со посебни потреби се
комбинирани,и тоа првата е со деца од прво до трето одделение,втората од
четврто до петто одделение и третата од шесто до осмо одделение.
Пред една година а при крајот на првото полугодие,поради поголемиот број
на деца со посебни потреби во едната комбинирана паралелка,отворивме
нова паралелка и тоа првичната која беше од прво до петто ја поделивме на
две,и тоа една паралелка од прво до трето и втора од четврто до петто
одделение,така да сега всушност имаме три комбинирани паралелки.
По тој повод,новата библиотека во подземните простории,ја преадаптиравме
во училница за една од овие паралелки,а библиотеката ја дислоциравме на
горниот спрат во една просторија-училница која се приспособи за потребите
на библиотека.
Во текот на летниот распуст како донација од фирмата Еколог,ни беше
изградена монтажна баракасо три училници и помошни простории за децата
со посебни потреби.Сега навистина се одлично опремени со нагледни
средства и условите дозволуваат изведување на настава за деца со посебни
потреби.
Наставата во ООУ„Лирија„-Тетово се одвива во 24 училници, 1 адаптирана
просторија(кабинет)по информатика,како и помошни простории во кои се
сместени администрацијата ,библиотеката и техничкиот персонал.За жал,во
училиштето немаме услови за дневен престој,за сопствена кујна,менза и
сл.Исто така, иако има сала која не ги исполнува соодветно условите за
работа,нема ниту соблекувална за учениците.
Наставата се одвива на двата јазика-македонски и албански,и се одвива во
две смени.

Првата смена започнува во 7,30-13,00 додека втората смена започнува


од13,15-18,30.Има само по една голема пауза во траење од по 15 мин во двете
смени(помеѓу вториот и третиот час),а сите останати паузи меѓу часовите се
по 5 минути.

Согласно наставните планови од Бирото за развој на образование,во


ооу„Лирија„-Тетово,се изведуваат сите видови на настава:

 Задолжителна настава
 Изборна настава
 Дополнителна настава
 Додатна настава
 Слободни ученички активности

Што се однесува до задолжителната настава,треба да напоменеме дека и оваа


учебна година продолжи со реализација настава по математика и природни
науки по програмата на Кембриџ за настава од I доIII одд.Практично се
укинува предметот Природа, а се воведе Природни науки од I доVI одд.
Исто така пред три години се воведе и нов предмет во деветтите одделенија-
Иновации како задолжителен предмет со по 1 час неделно.
Сите наставници кои се опфатени со оваа програма беа обучени за
реализација на програмата.
Изборна настава се реализира врз основа на добиени анкети во текот на
минатата учебна година,и изборот за изборен предмет го направиле самите
ученици со родителите.Сите наставници кои реализираат изборна настава се
соодветни и ги исполнуваат условите и нормативите за реализација на
изборни предмети.
Како втор странски јазик во училиштето се изучува Францускиот јазик.

Додатна и дополнителна настава се реализира согласно претходно утврден


распоред за реализација на истите а во зависност од предметот и бројот на
ученици.
Во рамките на слободни ученички активности реализирани се следните
активности:
- По повод Детската недела,беше организирана приредба за свечен
прием на првачињата во детската организација;
- Во текот на октомври и ноември месец беа организирани работилници
од страна на родители-преку предавања за грижа за
здравјето,денталната хигиена,заразни болести и сл,кое беше во рамките
на насоките ма Министерството за образование и наука како дел од
активности кои треба да се реализираат во текот на целата учебна
година.
- За 1 декември-денот на деца со посебни потреби-организиравме
неколку работилници,на кои учество зедоа и децата со посебни
потреби и изработуваа флаерчиња,сликички и слично за украсување на
училишниот хол.Сето ова беше финансиски односно материјално
поткрепено од страна на НАНСЕН центарот преку кој сме вклучени во
проект за меѓуетничка интеграција.Исто така беше организирана и
приредба со децата со посебни потреби.
Поради појавата на korona вирусот -COVID 19,на 10 Март добивме
писмено известување од Министерството за образование и наука , со
кое се налага прекин на наставата.Беше прогласена пандемија,не само
кај нас туку речи си во целиот свет.Бевме принудени да седиме
дома,под одредени услови да се движиме,да носиме заштитна опрема и
да ги следиме секојдневно упатствата од Светската здравствена
организација.
Потоа наставниците добија напатствија да почнат со on-line
настава.Така почнаа наставниците од дома како и учениците од дома да
следат настава,преку различни портали-кој како знаеше и
умееше.Навистина во почетокот одеше малку потешко од повеќе
причини-некои деца немаа компјутери,некои немаа интернет,се
ангажираа и дополнително родителите.Сепак некако успеавме да ја
завршиме учебната година.
Наставниците за цело време водеа педагошка евиденција во
електронскиот дневник,запишуваа часови,реализирани
активности,испрашување,тестирање,писмени работи и сл.За
пополнување на печатените едневници,за деветтите добивме писмено
известувањље,а за останатите сеуште не сме добиле,бидејки сеусте трае
вонредната состојба и не е препорачливо да се доаѓа на училиште и да
се вршат овие активности.
Целокупната процедура за пишување и доделување на свидетелства за
деветтите одделенија,како и начинот на доделување,беше беспрекорно
запазен од наша страна ,се беше на време подготвено во училишниот
двор,со користење на процедури за заштита од Корона вирусот.
.

 ПРОЕКТИ ВО КОИ УЧЕСТВУВА ООУ„ЛИРИЈА„-ТЕТОВО

1. Проект за меѓуетничка интеграција во образованието-нашето училиште


е партнер со ооу„Гоце Делчев„-Тетово.Во рамките на овој проект
ализирани се следните активности:
-заеднички час по литературно читање кое се одржа во ооу„Лирија„-
Тетово;
наградување на најдобрите литературни творби изработени од страна
на учениците кои учествуваа на овој натпревар;

2. Проект за изучување на францускиот јазик од прво до петто одд.-во


настава на албански јазик ,а во организација на Француската
Алијанса(овој проект е веќе неколку години)

3. Проект „Математика со размислување„ со учениците во одделенска


настава на двата наставни јазика

4. Проект за меѓуетничка интеграција преку воннаставни активности-


NANSEN- во организација на Нансен Центар за дијалог(од Кралството
Норвешка)
5. ЕРАЗМУС проект-преку Нансен центарот како партнери сме вклучени
во Еразмус проектот

6. Проект за меѓуетнички спортски дружења-организиран од


МОН,УСАИД и OFF Schools-CCPA-Скопје

7. Проект-Со читање до лидерство-во второ и трето одделение


8. Проект-јазична писменост-со ученици од прво до петто одделение

 ГРИЖА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ

Што се однесува до овој дел од годишната програма за работа,во уч.


2019/2020 година беа реализирани сите предвидени активности.
Сите ученици чии родители сакале да се осигураат нивните деца,беа
навремено осигурени.
Сите ученици кои беа предвидени со плановите од Медицинскиот центар во
Тетово,беа имунизирани односно вакцинирани.
Редовните систематски прегледи по одделенија исто така се реализираат
согласно распоредот кој го добиваме од Медицинскиот центар во Тетово.
Исто така беа навремено реализирани и стоматолошките прегледи како и
заливање на забчињата кај учениците од првите и вторите одделенија.

 УСПЕХОТ НА УЧЕНИЦИТЕ
Средниот успех по одделенија за цело училиште за паралелки кои се
оценувааат бројчано е даден во следната табела:

(На истата табела се дадени и податоци за успех од минатите 2 уч.г. )


2019/2020 2018/2019 2017/2018
IV1 4.9 4.79 4,45
IV2 4.89 4.82 4,78
IV3 4,05 4.5 4,23
IV4 4.51 4.66 4,4
IV5 4.68 4.64 4,9
V1 4.86 4.56 4,59
V2 4.89 4.83 4,93
V3 4.54 4.1 4,47
V4 4.49 4.57 4,32
V5 4.74 4.8 4,61
VI1 4.7 4.14 4,44
VI2 4.82 4.91 4,45
VI3 4,40 4.23 4,58
VI4 4.43 3.74 4,3
VI5 4.84 4.47 4
VII1 4.34 4.25 4,83
VII2 4.86 4.8 4,06
VII3 4.30 4.64 4,14
VII4 4 4.3 4,59
VII5 4,53 3.8 3,8
VIII1 4.48 4.52 4,81
VIII2 4.76 4.19 4,43
VIII3 4.68 4.2 3,78
VIII4 4 4.53 4
VIII5 3.86 3.7 4,1
IX1 4.78 4.88 4,29
IX2 4.56 4.66 4,46
IX3 4.35 3.82 4,17
IX4 4.62 3.91 3,52
IX5 3.91 4.02
На ниво на 4,52 4,34 3,96
училиште

2019/2020 средниот успех изнесува 4,52 што значи дека во споредба со


минатата учебна година, средниот успех е незначително зголемен односно
разликата изнесува 0,18,додека пак во споредба со уч 2017/2018 имаме
покачување на срдниот успех за 0,56.

Во следната табела е даден успехот на ниво на училиште по ученици:

Одличен Многу добар доволен повторувачи


успех добар
Македонска 167 25 4 3 /
настава
Албанска 377 92 81 2 /
настава
На ниво на 544 117 85 5
цело /
училиште
Во текот на уч.2019-2020г. беше реализирано следење на работата на
наставниците од страна на стручната служба и директорот , преку посета на
часови , увид во педагошката документација и увид во Електронскиот
дневник како и увид во планирањата на сите нивоа.

Врз основа на анализите и увидот во педагошката евиденција и


документација,непосредното следење на квалитетот на планирањето и
програмирањето како и реализацијата на сите нивоа покажаа задоволителни
резултати.

Сите ученици оваа учебна година имаа примерно поведение,иако во текот на


полугодието,стручните служби имаа ретки случаеви на советувања со
родителите и учениците кои имаа непримерно однесување или намален
успех.Дисциплината во училиштето беше на задоволително ниво.
Оваа учебна година се оценети сите ученици,со исклучок на една
ученичка,која од здравствени причини не беше на настава повеќе од 1/3 од
работните денови,за неа се формира Комисија за полагање на одделенски
испит,така да нејзиното полагање е во тек.Ученици кои го повторуваат
одделението ,оваа уч.година нема.

Што се однесува пак до изостаноците на учениците ,прегледот е направен


исто така споредбено со минатата учебна година на крајот од учебната
година:
Табела за изостаноци за уч.2019/2020

Уч.2019/2020 Уч.2018/2019Уч.2017/2018
оправд неоправ вкупно оправдани неоправдан вкупно
ани дани и
Настава на 7190 558 8721 6181 797 6978
македонск
и
Настава на 7226 568 7829 14294 2905 17189
албански ј.
На ниво на 14416 1126 16550 20475 3702 24167
училиште
Просечен 12,48 0,97 14,32
бр.
на 17.6 3.19 20.8
изостаноци
по ученик

Од табелата може да се забележи дека има значително зголемување на


вкупниот број на изостаноци во македонска настава,а во албанска настава е
забележано намалување на оправдани и неоправдани изостаноци.
Исто така постои и намалување на просечните изостаноци по ученик на ниво
на цело учлиште, Всушност ова се поважните достигнувања и активности кои
се реализирани во ООУ„Лирија„-Тетово во текот уч.2018/2019 година.

ООУ„ЛИРИЈА„-ТЕТОВО

Директор,
В.д.М-р.Самије Алили
__________________________

You might also like