You are on page 1of 4

ООУ “Абдил Фрашери“

1220 Боговиње, Општина Боговиње


Тел: 044/394-294
Емаил: sab_bajrami@yahoo.com

До:
Сектор за образование - Општина Боговиње
Министерство за образование и наука

Предмет: Образложение на барањето за реализација на наставата со физичко присуство

Образложение

На почетокот ќе се обидеме да ви дадеме некои општи информации за училиштето. Нашето


училиште работи со 1 централно училиште во населбата Боговиње и две периферни училишта во
населбите Раковец и Селце. Училиштето има вкупно 670 ученици и 600 во централното училиште
во Боговиње, 70 во П.У во Раковец и 20 во П.У во Селце кец. Сите училишта работат во две смени.
Првата смена започнува со настава во 7.30-13.00 часот, додека втората смена започнува во 13.30-
18.50 часот. Имаме 67 наставници по предметна и одделенска настава. Во Ц.У во Бовговиње
имаме четири паралелки за секоја генерација, освен во деветто одделение, каде што имаме три
паралелки, т.е. вкупно 35 паралели. Во П.У. Раковец имаме по една паралела за секоја генерација,
т.е. 8 паралелки и во П.У Селце кеч имаме 2 комбинирани паралелки (I, II одд. и IV, V одд) во
одделенска настава и 2 во предметна настава од кои едната е комбинирана (класа VI, VII), а
другата е посебна (IX), односно вкупно 4 паралелки.Поголемиот дел од образовниот кадар е
ангажиран во Боговиње, но имаме и персонал кој е ангажиран и во подрачните училишта.

Во однос на училишните простории, во Основното училиште во Боговиње имаме 18 училници, 5


кабинети и 1 библиотека. во Раковец имаме 5 училници и 1 кабинет и во Селце кеч имаме 2
училници.

Во врска со вашето барање да дадеме мислење, информација или предлог зазапочнување на


настава со физичко присуство, што доаѓа како резултат на исклучително тешката ситуација од
пандемијата Ковид 19, ќе се обидеме да дадеме преглед давајќи мислење за :

Тешкотии за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство

- Недостаток на информации или конечна одлука на МОН за начинот на спроведување на


образовниот процес, односно донесување закон или дополнување на постојниот закон

- Недостаток на инструкции во врска со наставните програми по предметите од страна на БРО

- неизвесност во врска со прецизната и практична имплементација на Протоколите одобрени од


Комисијата за заразни болести и МОН.

- Недостаток на технички персонал за одржување на хигиена и ред според истиот Протокол


- составување распоред за дежурство за одржување на редот и спроведување на Протоколите

Тешкотии за реализација на образовниот процес на линија

- Недостаток на вештини и знаења на дел од образовниот кадар за употреба на ИКТ во


образовниот процес

- недостаток на материјално-технички средства

- Недостаток на контрола од страна на раководното тело на училиштето во врска со


спроведувањето на онлајн учењето

- недостаток на унифицирана платформа подготвена од МОН

Можности за реализација на учење со физичко присуство

- Поседување на доволен простор за реализација на часот

- постоење на два влеза во училиштето-SH.Q. Боговиње

- мал број ученици на часови - помалку од 20 ученици

- континуирано снабдување на училиштето со хигиенски средства, средства за дезинфекција и


термометри

Во ваков случај училиштето ги нуди следните решенија:

План А: Наставата со физичко присуство да ја следат само учениците с од 1, 2, 3 одделение во Ц.У


Боговиње, П.У Раковец и во П.У Селце кеч, освен се разбира, учениците чии родители ќе се
изјаснат за он лине настава.

План Б: Наставата со физичко присуство да ја следат учениците с од 1-6 одделение во Ц.У


Боговиње, освен се разбира, учениците чии родители ќе се изјаснат за он лине настава.

План В: Наставата со физичко присуство да ја следат сите учениците од 1-9 одделение во Ц.У
Боговиње, освен се разбира, учениците чии родители ќе се изјаснат за он лине настава.

Настава од далечина (онлајн)

Училиштето ќе обезбеди настава преку интернет за учениците кои прават избор за учење на
далечина. Врската ќе биде директна со училницата каде учат учениците со физичко присуство,
преку платформата што ќе ја лансира Министерството за образование. Пријавувањето на
учениците преку интернет ќе биде задолжително во времето на дадениот распоред.

Тестирање и оценување на сите ученици ќе се врши со физичко присуство според распоредот што
ќе го утврдат наставниците и со почитување на сите протоколи. Учениците кои ќе се изборат да
работат од дома ќе бидат повикани во одредени денови за тестирање. Училиштето ќе се обиде да
ги покани овие учениците во помалку денови да присуствуваат на оценување, и затоа може да се
планира да се полагаат тестови по два или три предмети за еден ден.

Со избор на учење од далечина (онлајн), родителската помош е многу важна за редовноста и


мотивацијата на ученикот да одговори на барањата на наставниот процес.

Настава со физичко присуство во ЦУ Боговиње

I, II и III одделение секако ќе посетуваат настава со физичко присуство, освен ако родителот не се
изјасни поинаку. За IV - IX одделение, училиштето бара одобрување за дозвола за изведување на
наставниот процес со физичко присуство.

Според планот на училиштето, училишната зграда на некој начин “се дели“ на два нивоа од кои
секој има свој влез и група паралелки кои исто така имаат свое различно време на прием, часови и
одмори, со ограничен и набљудуван пристап до другите делови во училиштето со што се намалува
ризикот од ширење на ковид-19. Според планот во прва смена (7:20 - 12:15 часот) наставата ќе
посетуваат ученици од II - V одделение, додека во втора смена (12:30 - 17:30 часот) VI - IX
одделение.

Паралелките од I-во одделение според планот ќе посетуваат часови во нивната посебна училница
во 2 смени.(Ако не се одобрува планот за IV-IX одд. да посетуваат настава со физичко присуство
тогаш I, II и III одделение сите ќе следат настава во првата смена).

Настава со физичко присуство во П.У Раковец

Во подрачните училишта распоредот ќе биде сличен, со две смени, I-V одд. во прва смена и VI-
IX одделение во втора смена смена .Сакаме да наведуваме дека поради малиот број на ученици во
овие паралелки нема да има никакви потешкотии за изведување на наставата со физичко присутво
дури мислиме дека ова ќе биде најдобра опција поради тоа што родителите немаат уреди за
следење на наставта во дистанца, освен се знае ако родителите не се изјаснат за онлине настава.

Настава со физичко присуство во П.У Селце кеч

Ситуацијата е иста како и во Раковец, распоредот ќе биде сличен, со две смени, I-V одд. во прва
смена и VI-IX одделение во втора смена смена .И во оваа подрачно училиште имемаме многу мал
број на ученици, дури како што наведовме погоре овде имаме и комбинирани паралелки.Така што
наставата со физичко присуство е најдобра опција, се разбира ако родителите не се изјаснат
поинаку.
Организација на работата

Пристигнувањето на паралелките ќе биде во различно време, влез и прием на паралелките ќе се


врши на секои 10 минути, за да се избегне собирање на големи маси во дворот и да се задржи
растојанието.Просториите во училницата ќе бидат посветени специјално за одредена паралелка и
нема да бидат дозволени движења за време на кратките одмори освен за излез за физиолошки
потреби. Долгиот одмор за секоја паралелка ќе биде во различно време, учениците ќе ја земат
храната од дома и ќе ја консумираат во училницата.

На влезот и при движење задолжително со маски и растојание, ќе им се измери температурата,


дезинфицирање на рацете и чевлите и директно одат во нивната училница. За време на нивниот
престој во училиште, учениците ќе бидат само во една училница, во нивната одредена училница –
нема да се оди по кабинети, излегувањето само со дозвола и надзор е само за физиолошки потреби
и само за физичко и здравствено образование во дворот или спортската сала под водство на
предметниот наставник.

Родителот е должен да ја измери температурата на детето пред да тргнува за на училиште, ако е


покачена или ако детето има знаци како настинка, треска, кивање, кашлање…, и родителот се
сомнева во здравјето (не мора да значи Ковид-19) - тогаш го задржува детето дома и го известува
класниот наставник, но следи настава преку интернет (кога гореспоменатите симптоми не се јаки).
Родителите кои треба да ги придружуваат до училиште или да ги земат своите деца од училиште,
само се приближуваат до главниот влез на училиштето (кај централното училиште до спортската
сала за учениците кои ќе влезат од влезот 2). На родителите строго им се забранува да влегуваат во
училиште на почетокот, за време и на крајот на наставата – за каква било непредвидена ситуација
тие го известуваат дежурниот на денот и потоа се постапува според протоколите.

Во прилог: Детален план на училиштето за изведба настава со физичко присуство, со назнаки за


време на прием на ученици, време на часови, време на одмори и оддржување.

Со почит,

Директор

------------------------
Датум: 09.09.2020 Абдилбасит Џафери

You might also like