You are on page 1of 2

ООУ „Владо Кантарџиев“ - Гевгелија

ПРОГРАМА
За слободни ученички активности по предметот англиски јазик

Наставник: Татјана Попова Какрова


Име на слободнa активност: English Club
Број на ученици: _8 - 12_
Одделение: VII (седмо)

Цел на активноста:

Развивање на љубов кон изучување на англиски јазик и запознавање со


одликите и традицијата на земјата чиј јазик се изучува како и културата на земјата. Со
тоа се продолжува и љубовта кон својот мајчин јазик и чувството на љубов кон својата
татковина.

Задачи на активноста:

Проширување на знаењето со кое се здобиваат на часовите по англиски јазик за


време на редовната настава, учење песни, читање текстови од англиска литература,
прилагодени на возраста на учениците. Зголемување на вокабуларот.

Содржина на работата на слободната активност:

1. Активности по повод Европскиот ден на јазиците (16 септември)


(2 часа);

2. 1. Активности по повод Светската недела на децата (2.-7.10.2023)

3. Активности и подготовки за патрониот празник на училиштето


(5- 8 часа)
4. Украсување и изработка на Новогодишни декорации во училницата (26 – 28
декември) (2 часа);
5. 8ми март – изработка на честитка за мојата мајка (7 март)
(1 час);
6. 21ви април - Ден на Планетата Земја (пишување Еко пораки)
(2 часа);
7. Ден на Европа – 6ти мај – учество и подготовки на постери
или плакати (2 часа);
8. Велигден – Easter, читање текст
(2 часа);

Активноста на слободна секција (наведи го начинот на реализација):

учебна 2023 / 2024 год.


ООУ „Владо Кантарџиев“ - Гевгелија

На часовите се чита и коментира, се дискутира на одредена тема, се слуша


одреден текст или песна и се анализираат, се водат дијалози и се зборува на одредени
теми, се изработуваат постери или плакати на одредени теми и подготовки ако се
учествува со точка на патрониот празник на училиштето.

Очекувани ефекти:

Се зголемува љубовта на учениците кон англискиот јазик, се подобрува


способноста за слушање и читање со разбирање, се збогатува вокабуларот,
способноста на склопување реченици, разговор – комуникација со точна интонација и
акцент.
Учениците со задоволство го изучуваат јазикот, слободно комуницираат
користејќи точен вокабулар и составувајќи точни реченици и фрази. Пишуваат и
преведуваат со точност, користејќи речник, притоа учејќи за културата и новините на
народот чиј јазик го изучуваат.

Евалуација на активностите (што ќе се проценува, како ќе се проценува,


кои критериуми на успешност ке бидат и др.):

Активностите се евалуираат спрема постигнатите очекувани ефекти, активноста


и желбата на учениците да се усовршуваат.

Ресурси потребни за активноста:

Текстовите од антологии на проза и поезија, интернет, текстови од англиски


списанија, снимени материјали.

Време на реализација

Од септември 2023 до јуни 2024 година.

Забелешка:

учебна 2023 / 2024 год.

You might also like