You are on page 1of 6

Не се сеќавам на денот кога за прв пат земав книга во рака,

не се сеќавам ниту на името на својата прва прочитана книга,


нејзиниот мирис, како ни на моментот кога бев вовлечена во
тој магичен Свет...
Дојдов до заклучок дека од книгата може да многу да
научиме. Книгата стана составен дел од мојот живот, се всели
во мојата соба и во секоја моја мисла. Личностите во книгите
се со различни особини, и со секоја наредна книга доживувам
нешто ново, нешто непознат. Сите тие личности со своите
особини ме научија да го разликувам доброто од злото и да ги
ценам лугето и нивните дела. Запознав нови области, обичаи
и народи и им се восхитував. За мене не постои добра и
лоша книга, сите ми е подеднакво драга и во секоја
пронаоѓам нешто ново, интересно и корисно.
Љубовта кон книгите и читањето одсекогаш била присутна во
мојот живот. Секоја книга е свет за себе, не учи, ни прави
друштво во осамените денови, не радува и смее, не
расплакува и ни ги отвара вратите од својот свет. Треба да
бидеме благодарни што тие ни овозможуваат да научиме
многу за сегашноста и иднината. Секогаш биле тука за мене и
со мене , моите верни пријателки - книгите.
Има еден другар што никогаш не го изневерува оној
што се потпира на него. Си стои тивко на страна,
молчи додека не го прашуваат, секогаш е доверлив и
нуди најдобри решенија. Тој пријател од соништата е
– книгата.
Таа е измислена да биде сокровиште на знаењата.
Луѓето не можеле се да запаметат и посакале да си
најдат ковчеже во кое ќе го сместат знаењето. Исто
така, си помислиле дека е убаво тоа знаење да го
разменат со други луѓе, со кои тие не можат лично да
се сретнат или, пак, со оние што ќе дојдат многу
години по нив. Токму затоа книгата го задоволува
интересот по сознанијата и поврзува генерации.

Со книгите сите сме заеднички сопственици на сите


човечки достигнувања. Притоа тие се најсилно
средство не само на човекувањето, туку и на
човештината. Книгите се човеково откритие што не
прави зло, туку само добро. Доколку сакате да го
запознаете богатството на човековите судбини и да ги
најдете одговорите и на најтешките прашања, сето тоа
ќе го најдете читајќи ги книгите.
Тие нудат искуства, доживелици, пренесуваат пораки,
убави зборови и прекрасни чувства.
Книгите нѐ учат и што е зло, какви форми има тоа и
како да го избегнуваме. Всушност тие се алатка за
одбрана од злото, најсилното средство за споделување
на добрините и на најважните морални сознанија и
поуки. Незаменливо средство за обука и учење,
вистински учители по етика за сите луѓе на светот,
особено за најмладите.

Етичка мисла: Книгите се подобри пријатели од


луѓето.
Тие само даваат, а не бараат ништо.
Фрајхер фон Минхаузен, германски писател

Книгата е најголемото богатство за човекот. Книгата е мало,


бистро изворче од кое течат букви и реченици. Таа и го
осветлува патот кон животот. Ах, таа книга полна со случки, со
различни случувања. Како една светла звезда која оди по
патот на животот. Таа е како едно полно буренце со вода во
кое има мали капки-случки. Кога ги отварам страниците ми
блескаат моите очиња. Полни ми се со радост, љубов,
солзи...Додека јас читам книга тие убави случки како јас да ги
доживувам, како да влегувам во книгата, таму сум со сите
настани, случки и ликови. Таа е извор на знаење. Нејзините
корици се како некоја личност која ме гали, ми ја гали душата.
Таа покриена со нејзината наметка го игра танцот во
библиотеката заедно со другите книги. Ја чувствувам книгата
како бдее над мене додека сонувам. Кога е до мене само
убавини сонувам. Таа е мојата најдобра пријателка. Заедно
со неа си ги споделуваме нашите тајни. Книгата е со мене,
тука е. Сите сме се запрашале за што служи книгата? Не учи
на добри дела, на добри работи, без неа ние не ќе можеме да
си го најдеме патот кон идниот живот. Со нејзините свилени
бели крилја ме турка кон иднината. Како големо сонце кое ја
грее иднината и животот, но се разбира таа и нас не грее.
Книгата е звезда водилка во животот. Како едно зимзелено
дрво кое никогаш не ги суши нејзините листови. Таа е птица
преселница која лета низ животот, лета со нејзините убави
крилја. Без неа никој, ама никој не може да живее. Таа е како
големо виножито кое не живее без луѓето и буквите. Јас и
книгата секогаш заедно ги поминуваме сите граници и ги
красиме сите страници.

Уште од моето најрано детство книгите имаат посебно место


во мојот дом. Тие ми ги отворија прозорците кој светот. Со
сликовниците уживав во светот на бајките, бо земјата на
чудата, животот на Пепелашка, Пинокио. Со книгите научив
што е добро, а што зло. Колку е тежок животот без родители,
без топлата мајчинска љубов. Има разни книги без раслика
на тоа каква е корицата, каков е насловот, сите книги имаат
своја убавина. Сите книги не поучуваат да почитуваме, да
сакаме, да другаруваме. Додека ги читам книгите си стварам
како една филмска лента, замислувам дека и јас сум таму.
Одам низ разни авантури, патувам низ разни земји, мориња,
океани. Од книгите научив за Библијата за мојата вера. Од
книгите научив дека после секој тунел доаѓа светлина. Колку
е интересно кога во книгите победуваат несреќните. Од
секоја прочитана книга добивам по една поука која многу ми
значи, и која ме учи на добри нешта. Сфатив дека книгите се
најдобриот пријател, книгите се мајка на знаењето, тие се
најдобриот учител. Сфатив дека книгите ми ги отвараат
прозорците кон светот.

 Книгата е сета мудрост на човештвотото. Преку книгата учиме и се

развиваме. Ниеден човек не се родил учен. Со помош на книгата можеме

да видиме и посетиме многу места. Да ги доживееме авантурите на

морепловците, да ја посетиме вселената и да мечтаеме меѓу ѕвездите.

     Преку пишаниот збор на големите мислители да стекнеме знаење, да

учиме од нивното искуство и да ги применуваме нивните совети во

животот. Во книгата ни се пренесени и толкувани старите знаења.

      ,,Не му го прави на другиот она што не сакаш да ти го прават тебе."

    Колку порано почнеш да учиш, толку порано ќе одиш со цврсти

чекори по патот на знаењето. А само со помош на знаењето се станува

Голем и Слободен човек. Тој што чита има широки видици, знае дека

секогаш постои нешто повеќе. Дека таму некаде се случуваат убави,

големи работи кој што секој може да ги почувствува, да ги има и да

ужива во нив. 
     Книгата ни ги отвара умот и душата. Не подготвува за патот до

самооткривањето. Таа е непресушен извор на знаења. Со нејзе мислите

ти стануваат чисти, позитивни. Како човек размислува, така и

постапува, така и живее.

      Книгата е нашиот прозорец кон светот.

     Несебично го споделува своето знаење со секој што е жеден да научи

повеќе. Таа е нашиот учител, нашиот советник. Не води низ животот и

секогаш е тука за да ни помогне.

     Со книгата се пронаоѓаме себе си. 

    Кој сме? Каде сме? Кој сакаме да станеме? Каде сакаме да бидиме? Се

најчестите прашања што си ги поставуваме на себеси. А таа мудрица,

Книгата, е таа што не води по тој пат. Ни кажува: 

     -Како да станеме тоа што посакуваме.

     -Како да стигнеме таму каде што сакаме.

     Книгата секогаш била тука за нас, затоа ние треба да ја почитуваме и

да не ја оштетуваме.

You might also like