You are on page 1of 2

М-р Трајко КАЦАРОВ

КАКО СЕ ПРАВИ КНИЖЕВНО СПИСАНИЕ

Аристотел ученикот на Платон, како јунакот во Ибзеновата пиесата „Дивата патка“,


сигурно боледувал од акутна праведливост. Не случајно рекол, а денес реченото, го
примаме преку пишан текст: „Мил ми е Платон, ама помила ми е вистината!“. Ако за
мислите најважна е вистината, нема зошто да не му веруваме на Аристотел.
Светот е мисла, зашто таа е насекаде. А ако на мислата и’ е најважна вистината,
тогаш логичкиот заклучок ќе биде: Светот е вистина. Зашто во ја има во се’. Па дури и во
тоа како се прави книжевно списание.
Свој прилог кон таквата вистина, во првите години на неговот постоење, дадоа и
членовите на редакцијата на Списанието „Кворум“. Не знам сега во каква животна
кондиција е, одноно дали се уште војникува во книжевниот простор на Хрватска но, во
мигот на изјавата на неговите чинители, беше на врвот на ЈУ периодиката. СЕв сеќавам
причината да бидам во Загрен, или на некој од градовите на Јадранот беше и Списанието
„Кворум“. Кога веќе ја немаше Југославија, престана да се распостранува и надвор оф
матичната земја.
На прашањето упатено до редакцијата - како успеваат да зготват таква книжевна
пикнтерија? Во одговорот се држат за вистината: „На едноставен начин. Тргаме со празни
клуфери по Европските метрополи. Се враќаме оттамо со полни.„
Тоа само по себе, не наведува, за постанокот и здравјето на книжевните списанија,
да претпочитаме, во процесот на создавањето, не една, туку повеќе вистини. Вистината,
всушност, го одредува и начинот на правењето на книжевното списание.
Воопшто нема да погрешиме како кажеме - има повеќе начини за тоа како да се
направи книжевно списание. Поточно, има повеќе опции кои ни ги подава вистината. Нам
ни останува само да ја препочитаме влијанието на онаа која најдобро, најеклатантно ќе
зборува за нас.
***
Еден од начините да се направи книжевно списание е, да се појде пеш по светот и
тоа со празен куфер во рацете. Во практикувањето на опцијата , од работата на
редакцијата на Списанието „Кворум“, треба да се издвојат само општите карактеристики,
не и посебните и индивидуалните.
Така лесо, по свое, се префрлате од книжевна во книжевна метропола, си ја свиркате
националната химна и очи вадите по рафтовите пренатрпани со книги во издание на
„Галимар“ и слични на него. Не ретко се јавувате и на книжевници со кои сте се запознал
преку фејзбук, или твитер. Тие совесно ви помагаат во изборот, со тоа што ви го полнат
куферите со нивни книги, а ако остане место, ви ставаат и нешто вредно.
Во редакцијата, по неколку неделните приклиученија по светските книжевни
друмови, се враќате мртви уморени, но со полна торба „мечиња“. По примерот на
светските книжевни списанија( па и по примерот на Списанието „Кворум“) бргу го
распоредувате прибраното на 200 - 300 страници. Ги спакувате страниците во
пластифицирани корици користејќи ги сите основни бои и оние што произлегуваат од нив.
На крајот извикувате Еурека. Мислите дека секирите ви паднале врз националното
книжевно медиокритетство, односно, ви паднале во медот што некои го нарекуваат
Европа.
Ако ви е тешко да се движите поради преголемата телесна тежина и рамните
табани, или оти, по навика, носите само чевли со високи потпетици и коса врзана во кок,
тогаш ја применувате другата опција: Чекање без „сакалдисвање“. Чекате со
распространета мрежа врз книжевното миље. Чекате да ви влезе некое кленче. Но, и
кленовите станаа ербапи, па најчесто во мрежата ви влегуваат одлуштени делови од
хаварисани автомобили, електрични апарати , избушени пневматици, деформирани,
чевли, спортски патики и слични на нив.
Немате време за избор и за лелекање, списанието чека, сте се зафатиле за голема
и одговорна работа. Го објавувате тоа што го имате, што господ ви го дал.
На таквите работата не и завршува со објавата на списанието. Ги чека уште
посериозна и поодговорна. Свесни дека Списанието не им е добар нишан за да ја погодат
целта-дебела државна синакура, плод на државни награди и признанија, тргаат да бараат
помош за набавка на други, пософистицирани, мерни инструменти. Најчесто помоишта ја
бараат кај партиските моќници, така наречените политичари. Ги убедуваат дека сите
објави во Списанието се дела на нашите.
***
Како што можете да видите од горе приложеното, во нашава страдалница,
книжевните списанија, не се прават ниту по едниот, ниту по другиот рецепт. Си ги
правиме, ние, на свој начин –по нашки. Како што, на пример, си ја правиме аргатската
закуска – малку повеќе гола вода, малку помалку лук и ако се може најмалку крстаици.
П.С. Кога зборувам за правењето на списанија во нашава „страдалница“, мислам на
оние кои се правени од осумдесетите години па се до ден-денешен. Се разбира дека и
кај денешниве има исклучоци, поготово кај оние кои имаат јасна насока. Кај оние, кај
кои уредниците имаат намера да ги одведат читателите до уметноста. Уметноста
која според Кант, може да се перцепира како: пријатна, убава и возвишена.

You might also like