You are on page 1of 17

Милован СРБИНОВСКИ

ООУ „Св. Климент Охридски“


Охрид

СТРАВОТ ОД ИСПИТУВАЊЕ И ИСПИТНАТА АНКСИОЗНОСТ


КАЈ УЧЕНИЦИТЕ ОД ВИ ОДДЕЛЕНИЕ ВО ОДНОС НА ПОЛОВАТА
ПРИПАДНОСТ

Апстракт:Тестовите на знаење и целокупниот процес на испитување имаат


големо значење и влијание врз учениците во основните и средните училишта
како и врз студентите на факултетите. Успехот при испитувањето влијае врз
психичкиот живот на испитаниците.
Дел од испитаниците испитните ситуации ги доживуваат како закана и
опасност, а тоа им предизвикува стрес. Испитниот стрес е честа појава и кај
некои испитаници доведува до различни емоционални реакции во вид на страв
од испитување и силна испитна анксиозност кои може да имаат негативни
непосредни и долгорочни последици. Стравот од испитувањето го попречува
учењето, негативно влијае врз успехот и ги прави испитаниците ограничени,
напнати и незадоволни. Во ова истражување двата термини “страв од
испитување” и “испитна анксиозност” ќе ги употребуваме заедно како еден.

Поимот анксиозност доаѓа од латинскиот збор анџиетас, (од коренот


ангере → да се стегне), што означува грижа, неспокојство. Анксиозноста ја
претставуваат субјективните чувства на ишчекување, (стрепња → на српски)
или бојазност и чувства на предстоечка несреќа здружена со различен степен
на вознемиреност на автономниот систем и со реактивност. Анксиозноста
доведува до промени во однесувањето и има многу важна улога во учењето и
прилагодувањето.1)
Стравот од испитувањето е многу значаен за успешно школување.
Според резултатите од истражувањата се заклучило дека испитаниците со
висок степен на испитна анксиозност се посклони, отколку оние со понизок
степен, испитните ситуации да ги толкуваат како опасни или заканувачки. Овие
испитаници реагираат со интензивни емоции и со негативно мислење за себе,
а тоа влијае врз испитувањето. Високиот степен на личната склоност кон
анксиозност може да претставува причина ученикот да не може да го искаже
знаењето, а тоа доведува до постигнување на лоши успех во училиштето.
Умерениот пораст на состојбата на анксиозност за време на усното и
писменото испитување може да биде и корисен и стимулативен доколку го
поттикнува ученикот да вложи повеќе напор и да го сконцентрира вниманието
врз испитниот материјал.
Анксиозноста создадена поради испитувањето и тестирањето влијае врз
лошиот успех и/или потполно промашување кај многумина потенцијално
способни ученици. Доколку тоа се забележи на почетокот на школувањето и ако
на таквите ученици им се даде стручна помош, може да се намали неуспехот
кај многумина ученици.

1
Испитниот стрес и високиот степен на личната склоност кон анксиозност
се поврзува со лошиот успех во основните и средните училишта и на
факултетите. Испитната тескоба, мачнина, анксиозност, го отежнуваат учењето
и влијаат врз мисловниот процес за време на испитувањето. Често учениците
тврдат дека ги “знаат” одговорите на прашањата и задачите, но дека не можат
да се сетат на нив, дека се “блокираат” за време на испитувањето. Степенот на
успехот на таквите ученици не ги одразува нивните интелектуални способности.
Евидентно е дека испитната анксиозност сериозно влијаела врз тие ученици.
Се смета дека испитната анксиозност се зголемува кога испитаници-
те се испитуваат по потешките наставни предмети. Тогаш врз нив влијаат
вистинската тежина на прашањата и задачите и анксиозноста која може
погрешно да ги претставува, особено ако степенот на анксиозноста е висок.
Испитната анксиозност се состои од две компоненти: загриженост и
емотивност. Првата компонента е опишана како “размислување за последиците
на неуспехот”. Втората компонента се однесува на непријатните чувства и на
физиолошките реакции што ги предизвикува испитниот стрес.
И двете компоненти (загриженост и емотивност) кај испитаниците со
испитна анксиозност учествуваат во намалувањето на успехот при решавање
на усните и тестовните задачи: грижите го одвлекуваат вниманието од задачите,
а силните емотивни реакции испитаниците ги наведуваат да погрешат и
предизвикуваат репресија која го блокира помнењето. Вниманието на
испитаникот кој страда од испитна анксиозност е поделено помеѓу
барањата на испитувањето и менталната преокупираност како што се
загриженост и самокритика кои не се однесуваат на моменталните барања.
Таа преокупираност го одвраќа испитаникот од зададените задолженија
што придонесува за послаб успех.*)
Професор д-р. Љубомир Ериќ класификацијата на Маллесон,
класификацијата на формите на емоционално реагирање на испитаниците
(учениците од основните и средните училишта, студентите) при процесот на
испитување, усно или во тестовна ситуација, ја надополнува и таа изгледа вака:
И. Трема, ИИ. Предиспитна напнатост (1. Состојби на возбуденост и немир, 2.
Состојби на апатија и апатично повлекување, 3. Психосоматски реагирања),
ИИИ. Страв за време на испитувањето - испитна паника, ИВ. Фобија од испит и
В. Фобија од испитувачот.2)

Анксиозноста може да се манифестира психолошки и соматски и да има


различни форми и интензитет:

СОМАТСКИ СИМПТОМИ НА АНКСИОЗНОСТА3):

 МУСКУЛНОСКЕЛЕТНИ - затегнатост на мускулите, спазми, болки во


грбот, главоболки, слабост, тремор, замор, вознемиреност, нервоза,
пренагласен одговор на изненадување
 КАРДИОВАСКУЛАРНИ - палпитации, забрзана работа на срцето, топли
и ладни бранови, црвеења, бледило
 ГАСТРИНТЕСТИНАЛНИ СИМПТОМИ - сува уста, дијареја, стомачни
тегови, “кнедла во грлото”, мачнина, повраќање
 СИМПТОМИ НА БЕШИКАТА - зачестена миртариција

2
 ЦЕНТРАЛЕН НЕРВЕН СИСТЕМ - вртоглавици, парестезии
 СИМПТОМИ ВО РЕСПИРАТОРНИОТ СИСТЕМ - хипервенти - лација,
краток здив, стегање во градите
 РАЗНО - потење, влажни лепливи дланки

Подолу наведуваме дел од други најразлични симптоми и манифестации


на стравот од испитување и на испитната анксиозност кои може да се сретнат
кај испитаниците (кај учениците од основните и средните училишта и
студентите):

 ПСИХОСОМАТСКИ РЕАГИРАЊА: зениците на очите им се ши -


рат, испрекинато дишење, побрзо дишење, сува уста, влажни дланки,
бледило на лицето, пореметувања во варењето, тикови, упорна дијареја,
улкусни болки, повраќање, пореметување на менструалниот циклус,
продолжена менструација, проблеми со видот, чукање на срцето и забрзан
пулс, зголемен крвен притисок, висока темперетура, мачнина и вртоглавица,
алергиски манифестации, кожни заболувања; треперење и тресење на
делови од телото или на целото тело, посебно на рацете; напнатост на
мускулите, недостаток на сила, гушење, губат апетит, не јадат, губат од
тежината, ладно препотување, крварење од носот, имаат потреба за често
мокрење, повраќање.

 ПСИХИЧКИ: испитните ситуации ги доживуваат како опасни или


заканувачки, имаат чувство на нелагодност и безволност, обесхрабрени се,
рамнодушни, апатични се и незаинтересирани, сонливи се и поспани и/или
“бегаат во сон” како облик на апатично повлекување или се преокупирани со
прекумерно учење; несигурни се и срамежливи, незадоволни се со себе,
немаат доверба во себе, имаат негативно мислење за себе и ниско
самоприфаќање, кај нив постои неостаток од самодоверба и тенденција кон
самопотценување (малку се ценат и се потценуваат себеси), се чувствуваат
бедно и имаат недоволно самопочитување и самоуважување; очекуваат
казна за својот неуспех, самите се обвинуваат за лошиот успех, чувствуваат
општа малаксалост, слабост, измореност, се чувствуваат исцрпено и
беспомошно; возбудени се и збунети, имаат немир, раздразливи се и
нервозни, имаат чувство на недораснатост на испитните барања,
разочарани се, загрижени се и анксиозни поради што ги губат
способностите, стравуваат од неуспех, бегаат во болест, чувствуваат голема
напнатост, имаат чувство на страв и грижа на совест, уплашени се и очајни,
чувствуваат ужас, лошо спијат и имаат несоница, се јавува и панично
однесување. Имаат слабо помнење и отежната и слаба концентрација,
фобија од испитување, ментална инхибиција (од отежнато зборување до
потполни блокади во вниманието и мислењето па се до испитен ступор),
може да се случи колапс и губење на свест.

Научниците настанувањето на стравот од испит и на испитната анк-

3
сиозност ги објаснуваат и со постоењето на психолошки особини на
анксиозните испитаници.
Исто така, неуспехот што испитаникот ќе го доживее на испитува - њето
претставува еден од најзначајните чинители за настанување и појава на стравот
од испитувањето и на испитната анксиозност.

Во своето истражување Сарасон и Ганзер сметаат дека, од многуте


чинители, следниве најзначајни чинители го предизвикуваат стравот додека
трае испитувањето: доживувањето на ученикот додека полага дека е објект на
проценување (опасност од проценување), сложеност и тежина на задачите и
прашањата пред кои испитаникот се наоѓа, присуство на другите ученици при
испитувањето, однесувањето на останатите ученици испитаници присутни за
време на испитувањето, ниво на општата анксиозност на испитаникот кој е
испитуван.4)

Стравот од испит и испитната анксиозност се сложени и комплексни


појави. За појава на страв од испит професор доктор Љубомир Ериќ смета
дека се важни следниве чинители5):

1. Психолошки особини на испитаниците кои имаат изразен страв од


испитување

Испитаниците кои се плашат од испитувањето немаат доверба во себе,


недоволно се ценат себеси, често самите се обвинуваат. Тие имаат ниско
самопочитување и самоприфаќање.
Покрај психолошките карактеристики на испитаниците врз појавата на
стравот од испитување влијаат и: нивото на знаењето што го поседува
испитаникот, интелигенцијата на испитаникот и наставниот предмет.

1.1. Резултатите од некои истражувања покажаа дека: знаењето


влијае учениците помалку да се плашат така што им овозможува да стекнат
сигурност, самодоверба и влијае за “расплашување” на испитаниците. Кога
испитаниците недоволно го усвојуваат знаењето тоа може да биде причина за
појава на интензивни стравувања од испитувањето. Меѓутоа, тое не е правило.
Постојат и обратни случаеви.
1.2. Интелигенцијата овозможува стравот од испит полесно да
се надмине така што поинтелигентните испитаници своето стравување од
испитување може да го искористат како стимул за поголемо ангажирање за да
станат поуспешни при испитувањето. Повисоката интелигенција на
испитаниците им помага помалку да стравуваат или пак полесно да ги
надминуваат своите стравувања.
1.3. Склоност кон одредени наставни предмети или отпор кон
нив - Наставниот предмет кој испитаникот го сака и има склоност кон него
полесно и поуспешно го совладува. Кога испитаниците имаат отпор кон некој
наставен предмет тоа може да им предизвикува силен страв.

2. Родителите на испитаниците исто така може да предизвикаат кај децата


страв од испитување. Постојат родители кои очекуваат успех од своето дете кое

4
тоа не може да го постигне, бараат од него успех по секоја цена бидејќи тие и
нивните роднини биле успешни па треба и детето да е такво.

3. Карактеристики на испитувачот како што се неговата полова


припадност, карактерни психолошки особини на неговата личност и неговиот
личен систем на вредности при испитувањето може да предизвикуваат страв од
испитување кај учениците.
3.1. Полот на испитувачот - стравот од испит се јавува поради
психолошката сличност на испитувачот и родителите на испитаниците. Таа
“стимулусна” сличност го потсетува испитаникот дека и испитувачот, како и
неговите родители, претставува фигура на авторитет на возрасен и моќен, кој
може да “врши проценување, да дели награди и казни” (Сарасон). 6)
3.2. Психолошки особини на личноста на испитувачот -
Нетолерантен испитувач кој е ригиден и неоправдано строг, кој проценува што
ученикот не знае, а не што знае, кој не е пријателски расположен, кај
испитаниците може да предизвика различни форми и со разлиèн интензитет на
напнатост и страв кои можат да го парализираат испитаникот.
3.3. Исто така и личниот сѕстем на вредности на испитувачот при
испитувањето е важен и влијае врз појавата на страв кај испитаниците.
Испитувачи кои се строги, а не се доследни, кои немаат одреден став и не го
почитуваат знаењето кај испитаникот и при проценувањето на знаењето немаат
секогаш ист систем на лични вредности најмногу предизвикуаат страв кај
испитаниците.

4. Испитната ситуација
4.1. Атмосферата при испитувањето е многу важна за
испитаниците особено при усното испитување. Ако таа атмосфера е
неприкладна, попречувачка, ја отежнува меѓучовечката комуникација при што
испитаникот се затвора во себеси, се чувствува напнат и тешко контактира со
испитувачот, сето тоа предизвикува страв. Таквите испитаници испитувањето го
доживуваат непријатно и стресно и на тој начин кај нив се јавува страв од
испитувањето. Но, атмосферата при испитувањето зависи од многу фактори,
како на пример, од: испитаникот, испитувачот и нивното однесување и
емоционалното реагирање, однесувањето на другите испитаници во
просторијата итн.
4.2. Однесувањето на останатите испитаници - однесувањето на
учениците за време на, поготово на усното испитување, може да допринесе
ученикот кој се испитува да даде погрешни одговори или да биде парализиран.

ПРОБЛЕМИ НА ИСТРАЖУВАЊЕ

Проблем бр. 1: Дали постои разлика во интензитетот на доживувањето


на испитната анксиозност помеѓу учениците и ученичките од ВИ одделение?
Дали девојчињата поинтензивно ја доживуваат испитната анксиозност отколку
момчињата?

5
Проблем бр. 2: Дали постои разлика во поглед на “загриженоста”, како
компонента на испитната анксиозност, помеѓу ученичките и учениците од ВИ
одделение? Дали ученичките постигнуваат повисоки резултати на подскалата
“загриженост”?

Проблем бр. 3: Дали постои разлика во поглед на “емотивноста”, како


компонента на испитната анксиозност, помеѓу ученичките и учениците од ВИ
одделение? Дали учениците припадници на женскиот пол постигнуваат
повисоки резултати на подскалата “емотивност”, односно дали доживуваат
повеќе непријатни чувства и дали имаат посилни физиолошки реакции при
испитувањето?

ХИПОТЕЗИ НА ИСТРАЖУВАЊЕ

Хипотеза бр. 1: Постои разлика во интензитетот на доживувањето на


испитната анксиозност помеѓу учениците припадници на машкиот и женскиот
пол. Девојчињата поинтензивно ја доживуваат испитната анксиозност отколку
момчињата.

Хипотеза бр. 2: Постои разлика во поглед на “загриженост”,


компонентата на испитната анксиозност, помеѓу учениците од различен пол.
Ученичките постигнуваат повисоки резултати на подскалата “загриженост” и
повеќе размислуваат за последиците на неуспехот.

Хипотеза бр. 3: Постои разлика во поглед на “емотивноста”, како


компонента на испитната анксиозност, помеѓу учениците од различен пол.
Учениците припадници на женскиот пол постигнуваат повисоки резултати на
подскалата “емотивност”, односно девојчињата доживуваат повеќе непријатни
чувства и имаат посилни физиолошки реакции при испитува - њето.

ПРИМЕРОК НА ИСПИТАНИЦИТЕ И МЕТОД НА РАБОТА

Примерокот на испитаници го сочинуваа ученици од ВИ одделение од


ОУ “Св. Климент Охридски” од Охрид. Примерокот беше составен од вкупно Н
=36 ученици од кои Н =15 машки ученици и Н = 21 ученичка. Учениците
наставата ја следеа во една од изминатите учебни години. Примероците на
учениците се хомогени според возраста и нивото на образованието.
На учениците им беше дадена една Скала за мерење на сопствената
испитна анксиозност.7) Скалата малку ја модифициравме и прилагодивме за
потребите на нашето истражување и за нашиот примерок на испитаници. Осум
искази на оваа скала ги опишуваат мислите и чувствата што испитаниците ги
доживуваат за време на усното испитување и за време на решавањето на
тестовите на знаење. Четири искази кои се печатени со курзив се однесуваат
на склоност кон загриженост (подскала загриженост), а другите четири искази

6
ги опишуваат емотивните реакции на испитаниците за време на усното
испитување и за време на решавањето на тестовите (потскала на емотивност).
Психологот им објасна на учениците како треба да одговараат на Скалата за
мерење на сопствената испитна анксиозност и на Скалата за мерење на
сопствената испитна анксиозност по наставни предмети. Одговорите беа
вреднувани на следниов начин: “скоро никогаш” - 1 бод, “понекогаш” - 2 бода,
“често” - 3 бода и “скоро секогаш” - 4 бода. Вредностите на испитната
анксиозност на Скалата за мерење на сопствената испитна анксиозност се
движат помеѓу 8 бодови (многу малку) и 32 бода (изразито многу). Така може
да се утврди нивото на сопствената испитната анксиозност и на нејзините
компоненти: нивото на склоност кон загриженост и емотивност (ниво на
непријатни чувства и на посилни физиолошки реакции) при испитувањето
посебно за секој ученик.
Потоа, учениците одговараа на втората скала, Скалата за мерење на
сопствената испитна анксиозност по наставни предмети. И овде одговорите беа
вреднувани како во претходната скала: “скоро никогаш” - 1 бод, “понекогаш” - 2
бода, “често” - 3 бода и “скоро секогаш” - 4 бода. На крај учениците имаа
задача да објаснат зошто така се чувствувале по соодветен наставен предмет.
Врз основа на податоците во табелите можни се најразлични анализи во однос
на повеќе варијабли: полова припадност, училиштниот успех, интелектуалната
способност итн. Скалата за мерење на сопствената испитна анксиозност и
Табелата на сопствената испитна анксиозност по наставни предмети беа
испечатени двострано на еден ист лист за секој ученик посебно.
Податоците беа обработени со методите на дескриптивна статистика
(методи за добивање на статистички мерки на просек) и со методи на
статистичко заклучување (методи на статистиката на примероци) односно со
методите заклучување на значајност на разлики помеѓу статистичките мерки.
Истражувањето не беше анонимно бидејќи учениците беа задолжени
да го напишат своето име и презиме на Скалата за мерење на сопствената
испитна анксиозност. Психологот како истражувач им гарантираше на
испитуваните ученици тајност и дискреција на добиените одговори и резултати.
Секој ученик доколку сакаше можеше да има увид во својот резултат во врска
со сопствената испитна анксиозност и нејзините компоненти и воезултатите на
својата испитна анксиозност по наставните предмети како и да поразговара со
психологот на училиштето.

РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО

Резултатите од одговорите на 36 ученици на Скалата за мерење на


сопствената испитна анксиозност изразени нумерички и во процентуален износ
ги даваме во табелата бр. 1:

7
Табела бр. 1 -Бодови и процент на 36 ученици на Скалата за мерење на
сопствената испитна анксиозност според категориите на одговорите, според
половата припадност и вкупно

Ред. Пол Скоро Понекогаш Често Скоро


бр. И С К А З И никогаш секогаш

1. Додека ме испитуваат или М 11 73,33% 4


работам тест и писмена 26,67%
работа, имам непријатно Ж 3 9 4 5
чувство на вознемиреност 14,29% 42,86% 19,05% 23,81%
М+Ж 3 20 8 5
8,33 % 55,56 % 22,22% 13,89%
2. Размислувањето за оценката М 5 33,33% 9 1 6,67%
која што ќе ја добијам ми 60,00%
попречува во работата на Ж 7 9 3 2
тестот 33,33% 42,86% 14,29% 9,52%
М+Ж 12 18 4 2
33,33% 50,00% 11,11% 5,56%
3. За време на испитувањето М 9 60,00% 4 2 13,33%
размислувам дали некогаш 26,67
ќе го завршам училиштето Ж 10 6 1 4
47,62% 28,57% 4,76% 19,05%
М+Ж 19 6 5 6
52,78% 16,67% 13,89% 16,67%
4. За време на испитувањето М 7 3 5 33,33%
се чувствувам многу напнато 46,67% 20,00%
Ж 5 6 4 6
23,81% 28,57% 19,05% 28,57%
М+Ж 5 13 7 11
13,89% 36,11% 19,44% 30,56%
5. Мислата дека слабо ќе М 5 33,33% 5 2 3 20,00%
поминам на тестот ми пречи 33,33% 13,33%
во концентрацијата Ж 5 11 3 2
23,81% 52,38% 14,29% 9,52%
М+Ж 10 16 5 5
27,78% 44,44% 13,89% 13,89%
6. Ме фаќа вистинска паника М 2 13,33% 10 66,67% 2 1 6,67%
кога ме испитуваат од некој 13,33%
важен предмет Ж 4 8 4 5
19,05% 38,10% 19,05% 23,81%
М+Ж 6 18 6 6
16,67% 50,00% 16,67% 16,67%
7. Чувствувам како срцето М 3 20,00% 5 33,33% 4 3 20,00%
силно ми чука за време на 26,67
испитувањето од некој важен Ж 5 7 2 7 33,33%
предмет 23,81% 33,33% 9,52%
М+Ж 8 12 6 10
22,22% 33,33% 16,67% 27,78%
8. За време на испитувањето М 6 40,00% 3 5 1 6,67%
размислувам за последиците 20,00% 33,33%
на неуспехот Ж 9 7 4 1
42,86% 33,33% 19,05% 4,76%
М+Ж 15 10 9 2
41,67% 27,78% 25,00% 5,56%

8
Табела бр. 2 - Преглед на бодови што учениците ги добиле на Скалата на
испитната анксиозност и подскалите Загриженост и Емотивност

Ред. бр.
на уч. Испитна анксиозност Загриженост Емотивност

Ученици Ученички Ученици Ученичк Ученици Ученички


и
1. 23 12 11 5 12 7
2. 15 15 6 7 9 8
3. 11 16 4 7 7 9
4. 18 17 9 6 9 11
5. 12 24 5 8 7 16
6. 22 13 12 6 10 7
7. 23 9 10 4 13 5
8. 19 25 8 9 11 16
9. 18 25 6 10 12 15
10. 15 16 7 9 8 7
11. 12 21 5 7 7 14
12. 22 8 8 4 14 4
13. 14 26 7 11 7 15
14. 26 18 14 10 12 8
15. 15 20 7 12 8 8
16. 11 5 6
17. 20 8 12
18. 18 10 8
19. 25 10 15
20. 17 9 8
21. 21 9 12
å 265 377 119 166 146 211
М 17,67 17,95 7,93 7,90 9,73 10,05

ХИПОТЕЗА БР. 1: Постои разлика во интензитетот на доживувањето на


сопствената испитна анксиозност помеѓу учениците припадници на машкиот и
женскиот пол. Девојчињата поинтензивно ја доживуваат испитната анксиозност
отколку момчињата.

Табела бр. 3 – Преглед на бодови што учениците и ученичките ги добиле


на Скалата за мерење на испитната анксиозност

РЕЗУЛТАТИ НА СКАЛАТА НА ИСПИТНА


АНКСИОЗНОСТ

УЧЕНИЦИ СПОРЕД ПОЛО - ВА


ПРИПАДНОСТ
Ред. бр. МАШКИ ЖЕНСКИ
на уч. Џ1 Џ2
1. 23 12
2. 15 15
3. 11 16
4. 18 17
5. 12 24
6. 22 13
7. 23 9

9
8. 19 25
9. 18 25
10. 15 16
11. 12 21
12. 22 8
13. 14 26
14. 26 18
15. 15 20
16. 11
17. 20
18. 18
19. 25
20. 17
21. 21
å 265 377
М 17,67 17,95

Н1 = 15
Н2 = 21
σц = 5,12
σДМ = 1,73
т = - 0,16
т т
0,05 0,01
За дф = 34 (35) : _____________________
2,030 2,724

- 0,16  2,030

Според статистичкиот заклучок смееме да тврдиме со сигурност од 95%


дека учениците различни според половата припадност не се разликуваат по
интензитетот на доживувањето на испитната анксиозност. Девојчињата не ја
доживуваат испитната анксиозност значајно поинтензивно отколку момчињата.
Ја отфрламе поставената хипотеза, а ја прифаќаме нулта хипотезата.

ХИПОТЕЗА БР. 2: Постои разлика во поглед на “загриженост” како компонента


на испитната анксиозност помеѓу учениците од различен пол. Ученичките
постигнуваат повисоки резултати на подскалата “загриженост” односно повеќе
размислуваат за последиците на неуспехот.

10
Табела број 4. - Бодови на учениците и ученичките на подскалата
“Загриженост”

РЕЗУЛТАТИ НА ПОДСКАЛАТА НА ЗАГРИЖЕНОСТ

УЧЕНИЦИ СПОРЕД ПОЛОВАТА


ПРИПАДНОСТ

МАШКИ ЖЕНСКИ
Ред. бр. на
уч. Џ1 Џ2

1. 11 5
2. 6 7
3. 4 7
4. 9 6
5. 5 8
6. 12 6
7. 10 4
8. 8 9
9. 6 10
10. 7 9
11. 5 7
12. 9 4
13. 7 11
14. 14 10
15. 7 12
16. 5
17. 8
18. 10
19. 10
20. 9
21. 9
å 119 166
М 7,93 7,90

Н1 = 15
Н2 = 21
σц = 2,52
σДМ = 0,85
т = 0,04
т т
0,05 0,01
За дф = 34 (35) : ______________________
2,030 2,724

0,04  2,030

Со 95% сигурност смееме да тврдиме дека учениците кои припаѓаат на


различни полови не се разликуваат во поглед на компонентата “загриженост”
како компонента на испитната анксиозност. Учениците машки по половата
припадност во просек значајно не се разликуваат според размислувањето за
последиците на неуспехот од девојчињата. Според тоа, ја отфрламе
поставената хипотеза, а ја прифаќаме нулта хипотезата.

11
ХИПОТЕЗА БР. 3: Постои разлика во поглед на “емотивноста” како компонента
на испитната анксиозност, помеѓу учениците од различен пол. Учениците
припадници на женскиот пол постигнуваат повисоки резултати на подскалата
“емотивност”. Ученичките повеќе доживуваат непријатни чувства и имаат
поинтензивни физиолошки реакции што ги предизвикува испитниот стрес.

Табела број 5. - Бодови на учениците и на ученичките


на подскалата “Емотивност”

Ред. бр. на РЕЗУЛТАТИ НА ПОДСКАЛАТА Е М О Т И В Н О


уч. СТ
УЧЕНИЦИ СПОРЕД ПОЛОВАТА
ПРИПАДНОСТ
МАШКИ ЖЕНСКИ

Џ1 Џ2
1. 12 7
2. 9 8
3. 7 9
4. 9 11
5. 7 16
6. 10 7
7. 13 5
8. 11 16
9. 12 15
10. 8 7
11. 7 14
12. 14 4
13. 7 15
14. 12 8
15. 8 8
16. 6
17. 12
18. 8
19. 15
20. 8
21. 12
å 146 211
М 9,73 10,05

Н1 = 15
Н2 = 21
σц = 3,34
σДМ = 1,13
т = - 0,28
т т
0,05 0,01
За дф = 34 (35) : _________________

2,030 2,724

- 0,28  2,030

12
Со 95% сигурност тврдиме дека помеѓу учениците од различен пол не
постои разлика во поглед на просечното ниво на мереното доживување на
“емотивноста” како компонента на испитната анксиозност. Девојчињата значајно
не се разликуваат во доживувањето на непријатните чувства и според
физиолошките реакции што ги предизвикува испитниот стрес отколку
момчињата Поставената хипотеза се отфрла, а се прифаќа нулта хипотезата.

ПРИСУТНОСТ НА СТРАВОТ ОД ИСПИТУВАЊЕ КАЈ УЧЕНИЦИТЕ


ПО НАСТАВНИ ПРЕДМЕТИ

Во Табелата бр. 6 даваме број и процент на 36 ученици според


половата припадност и вкупно за двата пола кои го доживуваат испитниот стрес
според одговорите по наставни предмети. Врз основа на податоците во табелата
можни се најразлични анализи.

Табела бр. 6 - Број и процент на 36 ученици Ш15 ученици (М) и 21 ученичка


(Ж)Ќ кои го доживуваат испитниот стрес по наставни предмети*) според
одговорите

 По кои наставни предмети го чувствуваш сето тоа што претходно го


напиша во Скалата за мерење на сопствената испитна анксиоз - ност и
напиши зошто така се чувствуваш?

Ред. Наставен Пол Скоро Понекогаш Често Скоро


бр. предмет никогаш секогаш
(1) (2) (3) (4)
1. Македонски М 12 2 1
јазик 80,00% 13,33% 6,67%

Ж 12 9
57,14% 42,86%
М+Ж 24 11 1
66,67 30,56 2,78
2. Англиски М 5 9 1
јазик 33,33% 60,00% 6,67%
Ж 10 11
47,62% 52,38%
М+Ж 15 20 1
41,67 55,56 2,78
3. Француски М 8 6 1
јазик**) 53,33% 40,00% 6,67%

Ж 12 6 2
57,14% 28,57% 9,52%
М+Ж 20 12 2 1
55,56 33,33 5,56 2,78
4. Математика М 6 7 1 1
40,00% 46,67% 6,67% 6,67%
Ж 6 7 1 7
28,57% 33,33% 4,76% 33,33%
М+Ж 12 14 2 8
33,33 38,89 5,56 22,22
5. Историја М 4 3 3 5
26,67% 20,00% 20,00% 33,33%
Ж 5 3 6 7

13
23,81% 14,29% 28,57% 33,33%
М+Ж 9 6 9 12
25,00 16,67 25,00 33,33
6. Географија М 1 10 3 1
6,67% 66,67% 20,00% 6,67%

Ж 6 7 3 5
28,57% 33,33% 14,29% 23,81%

М+Ж 7 17 6 6
19,44 47,22 16,67 16,67

7. Биологија М 5 7 2 1
33,33% 46,67% 13,33% 6,67%
Ж 7 8 5 1
33,33% 38,10% 23,81% 4,76%
М+Ж 12 15 7 2
33,33 41,67 19,44 5,56
8. Ликовно М 15
образовани 99,99
е
Ж 19 2
90,48% 9,52%
М+Ж 34 2
94,44 5,56
9. Музичко М 5 9 1
образовани 33,33% 60,00% 6,67%
е
Ж 7 10 3 1
33,33% 47,62% 14,29% 4,76%
М+Ж 12 19 4 1
33,33 52,78 11,11 2,78
10. Физичко и М 13 1 1
здравствено 86,67% 6,67% 6,67%
образовани
е**)
Ж 17 1 1 1
80,95% 4,76% 4,76% 4,76%

М+Ж 30 2 2 1
83,33 5,56 5,56 2,78
11. Граѓанска М 1
култура**) 6,67%
Ж

М+Ж 1
2,78
12. Информати М 1
ка**) 6,67%
Ж

М+Ж 1
2,78
13. Техничко М 14 1
образовани 93,33% 6,67%
е
Ж 19 2
90,48% 9,52%
М+Ж 33 3
91,67 8,33

14. Основи на М 1
природни 6,67%
науки**)
Ж 2
9,52%
М+Ж 3

14
8,33
15. Спорт**) М 2 1
13,33% 6,67%

Ж 8 1
38,10% 4,76%
М+Ж 10 2
27,78 5,56

*) Скалата за мерење на сопствената испитна анксиозност и Табелата на


сопствената испитна анксиозност по наставни предмети беа испечатени
двострано на еден ист лист за секој ученик посебно.
**) Помал број ученици одговориле.

Од одговорите на учениците во Скалата за мерење на сопствената


испитна анксиозност по наставни предмети може да се види по кои наставни
предмети доживуваат најсилен страв од испитувањето како и испитна
анксиозност. Така, учениците од двата пола доживуваат страв и анксиозност
при испитувањето најмногу по следниве наставни предмети: 1. Историја (12
ученици “скоро секогаш”, 9 “често” и 6 “понекогаш”), 2. Математика (8
ученици “скоро секогаш”, 2 ученици “често” и 14 ученици “понекогаш”), 3.
Географија ( 6 ученици “скоро секогаш”, 6 ученици “често” и 17 ученици
“понекогаш”), 4. Техничко образование (3 ученици “скоро секогаш”), 5.
Биологија (2 ученици “скоро секогаш”, 7 ученици “често”, 15 ученици
“понекогаш”), 6. Музичко образование (1 ученик “скоро секогаш”, 4 ученици
“често” и 19 ученици “понекогаш”), 7. Физичко и здравствено образование (1
ученик “скоро секогаш”, 2 ученици “често” и 2 ученици “понекогаш”).

ЗАКЛУЧОК ОД ИСТРАЖУВАЊЕТО

Резултатите од спроведеното истражување покажуваат дека испитниот


стрес подеднакво ги погодува учениците од двата пола и предизвикува страв
од испитување и испитна анксиозност.
Испитната анксиозност е присутна кај учениците без оглед на половата
припадност, а кај учениците се присутни и двете компоненти: склоност кон
загриженост односно размислување за последиците на неуспехот (подскала
загриженост) и емоционалната компонента, односно емотивни реакции,
непријатни чувства и физиолошки реакции што ги предизвикува испитниот
стрес за време на усното испитување или за време на решавањето на
тестовите (потскала на емотивност).
Учениците, исто така, чувствуваат страв од испитувањето и страдаат од
испитната анксиозност по повеќе наставни предмети. Може да се претпостави
дека врз тоа влијаат повеќе фактори како што се самата тежина на наставниот
предмет, личноста на наставникот, склоност или одбивност на учениците кон
одредени наставни предмети и слично.

Скалата за мерење на сопствената испитна анксиозност и Табелата на


сопствената испитна анксиозност по наставни предмети имаат и дијаг -

15
ностичка вредност затоа што овозможуваат точен увид во тоа кој ученик или
ученичка страда од испитен стрес и испитна анксиозност, колкава е склоноста
кон загриженост и колкаво е нивото на непријатните чувства и на посилните
физиолошки реакции, колку често и колку силно и по кои наставни предмети.
Врз основа на таков увид психологот може да помогне во разрешувањето на тој
проблем во соработка со ученикот/ученичката, а, по потреба, и со предметниот
наставник и родителите на учениците.

ПОМОШ НА ИСПИТАНИЦИТЕ КОИ ИМААТ СТРАВ ОД ИСПИТ

Помош на испитаниците (учениците и студентите) кои имаат страв од


испитување можат да дадат:

1. Родителите можат да помогнат во совладувањето на стравот од


испитување кај учениците со својата емоционална и психолошка
поддршка и со своето внимание и разбирање.
2. И испитувачот, односно наставниците можат да помогнат ако
поставуваат подпрашања, ако на ученикот му дозволат да ги
коментира прашањата, ако наставникот испитувач го потсетува
ученикот и има пријателски однос кон него, ако овозможува ученикот
своето знаење што подобро да го изложи. Утврдено е дека при
тестовното испитување ако редоследот на прашањата и задачите во
тестот се наредени според растечката тежина, тоа ја намалува
веројатноста за појава на анксиозност и страв при испитувањето.
3. Стручните лица (психолози, психијатри, психотерапевти) на
повозрасните испитаници можат да им помогнат самите да се
справат со испитната анксиозност и испитниот стрес.
За посериозни случаеви стручњаците користат разни видови
психотерапија, а по потреба, и медикаментозна терапија.

_________________________

1)
Психијатрија - дијагноза и терапија, Савремена администрација, Београд, 1992, стр. 144.
2)
Љубомир Ериќ, Страх од испита, 1977, Медицинска књига, Београд - Загреб, стр. 15.
3)
Психијатрија - дијагноза и терапија, Савремена администрација, Београд, 1992, стр. 149.
4)
Љубомир Ериќ, Страх од испита, 1977, Медицинска књига, Београд - Загреб, стр. 24.
5)
Ибидем, стр. 26.
6)
Ибидем, стр. 21.
7)
Скалата беше преземена од делото “Стрес и тјескоба” од авторот Цхарлес Спиелбергер, Глобус,
Загреб, 1986, стр. 88.

Literatura

 Psihijatrija - dijagnoza i terapija, Savremena administracija,


Beograd, 1992

16
 Charles Spielberger, Stres i tjeskoba, Globus, Zagreb, 1986
 Qubomir Eri}, Strah od ispita, Medicinska kwiga, Beograd
-Zagreb, 1977
 Razni web strani

17

You might also like