You are on page 1of 20

1

Универзитет “Гоце Делчев”


“Факултет за медицински науки”
(Дентална медицина)

Тема
на
израбо

Изработиле:
Моника Јосифоска 154895
Анастасија Колева 154602
Нина Бошњакоска 154607
2
3

ПСИХОЛОГИЈА НА СТРЕС

 Дефиниции за стресот!
Доаѓа од англискиот збор STRESS што значи притисок, напрегање, жештина,
напор..
Стресот е состојба на зголемена оптовареност на личноста предизвикана од
силни дразби наречени стресори. Под влијание на стресот настануваат бројни
промени во организмот кои доведуваат до нарушување на физичката и психичката
рамнотежа на организмот одн. нарушување на хомеостазата на организмот.
Стресот претставува реакција на организмот на во определена ситуација.
Стресот по дефиниција е состојба на пореметена психофизичка рамнотежа
на личноста како резултат на психичка, телесно, социјална загрозеност на
личноста или блиски на личноста.
Според Лазарус стресот претставува состојба во која личноста не може да ги
исполни прекумерните барања на околината.
4

 Стресори!
Претставуваат секоја дразба која располага со доволна јачина да
предизвика психички, физиолошки и биохемиски промени во организмот и
со тоа ја загрозува лабилната рамнотежа компатибилна со животот.

Стресорите може да се физички, психички и социјален фактор кој ја


доведува личноста до состојба на стрес.

Бидејќи стресот е некој вид на промена, таа промена може да настане


веднаш одн. физиолошки или накнадно одн. секојдневно.

 Што може да го предизвика стресот?

Смрт на некој близок, развод на брак, неуспех во професијата, промена


на околината, повреда или болест, тешкотии во семејството, финансиски
падови.

 Видови на стересори!
Стресорите може да се акутни или хронични стресори.

Акутните стресори претставуваат нагли промени во околината кои


доведуваат до промени во организмот.
Хроничните стресори предизвикуваат трајна непријатна ситуација во
која се наоѓа личноста без можност да излезе од неа.
5

 Реакции на стресот!
Стресот може да предизвика физиолошки, психички и бихејвиорални
промени.

Физиолошки реакции на стеесот се: забрзана работа на срцето, ускулна


напнатост, зголемен притисок и шеќер во крвта, проширени зеници и сл.

Психолошките реакции се делат на емотивни во кои спаѓаат анксиозност


страв напнатост и сл. и когнитивни во кои спаѓаат губење на концентрација,
намалено внимание и расудување.

Бихејвиорални реакции се промени во однесувањето на личноста поради


појава на стрес.

Според Валтер Канон стресот се дефинира како емоционален и


физиолошки одговор на опасноста, при што организмот одговара со реакции на
“борба или бегство”. Кога личноста ќе се најде во состојба на стрес се активираат
симпатичкиот нервен систем како и ендокриниот систем при што го подгорвуваат
организнот за борба или бегство, одн. дали во одредени ситуации личноста ќе
одлучи да се соочи со стресната ситуација или ќе проба да ја избегне истата.
6

 Фази на стрес!

При состојба на стрес организмот минува низ 3 фази.


Првата фаза се нарекува “ФАЗА НА АЛАРМ” во која доаѓа до мобилизација на
организмот при средба со стресот.
Втората фаза е “ФАЗА НА ОТПОР” при што организмот се труди да го совлада
стресот давајќи отпот, но доколку не успее да го совлада стересот тука следи
третата фаза.
Третата фаза која следи поради неможност за совладување на стресот е “ФАЗА
НА ИСЦРПЕНОСТ” во која штетното влијание на стресот ги надминува
одбранбените сили на организмот, при што тој престанува да се брани и доаѓа до
негова немоќ или исцрпеност, во одредени драстични случаи може да настане и
смрт.
7

 Теоријата на Selye!

Според теоријата на Selye стресот се одвива преку хипоталамо-хипофизо-


надбубрежната оска, па поради тоа стресот е секогаш придружен со пораст
на концентрацијата на кортизол во крвната плазма.
Кога организмот се наоѓа во стресна ситуација, стресните стимулуси и од
надворешна и од внатрешна средина доаѓаат до рецепторните органи преку
кои се насочуваат кон психосензорните центри, каде со когнитивна
обработка се проценува реалната опасност во која се наоѓа личноста и која
може да ја наруши хомеостазата на нејзиниот организам. По обработка на
информациите мозокот работи заедно со ендокриниот и имунолошкиот
систем со што функционално претставуваат една целина. Во оваа целина е
вклучен хипоталамусот со лачење на CRF или кортикотропен
ослободувачки хормон кој влијае на хипофизата и доведува до лачење на
ACTH или аденокортикотопниот хормон, кој пак стимулира лачење на
кортикостероиди од кората на надбубрежната жлезда кои се одговорни за
физиолошките промени при состојба на стрес.
8

 Проценување на стресот

Една од критиките на Селиевиот модел на општа адаптација е


занемарување на психолошките фактори на обликување на одговорите на
надворешната опасност, како и униформност на реакциите на стресот.

Одредени сознанија за стресот покажуваат дека одговорите на стресот


зависат од психолошките личности на личноста.

При средба со стресна ситуација во почетен момент настанува


ПРИМАРНА ПРОЦЕНА од страна на личноста, при што се определува
значењето на ситуацијата. Настанот може да се процени како позитивен,
негативен или неутрален. По примарната процена следува СЕКУНДАРНА
ПРОЦЕНА каде личноста ги проценува сопствените способности за
справување со ситуацијата.

Овие процени ја одредуваат силата на доживување на стресот.

Големо влијание врз процена на состојбата има ВЕРБАТА во сопствените


способности, која исто така може да има позитивен или негативен ефект. На
пример доколку личноста е премногу самоуверена може некои ситуации кои
можат да бидат опасни да ги процени како позитивни, или пак доколку некој
верува дека неговите способности за совладување на стресот се премногу
слаби, истиот не може да се соочи ни со секојдневните ситни стресори кои
ги проценува како премногу опасни.
9

 Соочување со стресот

Кога една индивидуа ќе се најде во ситуација која ја проценува како


стресна, таа е присилена со неа да се справи било на когнитивен,
емоцијален или на бихејвиорален план. Индивидуата ќе се обиде да ја
совлада, да ги поднесе или да ги намали барањата кои ги условува дадена
ситуација – ДА СЕ СООЧИ СО СТРЕСОТ!

Соочувањето може да биде:

Соочување насочено кон проблемот- кога индивидуата вклучува


механизми со кои се обидува да влијае на ситуацијата, т.е. а самиот
стресор.
Соочување со емоциите- или полесно поднесување на емотивното
возбудување предизвикана од стресна ситуација.

Истражувањата покажуваат дека луѓето во стресни ситуации најчесто ги


користат двата начина на соочување. Кој од нив ќе надвладее зависи од
психолошките карактеристики на индивидуата и од содржината на
когнитивната промена на ситуацијата .
Успешноста во соочување на ситуацијата зависи од многу фактори: од
успешноста на процената на настанот, нивото на кое се проценува
(физиолошко, психолошко, социолошко), од самата индивидуа, како и од
стресната ситуација во која се нашла.
10

Искуството покажало дека соочувањето со емоциите е покорисно во


почетните фази на стресиот настан, додека стратегиите насочени кон
проблемот се покорисни во подоцнетите фази на соочување со стресот.
Кога надворешните причинители не можат да се контролираат, се
соочуваме со емоциите со што значењето на проблемот се намалува, се
прифаќа и се поднесува таков каков што е без негово менување.
Овој начин на соочување може да биде и штетен ако поединецот го
спречува во користењето на адекватни стратегии насочени кон решавање
на проблемите (блокираност од емоции).
Стратегиите насочени кон проблемот се посоодветни кога се користат во
проценката а подолг рок, т.е. во обликувањето на долгорочните последици.
Избегнувањето на соочување е покорисно во ситуации што траат кратко,
додека кај хроничните стресни ситуации покорисно е директното
соочување.
При изборот на стратегија за соочување најважи се два фактора:
Поединецот- личностите а личниста, вредностите, верувањата,
целите, возраста, полот.
Околината на настанот- барањата, ограничувањата,траењето на
случувањата, социјалната поддршка и др.
11

Истражувањата покажуваат дека личностите на личноста како што


се невротичноста, анкциозноста, интроверзијата – екстроверзијата,
оптимизмот – песимизмот се песно поврзани со когнитивната
процена и со изборот на начинот на соочување, а преку нив и со
исходот од стресните случувања.

Слична улога имаат и вредностите, ставовите, верувањата и


навиките како релативно стабилни сличностини на личноста.

Колкаво ќе биде поединечното влијание на личностите на


поединецот и на личностите на околината може да се одреди само
доколку се познава конкретната стресна ситуација.

Во нејасна или во нова ситуација, кога знаците од околината се


минимални или не можат јасно да се протолкуваат, личностите на
поединицеот имаат поголема улога во когнитивната процена и во
изборот на начинот на соочување отколку срединските фактори.
12

 Превенција!

Интервенција која обезбедува информации за стрес фактори, стратегии за


справување и можности за практикување на овие стратегии пред појавата
на очекуваните стресни ситуации.

 Како можете да го избегнеме стресот и да ги


ублажите негативните социјални, емоционални и
физички последици од него во процесот?

Грижење на менталното и физичкото здравје -


Избегнување дрога и алкохол бидејќи тие можат да го зголемат
стресот. Јадење добро балансирана исхрана, спиење доволно и
вежбање редовно.

Правење паузи кога е потребно -


Особено на работа, правењето паузи може да помогне со
реорганизација и повторно да се поттикнете вниманието.

Социјална поддршка -
Партнер, член на семејството, пријател, советник, лекар или
свештеник може да помогне со намалување на менталениот товар.
13

Потреба од социјален живот -


Поминувањето време со саканите и правењето забавни работи
може да помогне да се намали стресот.

Одржување нормална рутина -


Станување наутро и легнување навечер секој ден во исто време.
Јадење три оброци дневно.

Нови интереси!
14

 Надминување на стресот

Процес на соочување и справување со барањето од надворешната или


надворешната средина кое индивидуата го проценила како посебно опасно,
напорно за своите потенцијали.
Има неколку цели:
Ја намалува опасноста од надоврешната средина и ги зголемува шансите
за закрепнување
Овозможува толеранција и приспособување на негативни настани
Одржување позитивна слика за себе и емоционална стабилност
Одржување позитивни релации на поединецот со другите луѓе во околината

Психологот Јосип Бергер развил модел на базични потпорни системи на


личноста според кој сите искуства на луѓето се организирани во четири
категории:
Тело
Припадност
Мислење
Смисла,цел,верба,надеж

Овие категории го градат психолошкиот потпорниот систем на


личноста.Базичните столбови ја штитат индивидуата од внатрешни и
надворешни притисоци.
Според Фолкман и Лазарус постојат осум стратегии за надминување на
стресот:

 Конфронтирачко надминување
 Социјална поддршка
 Планирање за надминување
 Мултипни стратегии
15

 Последици од стресна ситуација

Последиците може да ги поделиме во две групи:


Краткотрајни-непосредни последици се однесуваат само на стресните настани со
кратко дејство
Долгорочни-последици во менталното и телесното здравје

Квалитетот на исходот од стресни случувања се мери со степен на задоволство на


личноста.Проценката на исходот е индивидална
Симптоми или последици кои служат како аларм:
Телесни симптоми:промена во телесната тежина,главоболка,тешкотии со варење,
психосоматски заболувања(чир на желудник,хипертензија,проблеми со срцето,
астма,кожни болести,алергии)
Промени во однесувањето:претерана зависност од другите,изолација од социјални
контакти,зголемено конзумирање на кафе или алкохол,внесување големи
количини храна,пушење,проблеми со спиењето,губење на предмети)
Емоционални потешкотии:напнатост,бес,неспокојство,чувство на вина,тага,
рамнодушност,претерана осетливост
Когнитивни потешкотии:проблеми со помнењето и концентрацијата,нејаснотии и
конфузност во мисењето,нерешителност,брзо менување на став за луѓето

Долготрајната изложеност на стрес


доведува до појава на психосоматски заболувања,
последици по психичкото здравје на индивидуата.
Појавата на болест по стресна ситуација е честа,
особено ако надминувањето на стресот е неуспешно.
Последици од неуспешно надминување на стресот
водат кон чувство на беспомошност,
намалена самопочит и повлекување во минатото,
можат дополнително да ја намалат способноста
за адаптација и да доведат до појава на болест.
16

 Третман

Масажа-претставува една од најстарите терапии со која се лекувале луѓето.


Предизвикува релаксација, помага во намалување на стресот, ја намалува
напнатоста и болката во мускулите, ги олеснува главоболките и помага кај
проблеми со спиењето. Масажата може да го стимулира и опушта телото и духот.

 Анти стрес терапија или психо- физио–неуростимулација - се применува со


користење на апаратура со најнапредна технологија, применувајќи принципи од
физиологија и психологија, при што се модифицираат и менуваат физичките и
психичките одговори кои ги дава организмот со цел да се постигне сеопфатно
подобрување. Се делува на централниот, периферниот и автономниот нервен
систем како и на нервните мрежи и структури кои одговараат и интервенираат на
контрола на умот. Доведуваат до деактивација на левата хемисфера на мозокот
(свесниот ум) и пренесување на контролата на десната хемисфера (потсвеста),
менувајќи и создавајќи нови специфични условни рефлекси (Павлов), кои му
дозволуваат на човекот полесна контрола врз неговите проблеми и подобрување
на неговиот организам, преку техниките за длабока релаксација, константен сон,
отстранување на болката, контролирање во стресни ситуации, зголемување на
самодовербата, намалување на вознемиреноста и владеење со емоциите и
загриженоста.

 Разговор со терапевт- Не е секогаш лесно да знаете кога е време да се видите


професионалец за вашиот стрес и анксиозност. Често проблемите се
наталожуваат со текот на времето, па може да биде тешко да се препознае кога
станува за премногу,затоа што тоа во меѓувреме едноставно стана ваша нова
норма. Ако вашите симптоми на стрес и анксиозност предизвикуваат
вознемиреност и ја спречуваат вашата способност да функционирате нормално,
тогаш важно е да разговарате со терапевт. Но, исто така, не треба да чекате
додека работите не се чувствуваат убедливо надвор од контрола за да побарате
помош. Терапевтот може да ви помогне да ги идентификувате изворите на стрес и
анксиозност во вашиот живот и да смислите стратегии што ќе ви помогнат да се
справите. Тие исто така можат да утврдат дали
имате анксиозно растројство и да препорачаат ефективни третман
што можат да ви помогнат да најдете олеснување,
вклучувајќи психотерапија или во краен случај, лекови.
17

 Лекови

Главните лекови за стрес, групирани во анксиолитици, антидепресиви,


невролептици и симпатолитици.

Анксиолитици- се референтни лекови. Тие се дизајнирани да третираат стрес,


особено кога тој достигнува патолошки нивоа, како што е анксиозноста. Овие
лекови ги контролираат физичките симптоми, како што се тремор, потење или
забрзано чукање на срцето..Неговиот механизам на дејствување се состои во
депресија на централниот нервен систем, што предизвикува намалување на
анксиозноста без потреба да се заспие лицето, иако технички овие лекови можат
да се користат за таа намена. Во рамките на групата анксиолитици, можеме да
најдеме барбитурати и бензодиазепини.

Антидепресиви- името на антидепресиви може да даде заблуда дека нивната


единствена цел е лекување на симптомите на депресија, нешто што не е баш така.
Овие лекови се користат и за други психолошки проблеми, вклучувајќи стрес и
анксиозни нарушувања. Општо земено, антидепресивите пропишани за
вознемиреност се администрираат во ниски дози, за да бидат постепено
зголемени. Причината за ова е неговиот механизам на дејствување, кој
придонесува за зголемено ниво на серотонин во централниот нервен систем. Овој
невротрансмитер е клучен за манифестирање на еутимија, односно за
презентирање на здрави промени во расположението, кои се движат од
непатолошка тага до радост, без да достигнат манична состојба.Група на лекови:
1. Селективни инхибитори на навлегување на серотонин (SSRI)
2. Трициклични антидепресиви
3. Инхибитори на моноамин оксидаза (МАОИ)

Невролептици- попознати како антипсихотици, се пропишани и за стрес и


проблеми со анксиозност, се додека се консумираат во ниски дози. Некои од
најпознатите се рисперидон, кветиапин и оланзапин., се користи за напади на ГАД,
ОЦД и паника.

Симпатолитика- дејствуваат врз симпатичкиот нервен систем, со намалување на


катехоламинергичната активност. Лековите кои се вклучени во оваа група:
1. Бета-блокатори
2. Алфа-2 адренергични агонисти
18

 Третман

Постојат различни видови на терапија за справување со стресот.Когнитивната


бихејвиорална терапија (КБТ) и когнитивната терапија заснована на свесност (MBCT) се
методи на терапија кои се фокусираат конкретно на стресот

Когнитивно-бихевиорална терапија-претсавува една од најкористените терапии.


Третман кој се фокусира на модифицирање на однесувањето и мислите што
управуваат со психолошкиот проблем во кој сакате да интервенирате.Со помош на
стручното лице се откриваат стресорите и притоа се пронаоѓа начин за поздрав
одговор за намалување на дејството на истите.
Може да се користи кај деца и возрасни и кај нарушувања како што се депресија,
анксиозни нарушувања, биполарно растројство, нарушувања на личноста,
подобрување на социјалните вештини, напади на паника, социјална фобија,
посттрауматски стрес

Когнитивната терапија заснована на свесност (MBCT)

Се фокусира на свесноста за внатрешните мисли и чувства, како и надворешното


опкружување и опкружување.На пример, фокусирање на тоа како го чувствувате
сонцето и ветрето на вашата кожа или забележување на мисли што се појавуваат
во вашиот ум.Тип на говорна терапија како што е медитација со когнитивна
бихејвиорална терапија.Овој метод може да се фокусира конкретно на
управувањето со стресот.
19

 Групна психотерапија

Тераписките групи во кои се одвива психотерапија бројат од пет до осум пациенти,


одбрани по сличност на симптоматологија на болестите.Се настојува да бидат со
приближно исто образование и од ист пол.Се категорзираат во две групи:
Затворен метод-константно присуство на истите членови

Отворен метод-прием на членови но сепак до одредена фаза на развој

Групата обично работи во просторија опремена со округли маси каде членовите ги бираат
своите места и ја одредуваат темата на разговор.Психотерапевтот седи во средина и
раковиди со групата.Зависно од темата на нивниот разговор,најчесто проблеми што ги
измачваат,терапевтот претставува глава на фамилијата.Оваа негова централна позиција
не е постојана туку таа се префрла на сите членови на групата. Една тераписка сесија
трае еден до два часа,а групата се составува еднаш до два пати неделно.Лечењето со
психотерапијата трае просечно две години затоа што е аналитички метод со кој преку
групата се продира во најдлабоките психички свери.


20

 Заклучок

Стресот е состојба која се повторува во нашите животи. Но, тоа не


треба да стане долгорочен проблем.

Со развивање добри навики и техники за управување со стресот,


можеме да ги намалиме шансите да страдаме од долгорочните
здравствени влијанија на стресот.

Доколку одредени индивидуи не можат да управуваат со стресот или


симптомите поврзани со стресот, важно е да добие стручна помош.

Ако не се лекува, тековниот (хроничен) стрес може да придонесе (или


да ги влоши) одредени состојби на менталното здравје, вклучително и
анксиозноста, посттрауматско стресно растројство (ПТСД) и депресија.

Неконтролираниот стрес може да има и други последици по здравјето.


Тие може да вклучуваат дигестивни заболувања, висок крвен притисок
(хипертензија) и нарушување на спиењето. Долгорочниот стрес е
поврзан и со метаболичките нарушувања.

Терапијата може да биде непроценлива алатка за стресот, без разлика


дали индибидуата поминува низ невообичаено тежок период или ако се
бореле со хроничен стрес. Тоа дури може да го реши стресот поврзан со
состојби на ментално здравје или хронични заболувања.

You might also like