You are on page 1of 8

Правен факултет Јустинијан Први

Изработка на есеј за предметот основи на менаџмент на тема:

Кои се методите за справување со стрес на


работното место ?

Изработила:Мирјана Блажеска Професор Александар Стојков


Во воведниот дел на овој есеј би сакала да приложам и одредени вистинитости,одредени
заклучоци и факти поврзани со стресот на работното место,неговата
распространетост,неговото влијание врз работното население, бариерите за управување
со стресот на работа и така натаму,спрема кои понатаму би можела да го разработам
главниот дел на есејот каде би ги изјснила сопствените ставови и мислења кон темата.

Стресот на работното место е специфичен вид стрес, а неговиот извор е во работната


околина. Тоа е реакција кога луѓето се изложени на барања и притисок кои не се во
согласност со нивните знаења и способности. Може да се дефинира и како значајна
нерамнотежа помеѓу барањата и способноста да се задоволат истите, во ситуациите кога
неуспехот заради тие барања има значајни последици врз вработените. Кога човекот е
изложен на зголемен стрес, тогаш се нарушуваат и биолошките функции, како што се
сонот, апетитот, нивото на енергија и сексуалниот нагон, а сето тоа влијае на нивото на
функционалност и намалување на работната ефикасност, но и на целокупниот квалитет на
животот.

Психосоцијални ризици на работното место кои доведуваат до стрес:

 Прекумерното работно оптоварување.


 Преголеми барања и нејасна улога на вработените.
 Менување на упатствата и правилата.
 Изоставување од донесувањето на одлуките кои влијаат врз работниците и
неможноста за влијаење на начин на кој ќе се извршува работата.
 Лоша организациска промена, работна несигурност.
 Неефикасна комуникација, недостаток на потпора од управата или
колегата.
 Психолошко или сексуално вознемирување.

Податоци за распространетост на психосоцијални опасности и стресот поврзан со


работата се достапни со различни ограничувања во различни земји и региони; Сепак,
квалитетот варира значително. Според извршените истражувања, се покажало дека:

 Поради стрес на работното место 40% ги напуштаат работните места;


 65% од вработените изјавиле дека стресот на работните места им
предизвикува потешкотии при извршувањето на работните задачи;
 34% од испитаните вработени изјавиле дека имале проблеми со спиењето
поради подолг период поминат под стрес на работното место;
 62% од испитаните вработени изјавиле дека имале здравствени проблеми од
типот болки во вратот, болки во екстремитетите или проблеми со видот,
поради подолг период поминат под стрес на работното место.
Според моето мислење стресот на работното место би го дефинирала како секојдневие
бидејќи вработениот постојано е под психички и физички притисок од прекумерни
барања и неможност за нивно остварување,односно процес при кој што карактеристиките
на работното место прават работниците да го доживуваат како работниот ден како
неудобност или болест. Кога сме под стрес, нашето тело ослободува одредени хормони,
кои ни даваат повеќе енергија и сила. Тоа може да биде добро, ако сме на пример во
физичка опасност, но долготрајното изложување на стрес е исклучително штетно. За жал,
во денешниот забрзан начин на живот, постојано сме изложени на мали количества стрес
и речиси сме ја загубиле способноста да ги активираме природните реакции за опуштање.
Стресот станува наше секојдневие и е исклучително штетен, па дури и опасен за нашето
здравје.Еден од најчестите и константни причинители на стрес, како што наведуваат
повеќето од луѓето, се проблемите на работното место. Последиците од стресот на работа
не само што може да влијаат на продуктивноста туку лесно може да се прелеат и на
другите области од животот. шените меѓучовечки односи на работното место главно се
последица од незадоволството на вработените: тука се лошите услови за работа, ниските
примања и нарушениот систем на вредности, во кој не се наградуваат најспособните.Би
сакала да истакнам дека стресот е последица од нерамнотежата помеѓу вложениот напор
и наградата за инвестираниот труд. Затоа стресот што го доживуваат вработените на
своето работно место може да биде акутен и хроничен.

Акутниот стрес, како што кажува самиот збор, трае значително пократко. Неретко се
случува да го мотивира вработениот да ја одработи задачата побрзо и поефикасно.
Главно настанува како последица на моментални кризни ситуации на работното место.
Неговата корисност е во тоа што може да му влее дополнителна сила на работникот и
да го поттикне поуспешно да ги реши задачите што стојат пред него.

Хроничниот стрес е многу поопасен и тој трае подолг временски период. Се создава
како последица од акумулација на акутни стресни ситуации што работникот не успеал
да ги надмине, но и со долготрајното изложување на ефектите од стрес, особено кај
оние работни позиции чија природа може да биде многу турбулентна и тешка.Кога
реакциите на организмот во однос на стресот се неадекватни и кога организмот не е во
состојба да го неутрализира неговото влијание, т.е. кога не е во состојба да се врати кон
својата примарна состојба, тогаш стресот има негативно влијание на здравјето.
Стручњаците предлагаат неколку совети за полесно соочување со стресот и намалување
на неговото штетно дејство како на пример да вежбате редовно бидејќи умерената
физичка активност треба да стане рутина во вашето секојдневие; потоа да се храните
редовно и здраво впрочем да избегнувате нездрави намирници; да настојувате да се
ослободите од штетните навики со тоа што ќе одржувате и негувате складни семејни и
пријателски односи; потоа препорачливо е доколку немате, да си најдете хоби (нешто во
кое навистина ќе уживате); Навистина важно исто така е да научите подобро да ги
организирате своето време и обврски,а воедно ќе одвоите доволно време за спиење е и
одморање онолку колку што од вас бара вашиот организам.

Меѓутоа јас во разработката на овој есеј би сакала да да истакнам некои поразлични


методи за справување со стрес на работното место,со тоа што најпрво би ја воочила
улогата на стресот во современиот менаџмент.

Во денешната високо - стресна работна средина, менаџирањето на енергијата и стресот, е


предизвик за менаџерите кои сакаат да бидат ефективни и успешни. Соодветното
управување со стресот во денешницата не е едноставна задача во модерните работни
организации. Управувањето со напредокот во кариерата, работењето во рамките на
организации кои се карактеризираат со разновидност, како и движењето низ огромниот
број на сложени правила и прописи во општество во кое се повеќе се прибегнува кон
судски спорови, претставуваат значаен предизвик за менаџерите. Одделите или
секторите за човечки ресурси во компаниите обично се тие кои се занимаваат со ваквите
проблеми и слични прашања. Меѓутоа, раководните лица мора да поседуваат основна
свест и знаење за области како стресот кај вработените, кариерен развој, психологија и
комуникација се со цел да постигнат успешно управување со стресот и менторирање со
вработените. Задоволството на вработените, стресот поврзан со работата, напредокот во
кариерата и правичноста на работното место се најважните фактори во целокупното
здравје и ефикасното работење на организациите. Денес, не може да се спомене
современиот менаџмент без да се се стави акцент на стресот како состојба која е дел од
секој вработен, од секоја личност која е во работен однос. Улогата на стресот е голема,
кога станува збор за современиот менаџмент. Современиот менаџмент, односно
менаџирањето со современата работна сила бара создавање на работна средина која ќе
се карактеризира со што е можно помалку стрес во работењето, со еднаквост на
можностите и почитување на поединечните разлики и способности. Во нивната
наједноставна форма, еднаквите можности и менаџирањето со разновидна работна сила,
вклучува основни етички императиви на заложба за обезбедување на правичност и
почитување на основното достоинство на сите. Современиот менаџмент исто така
потенцира дека потребно е да се постапува во согласност со различните закони, се со цел
да се обезбедат еднакви можности и еднаков третман за сите вработени на работното
место, се со цел да се сведе влијанието на стресот на минимум.

Стресот на работното место често може да предизвика умор, емоционално


преоптоварување и негативно или цинично однесување кон себеси и другите. Ова натаму
може да премине во депресија која се поврзува со зголемен ризик за добивање срцев
удар,преголема тежина, пореметувања во исхраната, дијабетис и некои форми на рак.
Хроничната депресија го намалува имунитетот и организмот станува подложен и на други
болести кои можат да доведат до прерана смрт.

Стрес менаџментот претставува сет од техники кои се користат за да и помогнат на една


индивидуа ефективно да се справува со тешките ситуации и притоа да се чувствува
емотивно подобро, да ги подобри вештините на однесувањето, и често да го зголеми
чувството на контрола. Поради тоа стрес менаџментот во своите техники содржи: вежби
за опуштање, тренинзи за стекнување и јакнење на самодовербата, менаџирање на
времето и социјална подршка. Вака составен, стрес менаџментот, помага при градењето
на механизам со кој личноста, ќе се соочува и штити од психолошкиот стрес и со кој ќе
успева да ги контролира своите реакции на акциите кои врз неа предизвикуваат стрес
ефекти. Од друга страна пак ефективниот стрес менаџмент носи директни обврски и
одговорности, што всушност исто така предизвикуваат трошоци. Организацијата и
нејзините менаџери ќе бидат приморани се повеќе да вложуваат време, финансиски
ресурси, и да станат стручни во креирањето на квалитетна работна средина каде ќе нема
простор за стрес. Но, за ова потребно е да се пронајде каде лежи потенцијалот за
физичкиот и психолошкиот стрес, со што ќе се преземат чекори за негово елиминирање
или барем сведување на минимум. Доколку ова не е изводливо, менаџерите треба да
бидат спремни да се соочат со проблемите и трошоците настанати поради отсуствувањата
од работа, болестите, повредите и исцрпеноста на работниците како резултат на лошите
услови за работа.

Јас сметам дека пред се најважно е негување на работна средина во која на персоналот
му се покажува дека управата искрено се грижи за нивната добросостојба и за тоа да не
дојде до вештачко одделување на нивниот приватен и професионален живот.Потоа
неминовно е воспоставување на ефикасни формални и неформални врски во рамки
наорганизацијата, со цел менаџерите, претпоставените и работниците да имаат
јаснапретстава за сите проблеми и процеси на работното место.Следен метод кој би
сакала да го истакнам е јасно дефинирање на приоритетите со цел работниците да не
губат време залудно а воедно и јасното дефинирање на улогите со цел луѓето да знаат кој
е одговорен за различните активности на работното место, и да се запознаат со синџирот
на донесување одлуки;

Понатаму мислам дека утврдувањето дали има доволен број на вработени,е важен
фактор со цел да се избегне преголем или премал број на луѓе да се ангажираат за дадена
работна задача.

Како завршен дел на овој есеј би истакнала дека во Република Македонија поимот
човечки ресурси сеуште егзистира само во поновата стручна литература, а во нашите
компании вработените се третираат како трошок, а не како вредност на компанијата. Овој
начин на пристап доколку повеќе се анализира и се поврзе со други елементи на
работењето и опкружувањето, ќе се доведе до заклучок дека невложувањето во развојот
на човечките ресурси во компанијата доведува до неефикасно работење што на долг рок
се одразува на неодржлив економски развој во земјава. Ова укажува и на фактот дека
овој број на вработени немаат никаква социјална или психолошка помош и голема е
можноста истите да се подложени на стрес и мобинг на работното место. Од економски и
социолошки аспект во менаџирањето на компаниите кај нас многу се заборава на
важноста на најпотребниот ресурс, а тоа е човекот и човечкиот капитал потребен за да
егзистира секоја компанија било да се работи за производен или услужен сектор. Нашите
менаџери и управители, водени од социјализмот и пратени од идејата за профит и личен
успех, не ја согледуваат светската пракса и реалност каде што на човекот се става акцент
за најредок ресурс кој го градат и вложуваат во него, со цел да се доведе до зголемување
на ефикасноста на перформансите на компанијата. Доколку навлезам подлабоко во овој
проблем ќе се доведиме до заклучок дека тоа наше македонско невложување и
необрнување на потребно внимание на вработените, доведува до намален процент на
развој и истражување во компаниите, што на долг рок верувале или не ќе значи намален
развој на компанијата и неефикасно општество.

Иако е сосема нормално да бидете исплашени и целосно да се блокирате сред некоја


стресна ситуација, тоа искуство може да биде навистина болно. Вашата самодоверба се
намалува, а вие почнувате да се прашувате за вашите способности. Но не мора секогаш да
биде вака. Со малку вежбање, многу лесно ќе останете полни со самодоверба и во
најстресните ситуации. Погледнете ги овие необични, но ефективни техники кои ќе ви
помогнат во тоа.

Ресетирајте го вашиот ум

Нашиот мозок се „блокира“ кога е под притисок бидејќи телото се чувствува преморено
од ситуацијата и се исклучува. За да го прекинете овој циклус, користете некоја слика или
мисла која ќе ви го одвлече вниманието и ќе ви го ресетира вашиот ум. Одберете мисла
која нема никаква врска со ситуацијата, како на пример некоја шега која ќе ве опушти и ќе
ви ја намали напнатоста.

Техника за опуштено лице

Кога сме под стрес, првите делови од телото кои се „здрвуваат“ се вилицата и мускулите
на лицето. Многу често ова е незабележително бидејќи е потсвесно и не сме ни свесни
дека се случува. Па, кога ќе се најдете во стресна ситуација, обрнете внимание на вашата
вилица и свесно опуштете ја. Ова ќе му даде сигнал и на остатокот од телото да се опушти.
Ќе се чувствувате посмирено, ќе се намали анксиозноста и ќе размислувате подобро.

Прифатете го стравот

Справувањето со анксиозноста кога сте под притисок бара многу енергија. Во оваа
состојба, спротивставувањето на овие чувства само ја влошува вашата анксиозност.
Наместо да се спротивставувате, прифатете го нејзиното присуство, набљудувајте го и
дозволете му да помине низ вас. На овој начин брзо ќе се вратите во сегашноста и
полесно ќе се справите со ситуацијата.

Повикајте ги вашите стравови

Кога чувствуваме страв, нашиот ум може да ги зголеми негативните ефекти на нас. Сепак,
кога ќе го изнесете стравот на отворено, ќе сфатите дека ситуацијата и не е толку лоша
колку што сте мислеле. Па, повикајте ги вашите стравови и соочете се со нив. Од што се
плашите? Што е најлошото нешто што може да се случи? Дали вашиот најголем страв
може да стане реалност или пак, само претерувате? На овој начин ќе добиете перспектива
на ситуацијата и ќе ја намалите анксиозноста.

Бидете светлината во собата

Нашиот говор на телото и нашето проектирање на енергија има големо влијание на


нашата самодоверба. Проектирајте самодоверба со тоа што ќе замислите топка енергија
која се шири од вас. Кога ќе се движите со самодоверба, ќе се чувствувате подобро па и
другите ќе го забележат тоа. А бидејќи другите реагираат и ја рефлектираат вашата
енергија кон вас, резултатот е поголема самодоверба.

Движете се напред позитивно

Кога ќе ви застане мозокот сред некој важен момент, голема е веројатноста да ја изгубите
самодовербата. Но тоа не мора да биде така. Некои едноставни техники може навистина
да ви помогнат да останете смирени кога сте соочени со стресна ситуација. Замислете
дека се чувствувате сигурно кога одговарате прашања без проблем. Бидете свесни дека
без проблем ги изнесувате вашите ставови со самодоверба.

You might also like